|
Забранета храна во Христијанството!! |
Внеси реплика | страница 123 9> |
Автор | |||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Септември.2010 во 22:19 |
||||
ЛЕВИТ - ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 11 1 Господ им рече на Мојсеја и Арона: 2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете: 3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете. 4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас; 5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас; 6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас. 7 А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас. 8 Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’ 9 ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете. 10 А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас. 11 Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови. 12 И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’ 13 ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот; 14 тетребот и соколот од кој и да е вид; 15 гавранот од кој и да е вид; 16 нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови; 17 бувот, нуркачот, утот; 18 лебедот, неситот и свраката; 19 штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’ 20 ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти! 21 Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата. 22 Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци. 23 А сите други крилести бубачки нека ви се одвратни!’ 24 ‘И од нив ќе станете нечисти: кој и да се допре до нивната пцовисаница нека биде нечист до вечерта; 25 секој што ќе понесе пцовисаница од нив, нека ја испере својата облека и ќе биде сметан за нечист до вечерта; 26 и животните со нераздвоени копита што не преживаат се нечисти за вас, и секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист! 27 Сите четвороножни животни, што одат на шепи, нечисти се за вас. Секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта. 28 А оној што ќе ја понесе нивната мрша, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта. Тие се нечисти за вас.’ 29 ‘Од животните што лазат по земјата нека се нечисти за вас овие: невестулката, глушецот и секој вид гуштери; 30 ежот, камелеонот, дождовникот, зелениот гуштер и кртицата. 31 Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта. 32 А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист. 33 Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него. 34 А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста. 35 А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас. 36 А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист. 37 И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто; 38 но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’ 39 ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта, 40 а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’ 41 ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде. 42 Ништо што ползи по мевот, ништо што оди на четири нозе или на повеќе нозе - никаков ползач што лази по земјата, не јадете, зашто се одвратни. 43 Немојте да се онечистите сами себеси со сите тие лазачи што ползат; не осквернувајте се со нив, за да не станете и вие нечисти заради нив. 44 Зашто Јас Господ Сум ваш Бог: осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет! Не валкајте ги вашите души ниту со едно животно што ползи по земјата! 45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’ 46 ‘Тоа е закон за добитокот, за птиците и за сите животни, што живеат во водата, и за сите животни што лазат по земјата, 47 за да го разликувате нечистото од чистото; и животните, што можат да се јадат, од животните што не смеат да се јадат.’” Се прашувам, какви верници сме кога ги игнорираме своите свети книги и ги толкуваме како нам ни одговара? Дали верноста кон црквата и религијата ја гледаме само од некаков материјален аспект или само си велиме дека сме рисјани. Дали нашето верување е духовно или популистичко поради Х причини. Левит глава 11 Изменето од Buggyman - 25.Септември.2010 во 22:25 |
|||||
Homo homini lupus est...
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ГОСПОД е ЖИВ! Ноќеска баш сакав да ја отворам темава Вчера бев поканет на прослава ... и кога го донесоја јадењето - без нешто да знам или видам - станав со најмалечкиот гостин за да му правам друштво, додека неговите вечераат. После 20тина минути се вративме внатре во ресорантот и невидовме баш најсреќни лица. Скоро сите го беја вратиле јадењето бидејќи било во крв! Мојата ќерка беше единсвена што нарача риба и слатко си вечера. |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Apsurd e 21 vek da ima zabraneta hrana na osnova na religijsko veruvanje. Zarem slobodta na duhot i na covekovoto bitie ne toa sto treba da opredeli sto e dobro za nego a sto ne. Zarem deneksa koga naukata e tolku napred treba da se vodime po stari knigi, za da znaeme sto e dobro za jadenje i a sto ne...
Inaku pogore na nekolku mesta se spomenuva nechista hrana .... Nechista, moze li nekoj da go definira toa nechista, so shto e izvalkana taa hrana ????? Ovaa mu dojde isto kako so spasenieto sekoj se spasuva od neshto nikoj ne znae konkretno od shto .... Mnogumina velat deka taka e zapishano vo bozjata kniga (biblija, k*ran itd). Vi se molam kako da kazeme za nekoja kniga deka e bozja koga znaeme deka bog ne ja pishuval i deka e chovecka tvorba koja minuvala niz niza prepravki nadopolnuvanja i ispravki (vazi i za Biblijata i za k*ranot a i za drugi "sveti knigi").....?????? |
|||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јас можам да ти гарантирам дека од вчерашната случка, со враќање на јадењата, никој не се повика - директно - на книга, туку на нешто во срцето што ги натера да го сторат тоа! темпо, дали ти би јадел или пиел крв? |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Buggyman, hristijanite go priznavaat Stariot Zavet, no onoa shto go navede, kolku shto mi e mene poznato, ne se odnesuva za niv, tuku za evreite. Ne se veli popusto deka preku Hristos se napravi Nov Zavet megju Boga i negovite cheda.
Ako gresham, dozvoluvam da bidam popraven. Изменето од Messenger - 26.Септември.2010 во 01:24 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Da prijatelu, greshish. Cista i necista hrana ne e dadena na evreite, tuku na Bozjite lugje, na onie koi go pocituvaat Negoviot zbor.
|
|||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако е апсурд, нели е апсурдно да биде 21 век? Зошто баш 21 век, нека биде нов почеток според твојата логика. 21 век по Христово раѓање, нели? Што се однесува до “старите книги“, не знам зошто сликата на твојот аватар е со религиско значење и самиот аватар наречен темплариус!! |
|||||
Homo homini lupus est...
|
|||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Homo homini lupus est...
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ako e taka kako shto velish, togash ne go odbegnuvaj i ova gospodovo slovo: 15 Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт. 17 Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен.” 7 Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови. 2 Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен. ИЗЛЕЗ - Глава 21 18 Не дозволувај да живее вражалка! 20 Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен. 29 Дај Ми го Мене првенецот од своите синови. 30 Исто направи со своите говеда и со ситниот добиток: нека остане со својата мајка седум денови, а на осмиот ден да Ми го дадеш Мене! ИЗЛЕЗ - Глава 22 10 Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата. 13 Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта. 18 Ако некој легне со жена во време на нејзиниот месечен ред и ја открил нејзината голота, го разголил изворот на нејзината крв и таа сама го открила течењето на својата крв; обата нека бидат истребени од својот народ. ЛЕВИТ - Глава 20 44 А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас. ЛЕВИТ - Глава 25 2 Срамнете ги со земјата сите места на кои народите, кои ќе ги изгоните, им искажуваа почитување на своите богови, без обѕир на тоа дали се наоѓаат на високите планини, на ритчињата или под некакво зелено дрво. 3 Урнете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, изгорете им ги ашерите, здробете ги киповите на нивните богови, затрете им ги имињата од оние места. ВТОРОЗАКОНИЕ - Глава 12 6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци... 8Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го, 9 но уби го! ВТОРОЗАКОНИЕ - Глава 13 23 Ако млада девица, верена за некого во градот, ја сретне друг човек и легне со неа, 24 доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат. ВТОРОЗАКОНИЕ - Глава 22 I da ne shiram ponatamu so drugi primeri od gospodovoto slovo bidejki ovie se dovolni da ja dolovat poentata, pa bi te prashal dali s'e ushte stoish na kazhanoto:
Pozdrav! Изменето од Messenger - 26.Септември.2010 во 18:09 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Na poceto Gospodovoto slovo se odnesuvalo i bilo privilegija samo na evreite :::
Од побројните народи во империјата, Евреите односно нивната вера Јудаизам се издвојувала со монотеизам, односно верување во еден Бог. Раното христијанство насанало на територијата на денешна Палестина и Израел и како таква во тоа време новата вера била сметена како секта која потекнува од јудаизмот. Првобитната христијанска црква била формирана по смртта на Исус и истата била формирана од страна на неговите следбеници и Апостоли во Ерусалим. Според надписите на Апостол Петар, голем дел од еврејското население ја прифатиле новата религија и станала христијани. Членовите на новата религија во почетокот се нарекувале Назаретци, а подоцна биле нарекувани христијани. Заедницата на членовите ја сочинувале исклучиво Евреи кои сметале дека Исус е Месија, односно Христос чие доаѓање произлегувало од еврејската книга Танах. Во христијанството оваа книга е позната како Стар Завет. Голем дел од јудејските старешини ова ново движење го сметале за еретично, а членовите на движењето биле исклучувани од еврејската заедница а често пати предавани на римската власт. Во овие околности, голем дел од учените во тоа време христијаните ги сметале како антисемитисти[1] . |
|||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Месинџер,
Има голема разлика од линчување, убивање поради земските закони (устав, колективни закони) и истите не можат да бидат спроведени (иако не би ни сакал некого да повредвам физички). Што се однесува до храната, храната е твој избор дали преку тоа ке си ја почитуваш религијата. Јас господовото слово не сум го измислил ниту сум го напишал. Темата е поставена за храната а не за добрите и лошите страни на господовото слово. Ме чуди да баш ти да ја поврзеш темата со останатиот дел од библијата иако знаеш да бидеш прецизен на секоја тема и даваш одлични заклучоци. Темата не е случајна и си ма своја цел и би сакал секој верник (прав верник) да ми објасни како секој од нас/нив го практикува. Која би била суштината на верувањето ако ние одбираме што е добро а што не, дали ова ми одговара или не и сепак да сум верник. Не постои средина, или сум или не сум верник. Изменето од Buggyman - 26.Септември.2010 во 18:16 |
|||||
Homo homini lupus est...
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
„Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти. “ (Господ Исус Христос, евангелие Марко 7:18-19, Библијата) Го почитуваш ли зборот на Господ Исус Христос? |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ili go razbirash ili ne go razbirash Boga... toa e pravoto prashanje. Zatoa vo prviot komentar go spomnav Noviot Zavet. Zarem kje imashe potreba od Isusovoto doagjanje, od noviot dogovor megju lugjeto i Boga ako pristapot kon nachinot na zhiveenjeto i zakonite ne trebalo voopshto da se promenat? Zoshto doshol Isus? Zoshto go propovedal onoa shto go propovedal? Zoshto odbiral apostoli koi gi uchel patuvajki po planinite i selata koga ova lugjeto mozhele da go nauchat od farizeite vo sinagogite? Zoshto farizeite se raspravale so Isusa i ne se slozhuvale so nego, zoshto go napagjale i ultimativno storija s'e za da go otepaat? Zarem seto toa ima smisla ako rabotite trebalo da ostanat onakvi kakvi shto bile, bez nikakvi promeni ??? Zarem lugjeto postojat za zakonite ili zakonite postojat za lugjeto? Oti ako velish deka zakonite postojat za lugjeto, togash ne mozhesh da pravish razliki megju niv i da tvrdish deka:
Toa se isto taka zakoni i se MNOGU povazhni od onie za jadenjeto. Ako za jadenjeto odish po onoa shto e naredeno vo Stariot Zavet, kako togash mozhesh da velish deka nema da odish po zakonite koi gi reguliraat odnosite megju reditelite i decata ??? I ova ne e diskusija za...
... tuku tokmu e diskusija za Bozhjeto slovo, za zakonite i za chovekot. Jas ne rekov deka vo slovoto ima loshi strani, toa ti go istakna bidejki si SVESEN oti DENES zakonite od slovoto vo Stariot Zavet NE SE NAMENETI ZA DENESHNIOT CHOVEK. Ne shtimaat, neli? Oti koga deteto e dete, togash se odnesuva kako dete i toa treba da da se regulira na eden nachin, a koga e vozrasen togash se odnesuva kako vozrasen i toa se regulira na drug nachin. I tuka lezhi odgovorot na tvoeto prashanje:
Ako si vernik (mislam na hristijanin, bidejki za drugite toa ne vazhi), zoshto togash ne go sledish Noviot Zavet, a odbirash da go sledish onoa shto bilo zapishano vo Stariot Zavet i bilo nameneto za nekoi drugi lugje i drugi vreminja? Zakonite se za lugjeto... Toa znachi deka zakonite treba da odgovaraat na zrelosta, prosvetlenosta i duhovnosta na novoizrasnatiot chovek. Kako shto toj evoluira, taka i zakonite se modificiraat i menuvaat... ultimativno, koga chovek kje se prosvetli, za nego povekje ne postojat zakoni bidejki togash toj ne e nishto porazlichen od Ljubovta, Bozhenstvenosta i ultimativno od Boga. A na Boga, Bozhenstvenoto i Ljubovta ne im trebaat nikakvi zakoni. I koga kje se razbere ova, togash frazata koja postojano se povtoruva...
... pochnuva da ja gubi smislata... oti so prosvetluvanjeto verata se pretochuva vo osoznavanje, a osoznavanjeto ne se ogranichuva so nikakvi ramki, zakoni i dogmi... tuku istite gi transcedira. Prashanjeto "dali sum vernik ili ne sum vernik?" povekje ne znachi nishto bidejki "vera" i "vernik" ne postojat za onoj koj e prosvetlen. Toj povekje ne veruva zatoa shto osoznal. Prosvetluvanjeto ne e nishto drugo tuku transcediranje na materijalnite vrednosti vo koi spagjaat i chovekovata materijalna ekspresija, kako i zakonite koi se dadeni vo odredeni periodi da ja reguliraat istata. Zatoa ne treba da se agonizira okolu prashanjeto "dali sme vernici ili ne sme vernici?" koga treba da nadrasneme nekoi neshta... A Isus dojde tokmu poradi toa. Изменето од Messenger - 26.Септември.2010 во 20:26 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Многу убаво и медитативно прашање. Џабе се убавите патокази ако се промаши целта! Законите имаат своја длабока цел и суштина. Таа - за спасение на сите - е од БОГА отелотворена во Исус, во Кого лично е Совршената Вистина! Кој ја игнорира - или не ја гледа - Таа Вистина, тој неминовно кружи во пустина! Срцето (!) е далеку поважно од стомакот или подстомакот! |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Внеси реплика | страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |