|
вежби за задник |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 вежби за поголем и поцврст задникНема девојка што не посакува да го има задникот на Бијонсе или Џенифер Лопез. Понекогаш не е сѐ во големината, туку и во тоа како е обликуван. Ако сакате цврст, топчест и секси задник може тоа да го добиете само со 3 вежби. Единствен услов е да ги правите секојдневно, ако сакате да го добиете и да го одржите добриот изглед. Со помош на Лизабет Лопез, професионален фитнес модел која го има еден од најдобрите задници во светот, може да го добиете посакуваниот задник на кој сите ќе ви завидуваат. Оваа вежба е клучна доколку го сакате тркалестиот облик на задникот. На подот застанете во положба на маса, така што ќе клекнете на колена ќе се исправите нанапред и ќе се потпрете на дланките. Потоа, полека ја поткревате едната нога во висина со задникот, ја свиткувате кај коленото на 90 степени и така останувате во иста позиција 1 минута. Вежбата мора да ја повторите неколку пати наизменично.
Почнете полека со благо потскокнување. Исправете ги нозете и рацете, вдишете длабоко и издишете. Обидете колку можете да бидете поисправени. Ваквата вежба треба да ја повторувате околу 30 секунди.
Најпрво легнете, доближете ги нозете една до друга, горниотт дел на грбот зад рамената залепете го на подот и полека подигнете го телото во вид на мост. Едната нога подигнете ја, а со другата одржувајте баланс и рамнотежа. Оваа вежба треба да ја повторите 20 пати со едната нога, па заменете ја со другата. Покрај тоа што ќе добиете супер обликуван задник, истовремено ќе уживате без преголем напор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освен како вежба за задникот, тие служат и за зајакнување на мускулите на долниот дел од грбот и на нозете, што придонесува за подобро држење на телото и воопшто за целокупното здравје. Меѓу наједноставните и најефикасните вежби се сквотовите (чучњеви), расчекорување и мост со задникот. Застанете со раширени нозе по должината на колковите и исправете ги рацете пред вас, паралелно од земјата. Потоа спуштете се надоле скоро до земјата како во позиција да седнете, но пазете колениците да не ги носите напред односно да не ја поминуваат линијата од вашите прсти. Градите и грбот треба да бидат исправени цело време а тежината да биде на петите. Направете две групи по десет повторувања што е можно поспоро, и секој ден можете да го зголемувате бројот на повторувањата. Застанете така што едната нога ќе ви биде истегната напред на цело стопало, а другата далеку зад себе и на прсти. Спуштајте го коленото надоле така што прстите ќе ви останат во воздух а поголемиот дел од тежината ќе ви биде на задната нога. Како што се спуштате кон земјата и предното колено ќе се витка, но важи и правилото што се однесува како кај чучњевите коленото несмее да ја помине линијата на прстите. Нежно спуштете се надолу така што задната нога речиси ќе ја допре земјата и држете се во оваа позиција неколку секунди. Потоа полека движете се нагоре и затегнете ги мускулите од задникот. Направите десет повторувања со една нога и десет повторувања со другата нога, ни еден рачекор не смее да трае помалку од четири секунди Легнете на грб со свиткани колена, нозете во ширина на колковите, и со двете раце на телото. Петите потпрени цврсто на земјата, а потоа подигнете ги колковите и задникот високо во воздух, така што вашите гради и грбот ќе ви останат на земја Во највисоката позиција затегнете го задникот и останете така пет секунди, а потоа спуштете се долу. Направете серија од 15 повторувања, одморете се една минута, и потоа повторете ја вежбата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |