IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар Турунџев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар Турунџев

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Александар Турунџев
    Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:10


Александар Турунџев бил македонски војвода. Роден е во 1872 година во с. Екши Су (Горно Врбени), Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско.

Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.

По одлуката за кревање востание на Солунскиот и нејзиното потврдување на Смилевскиот конгрес, на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието. Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу "востаниците" и "аскерот" учествувал по една половина од вкупниот број.

За време на Илинденското востание во Леринско била запазена директивата на Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.

Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во Битола донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на 14 ноември 1903 година. Неговото присуство не ги исплашило членовите на ТМОРО во легендарното Екши-Су (Горно Врбени), ниту пак ја запрела организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на Даме Груев, врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - Ѓорѓи Сугарев. Тој не се потчини на амнестијата на Султанот и затоа беше предаден од еден подлец, изрод и платен шпион кој ја злоупотреби неговата доверба.

По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.

Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд
во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:12
Пресудата падна уште додека Турунџев беше на судската клупа. По една година затвор, на 29 август односно 11 септември 1905 година, храбриот војвода ќе се најде на бесилката на битолскиот Ат-пазар.

Градот со внимание ќе ја следи судбината на фатениот војвода. Во исто време, во затворот е уште еден војвода, Леко Џорлев од село Баница, Леринско. Интересно е што пресудата е различна, за едниот бесилка, а за другиот доживотен затвор. Оваа поделба, односно, различните аршини ја вознемируваат јавноста во градот, која во исто време помислува за ослободување на својот омилен војвода. Меѓутоа, отежнувачка околност беше пречекорувањето на царската амнестија за сите оние кои учествувале во Илинденското востание, а до определен период не престанале со својата дејност. За тоа следуваше смртна казна, а за Александар Турунџев беше патот кон бесилката.



Всушност, овој период е пресуден и кобен по судбината на многу истакнати македонски револуционери поради предавствата од врховистите непосредно пред Рилскиот конгрес. Нивната цел е да бидат ликвидирани сите оние кои можат да ја попречат бугарската пропаганда во Македонија, особено приматот на приврзаниците на Сарафов на Конгресот. Меѓу најкрвавите ќе биде и предавството на неповторливиот војвода Александар Турунџев, кој е меѓу ретките фатен жив од непријателот.

Злокобната приказна започнува кон крајот на 1904 година, кога во селото Ајтос доаѓа војводата со својата чета. Предавството, почнато многу порано, уште истата ноќ ќе ја однесе новата жртва. Овој пат, ценејќи ја големата храброст на Турунџев, сето тоа ќе биде организирано многу прецизно и педантно. Војводата преноќува сам кај својот "верен" пријател. "Пријателот" и соопштува на власта се во детаљи, па и тоа дека војводата е во длабок сон и потоа доаѓа група војници. Споменатиот "пријател" ја отвора тивко вратата, а десетина војници се нафрлаат врз заспаниот комита, го врзуваат и го спроведуваат во прочуениот битолски затвор.

А неговата чета не случајно е оставена во другите куќи. Помошникот на Турунџев, Кокончето, ја извлекува четата кон костурскиот реон, каде што се среќава со четата на Поп Трајков и успева да го наговори неговите другари да го напуштат злогласниот војвода Коте и да се присоединат кон четата на Кокончето.

Комитите од четата на Александар Турунџев, отпрвин, кога дознале за заробувањето на војводата се обиделе да се организираат и да преземат контранапад, но очигледно многу децидно ја почитувале неговата наредба, која според кажувањето на заменикот, Кокончето, гласи: "Војводата ни кажа дека тој оди при својот сакан пријател и дека ние четниците не треба да се беспокоиме за него. Во случај на изненадување, ние ќе го употребиме своето оружје само ако го чуеме грмежот на неговата пушка. Такво нешто немаше. Војниците го фатија војводата. Кој го предал, како се доверил тој, кој го скроил тој оригинален план за неговото фаќање, за мене е темно. Очигледно фаќањето е организирано дело...".

Епилогот на приказната е познат. На 29 август, односно 11 септември 1905 година, по една година затвор, храбриот војвода ќе на, опеаната во народна песна, бесилка на битолскиот Ат-пазар. Од овој морбиден и трагичен настан е сочувана една фотографија која најдобро говори за беспримерната храброст, за држењето и однесувањето на истакнатиот борец, војвода Турунџев, кој пред да биде обесен ќе изјави: "Македонија ќе биде слободна!"

Но, масовните колежи и погребалниот процес што го организира врховизмот, под диктатура на великобугарската пропаганда не застанува тука. Тој продолжува најмасовно во текот на подготовките на Рилскиот, општ конгрес на македонското револуционерно движење и ги собира првите резултати од својата "жетва".

Сепак, на рилскиот конгрес ќе бидат разоткриени сите предавници на револуционерното дело. Конгресот на кој присуствуваат и Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев и другите истакнати дејци ја разгледуваат и критички ја оценуваат состојбата по Илинденското востание. Особено критичен е ставот за предвремено востание, како и за злосторничката дејност на врховистите. Тие се непожелни за територијата на која живее и работи Македонската револуционерна организација.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:12
ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ СИН

Кога се зборува за легендарниот лик на Александар Турунџев, мора да се спомене една голема контрадикторност. Иако македонскиот народ го опеал во народната песна и во легендите, сепак во историографијата не постојат многу детални информации за неговиот живот и долгогодишно војводство.

Роден е во 1871 година во село Горно Врбени, Леринско. Во почетокот на своето револуционерно делување активен е во ајдутска чета, а подоцна станал член и на Револуционерната организација.

Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско. Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа беше силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Насекаде беше мил гостин, зашто со другарите ги истреби најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.

По одлуката за кревање востание на Солунскиот и нејзиното потврдување на Смилевскиот конгрес, на Турунџев му беше доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието. Кога заврши со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организира на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу "востаниците" и "аскерот" учествуваше по една половина од вкупниот број. За време на Илинденското востание во Леринско беше запазена директивата на Смилевскиот конгрес за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствуваа четите, а селаните останаа во своите села. Вкупно беа мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.

Османските војскводачи изработија детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во Битола донесоа одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на 14 ноември 1903 година. Неговото присуство не ги исплаши членовите на ТМОРО во легендарното Екши-Су (Горно Врбени), ниту пак ја запре организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на Дамјан Груев, врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - Героги Сугарев. Тој не се потчини на амнестијата на Султанот и затоа беше предаден од еден подлец, изрод и платен шпион кој ја злоупотреби неговата доверба.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:13
Бесењето на војводата Александар Турунџев

Црно му било пишано

на Александар Турунџев;

шеснаесет години војвода

на седумнаесет го фатија.

Го кладоа во долапи,

во тешки пранги железни.

Бог да го бие пашата,

тој валијата битолски,

тој на Александра говори:

"Кажи бре, кажи Александро

што си досега направил?"

му одговори Александар:

Дејгиди пашо битолски,

нели ме праша, распраша,

се право ќе ти раскажам:

к'шлите сум ги изгорел,

железници бомбардирал,

Турците сум ги истепал,

анките сум ги одбулил".

Тогаш се паша налути

и луто ми го излага:

"ја излези бре Александро,

надвор е твојата невеста

со машко дете на раце!"

Се израдува Александро

и излезе од долапите

тогаш му раце врзаа,

на бесилка го однесоа,

на бесилка - на Ат- пазар

Дојде поп да го опева

и дробни солзи пророни.

Александро му прозбори:

"Не плачи, дедо, не жалај!

Ако ме мене обесат,

нека се живи браќа ми,

поарни ќе се од мене,

поарни храбри војводи!".
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:13
Бидејќи претставуваше вистинско страшило за османлиските власти, тие одлучија да не излезе жив од темницата. Го мачеа, му ставаа клечки под ноктите, го гореа со железо за да посочи некого од соработниците во градот. Неговиот одговор беше еден: "Битола ја познавам, во Битола никого не познавам".

Турунџев ги издржуваше сите тортури стоички, без да бара милост и со стисната уста. При најголемите болки паѓаше во бесознание, се обиде и да се фрли од битолскиот затвор, но не успеа да се самоубие. По настанот го чуваат уште повнимателно, држејќи го во окови на рацете и нозете. Откако се уверија дека не ќе можат да ја скршат неговата челична волја, затворските власти го оставија да лежи, а вилаетските власти, главно Воениот суд, подготвуваа процес против него - велепредавнички процес.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 19:14


Гробот на Александар Турунџев во Битола
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 07:17
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Стара б`лгарска поштенска картичка: "Обесването на војводата Александар Турунджов на 18 Август 1905 наБитолскиот плоштад Ат пазар."

Интересното во ова картичка е што през 1941 е надпишана од братот на војводата Ал.Турунджов и е подарена на војводата Тане Николов.


"За господинот

Тане Николов

За спомен од мене братот
на покојниот Александар којшто беше обесен
за свободата на Македонија и величието
на б`лгарскиот род.


29/VIII 1941 год Пандо Турунчов

Битола"

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 07:43
Битолчани не забораваат

Изменето од mungos80 - 25.Јуни.2010 во 07:43
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 07:45



“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2010 во 07:53
Сузана Турунџиева приреди роденденски помен со песна за братот Панде
На концертот настапија и неколку нејзини колеги од естрадата, а беа присутни и министерот Љубе Бошковски и ракометарите на "Пелистер"

Во спортската сала "Младост" во Битола, пред околу 2.000 свои сограѓани, во петокот вечер поп-ѕвездата Сузана Турунџиева приреди роденденски помен со песна за својот брат Панде Турунџиев, кој на крајот на декември лани беше пронајден мртов во близина на канадскиот град Кембриџ, каде што неколку години живееше и работеше со своето семејство.

На овој несекојдневен, мошне топол музички настан на својата пријателка, од Скопје допатува министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. Таа од бината им се заблагодари на министерот и на двајцата наши угледни бизнисмени што допатуваа од Северна Америка за да присуствуваат на роденденскиот помен.

Сузана во својот препознатлив и ненаметлив стил најпрвин зборуваше за својот брат Панде, кој наместо во петокот да го слави својот 38. роденден, од се уште неразјаснети околности најпрвин исчезна во Кембриџ - Канада, а по околу два месеца дури на 22 декември беше пронајден мртов на пет километри од градот, фрлен од карпа. Тој по Божик беше погребан во Битола на "Светонеделските гробишта", каде што почива и неговиот прадедо легендарниот македонски војвода Александар Турунџев, кој бил обесен на Ат-пазар во Битола, од турскиот аскер.

Покрај Сузана настапија и Марјан Стојановски, групата "ЗЗШ" и други музички гости, а во публиката беа и нејзините колеги Верица Ристевска и Љупчо Ангеловски. Гости беа и ракометарите на "Пелистер", на кои Сузана им посака освојување на европската титула.

Завршувајќи го роденденскиот помен со одата за Александар Турунџев и неговото бесење на Ат-пазар, Сузана со многу емоции им врачи и скромни подароци на сите битолчани на концертот што се родени на 19 април.

Несекојдневниот концерт го пренесуваше битолската телевизија "Тера".
18 март 2006 година.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 09:10
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Turundze Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Turundze Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 02:29
сузана турунџиева пееше за правнукот на братот на Александар Турунџев... т.е. за правнукот на Пандо Турунџев... колку да не дојди до неразбирање
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 17:58
Завршувајќи го роденденскиот помен со одата за Александар Турунџев и неговото бесење на Ат-пазар, Сузана со многу емоции им врачи и скромни подароци на сите битолчани на концертот што се родени на 19 април.


Беше во живо виде или?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2011 во 02:34
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,609 секунди.