IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Марс - Мистерија или не?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Марс - Мистерија или не?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 13:11
На Марс порано имало океан ?!

Научниците веруваат дека во минатото една третина од Марс била океан. Таквата перспектива ги зголеми шансите за живот на Црвената планета, четврта од сонцето во нашиот Сончев систем.

Истражувачите дојдоа до заклучок употребувајќи нов софтвер за анализирање на слики на површината на планетата. Како резултат на тоа тие успеале да најдат докази дека една третина од планетата била под вода.

Долината која била истражувана за прв пат е забележана во 1971 година. Според приказот кој го направи NASA може да видиме дека имало реки кои течеле помеѓу екваторот и јужните географски широчини. Експертите од Универзитетот во Северен Илиноис и веруваат на NASA за речните патеки кои некогаш течеле и се сливале во огромниот океан на север.

Доказите сугерираат дека пред милијарди години дел од Марс имал сува континентална клима слична на онаа која ја има на Земјата. За разлика од сега, тогаш имало многу дождови. Таквата влажна клима значително ги зголемува шансите за живот.

Марс денес е студено место, а реките, морињата и океаните одамна ги нема. Според доказите сега на Црвената планета живеат само микроби кои се прилагодиле на таквиот живот.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 13:12
Дрва на Марс?

Сондата на Марс ги шокираше научниците на НАСА со фотографиите на кои изгледа дека на Црвената планета има дрва.

Темните четинари изгледаат како да никнуваат од вонземјанските ридови на Марс. Сепак, овие пејзажи се всушност оптичка илузија

Фотографиите, кои се направени на помалку од 386 километри од северниот пол на планетата, всушност прикажуваат песочни дини покриени со смрзнат карбон диоксид или сув мраз.

„Дрвата“ всушност се траги од лизгање на земјиштето кое на пролет се случува со топењето на мразот на Марс.

Лево од центарот на сликата можете да забележите облак од прашина кој го крева лавината. Фотографијата е снимена со сондата HiRISE, која се наоѓа во орбитата на Марс. Сондата HiRISE ја поседува најмоќната камера која досега е испратена на некоја друга планета.

- Линиите песок се поместиле со топењето на мразот кој се лизга низ песочните дини, вели Кенди Хенсен од НАСА..

Во ова време од марсовската година, целата планета е покриена со смрзнат CO2.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2010 во 13:14
Нови докази за живот на Марс

Бактерија од Марс пристигнала на Земјата со метеоритот кој удрил на Антарктик пред околу 13.000 година, соопштија американските научници од НАСА.

Фосилните остатоци од бактеријата се откриени во карпа која се откинала од Марс пред 16 милиони години.

Метеорот „Allan Hills 84001“ се најде во центарот на јавноста во 1996 година, откако на него се пронајдени фосилни остатоци. Научниците прво веруваа дека бактерија од Земјата ја контаминирала карпата додека лежела во смрзнатата пустелија. Сега, научниците од НАСА велат дека имаат цврсти докази оти бактеријата потекнува од Марс.

Истражувачкиот тим на американската вселенска агенција сега, користејќи електронски микроскоп со голема резолуција (кој во 1996 година не постоеше) открија дискови од карбонат и ситни кристали од магнетит во внатрешноста на метеорот. Експертите заклучиле дека необичните хемиски и физички елементи на метеоритот се тесно поврзани во карбонски дискови. Ова е доказ за интеракција на каменот со водата на Марс, пред повеќе од 3,5 милијади години, смета истражувачкиот тим.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 09:21
Ovaa statija nekako ja potkrepuva statijata od Val postirana vo Dali ima vonzemjani... se e mozno голема%20насмевка
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 19:07
Горила на Марс?!

Невообичаена фотографија која покажува нешто што наликува на сребрено црн горила на површината на Марс, го разбранува мислењето на сите оние кои веруваат дека постои живот на други планети.

Фотографијата е направена во еден од картерите на Марс за кој се верува дека порано бил исполнет со течна вода.

Некои од претпоставките отидоа до таму дека станува збор за две горили кои стојат една спроти друга и се подготвуваат за борба.

Сепак, за волја на вистината станува збор за најобична карпа кој оддалеку наликува на мајмун
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 01:42
ma kakov majmun?!газење%20од%20смеење....obichni karpi,...samo shtose tamu,..na mars!...svashta ...gorili?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
nambiec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 05.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nambiec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 11:59
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

 аплауз  Тоа и мене ми беше поентата. 

Nema poenta
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 06:36
Другото лице на Марс

Фотографии изгледаат како филмска апокалиптична верзија на Земјата, погодена од природна катастрофа. Сепак, оваа колосална ледена формација е дел од ѕид на кратер на Марс.

Научниците на НАСА успеале да мапираат дел од Мохаве кратерот на Марс, чиј дијаметар изнесува околу 59,5 километри.

Овој дигитален модел на теренот, изработен од стерео комбинација на слики нуди синтетизиран, обиколен изглед на 2,5-километарскиот дел од ѕидот на кратерот.

Големата длабочина на кратер - околу 2,5 километри - покажува дека Мохаве се пополнува, односно доживува имала ерозија.

Резултатот им овозможува на научниците да направат увид во еден голем и комплексен кратер на Марс. Повеќето големи кратери на оваа планета се погодени од ерозија или пак одамна биле зафатени со други геолошки процеси, поради што не се погодни за проучување.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 23:21
Тема: МАРС-МИСТЕРИЈА ИЛИ НЕ?

A da ja odgovorevme Zemjata prvo? Pa posle da se prefrlime na sosednite planeti...
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 18:12
На Марс е одлично, јас ви велам - како марсовец.Нема политика,нема богати и сиромашни, нема завист,нема разбојништва, нема берзи и проневери, нема затвори.
За жал, нема и живи.
Овде има од сето но има и љубов.Тоа е основно - другото баталете го.
Не бидете ничии потрчковци.Љубете и ќе ве љубат.Исто како марсовците некогаш. [:-&] [:-&] [:-&] [:-&]
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 13:39

Обама најавува летови на Марс


Коментари (4)   
16.04.2010 10:18
Марс

 

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД планираат да испратат вселенски екипаж на Марс.

Зборувајќи во Вселенскиот центар во Кејп Канаверал, во Флорида, Обама рече дека до 2025 година ќе биде направен нов вселенски брод за долги патувања.

„Ќе почнеме така што ќе испратиме за првпат во историјата астронаути на астероид. До средината на 30-те години, верувам дека ќе може да испратиме луѓе во орбитата на Марс и да ги вратиме безбедно на Земјата“, изјави американскиот претседател.

Тој додаде дека за следните пет години се издвоени шест милијарди долари за програми на НАСА. Тие пари се наменети за роботски истражувања на соларниот систем, нови мисии на Марс како и нов телескоп, а ќе се зголеми и надгледувањето на Земјата заради разбирање на климата.

Обама ги отфрли критиките дека во таа област не е добро да се работи со приватниот сектор.

Тој најави дека ќе се инвестираат три милијарди долари за истражување да се произведе напредна ракета со голема носивост. До 2015 година треба да биде завршен новиот дизајн на ракетата, а потоа да почне производството.

„Со новиот план, во иднина побргу и почесто ќе се оди во вселената“, нагласи тој.

Објаснувајќи зошто ги прекинал плановите на својот претходник за испраќање ракета на Месечината, тој рече дека во изминатите години ситуацијата се изменила и нема веќе трка во вселената, туку соработка.

„Таму веќе сме биле“, додаде тој. Со новиот план ќе се отворат 2.500 работни места на Флорида, а околу 10.000 во целата држава за неколку години.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 22:25
Prashanevo nema logika - МАРС-МИСТЕРИЈА ИЛИ НЕ?

Koj e toj koj kje tvrdi deka potpolno ja osoznal ovaa planeta i deka taa ne e misterija ???
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 13:28
ushte na zemjata ima misteriozni mesta,...a , kamoli neshto shto tolku  daleku od nea!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 21:28


cek prvo da sletam...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.