IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Обезбедување на високите државни функционери
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Обезбедување на високите државни функционери

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Прашање: Какви треба да бидат лицата вработени во обезбедувањето на високите дф
Одговор Гласови Статистика
4 [66,67%]
1 [16,67%]
1 [16,67%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Обезбедување на високите државни функционери
    Испратена: 29.Јуни.2010 во 06:41
Мојот став за обезбедувачите на високите државни функционери е секогаш ала Кевин Костнер од филмот Телохранител (или како му беше насловот), односно многу позитивен. Најчесто кога ке прочитам/слушнам  некоја афера  по медиумите ме фаќа лутина. Тек па кога ке им прочитам име и презиме вријам и задолжително некаде реагирам за таквата негрижа за тајновитоста и зачувувањето на професионалната приватност на овие луге. Искрено сметам дека како мала земја и девизата наречена “секој со секого се познава, секој на секого му е роднина’   мора да ги научиме демократските права ама и обврски. Треба да знаеме дека има професии кои ги извршуваат анонимни професионалци за кои треба многу малку да се знае.
Читам/слушам  за настанатиов инцидент со обезбедувањето на премиерот и не можам да се изначудам како лесно се осудуваати се бара нивна вина за реакција. Луге мои, тие се грижат за безбедноста на лицето ВИСОК ДРЖАВЕН ФУНКЦИОНЕР, премиерот на државата, а не за протоколот. Тие мора да ја преценат ситуацијата и ако забележат дека е нарушена можноста за  нивното делување да реагираат и да си направат простор.
Што ако во таква гужва се случи нешто несакано? Јасно-пак тие ке бидат виновни нели?
Со оглед дека просторијата беше мала, а бројот на снимателите поголем,
Ми се бендиса изјавата на репортерот- несакан публицитет на нешто што и не треба да има публицитет.
Влегов, не успеав да земам снимка и тука настана недоразбирање. Имав разговор со обезбедувањето и мислам дека проблемите ќе бидат решени. Не знам дали мораше така да се заврши, можеше и со разговор се' да помине - изјави видно вознемирен снимателот Најдов.
Обезбедувањето на премиерот нападна снимател


Изменето од Анастеа - 29.Јуни.2010 во 14:47
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2010 во 07:31
Порано знам се спомнуваа вработени со криминално досие, дури и за Претседателот Трајковски.изненадување
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2010 во 12:18
Функцијата телохранител и тоа како е одговорна функција. На таа функција, пред се треба да биде човек професионалец. Личност што нема да биде 2х2 метра и нема да го привлече целото внимание на себе. Личност која што знае боречки вештини и има разработено тактина на обезбедување. Без разлика дали е маж или жена, не треба како појава да отскокнува од останатите. Треба да биде одлично обучен за ракување со огнено оружје(под ова подразбирам не само пиштол) и треба да знае да се снајде во ситуации со висок ризик.
Интересно е тоа што само недоволно обучениот телохранител некогаш ќе посегне по оружје или ќе примени сила. Оние професионалците нема да си го дозволат тоа бидејќи ја следат ситуацијата и спречуваат "НЕШТО" да се случи. Кога веќе ќе употребиш сила, размисли два пати колку си *добар*, а кога ќе посегнеш по оружје - откажи се од работата. Ама и добриот телохранител има право на само една грешка.намигнување

Експонирани спортисти по боречки вештиниизненадување...исто како тој што го обезбедуваше Борис Трајковски, а меѓувремено тајните ги издаваше кај Љ.Б. Па кога дознаа, го отпуштија....или сам си даде отказизненадување - чиста мистерија. Година ипол пред авионската несреќа..дали нешто знаеше или...изненадување Сега предава на реномиран универзитет(приватен), дава часови...и меѓувремено го направија Доктор на наукиголема%20насмевка....Абе профитабилоно било да бидеш поранешен телохранител на претседателотизненадување

На анкетава нема да гласам бидејќи не можам за две опции(под 1 и под 3).

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 00:29
Телохранител на Премиер...колку гордо звучи тоа....мечтаење
Особено ако си вработен во МВР по заслуга на БАТО кој е инаку познат скопски вмровски рекетар...и желба ти било првото работно место да ти е обезбедување на Премиерот....намигнување
Е Бале, Бале.....не  е доволно само името на Бато и функцијата на Дедо за да бидеш она што (не) си....не
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 00:36
Сакаш да кажеш дека најгоемиот дел се вработени по заслуга на...некој...
И навистина не се доволно професионални..или мене така ми се причинизбунетост Но тогаш една друга мисла ми се врти во главава...Што ако навистина се најдат во ситуација каде што ќе треба да ја покажат својата професионалност, ама не како тепачи туку како вистински телохранители? Зарем не размислуваат(тие што ги вработуваат) дека нема да има УТРЕ...ако направат грешка? Ни за премиерот(или претседател, министер - што и да е) ниту за "телохранителите"...

А за првата реченицасреќада
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 00:43
Гласав за првата опција, мада тоа анонимни би го заменил со обучени....
Каде е всушност проблемот и што допринесува за тоа во медиумите да се појавуваат вакви грди слики и натписи....
Иако после атентатот на Киро Глигоров, МВР пристапи на поинаков начин кон обезбедување на функционерите, сепак останаа голем број слабости....
Почнувајќи од 1996 година  па наваму, ткн. VI управа, стана полигон за пресметка после секое менување на власта....
Па така на секои четири години се менуваа вработените во неа, иако во секоја генерација се фрлаа огромни сретства за обука, опрема и слично...
Врвните професионалци инаку познати и надвор од нашите граници, се деградираа на неколкукратно пониски работни места а на нивни места доаѓаа аматери, тотални анонимуси во таа област...
За да еден бодигард  целосно се изгради како таков, потребни се неколку години активна работа во таа област, притоа поминувајќи разни обуки и искуства што за жал кај нас не е случај...
Затоа сега го имаме ова што го гледаме  повремено во медиумите...млади, ќелави, набилдани дилетанти, што зад воланот на затемнетиот џип и зад својата функција се осеќаат како богови а богами и се однесуваат така...
Добар дел од поранешните а и сегашни бодигарди во меѓувреме станаа и успешни бизнисмени, користејќи ја блискоста и името на личноста која ја обезбедуваат...па така јасна е желбата и борбата за тие работни места....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 06:35
Добро е кога секој си го “мете својот двор“ и кога нападите или осудите не се еднострани.
„Секторот, по спроведената истрага, утврди дека полицискиот службеник Б.В. непотребно се впуштил во вербална расправија со снимателот со што постапил спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи го осудува секое непрофесионално постапување на поединци со кои се нарушува угледот на полицијата и во најкус можен рок против нив ќе бидат изречени соодветни санкции од надлежната комисија“, соопшти вчера МВР. Внатрешната контрола утврдила дека полицаецот не ги почитувал личноста, достоинството, правата и слободите на граѓаните и не го чувал својот и угледот на полицијата.
Јас пак ке речам има дејности-занимања кои бараат висок професионализам и токму во напнати ситуации треба тој професионализам да се покаже. Во конкретниот случај имаме две засеганати страни кои сакајки да си ја извршат својта задача очигледно негде згазнале на црвената линија.
Што ми смета?? Зборувањето на невистината односно манипулацијата со информациите! Едни медиуми известија дека снимателот пцуел, други не! Која е вистината? Точно е дека сакал снимка од настанот бидејки нему тоа му е работа и доколку не си ја заврши работата губи, но...
Обезбедувањето небезбедно за новинарите
Обезбедувањето- и самите информации се дека просторот бил мал-а многу народ-значи оневозможени да си ја извршат својата професионална работа. Во тие моменти на краток фитиљ дошло до кошкање односно непрофесионализам, што не оправдува ако навистина имало закани кон репортерот.
На патот на учење демократија, сите треба да научиме како треба. За мене виновни се сите кои сакаат да имаме професионалност ама да не важи “за мене“. И да не излезам критизер на протоколот за мене секогаш имаат вина те кои ги организираат вквиве работи-манифестации. Кога ке се случи нешто лошо (не дај боже) а ни се имаат случено атентати ке биде доцна да се докажува кој е виновен и каде потфрлил.
И навистина ми смета кога како народ не ги почитуваме високо ризичните професии и многу често знаеме да извршиме невиден атак неводејки сметка за професиоалниот дигнитет и достоинство.
 
