|
Паркинсонова болест |
Внеси реплика |
Автор | ||||
Hakuna Matata
Група ZAOSTANAT Регистриран: 27.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Септември.2010 во 22:18 |
|||
SAKAM DA MI KAZITE ZA OVAA BOLEST KAKO SE LECI????? BLAGODARAM
|
||||
Ситниците прават совршенство, а совршенството не е ситница. Затоа сметај го моето пријателство како дел од твојот живот.
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Паркинсонова болестШто е Паркинсонова Болест? Дали болеста се лечи? Лекарства Најчестите видови на антиколингерици се бензексолот, проциклидинот, бензатрофинот, орфенадринот и бипердинот. Ако се користат во комбинација со леводопот, помагаат при контролирањето на тресењето и дистонијата (абнормалитети при стоење). Кај повозрасните пациенти можат да предизвикаат збунетост и да го забрзаат процесот на заборавност. Други секундарни ефекти се неконтролирано мокрење, констипација, заматено гледање, сушење на устата и искривување на глаукомот. Антиколингериците се употребуваат ретко како терапија за Паркинсонова болест. Каква е прогнозата? Паркинсовата болест е и хронична, што значи дека трае подолг временски период, и прогресивна, што значи дека симптомите се влошуваат со тек на времето. Иако некои лица стануваат целосно неспособни, кај други се појавуваат само помали потешкотии во системот за моторика. Тресењето е главниот симптом кај некои пациенти, додека кај други тресењето претставува еден од помалите проблеми, за сметка на други од кои страдаат со поголем интензитет. Никој не може да предвиди кои симптоми ќе бидат карактеристични кај еден пациент, бидејки интензитетот на симптомите е различен за различни случаи. Национален Институт за Невролошки Нарушувања и Мозочен Удар (НИНДС) Паркинсонова БолестПаркинсонова Болест - Парализирачко ТресењеВо светот има околу четири милиони луѓе заболени од Паркинсонова болест и оваа болест е втора по ред хронична невродегенеративна болест по Алцхајмеровата. Во медицината првите податоци кои укажуваат на оваа болест се стари речиси 200 години, а прв ја споменал лекарот од Лондон Џејмс Паркинсон. Два века подоцна, сеуште се трага по ефикасен лек . Џејмс Паркинсон ја опишал хроничната, прогресивна состојба како "парализирачко тресење" бидејки нападите на тресење (треперење) се едни од најчестите и најочигледните симптоми. Згрчените или "смрзнати" мускули, забавеност на движењата и трапавоста се исто така карактеристични симптоми на Паркинсоновата болест (ПД). Најголем број од пациентите исто така чувствуваат депресија, делумно како резултат на болеста (која ги напаѓа нервните келии на еден дел на мозокот) и делумно поради емоционалната криза која несомнено следи по откривањето на болеста. Ако се земе се заедно, не е чудно што многу пациенти заболени од Паркинсонова болест сеуште сметаат дека постојат предрасуди во врска со болеста и се чувствуваат непријатно да им се доверат на колегите, па дури и на најблиските роднини и пријатели. Факт е дека животот на секој човек се обремени за една болест повеке со откривањето на Паркинсоновата болест. Се додека не се пронајде ефикасен лек, состојбата при оваа болест постепено ќе се влошува и многу пациенти во крајниот стадиум на болеста можат да се најдат врзани за инвалидска количка или да завршат во болница. Добрите вести се дека, благодарение на новите пронајдоци во медицината во последните години, болеста може успешно да се контролира се доколку се открие на време за да се започне со соодветен третман. Многу пациенти заболени од ПД продолжуваат да работат и да живеат без поголеми потешкотии многу години по откривањето на болеста. Самото откривање на болеста претставува проблем бидејки симптомите на оваа болест можат често да се замешаат со симптоми на некоја друга болест. Поставувањето на неправилна дијагноза, посебно во првите фази на болеста е честа појава и многу пациенти заболени од Паркинсонова болест никогаш не ја добиваат вистинската дијагноза (состојбата може да се открие дури по смртта). Други лица кои ги манифестираат сите симптоми на Паркинсонова болест со години се лечат од оваа болест за многу подоцна да откријат дека лекарите згрешиле при дијагнозата и дека даденото лице никогаш не било заболено од Паркинсонова болест! http://EzineArticles.com/ |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Hakuna Matata
Група ZAOSTANAT Регистриран: 27.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
fala
|
||||
Ситниците прават совршенство, а совршенството не е ситница. Затоа сметај го моето пријателство како дел од твојот живот.
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Jorgovan4
Нов член Регистриран: 11.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Баба ми е болна веќе 7 години од Паркинсон и повеќе не и делуваат лековите толку и и предложија крвта да се прочисти. Ме интересира дали некој знае нешто во врска со ова да сподели дали е добро и колку е корисно.
Фала :) |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |