IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Тапети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тапети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:26


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:19


За лепење тапети не ви е потребен мајстор

Ако имате вешти раце, тапетите можете да ги залепите и сами. Потребно е специјално лепило за тапети, кое се раствора во вода, рамна површина или на маса на која се поставува тапетата, четка за нанесување лепило, валјак за израмнување на површината и резач. Најважно е при нанесување на лепилото да се внимава да не се создадат јазли, воздушни меури и внимавајте на краевите на тапетата, кои секогаш први се набираат. Пред да ја ставите тапетата, подгответе го ѕидот. Ако останало лепило од старите тапети, исперете го ѕидот, пополните ги дупките и пукнатините за да ги сокриете неправилностите на ѕидот. Бојадисајте ги прозорците и вратите пред да ги нанесете тапетите. Најлесно се нанесуваат бордурите, треба само да се внимава на висината на која се поставуваат. За нив постои специјално лепило во туба.


Лепење тапети околу аглите на собата

Доколку ставите цела тапета во аголот на собата, постои можност таа да не биде добро прилепена до ѕидот, или тапетата да биде криво залепена доколку аглите во собата не се правилни. Најдобро е спојот на тапетите да е во самиот агол.

• Измерете го растојанието од крајот на последната тапета до аголот на ѕидот и тоа во врвот на собата, во средината и во најдолниот дел. Земете ја најдолгата од овие 3 мерки и додадете 1,5cm (за преклопување). Со оваа мерка исечете ја тапетата, користејќи некоја рамна ивица за да го води скалпелот или ножиците додека сечете.

• Остатокот сочувајте го, а исечената тапета залепете ја на ѕидот, правејки преклоп со претходната тапета и притискајќи ја другата ивица во аголот.

• Потоа измерете го остатокот, нанесете ја таа мерка со молив во горниот дел од ѕидот каде што тапетата треба да се лепи, и од мерката повлечете вертикална линија. Потоа лепете го остатокот од вертикалната линија кон аголот на собата.

Изменето од ФорумскаБаба - 05.Јули.2010 во 16:20
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 16:18
Се мислев дека има ваква тема..ама изгледа на некое друго место сум видела

Тапетите ги чуваат естетиката и топлината во домот

Одамна заборавениот начин на декоративно прекривање на ѕидовите со тапети, велат архитектите, со крупни чекори се враќа во мода. Обложувањето на ѕидовите со тапети отсекогаш било најпопуларно во Англија, но и во многу европски држави. Технологијата на изработката на тапети е многу усовршена, се изработуваат со нов дезен, подобар квалитет и со огромен број нијанси со трендовски бои. Модата на тапетите кај нас стивнала во осумдесеттите години и денес ретко се среќаваат во домовите, но архитектите тврдат оти тапетите ќе направат "бум" и кај нас. Во нашите продавници може да се најдат повеќе видови тапети, но најпопуларни се самолепливите и декоративните детски тапети со бордури.

ПОСТОЈАТ ТАПЕТИ ЗА СИТЕ ВКУСОВИ

Најпродавани се хартиените тапети, па пластифицираните и гумизираните, кои исклучиво се употребуваат во бањите.

Хартиените тапети се изработени од специјална неколкуслојна хартија, а дезенот е втиснат на подлогата. Постојат и винилски или пластифицирани тапети, кои се и попрактични од хартиените и полесно се одржуваат. Тие се направени од специјална тапет-хартија и ПВЦ-фолија.

- Најбарани се тапетите за детски соби, но и бордурите што се ставаат под прозорецот се многу баран детаљ. За порепрезентативните простории од домот, ходникот, дневната соба, се препорачуваат тапети во светли бои. Сега постои можност да не се лепат тапети од таван до под, туку по желба, тапетите се поставуваат на речиси еден метар од подот и плус бордура или само бордура. Таквиот начин на поставување тапети има естетски, но и функционален карактер, особено ако во домот има мали деца. Тие често уметничките способности ги искажуваат на ѕид, а пластифицираните тапети може да се бришат со влажно крпче и со малку детергент. Во тренд се тапетите во пастелни бои, но и тие со тенки, речиси незабележителни линии во боја. Предноста на тапетите е што не мора да се бојадисува секоја година, туку најмалку пет години да се има убави дискретно дезенирани ѕидови.

ЧИСТИОТ АЛКОХОЛ ГИ ВАДИ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЛЕПИЛОТО

Старите кујнски елементи, оштетена врата, плакари, шкафчиња од метал или предмети од дрво ќе добијат нов лик ако се обложат со самолепливи тапети.

- Самолепливите тапети што имаат дезен сличен на шарата на мермер или дрво може да се употребат речиси секаде, а има и еднобојни. Овие тапети не ја уништуваат првобитната боја на мебелот. Многумина имаат проблем со лепилото што останува по вадењето на самолепливата тапета, но тој многу брзо и лесно се отстранува со чист алкохол. Во некои европски земји тренд е да се постават специјални тапети во бањите. Тие се специјални тапети со дезен на вистински плочки и фуги, направени од гумизиран материјал. Се лепат со водоотпорно лепило, а фирмата што ги произведува гарантира дека тие нема да се одлепат ниту да се уништат од три до пет години - вели Блажева.

ЗА ЛЕПЕЊЕ ТАПЕТИ НЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН МАЈСТОР

Ако имате вешти раце, тапетите можете да ги залепите и сами. Потребно е специјално лепило за тапети, кое се раствора во вода, рамна површина или на маса на која се поставува тапетата, четка за нанесување лепило, валјак за израмнување на површината и резач. Најважно е при нанесување на лепилото да се внимава да не се создадат јазли, воздушни меури и внимавајте на краевите на тапетата, кои секогаш први се набираат. Пред да ја ставите тапетата, подгответе го ѕидот. Ако останало лепило од старите тапети, исперете го ѕидот, пополните ги дупките и пукнатините за да ги сокриете неправилностите на ѕидот. Бојадисајте ги прозорците и вратите пред да ги нанесете тапетите. Најлесно се нанесуваат бордурите, треба само да се внимава на висината на која се поставуваат. За нив постои специјално лепило во туба.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.