IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - The BEATLES
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

The BEATLES

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: The BEATLES
    Испратена: 09.Октомври.2010 во 13:49


Денес да беше жив би му било роденден на Џон Ленон, па ми текна дека немаме тема за големите Битлси на форумов.

Ќе ја почнам темата со еден напис за Ленон, па ќе ја надополниме со коментари и материјали за групата.


Imagine...роза


Херој на работничката класа


Доколку на 8-ми декември 1980-та Марк Дејвид Чапман не тргнал да го реализира својот крвав список, на кој прв за отстрел беше Џон Винстон Ленон (подоцна Џон Оно Ленон), на 9-ти октомври 2010-та најславниот Битлс ќе го прославеше својот 70-ти роденден.

Вака, остануваат само хипотезите за тоа колку денес овој свет би бил поинаков, со Џон во него... Со неговото заминување пред 30 години, со десет години задоцнување и симболично завршија 60-тите, и се што тие всушност претставувале за светот

Луѓето постојано ме прашуваат дали ќе напишам книга за мојот живот со Џон. Јас им велам дека се уште не сум подготвена за тоа. Ќе бидам ли некогаш? Мислам дека нема... Чувствувам дека нема да  можам да отворам тој дел од моето срце, додека целото срце уште трепери – напиша Јоко Оно, втората жена на Џон Ленон, пред некои пет години. И ништо оттогаш не се смени...

Поголем од вечноста

Деновите кои ги означуваат датумите на раѓање, или смрт на луѓето кои повеќе ги нема, за нивните најблиски и најмили се посебни. Тие се добар повод за враќања во минатото, сентиментални патувања, насмевки и солзи... Тие денови обично се посетуваат нивните вечни почивалишта, нивните последни станици...

За жал, ниту најблиските на легендарниот Џон Ленон, ниту милионската армија фанови од целиот свет, на неговиот 70-ти роденден, 9-ти октомври 2010-та, нема да можат уште да му се поклонат на гробот.

Наводно, според неговата желба, веднаш бил кремиран и погребан – никаде, односно секаде каде што беше посеана неговата пепел. Ленон е вечен, но не зошто нема гроб, туку затоа што неговото дело допира небесни височини... Сите овие години фановите од целиот свет се поклонуваат на влезот на зградата Дакота, карши њујоршкиот Централ Парк. Тука славниот Битлс беше застрелан...
  
Зошто е Џон Ленон толку голем музичар? Затоа што зад него останаа запаметени речиси 300 композиции и една милијарда продадени албуми. Ленон е една четвртина од најнеобичниот феномен на дваесеттиот век. И уште повеќе! Тој е одговорен за многу работи кои во светот на музиката се случија во веројатно највозбудливите две децении во шоу-бизнисот: од 1960-та до 1980-та.

Ленон е гитарист, пејач, композитор, поет и сонувач. Оној кој вистински ги создаде, а подоцна и ги растури непревазидените Битлси. Оној, кој во најелитното гледалиште во светот, каде седеа кралицата, високодостојници и важни британски функционери, собрани да ги видат тие Битлси, во еден момент кажа: Би сакал сите да ми помогнете во следната песна. Оние од поевтините места, нека ракоплескаат. Останатите нека звецкаат со својот накит...

Жртва на ветената земја

Без око да му трепне, Ленон својата популарност ја ставаше на исто рамниште со Исус, а орденот на Империјата на кралицата и го врати со обична пошта, разочаран од надворешната политика на Велика Британија.
Ленон прв без страв призна дека има пробано марихуана, и прв, без трошка срам, како од мајка роден се сликаше за обвивката на својот албум. Ленон е тој кој еднаш за секогаш одбил да гласа на избори, и прв, кој во име на многумина разочарани, побарал од Англија јавно да се огради од срамните американски војни во Виетнам.

 

Најпосле, Џон Ленон е оној маж кој остави жена и син, дозволувајќи и на некоја си таму Јапонка, со чудни филозофии и навики, да го одалечи од светот, на чие чело директно или непосредно се наоѓаше.

Џон Ленон е херој на работничката класа, Ленин на рокенролот, безбожник, еден од најталентираните композитори на изминатиот век, богат и умен човек, гласноговорник, присталица на феминизмот и Битлс кој најмалку го разбиравме.

Во времето кога насилството е насекаде околу нас, се потсетуваме на Џон Ленон како на жртва на истото тоа насилство во државата чија историја изобилува со изобилува со убиствата на невини и познати. Интересно, почина во земја која толку многу не го сакаше! По цели пет години и разни апели, 1976 му беше дозволено да стане граѓанин на ветената земја, за да по четири години стана жртва на истата таа Америка.

