|
НЕКОНВЕНЦИОНАЛНА ВОЈНА И НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ |
Внеси реплика |
Автор | |||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 28.Септември.2010 во 17:36 |
||
Секое оружје кое не е класично...велиме дека е неконвекционално ....што беше неконвенционална војна?? како денес таа се формулира со новите технолошки напредија и политичката рамнотежа??
Изменето од bijonse1 - 02.Октомври.2010 во 21:45 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
HAARP Project ....(кликни на името за видео запис)...климатско и земјотресно оружје!!
и види богати …се уште Никола Тесла живее се уште делува во нови изуми… т.н. ’Штитот на Тесла‘ и ‘смртоноснит зраци‘ идеии ги искористиле американските научници …..како?? преку проектот ХААРП (The High Frequency Active Auroral Research Program) кој се наоѓа на Алјаска, но не само таму туку и во Европа како ЕИСЦАТ и во Русија Sura Ionospheric Heating Facility…..
светот е запознат дека целта на проектот ХААРП е академско истражување со кое би се подобрила јоносферата, со што би се подобрила и комуникацијата за доброто на човештвото…како да не!! малку морген…ХААРП работи спротивно од антена, па наместо да прима, праќа сигнали…неговите електромагнетни зраци погодуваат делови од јоносферата и ги загреваат…и оп !! тоа може да произведе одреден вид бранови насочени кон земјината кора и на тој начин да предизвика земјотрес…и тоа каков…брррр!!и не само тоа туку со загревање на поеднични делови од јоносферата, може да предизвика и промени во временските прилики…да да !!!! и нормално човекот не би бил човек ако не го искористил ова за своето самоуништување да не речам за воени цели и свои интереси…фатални климатски промени ете доживеавме да дознаеме за т.н. климатско оружје…последните земјотреси во сиромашни делови од светот…Haiti , Pakistan , Sumatra, Peru, Cile па дури и Kina се случиле мислите дека природата сакала или дека севишниот решил сиромашниот да го дотолчи??? ма нееее сето тоа е намерно направено баш со овој систем… провоцирани земјотреси за да може да се расчисти и бројноста на
населението…сурово?? да многу!!!…но сепак вистинито !!! и то со амин на
самата власт на тие држави…а и наше соседство барем погоре има
сомнителни антени…до каде дојде бре технологијата да се води војна и чистка во име на
природата гурајќи ја неа напред како главен кривец…па зарем природата е
глупава?? па она ќе врати десетороструко повеќе бреее… има да го уништи
целосно човекот и целата цивилизација…сакате со вулкан , пожар , снег , бранови ..земјотрес?? …едноставно
приодата ќе ни рече… одберете ја вашата смрт..или начинот на вашето
уништување…како што сега го прави (The High Frequency Active Auroral Research Program) .. на одредени места… а јас овде читам постови за наша влада и проблеми со ЕУ и со тоа веке ,,дам ти дам ,, име ?? па смешни сме бе….кога ќе ни опнат некој земјотрес или цунами мамичето ќе ни го расплакат!!! дали природата ќе се сожали на нас недолжни и ќе ја спаси барем планетата?? Изменето од bijonse1 - 28.Септември.2010 во 17:55 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Неконвенционална војна
Доживеавме да сме сведоци на специфични конфликти да не речам војни во светот ... денес каде има конфликт веќе не е како порано меѓу две страни туку денешниве конфликти се меѓу две страни ама постојат три...како??...таа трета страна се меша и успева да тој конфликт меѓу двете страни кој е конвенционален да го претвори во неконвенционален ...дури може да го смени и светското мислење за конфликтот...таа трета страна преставува меѓународен сојуз со разни протоколи и конвенции кои успеваат да им ја ограничат самосталноста на двете конфликтни страни потпишувајќи договор со што им ја менува целосно конфликтната стратегија и самата доктрина во одбраната на истите... како што беше дефиницијата за неконвенционална војна да исклучиво се користи оружје за масовно уништување ...денеска со брзиот технолошки развој како и промена на политичката рамнотежа веќе имаме нова дефиниција да неконвенционална војна во потесна смисла е старата дефиниција со оружје за масовно уништување( атомско , биолошко, хемиско)...но во поширока смисла би било сите облици на сегашниве конфликти во светот така да може ама не мора да содржи оружје за масовно уништување ( како последна опција ако нема друг облик на усогласување)....лично мене ме заинтересира ова другата опција на неконвенционална војна и неконвенционалното оружје , за таа цел ја отворив и оваа подтема... каде во следните коментари би пишувала за новите погледи на овој вид војување и кое би било оружјето..... Изменето од bijonse1 - 02.Октомври.2010 во 21:42 |
|||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
jas imam drugar vo NASA - kazete shto vi trebe
|
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Класична конвенционална војна денеска е можна само помеѓу држави кои се сеуште заостанати да не речам неразвиени ...Неконвенционалната војна почнува на почетокот прикриено од неколку месеци или години за да се заврши со конвенционален конфликт ако сите можни обиди за усогласување се исцрпени со што на сцена стапува трета страна на конфликтот која ќе го наметне мирот меѓу двете војувани страни... Изменето од bijonse1 - 02.Октомври.2010 во 22:00 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи... неконвенционалната војна во потесна смисла на зборот употребува оружје за масовно уништување : нуклеарно биолошко и хемиско... неконвенционална војна во поширока смисла со нејзините форми т.е. неконвенцинално оружје: 1.) конфликти со низок итензитет 2.) тероризам 3.) информативна војна 4.) економска војна 5.) психолошка војна Изменето од bijonse1 - 03.Октомври.2010 во 12:17 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1.) Конфликт со низок интензитет како важен облик на оружје при неконвенционалната војна Тоа преставува ограничена политичко воена акција за постигнување на политичка ,војна, социјална ,економска или психолошка цел слично на специјалните операции само што се подолготрајни и со пошироко просторно делување...при конфликтот со низок интензитет се делува на различен начин од дипломатски , економски и психолошки притисок до тероризам ... тука имаме различно делување : учество во програми на други држави кои имаат противтерористичко делување како акции против терористичките закани како и антитероризам одбранбени мерки кои ја налауваат осетливоста на терористичките напади...и крајно напаѓање како одговор на терористичките акции... одржување на мирот:војни операци кои ги подржуваат дипломатските напори за постигнување ,воспоставување и одржување на мир на подрачјата со потенцијален конфликт.. посебни задачи : политички многу осетливи мисии со брзо краткотрајно ангажирање на силите ... Изменето од bijonse1 - 03.Октомври.2010 во 12:17 |
|||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bijonse1 и d4 b3 ...ги тргнав офтопик постовите што немаа врска со темата....
Се што имате да постирате во врска со темата, со задоволство ќе разгледаме и ќе си дискутираме...
|
|||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Темата како тема е одлична,но според мене е малку погрешно поставена.
Неконвенцијално оружје се смета секое она кое не содржи барутно полнење на муницијата,отприлика,ладното оружје од типот на Мечеви,Лак и Стрела не е земено во предвид во денешниот модерен свет. Значи денес под неконвенцијалено се подразбира Биолошко,Хемиско и Нуклеарно оружје. Најстаро од овие е Хемикото,кое преставено како Бојни Отрови се користело масовно во Прва Светска Војна,а има докази и дека е користено од страна на САД во Виетнамската Војна. Во неконвенцијално се смета и Ласерското оружје,но се уште е во фаза на развивање. Сепак со меѓународните конвенции се оди кон тоа овие оружја да се забранат и уништат,посебно Биолошките оружја,од кои најстрашно е Големите Сипаници,Хеморалгичната Треска и Антраксот. Големите Сипаници се искоренето заразно заболување благодарение на Шведска,и освем во неколку лаборатории во светот се претпоставува и дека го поседуваат Армиите на САД и Русија. Хемиските оружја се манифестираат најмногу како Бојни отрови и Плускавичари,и ги имаат во својот арсенал повеќе армии во светот. Нуклераното оружје го имаат САД,Русија,Франција,Германија,Велика Британија,Израел,Кина и Индија. Се претпоставува дека Северна Кореја го има или е во фаза на изработка,заедно со Иран кој пред брзо време ја активираше својата програма со која може за брзо време да се внесе во друштвото на Нуклеарни Сили. Значи под неконвенцијално се подразбира ова за што пишав во постот. Се надвор од тоа во кое се зборува на Електро магнетни оружја или некаков си вид на импулсни пушки,разни снопови од енергија и слично се во овај момент шпекулации кои се надвор од секаков вид на докажана работа. Единствено е докажано дека при експлозија на Нуклеарна бомба настанува Електро магнетен импулс кој може да предизвика оштетувања на електронските апарати,до која граница на оддалеченост од центарот на експлозијата не е точно одредено,а највероватно зависи од самата јачина на експлозија и самото нуклеарно полнење. Ве молам да се задржиме на овие три видови на оружја во темава,се надвор од тоа е многу лабаво за докажување дека го има и постои како такво. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
2.) Тероризам би се рекло употреба на насилство или закана со насилство со цел да се спречи работата на владата и самата држава потикнати од политичи идолошки и верски побуди ...и тука имаме тероризам конвенционален и неконвенционален : со оружје за масовно уништување -нуклеарен тероризам -хемиски тероризам -биолошки токсински тероризам како и новата поделаба на тероризмот на т.е. отворен и прикривен тероризам.. Изменето од bijonse1 - 03.Октомври.2010 во 12:18 |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде без кавги и караници.
Темата ќе си остане како што е почната и без понатаможни дискусии непотребни и плескање по газето Ве молам да нема кавги и нека тече тоа што е започнато за дискусија. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најдов нешто , немам намера да го преведувам на македонски , бидејќи си знаете англиски...
The LED Incapacitator (Light Emitting Diode) is a weapon designed like a flashlight. It emits an extremely bright, rapid, and well-focused blue wave of 'differently-colored random pulses.' Before the human eyes can focus in on one frequency, another frequency comes on, causing intracranial pressure, which results in cluster headaches, nausea, vomiting, disorientation, irritability, and visual impairment to the target (opponent). The non-lethal weapon is intended as a means of protection by law enforcement officials such as the border patrol and police. The light emitted is capable of rendering opponents temporarily blind, so they can be easily subdued. |
|||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Помоќно и поопасно оружје од медиумите нема...Така дојде времето.
|
|||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |