![]() |
|
вежби за задник |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 07.Април.2017 во 09:19 |
Освен како вежба за задникот, тие служат и за зајакнување на мускулите на долниот дел од грбот и на нозете, што придонесува за подобро држење на телото и воопшто за целокупното здравје. Меѓу наједноставните и најефикасните вежби се сквотовите (чучњеви), расчекорување и мост со задникот. Застанете со раширени нозе по должината на колковите и исправете ги рацете пред вас, паралелно од земјата. Потоа спуштете се надоле скоро до земјата како во позиција да седнете, но пазете колениците да не ги носите напред односно да не ја поминуваат линијата од вашите прсти. Градите и грбот треба да бидат исправени цело време а тежината да биде на петите. Направете две групи по десет повторувања што е можно поспоро, и секој ден можете да го зголемувате бројот на повторувањата. Застанете така што едната нога ќе ви биде истегната напред на цело стопало, а другата далеку зад себе и на прсти. Спуштајте го коленото надоле така што прстите ќе ви останат во воздух а поголемиот дел од тежината ќе ви биде на задната нога. Како што се спуштате кон земјата и предното колено ќе се витка, но важи и правилото што се однесува како кај чучњевите коленото несмее да ја помине линијата на прстите. Нежно спуштете се надолу така што задната нога речиси ќе ја допре земјата и држете се во оваа позиција неколку секунди. Потоа полека движете се нагоре и затегнете ги мускулите од задникот. Направите десет повторувања со една нога и десет повторувања со другата нога, ни еден рачекор не смее да трае помалку од четири секунди Легнете на грб со свиткани колена, нозете во ширина на колковите, и со двете раце на телото. Петите потпрени цврсто на земјата, а потоа подигнете ги колковите и задникот високо во воздух, така што вашите гради и грбот ќе ви останат на земја Во највисоката позиција затегнете го задникот и останете така пет секунди, а потоа спуштете се долу. Направете серија од 15 повторувања, одморете се една минута, и потоа повторете ја вежбата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 вежби за поголем и поцврст задникНема девојка што не посакува да го има задникот на Бијонсе или Џенифер Лопез. Понекогаш не е сѐ во големината, туку и во тоа како е обликуван. Ако сакате цврст, топчест и секси задник може тоа да го добиете само со 3 вежби. Единствен услов е да ги правите секојдневно, ако сакате да го добиете и да го одржите добриот изглед. Со помош на Лизабет Лопез, професионален фитнес модел која го има еден од најдобрите задници во светот, може да го добиете посакуваниот задник на кој сите ќе ви завидуваат. Оваа вежба е клучна доколку го сакате тркалестиот облик на задникот. На подот застанете во положба на маса, така што ќе клекнете на колена ќе се исправите нанапред и ќе се потпрете на дланките. Потоа, полека ја поткревате едната нога во висина со задникот, ја свиткувате кај коленото на 90 степени и така останувате во иста позиција 1 минута. Вежбата мора да ја повторите неколку пати наизменично.
Почнете полека со благо потскокнување. Исправете ги нозете и рацете, вдишете длабоко и издишете. Обидете колку можете да бидете поисправени. Ваквата вежба треба да ја повторувате околу 30 секунди.
Најпрво легнете, доближете ги нозете една до друга, горниотт дел на грбот зад рамената залепете го на подот и полека подигнете го телото во вид на мост. Едната нога подигнете ја, а со другата одржувајте баланс и рамнотежа. Оваа вежба треба да ја повторите 20 пати со едната нога, па заменете ја со другата. Покрај тоа што ќе добиете супер обликуван задник, истовремено ќе уживате без преголем напор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Која е најдобрата вежба за совршен задник?Дали некогаш сте слушнале за clamshells? Многумина не знаат каков вид на вежба е тоа, но верувале или не ова е најдобрата вежба за совршен задник. Станува збор за вежба која што ја препорачуваат терапевтите и личните тренери, најпрво затоа што е многу едноставна, а потоа и затоа што ги зајакнува мускулите кои не можат да се зајакнат со други вежби за задникот. Правете по 20 повторувања, а исто така и обидувајте се да ја вметнете оваа вежба барем три пати неделно во вашите тренинзи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Три основни вежби со кои за еден месец ќе добиете стегнат и подигнат задникКако што се наближува летото и летните одмори сите стануваат позагрижени како ќе се појават на плажа со неколкуте килограми плус кои дебелата зимска облека совршено ги криеше. Работите изгледаат многу побезнадежно за оние кои имаат премногу обврски во текот на денот, па никако не можат да одвојат време за посета на теретана. Добрата вест за сите вас е дека постојат неколку основни вежби кои доколку правилно ги изведувате ќе ви помогнат да добиете задница каква што сте посакувале. Сè што ви треба се 2 тегови и доволно силна желба да не се откажете после првиот ден вежбање. Шемата за вежбање е развиена од страна на фитнес тренерот Анџела Ли, која укажува дека вежбите треба да ги практикувате минимум 30 дена со цел постигнување на саканите резултати. Бројот на секое поле го покажува бројот на повторувања кои секој ден треба да ги направите. Вежбите се прават во интервали од 2-3 минути со пауза од 1 минута помеѓу сериите. Вежбите никогаш не треба да траат подолго од 11 минути на ден. И не ги игнорирајте деновите за одмор, на вашите мускули им е потребно време за обнова на силата. 1. Основна вежбаВежбата вклучува обични чучнувања. Раширете ги нозете во ширина на рамената, држете го грбот исправен и свиткајте ги нозете во колената при чучнување, но внимавајте колената да не бидат понапред од стапалата. Рацете држете ги исправени пред вас. 2. Вежба со теговиЗа ова вежба треба да застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Држејќи по еден тег во двете раце, започнете да изведувате чучнување така што ќе ги држите грбот и рацете исправени. Започнете го вежбањето со полесни тегови а потоа постепено зголемувајте ја нивната тежина, вежбајќи со најмногу 3-4 килограми. 3. Сложена вежбаЗастанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Поставувајќи ги рацете зад главата и одржувајќи го грбот исправен, започнете со изведување на чучнувања. Не притискајте со рацете врз вратот и не ја наведнувајте главата нанапред. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
chargerburnout ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 211 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ako nekoja vezba neka ni pokaze kako vezba u nekoe video, oblecena u helanki za motivacija :D
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вежби за затегнат задникМногу дами му се воодушевуваат на задникот на Џенифер Лопез, а сите девојки и жени кои сакаат облини постојано се во потрага по идеалната вежба со која можат да постигнат изглед како тој на Џеј Ло. Дејвид Кирш, тренерот на популарната дива открива вежба која ако ја изведувате три пати неделно за релативно краток период ќе забележите резултати. Како се изведува оваа вежба: 1. Раширете ги нозете на ниво на колковите. Вежбата изведувајте ја една по друга нога и тоа од 15 до 20 повторувања без да сопрете, во два до три сета. Тренерот вели дека оваа вежба не е само добра за убаво обликуван и подигнат задник туку и за колковите и обликување на целиот долен дел на телото. Изменето од Valerija - 07.Април.2017 во 09:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
pajser ![]() Сениор ![]() ![]() kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13955 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
,,,,,,,
![]() ,,,,kako vezhba ,,trchajki,,,,, ![]() |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
ZeZnAtA ![]() Сениор ![]() ![]() Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
![]() |
|
Milko01 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 180 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Многу тешки овоа вежбиве......јас друго ќе вежбам...
|
|
![]() |
|
marija1988 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 27.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нема да е лошо и да пораснам во тој дел со моите 52 кила
![]() |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 вежби за цврст задникСекоја жена посакува убаво оформен, цврст и секси задник, точно онаков како на рекламите за производи против целулит. Освен што изгледа убаво и што мажите го обожаваат, цврстиот задник помага и за одржување на подобра положба на телото и стабилизирање на грбот. Затоа, не чекајте и веднаш започнете да го оформувате вашиот задник. За кратко време ќе почувствувате дека облеката ви стои подобро и дека имате поголема самодоверба. ![]() Потоа, направете голем чекор со левата нога и повторете ја вежбата. Направете 20 наизменични повторувања (десет со десната и 10 со левата нога). Можете да користите мали тегови што ќе ги држите во рацете, или пак да вежбате без тегови, така што ќе ги ставите рацете на колковите. Со помош на оваа вежба ќе добиете цврст задник и бутови. ![]() Потоа, свртете ги рацете и горниот дел од телото нанапред, оттурнете се со десната нога и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата со левата нога. Направете 20 наизменични повторувања. Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, стомачните мускули и нозете. ![]() Направете 2 серии од по 8 повторувања. Ако сте почетничка, започнете со една серија. Со оваа вежба ќе ги зацврстите и обликувате задникот и нозете. ![]() Направете 2 серии од по 10 повторувања. Ако сте во добра физичка форма, можете да правите 20-25 повторувања во секоја серија. Горниот дел на нозете и задникот најдобро се обликуваат со оваа вежба. ![]() Задржете се во таа положба 2-3 секунди и спуштете ги и ногата и раката на подот. Повторете ја истата вежба, но овој пат со левата нога и десната рака. Направете 16 наизменични повторувања. Оваа вежба не само што ќе ви помогне да добиете цврст задник, туку таа ги зацврстува и грбните и стомачните мускули. ![]() Повторете ја оваа вежба 10-15 пати со десната нога, а потоа направете една серија со левата. Задникот и горниот дел од нозете имаат најголема корист од оваа вежба. ![]() Оттурнете се со десната нога и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата на левата страна. Направете 16 наизменични повторувања (8 со десната и 8 со левата нога). Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, страничните стомачни мускули и нозете. ![]() Вратете се во првобитната положба и повторете ја вежбата со левата нога. Направете 16 наизменични повторувања. Ова е одлична вежба за задникот, стомачните мускули и нозете. ![]() Направете 20 наизменични повторувања (10 со левата и 10 со десната нога). Спуштете се целосно на подот со рацете и нозете, одморете се 45 секунди и направете уште една серија. Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, грбот, нозете и рацете. Ако немате време за сите овие вежби, можете да правите само клекнувања. Најголем дел од експертите го сметаат клекнувањето за најефикасна вежба за зацврстување на задникот. Бидејќи клекнувањето е и одлична вежба за нозе, веќе го имаме споменато досега. Но, еве ја вежбата уште еднаш, за потсетување. ![]() Потклекнете малку, задржете се во таа положба 5 секунди, потоа потклекнете уште малку, задржете 5 секунди и клекнете трет пат (задникот и горниот дел на нозете да бидат паралелни на подот), повторно задржувајќи се во таа положба 5 секунди. Додека се исправувате нагоре, стегнете го задникот. Повторете ја оваа вежба 8 пати. Мускулите на задникот и бутовите имаат најголема корист од оваа вежба. Изменето од Valerija - 07.Април.2017 во 09:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |