|
CHECK ENGINE ili MIL индикатор на неисправност |
Внеси реплика |
Автор | |
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Февруари.2011 во 22:53 |
Сите ние бар еднаш сме се сретнале со проблемот CHECK ENGINE или MIL(зависи од моделот на возилото) и сме се запрашале,што сега?Ааааааааааааааааааа па ова не е југо и ке го исбрчам малце на отворено и крај!!!!!!!!!!!!!!!!CHECK ENGINE кај модерните автомобили е индикација за некаков проблем со моторот(хардверски или софтверски),односно моторот работи на back up софтвер кој ке ви овозможи да се дотуркате до првиот сервис и да го решите проблемот.Најчести проблеми кај нас бидејки имаме катасрофално лошо гориво се oxygen sonda или erg valve вентил за издувните гасови.Како што знаеме бензинот при согоревање остава зад себе остатоци т.е гареж по нашки.Е тој гареж е минималнен ако е бензинот квалитетен.Ама кај нас не е за жал!!!!!!!!После извесно време гарежот се наталожува на сондата или вентилот,а бидејки тие се дел од целиот електронски склоп наречен ECU(ELECTRONIC CONTROL UNIT)нивните параметри се менуваат во границите на дозволеното.Кога ке се помине вредноста која е дозволена за таа толеранција тогаш ECU ја активира сигналната лампа CHECK ENGINE.Значи мора до сервис да се дијагностицира проблемот.Понекогаш поради разни причини тие сервиси не се блиску до нас,а мораме да се вратиме на саканата дестинација.Како опција постојат неколку варијанти кои се во игра,и во повекето случаеви вродиле со плод.Еве неколку трикови за да си помогнете ако се најдете во таква ситуација.
1.Моделите до 2001-2002 кои имаат сигнализација за грешка CHECK ENGINE нивниот еелктронски склоп ECU најчесто напојувањето го зема од акумулатор бидејки нема свое напојување.Затоа треба да се извади МИНУС клемата од акумулаторот и да се притисне 3-4 пати на кочница .Знам дека звучи глупаво но на некои модели им помогнало ако се работи за софтверски проблем.Се остава акумулаторот 15-30минути(кај некои модели и 1час).Потоа се врака клемата назад и се чека 5минути.Потоа се стартува автомобилот.Ако се работи за софтверска грешка или наталоженост на гареж на сондата или ерг вентилот тогаш сигнализацијата треба да се исклучи сама. 2.Моделите над 2002-денес имаат вградено сопствено напојување на ECU како back up во случај да дојде до откажување на акумулаторот за да се зачуваат сите параметри.Во тој случај треба да се пронајде каде е лоциран ECU во возилото да се исклучи од напојување(најчесто е правоаголен конектор со димензии 5цм на 15цм).Да се почека 15-30минути и да се врати на свое место.Ако е софтверска грешка тогаш сигнализацијата треба да се исклучи сама. 3.Ако проблемот постои и поантаму како алтернативно решение)не е за секого ако не имаш познавање на електроника)да се најде детална шема од возилото каде е прикажан конекторот за дијагностика и да се најде неговиот распоред.Таму се прикажани сите точки за диајгностика па дури и за reset check engine.Со малку вешти прсти и еден тастер можете да сами си го решите проблемот. 4.Најпедантно и најкултурно решение е да си купите скенер кој не чини повеке од 100долари со транспорт и сами да си го диајгностицирате проблемот,и ако е возможно и да го решите.Јас по неколку пати одење во сервис(им станав досаден за ресетирање)си купив скенер кој во секој момент ви дава комплетна диајгностика на вашиот мотор со сите потребни параметри.Само си го приклучувате и веднаш имате комплетна слика за состојбата на вашето возило. Повелете со ваши искуства,шеми,трикови околу оваа појава(поради бензинот хеххехехе) |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |