IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Фотографија, камери и видео
  Активни теми Активни теми RSS - The answer to life, the universe, ФСМ and everythi
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

The answer to life, the universe, ФСМ and everythi

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
StarLisec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај StarLisec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: The answer to life, the universe, ФСМ and everythi
    Испратена: 09.Декември.2010 во 18:52
За да може реално да дискутираме за денешното ФСМ, неговото уредување, вршење на основните цели и задачи, вршење на активности, изложби на ФСМ, звања и ред други работи, најпрво мора да ја осознаеме историја на нашиот сојуз, причините и начинот на кој е оформен.

Со завршувањето на Втората Светска војната, се јавува недостаток на технички обучен кадар кој ќе ја индустријализира Југославија. Од тие причини Југославија инвестира во градење на Домови на Техничка култура, во скоро секој град, без разлика на бројот на жители. Домовите на Техничка култура претставуваат збир на техничко творечки друштва од типот на фото и кино друштво, радио друштво, електро, моделарство, бродо-моделарство, ракетно-моделарство, аеро друштво и ред други во кои нема никаков стручно едуциран кадар, туку обуките ги вршат занаетчии или луѓе кои се имаат сретнувано со таа област. Друштвата од Народните техники со цел подобро дејствување во своето поле се здружуваат во сојузи, па така на територијата на Југославија се формираат републички сојузи. Еден од нив е Фото-Кино сојузот, кој во Македонија подоцна ќе се подели на два сојуза и тоа Фото и Кино Сојуз кои имаат свој правилник на органицација, уредување и работа. Правилникот на ФСМ, во Штип по распадот на Југославија, беше благо адаптиран од Правилникот на Југославија, се со цел побрзо правење поени, освојување на класи и прилагодување на условите во девеесетите.

Поентата на Домот на техничката култура, Сојузот, друштвото/клубот беше да се создаде квантитет, додека поентата на звањата беше да се издвои квалитетот од квантитетот.

Но, времето ги прегази Домовите на техничка култура. Со отворање на катедри по фотографија, по ова и по она, Домовите прераснаа во чир и непотребна институција во државата. А клубовите кои беа место на кое можеше да се размени мислење по однос техничката култура и уметноста, кај што можеше да се види трудот и креативноста на другарот, ја изгубија смислата со доаѓање на глобализацијата и интернет комуникацијата. Просториите на клубовите станаа простории за издавање, а на клупите кај што влегувавме во светот на фотографијата сега седат студенти.

И некако само по себе се наметна прашањето како и зошто ФСМ остана да постои како огранизација, кога нејзините основни цели и задачи беа непотребани за општеството и државата. Епа драги мои читатели, Фото Сојузот на Македонија во живот го одржа ФК Елема на чело со професорот Цветан Гавровски, само поради личните интереси на истите. За да влезе Фото Медиа во светскиот календар на изложби на ФИАП, Македонија мораше да има свој претставник, свој сојуз кој ќе ја претставува и кој ќе плаќа чланарина на ФИАП. Во редовите на ФК Елема имаше предлог за зачленување во ФИАП како самостоен клуб, но тоа ќе го оптеретеше клубот со додатни трошкови околу самата изложба.

Иако ФСМ беше на неколкупати користен само за интересите на ФК Елема, иако финансиите на ФСМ на неколкупати се сливаа во ФК Елема, треба да сме благодарни што ја одржаа оваа организација во живот, која во најново време доби многу поинаков правец за разлика од ФСМ за време на Југославија. Работите станаа многу променливи со промена на претседателот Цветан Гавровски. ФСМ од една затворена организација, стана отворена за сите клубови и самостојни автори. Играта за превласт одпочна.

Тајните пактови и преговори помеѓу Фотографика, Козјак и Чкрап за изгласување на ново претседателство најверојатно беа причините за јаката иницијатива на ФСМ, односно Елема да формира нови фото клубови и групи како примерот со Кочани и Куманово.

Ако ФСМ имаше период во кој можеше да згасне, сега е времето кога стои најмалку на два столба Елема и Козјак и двата тешко користољубиви клуба кои нема да дозволат негово пропаѓање, само поради членството во ФИАП. Како и да е, верувам дека не очекува еден прекрасен период за фаќање сеир.
Кон врв
Марио Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 136
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Марио Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 01:49
Го читам постов и неможам да верувам. Се прашувам дали е напишан за Фотографија или за Тезга за патлиџани на зелен пазар ! И секогаш е така кога ве читам како се препуцавате на тема ФИАП на тема ФСМ на тема кој крадел бодови, на кој му се јавиле од ФИАП прво а на кој второ, кој е амбасадор на ФИАП а кој не е, или кој треба да биде или кој не треба да биде. Ало, луѓе фотографија е, уметност е! Се однесувате толку одвратно, се пазарите на името на фотографијата, на името на некоја си фиап организација. Истакнувате дека правите завери тајни пактови, формирање на клубови... неам зборови човече едноставно неам зборови! АНСЕЛ се превртува во гроб сеа!

Ако толку ја сакате фотографија ќе бидете сложни ќе бидете отворени за соработка ќе гледате да се соедините и да коегзистирате во името на уметноста. Да се помагаат самостојни изложби на автори, да се носат странски автори.... Но по сите постови што ги гледам, гледам дека вие сакате да си го мерите егото на сметка на фотографијата. Епа жалам јас така не ја разбирам фотографијата. За мене таа е многу повеќе од ФИАП, многу повеќе од бодови собрани во Куманово, Фотомедиа итн. ДА, тие настани се ОДЛИЧНИ, честитки за организацијата на ваквите изложби, ама кога ќе видам кои плукања стојат позади тие изложби кога ќе видам како се обвинувате за непотизам и за давање бодови... ПА АКО ТОЛКУ ВИ СЕ БИТНИ БОДОВИТЕ МОЖАМ ДА ВИ НАПИШАМ ЛИЧЕН ДОКУМЕНТ КАДЕ СИТЕ МОИ БОДОВИ ОД ДОСЕГАШНИ ФИАП ИЗЛОЖБИ ЌЕ ВИ ГИ ПРЕФРЛАМ. И ЌЕ ДАДАМ ЧЕСЕН ПИОНЕРСКИ ЗБОР ДЕКА ВО ИДНИНА СИТЕ БОДОВИ ЌЕ ВИ ГИ ПРЕПИШУВАМ.

АЛО! Ф О Т О - Г Р А Ф И Ј А!

Сосема ми е јасно кој си сега стар лисец, тоа е повеќе од очигледно! Иако мислиш дека не знам и можеш да го сокриеш идентитетот сепак добро знам како стојат работите. Не се познаваме лично, ама знам кој си. Сеедно, бидејќи оставам предност на постариот (верувам ДАЛЕКУ ПОСТАРИОТ СТАР ЛИСЕЦ) ќе те оставам да се представиш пред јавноста. Не ми се верува дека само на вакво ниво може да се спуштиш за да направиш анонимен профил на форум за да плукаш....


Изменето од Марио - 10.Декември.2010 во 02:07
Кон врв
сашо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 538
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај сашо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 11:29
вотс да поинт ?
(и вот из шутер рилис батн?)

сериозно.

StarLisec - што е твојата намера со овие 2 поста? не контам.
objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
Кон врв
dimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 406
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 11:46
http://donevsite.us/extimages/p_Star_lisec_6.jpg
 
Saso ova e marketinska kampanja na Pivara Skopje
planiraat da go vratat brendot star lisec, a ova e del od kampanjata 
Кон врв
сашо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 538
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај сашо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 11:50

јас сериозно очекувам СратЛисец да ми одговори на прашањето, со, ако е тоа можно, посмирен тон,  која е поентата на неговита 2 поста. Благодарам.


Изменето од сашо - 10.Декември.2010 во 11:50
objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
Кон врв
GEMINI Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GEMINI Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 19:24
ADMINISTRATOROT DA GI SPOI DVETE TEMI OTI "STARIOT LISEC" NE ZASLUZUVA TOLKU MNOGU PROSTOR.
Sega otposle go procitav ova i mislam deka sosema sum vo pravo za napisanoto vo drugata tema, KAJ LISICATA PREGOLEMA E KOLICINATA NA LUBOMORA STO MLADINATA IMA NOVI ALATKI .
MARIO DIMI SASO I .... SAMO NAPRED RABOTETE SI I NE SE ZANIMAVAJTE SO LOV NA LISICI. MNOGU SE RADUVAM I MNOGU PRIJATNO MI E CUVSTVOTO KOGA GLEDAM DEKA VO FOTOGRAFIJATA IMA PODMLADOK
POZDRAV GEMINI
http://www.youtube.com Chesma Sharena
Кон врв
StarLisec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај StarLisec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 15:40
Почитувани читатели, изложбите во Македонија отсекогаш беа проткаени со малверзации, местење на награди и непотизам. Имаше кавги, имаше расправии, имаше дебати, но на крај сите кренаа раце и и оставија на Елема да си ги дели наградите меѓу на своите. И тоа траеше, траеше, се додека претседателот на Елема, Дарко не направи кардинална грешка при неговото интеврју за весникот Теа Модерна 2007 година. „Во Македонија постои само еден активен клуб – Елема“.

Следеше бурна реакција и огромен излив на емоции од секаде, но ништо не можеше да се спореди со реакциите на Драги Неделчевски и тогаш малата група Чкрап, кои влегоа во медиумска конфротација со Елема. Крајот на битката и закопувањето на секирите беше означено со една фото дружба, кај што падна и договорот Драги Неделчевски, човекот без класа, да влезе во жири комисијата на ДМФ 2009. Со оваа акција Елема кратковремено го смири Чкрап, но од него побараа да биде сојузник против тогаш големата Фотографика. Овој пат Елема плати авансно со доделување на трето место на Драги во Куманово 2009.

Резултат на плаќање на долгот и замолчување на Чкрап, донесе награди во клубот, вратите на Зоран освоиа награда иако вистинкси имаше многу поуспешни фотографии на ДМФ 2009. А авансната награда во Куманово, подоцна ќе се покаже како непотребна, зошто на повидок беше нова генерација во Козјак.

Војната која Фотографика им ја објави на Елема, пополека ја губеше. Фотографика, клубот со дури сто члена (како што се декларираа), беше осуден на пропаст од самото оформување, факт кој не и беше познат на Елема. Клубот без адреса си ја запечати судбината при организација на ДМФ 2009. Она што ден денес Фотографика не може да го разбере, зошто изложбата беше најкритикувана не беше големиот број на примени фотографии, туку катастрофалниот избор за поставка. Наградите од самиот почеток се знаеше дека ќе бидат наместени, но изборот требаше да биде коректен и уметнички. На жалост неукоста на луѓето во жирито и надгласување на претседателот на жирито, Цветан, го даде лошиот резултат.

Годината одмина, долгот кон Чкрап беше вратен, авансно истиот клуб се придоби за сојузник против непријателот, а Фотографика доживеа крах и пораз, како од внатрешно нерешените проблеми, така и од непријателот Елема.
Но, дувна северниот ветер и на македонскта сцена се појави поголема група на луѓе кои имаа тенденција, моќ и знаење да ги совладаат сите фото клубови во Македонија. Предводени од Владимир Јовановски, (наредниот Јанкуловски во Македонија, едниот Центар на Македонската фотографија, другиот Музејот на Македонската фотографија), син на познатиот Душко Јовановски, а потпомогнати од вечниот и блискиот пријател на Цветан, Душко Доцевски, влеа организациски страв во редовите на Елема.

Мораше да се реагира, мораше Кумановците да се поделат, мораше Елема да има сигурен сојузник во Куманово. Решение најдоа во поткупување на Доцевски со звањето кое подолго време го очекуваше - КМФ. Доцевски оформи нов клуб, Куманово беше поделено, но провидната акција на Елема ја увиде Козјак и почнаа притисоците врз ФСМ. Козјак веќе имаше успешен модел кој можеше да го користи, моделот на Чкрап, покажи ги забите, отвори ја устата и се полни се со награди. Елема повторно се најде задолжена но овој пат во очите на Козјак. Како и претходниот долг и овој се раздолжи на ДМФ 2010.

Македонските фотографиите кои на Куманово 2010 освоиа награди, каде имаше учесници од 50 земји, сега не се ни гледаа, се форсираа кумановските автори. Козјак излезе како победник на ДМФ 2010, со најмногу награди, а за да се премолчи скандалот, на гласоноговорникот и човекот без влакна на јазик, Драги Неделчевски му беше доделана диплома.
Кон врв
Александар_А Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јануари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александар_А Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 15:42
Ако се соединат темите (а веќе имаат поприлично постови) ќе се направи хаос и нема да се знае кој на што реплицира. тага
 
Бидејќи веќе се развиле темиве... нека одат некое време, можеби ќе се јави Лисецот да одговори на прашањата и да се расчистат некои работи кои се заматиа... во спротивно ќе отидат темите во заборав... и тоа е тоа.
Кон врв
StarLisec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај StarLisec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 23:50
Почитуван администратор

Ќе го задржам правото кое правилникот на форумот ми го дозволува, а тоа е да останам анонимен.
Во секоја од темите јас ги разработивам веќе постоечките проблеми и давам излезно решение. Прашањата што следат, се неозбилни или пак се одговорени при моето излагање.

До вас испраќам протесна нота, за спојување на моите излагања во една тема. Секој проблем за кој дискутирам е кардинален проблем на македонската фотографска сцена, а тематиките една од друга се со огромна разлика да се стават во едно купче.

Би ве замолил последната тема која ја имам отворено, а е со наслов Капитализмот и ДМФ, да се одели и да го добие местото кое го заслужува, во спротивност ќе го изразам мојот протест со престанок на објавување на тајните кои лежат во скриени меѓу фотографите од нашата генерација, а еве и од младата генерација.
Кон врв
ceko Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ceko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 02:09
mislam deka treba da se dade shansa na "WikiLeaks"....prilicno zabavno deluva,so cigarce i utrinsko kafe.
Кон врв
Александар_А Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јануари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1271
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александар_А Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 10:10
Pocituvan star lisec, ako nesakate da se pretstavite, sto e vase pravo, togas ne e vo red da gi imenuvate ostanatite po ime i prezime. Promenete gi postovite kade sto imate koristeno iminja i preziminja vo inicijali i prodolzete da pisuvate vo inicijali a temite ke vi gi odvoime. Ne e vo red da spomnuvate lugje a da go kriete svojot identitet. Ili ke pisuvame otvoreno i ke kazeme koi sme, ili ke pisuvame vo zaviena forma i nema da go otkrivame svojot identitet. Stavete se na mestoto na tie po koi sto gi spomenuvate.

Изменето од Александар_А - 13.Декември.2010 во 10:04
Кон врв
GEMINI Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GEMINI Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 16:12
Kaj nas u Shtip vikat:
NA STRKO G..O MU E P....N, PA KRIVO MU E GNEZDOTO !!!!!
"PROTESTNA NOTA" Hmmm, Pazi bogati
A vie gospodine so mackate so "KAL" suma luge da ne ste slucajno ET, ili nekoj EKSKLUZIVEC. Znaci jas mozam da imenuvam ama ke ostanam anonimec, Neli e malku "pederski" ?

Изменето од GEMINI - 12.Декември.2010 во 16:12
http://www.youtube.com Chesma Sharena
Кон врв
fichot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fichot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 00:51
Protestna nota - na forumot za muzika. Ovde se prifaka samo protesten foton.
Кон врв
gocemk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 111
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gocemk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 02:24
Originally posted by fichot fichot напиша:

Protestna nota - na forumot za muzika. Ovde se prifaka samo protesten foton.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.