![]() |
|
Keratokonus |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
ema emce ![]() Нов член ![]() Регистриран: 12.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 12.Јули.2010 во 14:52 |
dali znaete nekoj so ovaa dijagnoza i kako se spravuva so noseneto na lekite????
|
|
![]() |
|
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кератоконус
Кератоконусот спаѓа во групата на кератектазии (испакнување на рожницата) кои се карактеризираат со истенчување и испакнување на рожницата. Појавата кога рожницата во централната зона, вклучувајќи го и видното подрачје станува позакривена во однос на периферијата се вика кератоконус. Поретка појава е кератоглобусот кога целата рожница станува позакривена, истакната, но останува со сверен облик. Во почетокот на болеста истенчувањето и закривеноста на рожницата кај кератоконусот е ограничено на апикалната зона (на врвот од рожницата), која е често децентрирана назално и долу во односот на геометрискиот центар на рожницата. Положбата може и да се измени во тек на прогресијата на болеста. Истенчувањето пак во центарот на рожницата може да оди до 0,1 мм. Хируршката интервенција треба да се изведе кога истенчувањето стигне до 0, 2 мм а во пречник до 7 мм. Подоцна изведената хируршка интервенција доаѓа до појава на т.н. секундарен глауком. Во екстремните случаи може да дојде и до руптура на рожницата, особено по повреда. Каратоконусот често е здружен и со други заболувања, како што се пролетниот какатар, неуродермитис, некои метаболни заболувања. Генетската наследност исто така не смее да се заборави. Од аспект на примената на контактните леќи кај кератоконис треба да се имаат предвид следните факти: Кератоконусот е заболување на млади луѓе од 6 до 40 години. Најчесто се појавува во пубертетот. По 40 години не се сретнува. Заболувањето е двострано но обично почнува на едното око. Почесто се појавува кај машките. Во почетната фаза на кератоконус се појавува миопен астригматизам со карактеристична оска на 2 до 8 степени што може да се укаже на веројатен кератоконус. Пациентите имаат намалување на видот кој не може успешно да се коригира со очила. Контактологот е вклучен во "решавање" на кератоконусот како и во процената за индикација за хируршка интервенција. Контактните леќи можат доста долго да го одржуваат добар видот кај овие пациенти, но сликата на голема истенченост на рожницата кога болеста ќе прогресира може да биде пропуштена поради добриот вид. Затоа мерењето на дебелината на рожницата со т.н. пахометар е правило и истенчување на рожницата во централниот дел под 0,2 мм треба да е индикација за операција. Во индикациите за операција помагаат и кератометриските мерки на рожницата кои се исто во надлежност на контактологот. Значи можностите се големи, особено по појавите на нови материјали и нови облици на контактните сочива. Контактните леќи освен корективната имаат и улога на потпора така што во прогресивните форми на кератоконус ја спречуваат или забавуваат прогресијата. Пациентите со кератоконус се добри носители на контактни леќи од причина што тие им овозможуваат одличен вид. Друга причина која помага при подносливоста на леќите е и тоа што поради истенчувањето на рожницата настанува подобра оксигенација на истата од предната комора на окото па пациентите можат да ги носат подолго и покрај промените кои настануваат на рожницата. Тоа укажува и на големата важност од контролни прегледи кај овие пациенти. Другата група пациенти кај кои развојот на кератоконусот е во одмината фаза со сите промени кои тој ги носи е група кај кои е неопходна операција т.е. кератопластика. Сепак мноштвото пациенти со кератоконус ги носи успешно контактните леќи со години, но и покрај тоа не може да се рече дека сите прашања во врска со контактните леќи и кератоконусот се решени. Можеби новите видови и материјали на контактните леќи кои ги има се повеќе ќе доведат до уште подобри решенија како во поглед на удобноста така и во намалување на физиолошките нарушувања на рожницата. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |