IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Жените на фудбалерите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жените на фудбалерите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2011 во 10:53
Ешли Кол има нова девојка

Фудбалерот Ешли Кол (27) наводно има нова девојка. Нејзиното име е Ени Купер, се бави со глума, а и двајцата се труделе оваа врска што подолго да ја чуваат во тајност.

Таблоидот "The Sun" пишува дека Ешли и Ени биле заедно во еден клуб во Лондон, каде фудбалерот ја прославувал победата со својот тим, но дека го напуштиле истиот клуб во одделни автомобили за да не бидат забележани.

Сепак, заедно отишле во неговата вила.

Извор близок до парот вели дека Ешли уживал во "слободата", но дека еден негов пријател го запознал со Ени и таа му се допаднала.

Сепак, изворот тврди дека тој не сакал во јавноста да се знае за нивната врска затоа што не бил сигурен дека таа ќе може да се соочи со медиумското внимание.

Како последен нејзин ангажман во актерските води, Швеѓанката добила улога во британската серија "Hollyoaks", каде ја игра улогата на опасната Алекс.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 05:21

Виери и раскина на сексипилната Мелиса

Бившиот италијански фудбалски репрезентативец Кристијан Виери соопшти дека се разделил со занесната убавица Мелиса Сата. Бобо Виери и некогашната водителка на италијанската верзија на шоуто "Господари на етерот" беа една од најпознатите љубовни двојки на Апенинскиот Полуостров.
Мелиса Сата беше и најпосакуваната девојка во Италија во изминатата декада, а Бобо Виери, кој настапуваше за Интер, Јувентус, Лацио, Аталанта и за Фиорентина, беше познат плејбој и најбаран ерген меѓу фудбалерите.
Љубовта меѓу голгетерот, кој стави крај на кариерата во 2009 година, и 24-годишната убавица од Италија, која е родена во САД, се роди во 2006 година, кога тој играше за Монако и заработи повреда што го спречи да настапи на СП во Германија. Во тие тешки денови за него, таа постојано беше до него, но страста меѓу нив во последните години исчезнала.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 23:42

Жените треба да ги усреќат фудбалерите на Наполи

Италијанскиот прволигаш Наполи побарал од сопругите и девојките на своите фудбалери да ги направат посреќни бидејќи сезоната е при крај, а клубот ја лови титулата во Серија А. До крајот на првенството има уште пет кола, а Наполи има шанси да стигне до Скудетото, па сопругата на сопственикот на клубот ги повикала девојките на ручек и им објаснила што да направат.
Славниот филмски продуцент и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ја замолил својата сопруга да се вклучи во овој историски момент за клубот.
Госпоѓа Лаурентис напишала осум правила за поубавите половини на играчите под наслов "Како од вашиот фудбалер да направите победник". Жаклин де Лаурентис напишала дека секој играч мора да биде среќен и на секој меч да влегува со бистра глава. Расправии и било какво вознемирување треба да се избегнува.
- Зад секој успешен маж стои исто така успешна жена - гласело едно од правилата, а листата била заклучена со фамозното правило број осум: "Фудбалерите играат врвно кога така се чувствуваат, најмногу психички. Погрижете се вашиот партнер да се чувствува така секоја секунда. Сметаме на вас во овие последни пет кола. И, ве молам, избегнувајте караници", заклучила госпоѓа де Лаурентис.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 05:21

Симао во врска со бившата на Нуњо Гомес

Португалската фудбалска ѕвезда Симао Саброса реши да си го смени животот во 2011 одина. Не само што зимоска премина од Атлетико Мадрид во турскиот Бешикташ, туку и си најде нова љубов. Поранешниот играч на Барселона, кој е веќе подолго време оженет со Филипа, со која има и две деца, е во врска со една од најпознатите ТВ-водителки во Португалија Рита Андраде. Дваесет и деветгодишната убавица зад себе веќе има два неуспешни бракови, од кои еден со друг португалски фудбалер Нуњо Гомес.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:32

Кака и напишал песна на сопругата Селико

Славниот бразилски фудбалер во редовите на Реал Мадрид, Кака, ќе учествува како автор и изведувач на дебитантскиот музички албум на својата сопруга Каролин Селико.
Повикувајќи се на бразилските медиуми, "Марка" пишува дека Кака е автор на песната "Божји дар" (Пресенте де Деус), која наедно ја испеал заедно со својата сопруга. Албумот со религиозна музика, на кој ќе има вкупно 12 песни, би требало официјално да биде пуштен во продажба во јули.
Кака од поодамна е познат како голем верник, а Каролин Селико е неговата љубов од детството, со која се ожени во 2005 година. Среќната двојка има две деца, тригодишниот Лука и едно и полмесечната ќерка Изабела.

Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 18:22
neznae i kaka so da odbereтрепкање kukla

"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 23:21

Сопругата на Џон Тери го покажа газето

Џон Тери се уште и се радува на својата сопруга како при првиот момент на запознавање со неа. А, богами и има на што да се радува. Сопругата Тони Тери која многу не се експонира во британската јавност, блесна на плажите во Обединетите Арапски Емирати оставајќи ги без здив посетителите.
Капитенот на Челзи кој лани имаше афера со мајката на детето на соиграчот Вејн Бриџ, почнал да го цени своето, а не туѓото. Тони Тери избега во Дубаи на одмор со цел да размисли за разводот и последиците од него, а на фудбалерот му требаа неколку милиони евра за дијаманти и скапоцени подароци со кои ја премисли и ја натера да му прости.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 15:04
Sami Khedira и неговата девојка Lena Gercke








Изменето од Schatzii - 20.Јуни.2011 во 15:05
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 14:05
Casillas наскоро ќе ја ожени својата репортерка

Германскиот Bild пренесува дека ова лето се подготвува нова голема фудбалска свадба, онаа на најубавиот пар од Светското првенство.

Својата атрактивна девојка - репортерката Sara Carbonero (25) ja запросил светскиот шампион и капитен на шпанската фудбалска репрезентација Iker Casillas (29). Сара се согласила.

1ablog-saracarbonerox-inset-community

Терминот за свадбата на заљубениот пар не е познат, но се знае дека пред почетокот на новата сезона, голманот на Real Madrid ќе каже "да" во црквичка која се наоѓа во родното место на Sara, Corral de Almaguer.

iker-casillas

Додека Casillas на Светското првенство со своите одбрани го водеше тимот на Vicente del Bosque до насловот светски првак, Sara од теренот известуваше за шпанската ТВ станица Telecinco.

Одговарајќи на прашањата на идната сопруга по финалниот натпревар против Холандија, Casillas спонтано ја бакна пред милиони телевизиски гледачи.

sara_carbonero_casillas_par-365xXx80


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 13:01

Се венчаа Питер Крауч и Еби Кленси

Еби Кленси мораше да се извиши на прстите најмногу што може за да го потврди со бакнеж бракот со два метра високиот напаѓач на Тотенхем, Питер Крауч. Една од најславните англиски двојки, која има тримесечна ќеркичка Софија Руби, се венчаше по шест години врска во катедрала од 18. век во Лестер и не бараше големи пари од таблоиди за фотографии од свечениот чин, ниту се вознемири кога на Еби за момент и излезе града од корсетот. Тоа беше премал проблем за видно среќната двојка, која ја преживеа најголемата криза во врската минатата година, кога Питер беше фатен со проститутка во Мадрид.
Питер и Еби, кои веќе беа на меден месец на Сардинија, резервираа цел хотел со четири ѕвездички за своите 200 гости, каде што ноќевање чини 685 фунти.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 14:19




Silvie Van Der Vaart,prekrasnata sopruga na Rafaelсреќа


Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 09:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 16:19
Марта девојка на Лука Тони

Die%20Spielerfrauen
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 16:20
Оливер Кан и Верена Керт

Die%20Spielerfrauen
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:35

Дарко одбил трансфер во Кина поради Ромина

Мис на Бугарија за 2010 година, Ромина Андонова, која е во врска со нашиот фудбалер Дарко Тасевски, била "виновна" што тој одбил трансфер во Кина. Неговиот клуб Левски добил примамлива понуда пред еден месец од Кина, но трансферот пропаднал само неколку дена по договореното обесштетување. Тасевски го одбил, иако таму му понудиле пет пати поголема плата отколку во бугарскиот клуб.
Причина за одлуката на Дарко била неговата девојка Ромина, со која не сакал да биде разделен на толку голема далечина.
Процедурата за издавање бугарски пасош за Тасевски е при крај. Со тој документ, нашиот фудбалер ќе биде продаден многу полесно во Западна Европа. Првиот човек на Левски, Тодор Батков, сака да го продаде Дарко во Русија или во Азија за отштета не помала од 350.000 евра

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.