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 07:09
Ќе го земам примерот на МОСАД во Израелза тоа што значи лице (агент) за обезбедување. Пред се мора да е високо обучен професионалец, анонимен, кој е пак незабележителна сенка, но секогаш подготвен на реакција...Малце подетално...Највисоките државни функционери во најблиска околина, т.е на 0.5 метри околу себе мора да имаат лица за обезбедување (не агенти), кои соодејствуваат на изгледот и градбата на лицето што го обезбедуваат. Што значи тоа. Треба да се барем 10 см. повисоки од нив, да се во градбата на трупот еднакви или поголеми од нив. Сето тоа е за да се постави жив зид околу лицето што го обезбедуваат. Но вистинскиот агент за обезбедување, немора да биде корпулентен во својата градба, туку кај него се бараат физички и ментални атрибути. Тоа значи, дека постојано има увид на целокупната ситуација. Се движи на 1 до 1.5 метра од лицето кое го обезбедува, го координира движењето на лицата кои се во живиот зид околу лицето, ги координира останатите агенти кои се прераспределени на други локации и задачи околу лицето кое се обезбедува.
Под психофизички атрибути се подразбираат, да биде психички стабилен т.е и во најмала ситуација да не покажува доза на агресивност, и да биде максимално физички спремен, т.е на ниво на еден припадник на специјална единица. Да знае максимално да ја процени ситуацијата во која се наоѓа најпрво лицето кое го обезбедува а потоа и самиот тој, и на крај да поседува голема доза на интелигенција за да може да го спои сето тоа.
Кај нас владее општа фама, дека лица за обезбедување се безумни горили, кои во врата влегуваат странично и поднаведнато, а притоа немаат ни трошка интелигенција. Ретки се лицата кај нас за кои може да се каже дека се агенти за обезбедување.
За жал начинот и принципот на селектирање на лица за обезбедување е по основ на партиска книшка, партиска заслуга, и роднинска и пријателска поврзаност, а притоа се занемаруваат сите претходно спомнати параметри кои се од витално значење.
Се додека функционираме како партиска и тоталитарна држава, ќе се случуваат инциденти во кои директно инволвирани ќе бидат лицата од државното обезбедување.
Трендот на ангажирање на лица од специјалната единица при МВР, беше прекинат пред 6 години. Инаку тие лица од специјалната единица на МВР, покрај основната командоска обука, имаат и обука за обезбедување на лица и објекти од витално значење, и при тоа како готов кадар се користеа во таканаречената 6-та управа на МВР. Во последните 6 години тие лица се заменија со нововработени со партиски книшки или со лица со роднинска или пријателска блискост, како благодарница за нивната лојалност кон партијата.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 07:20
Мојата филозофија во вакви ситуации е она христијанската максима- Не прави му го на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе. Кога снимателот би се ставил себеси на местото на обезбедувањето и обратно мислам дека ке добиеме одговор.
Инаку споредуањето со МОСАД е малку неспоиво. Јас можеби имам малку филмско влијание ама она што мосадовци гледаме дека прават, нека е еден посто вистина зборува за “газење преку лешеви“ Недај боже нашиве да се ко мосад па пола народ ке ни  биде претепан утепан, згазенизненадување
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 07:30
Морам да те исправам мамамд... мојата споредба со Мосад, беше во делот на обезбедувањето на личности кои се на витални функции, а не во делот на нивните тајни операции. Имено нашата 6-та управа и единицата за специјални задачи, дел од обуката на своите припадници, ја изведува токму со инструктори од Мосад, експерти во делот на обезбедување на имоти и лица. 
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 08:36
Во анкетата недостасува
   - тотални непрофсионалци, партиски војници , без грам општа култура, дилетанти собрани од улица, кој што се убедени дека се над законот и имаат право да малтретираат секогаш кога се нак*рчени. Многу често се поврзани со криминалните структури - и тоа со оној најдолниот криминален слој - уличарскиот. Феноменот е што овие дибеци имаат и политички амбиции - а во ЕУ тоа им успеава .Во Бугарија која што е полноправна ЕУ членка актуелниот премиер Бојко Борисов успеал од телохранител да стане лидер и премер. За среќа ние не сме членка на ЕУ.

Изменето од Anthony - 30.Јуни.2010 во 09:20
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 07:48
Интересна анализа во денешен Утрински, токму за дилемите кои ние ги имавме тукаголема%20насмевка
Бодигардите или обезбедувањето на ВИП-личностите во земјава, како што тврдат надлежните, се луѓе со посебни психофизички способности, кои поминуваат низ специјални обуки и се тренирани да се справат со секакви ситуации.

„Тие се обучени да се воздржат од реакциите на околината, а гестикулации на лицето, гласно смеење или покажување сила се едноставно недозволени за луѓето ангажирани за обезбедување на политичкиот врв“, велат извори од Одделот за обезбедување личности и внатрешно обезбедување на објекти во МВР, или популарно наречената Шеста управа.

Убаво објаснето, кому му е доделено, до кога-колку време, какви релавии смеат да имаат едни со други, тие со народот .Впрочем, кој сака нека чита
Бодигардите на државниот врв со краток фитил  
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 07:03
Citam i se smeam na ona shto go kaza energi za mosad, zatoa shto ni pomalku ni poveke se sporeduvame so zemji od cie obezbeduvanje ucat drugi  zemji голема%20насмевка
Fakt e deka kaj nas rabotite se slucuvaat beglo, nonshalantno i tek koga ke se sluci neshto negativno togash ni teknue deka ne pravime kako treba.
Eve shto veli Utrinski
Мускулести момчиња во тесни бели маички и фармерки покрај првите луѓе во државата, обезбедување што шета во шарени блузи по собраниските холови, бодигарди облечени во лежерна варијанта, кои на влезната врата ги пречекуваат посетителите на резиденциите на државниот врв...

Ваквите сцени не се невообичаена практика, туку полека стануваат обичај во обезбедувањето на важните луѓе во државава.
Се воведува некој нов дрес-код, кој не се совпаѓа со нивните работни задачи и одговорноста. Неунифицираната облека, на која нема никакви обележја дека станува збор за припадници на полицијата, често доведува до забуни и до несакани ситуации и инциденти.
 I sega doagja ona koe go zboruvavme
Надлежно за обезбедувањето на Собранието, Владата, министерствата, како и за политичарите од државниот врв е Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за обезбедување лица и објекти, популарно познат како Шестта управа.

Одделот е составен од три сектори (за обезбедување личности, за превентивно обезбедување и за внатрешно обезбедување објекти), како и едно полициско одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување. Лицата задолжени за обезбедување на парламентот и на другите витални објекти во државата, согласно со законот, одговараат пред министерот за внатрешни работи.

Но, според одредбите од Законот за Собрание, во однос на одржувањето на редот, се наведува дека лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакнато место на облеката треба да носат обележје. Натаму се наведува дека носење оружје во собраниската зграда не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот.

No si ima red koj ocigledno vo nash stil malku go zaobikolivme
Во последниот инцидент што изби пред неколку дена во Собранието, според снимките од камерите и направените фотографии, учествувале лица во цивилна облека, со светли или шарени маици, без никакви обележја дека се припадници на обезбедувањето.

„Припадниците на Шестата управа не се обврзани да носат ознаки на облеката, иако во одредени ситуации може да им биде испишано нивното име и презиме. Но, за сите нив постои задолжителен дрес-код што мора да го почитуваат. Тоа подразбира дека не смеат да носат шарена облека, туку кошула и темен костум за внатрешно обезбедување на објектите”, коментираат поранешни министри за внатрешни работи. Ваквите одредби од Законот не се совпаѓаат со член 43 од Законот за Собранието, согласно со кој обезбедувањето на својата облека мора да носи обележје на парламентот.
I zatoa vo raspravijata za incidentot vo sobranieto izleguva deka site se krivi i site se vo pravo.изненадување Vprocem da ne preraskazuvam, vredi da se procita bidejki ima jasni raboti za koi mnogumina od nas imaa dilemi. A i ubavo e da si znaeme bidejki moze neprijatno da si se iznenadime pri sredbite so VIP licnostite i nashata zelba da gi pozdravime, porazgovarame, pozalimeнамигнување
Со шарени маички во Собранието


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 07:07
I onaka kako za sporedba намигнување
Во Вестминстер само со униформа
Лондон - Луѓето вклучени во обезбедувањето однадвор и однатре во зградата на британскиот парламент се униформирани, исто онака како што е тоа случај и со владината зграда и резиденцијата на премиерот во Дауннинг стрит 10. Истото важи и за сите институции на државната администрација.

Зградата на големото здание на Вестминстер ја обезбедува британската полиција, која ги надгледува влезовите и дворот на парламентот. Станува збор за униформирана полиција, која станува позабележлива кога заседава Долниот дом и кога во дебатата учествува британскиот премиер.

I dopolnenie za Francijaголема%20насмевка
Жандармерија го чува Сенатот
За разлика од кај нас, Франција има воведено сосема поинаков систем за заштита на државните институции. Безбедноста во францускиот парламент – Националното собрание и Сенатот им е доверена на силите на жандармеријата, посебно на нејзината елитна единица „Републиканската гарда“.

Единиците што се задолжени за безбедноста на Сенатот во целост се независни од воената и полициската команда и тие одговараат само на наредбите на претседателот на Сенатот, што ја гарантира одбраната на оваа институција во случај на евентуален државен удар.



Изменето од mamamd - 07.Јули.2010 во 07:15
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.