IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Прва светска војна и настаните во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прва светска војна и настаните во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Прва светска војна и настаните во Македонија
    Испратена: 01.Октомври.2010 во 17:33
Прва светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на Нациите е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 година и започнува во Европа. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе во бојното поле. Првата Светска војна е втор најкрвав настан во светската историја до тогаш. Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат за време на војната. Четири династии, Хабсбурговците, Романови, Отоманците и Хохенцолерните, чии корења на моќ се протегаат до деновите на крстоносните војни, паѓаат за време на војната или после неа.

Првата светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за Руската Револуција која понатаму ќе инспирира револуции во земји како Кина и Куба и ќе ја постави основата за Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави. Поразот на Германија во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на националниот социјализам и неговиот конечен резултат - избувнувањето на Втората Светска војна во 1939 година. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на технологија и вовлекува цивили како никогаш порано.

Поимот „Прва светска војна“, што имплицира настан различен од „Втора светска војна“ не е популарен меѓу некои историчари кои ја сметаат војната само како прва фаза од три-децениската војна што се протега од 1914-1945 година. Други историчари, пак, гледаат на Прва Светска војна како една од последиците на францускиот пораз во Франко-Пруските војни што води кон француската експлоатација на балканската криза како повод за општа војна. Историчари исто така ја цитираат и германската дипломатска неснаодливост како и бранот национализам што ја преплавува Европa во тоа време.

Прва светска војна станува позната како рововска војна, каде што голем број на војници се врзани за рововите и не можат да се движат многу заради напнатоста на одбраната. Ова е посебно вистинито за Западниот Фронт. Преку 9 милиони луѓе умираат на бојното поле и уште приближно толку на домашниот фронт како последица на недостаток на храна, геноцид и битка на земја.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 17:34
Отпретани сведоштва воени писма од големата војна 1914 -1918 година


Прекрасна колекција на писма кој се спасени од уништување.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 01:39

Целата колекција можите да ја видите на следниот линк.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
dejanvw Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanvw Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 20:45
Каде беше месното македонско население во Првата светска војна?
http://youtu.be/hXV0XFzMLCU
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 00:49
Доброволците кој беа вклучени во Грчката и Српската армија нормално нема да ги спомнуваме. Затоа што сите до еден беа дел од бугарската армија. Така ?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
dejanvw Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanvw Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 20:43
Масовно дезертирале во Бугарската војска или на страната на кој била Бугарија.
Кон врв
dejanvw Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanvw Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 20:48
33 илјади македонци, целото ВМРО е во 11 македонска дивизија.И од офицерскиот кадар 95 % се од месното население или родени во Македонија.
Зошто толку бегалци има од Вардарскиот дел и Беломорскиот во Бугарија, си се запрашал ли?
ВМРО престанува да постои 1915-1918,оди во 11 македонска дивизија.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 02:38
Сигурен си? Населението што било во тогашна Вардарска или Егејска Македонија биле мобилизирани од страна на Српската односно Грчката армија.

 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 03:00
ВМРО престанува да постои многу порано уште во 1906 година по смртта на Даме Груев организацијата не е повеќе тоа што беше , крајно поделена. Веќе во 10 година по Младотурската револуција организацијата веќе непостои , Сандански формира политичка партија. 

Од тогаш нема повеќе континуитет во организацијата се понатаму е само употреба на брендот ВМРО во осворување на лични амбиции на поединци како со ВМРО автономистичка и ВМРО обединета.

Старите дејци , револуционери , Македонци беа дел од друга организација „ Илинденската организација„ која во почетокот имаше јасна политика на дејствување за потоа да се претопи во уште една алатка на Ванчо Михајлов.

Или треба да разговараме за тоа како пропагандата на Царот со намерно поставување на толку раководители и на таква формација која во иднина ќе има ваква цел како ова денес презентирано од тебе , служи само за пропаганда а не за реалните барања, потреби или цели на Македонците?

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
dejanvw Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanvw Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 22:59
Прво Србските војски бегаат од австроунгарските и германските. патот им е пресечен од бугарските војски, и се повлекуваат преку Албанија.Многу не срби дезертираат.
Тодор Александров е претседател и ВМРО постои.
Јане Сандански е предавникот, тој го бојкотира Илинденското Востание, затоа серскиот округ не се дига. Турците го плаќаат 50 лири месечно, работи за нив. Тој е болшевик, и работи против црквата и ВМРО.По негова наредба се убиени Борис Сарафов и Иван Гарванов. Затоа ВМРО го осудува на смрт 1908, а потоа тој од бугарскиот цар е амнестиран заради неговото учество во 1 балканска војна.Но на крај го убива четник на ВМРО, и со тоа е исполнета смртната пресуда.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 08:35
Originally posted by dejanvw dejanvw напиша:

Прво Србските војски бегаат од австроунгарските и германските. патот им е пресечен од бугарските војски, и се повлекуваат преку Албанија.Многу не срби дезертираат.
Тодор Александров е претседател и ВМРО постои.
Јане Сандански е предавникот, тој го бојкотира Илинденското Востание, затоа серскиот округ не се дига. Турците го плаќаат 50 лири месечно, работи за нив. Тој е болшевик, и работи против црквата и ВМРО.По негова наредба се убиени Борис Сарафов и Иван Гарванов. Затоа ВМРО го осудува на смрт 1908, а потоа тој од бугарскиот цар е амнестиран заради неговото учество во 1 балканска војна.Но на крај го убива четник на ВМРО, и со тоа е исполнета смртната пресуда.

Текот на војната е небитна, важно е тоа дека како војници има Македонци во сите соседски армии.
Еден доказ дека ВМРО постои и одлука со која Александров е претседател?
Предавници има многу , а Јане Сандански може  да е предавник ама за врховистите.Тие затоа и го убија. 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 01:04







БУГАРИ БЕСАТ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Фотографија од бесењето на една жена и двајца мажи од страна на бугарската војска за време на Првата светска војна некаде во Македонија.

На картичката на грчки јазик пишува:

„Βουλγαροι απαγχονίζoυν γυναικόπαιδα εν μακεδονία“

Превод:

„Бугари (1) бесат жени во Македонија“

Датумот на картичката не е посочен, но веројатно се работи за периодот за време на Првата светска војна, 1914-1918 година. Исто така и точната локација (град, село...) не е посочена, веројатно се работи за егејскиот дел на Македонија.



1. Од фотографијата се гледа дека се работи за војници во бугарски униформи - бугарски војници (веројатно етнички Бугари).


Изменето од mungos80 - 18.Јуни.2012 во 01:05
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 10:39
веројатно се работи за периодот
веројатно се работи за егејскиот дел
веројатно етнички Бугари

веровтно бате во грцките документи зборот "македонци" и "Македонија" има различно значење от ова на кое си мислиш и се надеваш да значи

ти да не си  фан на Павлос Мелас бе Мунгос
кажи си, немој да се срамиш




Изменето од mungos80 - 18.Јуни.2012 во 23:04
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 23:08
Де бре :)

Картичката е дел од аукција :) Затоа биди сигурен дека периодот е за време на првата светска војна, местото е Македонија , а војниците НОСАТ бугарска униформа.

А ти биди фан на Мелас , јас сум фан на Даме Груев.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.