Битлси го сменија светот

Ленон е роден на 9-ти октомври 1940-та во Ливерпул, во несреќен брак на типична англиска средна класа. Несреќните случувања во семејството ги предодредија многуте патишта во животот на Ленон. Во 1955-та се запознава со Пол Макартни, а од тоа пријателство се роди тандем кој ќе стане недостижно творечко јадро во историјата на музиката. Воедно, и прекрасна двигачка сила чие делување во 60-тите ќе ги измени многуте законитости и обичаи во животите на младите ширум светот.

Битлси наметнаа нови правила во светот на шоу-бизнисот, кои подоцна ќе го сменат правецот на културните збиднувања, недостижни до ден-денес...



Есенцијалните Битлси во состав: Џон, Пол, Џорџ и Ринго во текот на своите осум години делување (1962-1970), снимија 13 албуми, учествуваа во создавање на пет филма, а популарната музика ја внесоа во незапаметен публицитет и бројки. Го споија своето задоволство со комерцијалноста, и свртеа пари од кои боли глава. Едноставно, го сменија светот!

Најпосле, на многу фронтови Битлси кренаа револуција, па не чуди што после нив ништо не можеше да биде, ниту имаше смисол да биде како пред нивната појава. Откако тоа го направија, нивната мисија беше завршена!

Му требаа љубов и мир во целиот свет

Во своето последно големо интервју, два месеца пред трагичниот настан, во неделникот Њусвик Ленон им се врати на Битлси, сакајќи да разјасни зошто е безмислено повторно да се соберат бубачките од Ливерпул.

Уште од филмот Како ја добив војната од 1966-та година, барав начин да се извлечам. Битлси беа поим за шеесеттите и можеа да постојат само во тие години. Секој кој мисли дека, ако нас пак не собере, може да повтори некогашен успех – тој е луд! Битлси дадоа се што можеа да дадат, па дури и повеќе од тоа. Пол и јас – На двајцата би ни било здодевно! Секој е градител на сопствената среќа. Тоа е приказна за Битлси...

Запознавајќи ја таинствената и фасцинантна Јапонка Јоко Оно, Ленон не само што ја остава својата жена Синтија и синот Џулијан, и го смени средно име Винстон во Оно, туку започна да го руши митот за Битлси, интензивно упуштајќи се во експериментирања и ангажирања во работи со кои Јапонката беше опседната.



Откако ја испеа пацифистичката химна Дајте му шанса на мирот, а во песната Херој на работничката класа го опеа животот на пролетерите дрогирани со религија, секс и телевизија, Ленон посака да стане жител на земјата против која многу пати крена глас.

По многу перипетии, Америка која верува во Господ, онаа која ги спалуваше неговите слики и ги кршеше неговите плочи, бидејќи кажа дека Битлси се попопуларни од Исус – го прифати пред се како голем уметник, па дури тогаш како човек кој го движат големи пари, без оглед што не и беше до крај јасно зошто нему, кој е богат и славен, му требаат љубов и мир во целиот свет?!

Копнеж за малку утопија и трошка надеж

Откако во 1970-та Битлси престанаа да постојат, Џон Ленон сними осум албуми. Седум во првата половина на 70-тите, и последниот Double Fantasy, по петгодишната пауза, непосредно пред да замине во вечноста.

Сепак, ремек-делото Imagine од 1971-та година е нешто навистина посебно, и претставува врв во неговата соло-кариера. На овој албум, легендарниот Битлс почувствува потреба за малку утопија и трошка надеж. Искреноста ја препознаа и фановите, па албумот го освои врвот на топ-листите на двете страни од Атлантикот.



Насловната тема Imagine е песна по која Ленон вечно ќе го паметиме. Тоа е химна за човечката вера во подобар свет, без оглед на секојдневието, кое не фрла во очај. На овој албум се и неколку најубави љубовни песни, кои еден маж може да и ги посвети на својата сакана – Oh My Love и Jelous Gay.

Најпосле, Imagine е автопортрет на човекот кој во ист миг е и чувствителен и агресивен, несигурен и силен, самобендисан, но и социјално освестен. Најкомплетен и најурамнотежен соло-албум на Џон Ленон, воедно е и ремек-дело за сите генерации. Достојно за вечноста...

Стана уметник сакајќи да биде слободен

Многу свои вредности Ленон во последната деценија од животот ги жртвуваше испитувајќи се себе си, и барајќи нови начини на комуникација. Крајно оригинален, секогаш чекор пред другите, никогаш не правеше компромиси со актуелните вкусови и трендови. Неговите пораки, неговите идеи и стихови, се примани пошироко и повнимателно. Од својата уметност создаваше секојдневие. Во споменот останува и надвор од музиката, како човек и хуманист, кој копнееше за нешто што не можеше да го најде во своето богатство и слава. Беше среќен кога конечно можеше да констатира дека Војната е завршена!

Во 1975-та Ленон беше разочаран, пред се од себе, па ја остави музиката, со намера да стане подобар и посреќен човек, и користен татко на својот втор син Шон.



Од својата 22-ра година постојано сум врзан со договори, обврски. Станав уметник сакајќи да бидам слободен, бидејќи не можев да се навикнам да одам на работа во одредено време. Одеднаш станав пренатрупан со обврски кон публиката, издавачите, јавноста... Тогаш сосема ја загубив слободата... Мене не можете лесно да ме разберете. Поседувам мир на свештеник, а постојано би сакал да сум на сцена. Нашата работа е таква што постојано мораме да бидеме во центарот на вниманието. Јоко и јас долго посакувавме дете и решивме пет години да му ги посветиме само на него...

Битлс кој најмногу го почитувавме

Откако поминаа тие пет години Ленон сними нов албум Double Fantasy, а една од песните (Just Like) Starting Over стана светски хит, без оглед што критичарите лошо го оценија проектот, а публиката покажа огромен интерес.

Кога од болницата Рузвелт во Њујорк пристигна соопштението дека Џон Ленон им подлегна на повредите по атентатот, кој врз него го изврши пореметениот Марк Дејвид Чапман пред луксузниот комплекс Дакота, албумот се наоѓаше на 18-то место на американската топ-листа, за да потоа се вивне до самиот врв. Тоа е проклетството на шоу-бизнисот... На 20-годишнината од убиството, Чапман кажа дека атентатот претставуваше неговата животна мисија. Колку сурово – мисионерот кој молеше да запрат војните, почина од к*ршум кој некој специјално го наменил за него!

Во 1969-та година едно британско списание направи бесмислена анкета на тема: Кој би бил најславен кога би умрел?, а читателите заокружуваа според овој редослед: Џегер, Ленон, Хендрикс. Од тој список замина и вториот, истиот кој во октомври 1963-та изјави:

Мојот проблем е во тоа што не сакам да остарам. Ја мразам староста...

И така, најславниот Битлс не го доживеа времето во кое ќе остари. Оној кој беше поинаков од сите. Џон можеби не беше сакан колку што беше Пол, ниту симпатичен како Ринго. Не беше конкретен, за да го разбереме како што го разбиравме Џорџ. Но, од тоа друштво беше оној кој најмногу го почитувавме...

Приказни на две оставени жени

Онаа вечер, во зима 1980-та, кога Џон така ненадејно замина, почувствував дека една половина од мене засекогаш одлете со него. Пролетта дојде и помина. Лето. Ме изненади што дрвјата добија лисја, бидејќи ми се чинеше дека е направда што се друго се уште е така живо. Есента беше прекрасна. И зимата, иако сфатив дека уште долго време зимите ќе ми бидат тешки... Се чувствувам добро кога луѓето се околу мене, мојот син, мојата ќерка... Се смеам, се шегувам. Гледам во небо и дозволувам срцето да ми затрепери... Но, кога ќе останам сама, кога вечерните светла ќе започнат да го бојат светот во виолетово, среде ноќ, пред зора, моето срце и понатаму трепери без престан... – напиша неговата втора жена Јоко Оно во книгата Сеќавање на Џон Ленон, која самата ја осмисли и ја подготви во 2005-та, на 25-годишнината од смртта на Ленон. Таа е составена од сеќавања на неговите блиски и далечни пријатели, кои евоцирајќи ги спомените на Џон, напишаа песна, приказна, нацртаа слика...



И неговата прва жена Синтија, истата таа 2005-та година напиша книга за Ленон. Со наслов Џон Синтија и подари на јавноста извонредна приказна за еден човек, една легенда и еден брак. Имаше 18 години кога се запозна со Џон Ленон, и веднаш се роди љубов. Нивниот заеднички живот, кој траеше десет години, коинцидираше со феноменот на раѓањето на Битлси, од клубовите во Ливерпул до освојување на светот. Синтија Ленон беше интегрален дел од случувањата, кои денес со право ги сметаме за рокенрол историја. Од позиција на соучесник, Синтија изнесува фасцинантни податоци од животот на Џон Ленон, музичка легенда, култен херој и еден од најзначајните личности на 20-от век.

Уште еднаш за мистериозната смрт

Без оглед што за официјалната Америка смртта на Џон Ленон е затворена приказна, бидејќи атентаторот Чапман ги призна убиството, па нема спорни елементи, според некои новинари, кои водеа паралелни истражувања, вистината е малку поинаква...

Имено, заради своите активности во кои најостро ја критикуваше надворешната политика на САД, Џон Ленон постојано беше набљудуван од ЦИА и ФБИ. Затоа, се погласни се размислувањата дека Чапман всушност беше некој кој само добро улета во целата приказна, додека работата ја завршил некој друг. Но, постои и верзија според која Чапман беше човек со измиен мозок или програмиран убиец, кој само ја извршил наредбата. Тие не веруваат дека бил психопат кој имал список со жртви за отстрел...



За било која владеачка гарнитура во САД, мисијата на Џон Ленон и денес би била неприфатлива. Затоа, она што во седумдесеттите не можеше да го прифати Никсон, по неговата оставка заради аферата Вотергејт, не го одобруваше ниту Џими Картер, без оглед што во 1976 година неговата администрација одобри Зелена карта за Ленон и Оно. И тие постојано го набљудуваа Ленон...

Подоцна, ништо немаше да се смени ниту со доаѓањето на Роналд Реган на власт. Неговите војни во Латинска Америка Ленон остро би ги критикувал, а силен противник на властите на Америка би останал и понатаму, не можејќи да ги прифати агресиите врз Либија, Србија и Црна Гора, Авганистан, Ирак..., на Бушовата и Клинтоновата администрација. И, без оглед што во 1997-ма Клинтоновата администрација го објави досијето на Ленон кај ФБИ, недостасуваа десет документи, кои наводно содржаа доверливи податоци кои се однесуваа на националната безбедност.

Ленон беше мисионер, кој и понатаму би правел анти-воени концерти, повикувајќи јавно десетици милиони свои обожаватели во светот да земат активно учество во протестите. А, со неговата ненадејна брутална смрт, неговото дело стана бесмртно!




Изменето од Анастеа - 09.Октомври.2010 во 13:50
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 18:14
Битлси, луѓето кои ја започнаа рокенрол еволуцијата да
апсолутни фаворити од нив ми се

http://www.youtube.com/watch?v=AA9maAERDAs

http://www.youtube.com/watch?v=A7F2X3rSSCU
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:23


Никој ли не слуша Битлси веќе?...сршено%20срце

Брееее, лејдигагаманија опасна работа...рамнодушност


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:29
Ма каква гагаизненадување
Бубачките се Пут у Хаваи за гага и останати посранки и посранковци како неа слични.
Нека направи нешто слично некој од нив како ова па ќе прајме муабет
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:41


Еј Џими, и ти слушаш Битлси? изненадување....плазење

And anytime you feel the pain
Hey Jude refrain
don't carry the world upon your shoulders
For well you know that it's a fool
who plays it cool
By making his world a little colder
Na na na na na
na na na na танцување



Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:44
Ам што мислеше а мор тисреќа
 
Бубачките не можеш да ги споредуваш со никој од минатите и сегашните музичари,тие се безвременски и неспоредливи со било кој
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:50
 
Мене не ми се свиѓаат брзите рок ен рол песни од Битлси. Повеќе ги поштувам...
 
 
 
 
и една бонус песна... голема%20насмевка
 
 
Споредбите на Лејди Гага со Битлси ме посеќаат на средношколските денови кога ги споредувавме Ајс Ти и Боб Дилан.
 
газење%20од%20смеење


Изменето од LiDivio - 11.Октомври.2010 во 10:55
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 10:59


Нееееее, немој гага на темава!...не%20слушам

Help!...молитва

п.с. не беше споредба, сакав да кажам сите ли ги зафатила манија кон овие модерниве Гаги што никој не слуша веќе стара, добра музика...ѓавол


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 11:05
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 11:14


Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

http://www.youtube.com/watch?v=KrkwgTBrW78

aj za praznikot


Еееее што би ние без вакви пријатели... ем те окупираат, ем ти честитаат празник на револуцијата...плазење



Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2010 во 12:12
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2010 во 14:12
Битлси никогаш не ги засакав, а соло-кариерата на Џон Ленон Да!
Многу повеќе ми се допаѓаат музичките остварувања на типот и на Пол Макартни како засебни музичари.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 21:38
Поодамна не сум ги пуштил...кога веќе налетав на темава месецов оваа би си ја прогласил за хит
Кон врв
харизма Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај харизма Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 16:24
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,781 секунди.