IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Приказни,преданија,легенди
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приказни,преданија,легенди

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Приказни,преданија,легенди
    Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:47
Кулата вавилонска

Кула%20вавилонскаПо потопот после, откоа беа се намножиле луѓе, имало еден цар. Нему му кажуале луѓе оти било некоаш потоп, со вода на земјава и од тој потоп сите луѓе беа се издавиле; само неколцина живи останале и од нив векот се подновил и се размножил. Уверен бидејќим царот на тоа што му кажуале учените, сторил ниет да напраит една висока кула, дури до облаци. И ако да се стори пак потоп, да се качит горе и да не се удаит од потопот.

Ја зафатил да ја праит со голем зулум. Свикал целио народ да работат. Дење, ноќе работеле, шу побрго да се напраит; арно ама народот не можеле само кулата да ја праат, ами требало и домашна работа да си приработуаат за да се ранат; арно ама силнио цар ништо живо луѓето не 'и припуштал од кулата.

Коа виделе народот оти царот 'и терат сосила да работат на кулата, еден по еден сите беа се разотишле по дома.

Дума, шеста царот како да праит за да 'и натера луѓето да му ја напраат кулата. Најпосле му текнало да напраит остри железа и 'и закачил на дрва, та да му 'и даит на својте и со тие остри железа (копја биле, се разбира) да 'и дупат луѓето и да 'и плашат, та да работа(т) на кулата. Коа видоа сиромаси луѓе тоа дупење со острите железа, тргнале сите да работат гологлаечки само и само да не 'и дупат и да умираат (можеби дотогај оружје да немало, што не знаеле луѓето од оружје смрт) по патиштата.

Во тоа време, друго нешто беше му текнало на царот да напраит: насекол парчиња од стребро и му удри на парчињата дамка на името негоо; та 'и давал на аргатите што му носеле зајре за кулата (пресекол пари).

Од тоа што беше го напраил царот: што напраил стребро со дамка (пари), беше се ослободиле малце луѓето што работеле на кулата. Арно ама мака поголема имале, чунки кулата се праела висока до облаци, тики требало да се носи угоре секакво зајре: камење, вар, дрва и друго што требало, та наместо волои се спрегнуале луѓе и носеле наугоре. Му се здодеало веќе на луѓето, и спискале да се молат прво на царот веќе да 'и прости и да 'и пушти, арно ама царот ни баре на ум ја клааше молбата од луѓето.

Коа видоа луѓето оти царо ич на ум не им клавал молбата, се свртеле кај Бога да го молат за Господ да му го сврти умот на царо и да 'и прости да си одаат дома. Милос да му е на Бога, беше 'и послушал луѓето. И ева што беше му напраил: му го разменил јазико со седумдесет и седум јазици за да не можат еден други да се разберат.

Еднио на другио му сакал к а л по бугарски, а тој ќе станел, чунки знаел по турски к а л к (стани) се вели. Други му сакал по грчки п е т р а (камен), некого кого викале Петре ќе му дојдел пред него. Треќи му сакал на четврти друго, тој му давал уште нешто подруго. И така не можеа да се разберат. Коа видоа така оти не можеле да се разберат, остаиле да ја работат кулата, и самио цар беше 'и испуштил секој дома да си одаат.

Останала кулата недопраена, и по малку време беше се искривила малку и ден- денеска стоела, велат старите, накривната, да се паметуа. Коа огреват сонцето, сенката од кулата била колку еден ден далеку да одиш по неа, толку што била висока.

Ете, од тој цар што ја напраи кулата, излегле парите (со турата) и оружје да се бијат луѓето и да се колат како јагниња.

(Запишано од Марко Цепенков)



Изменето од Mindy - 13.Јуни.2010 во 16:07
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:48
Ѓаолот препраен на чоек

Smrt%20i%20gavolИмало некој чоек што го карал и го колнал сеедно ѓаолот. Ер што пакос да му се стореше од немукаетот негов, се по ѓаолот ќе викал. Денеска, утре колнејќим го ѓаола за грешките сам што си ги грешаал, веќе беше му пребликнало на ѓаолот, и сторил ниет да го застрамит пред многу луѓе чоекот што викал по него без правина и да го поучит за да не викат, оти је страмота и греота. Коа да имал ѓаолот кабает, не му било мака да го колни.

Еден ден си терал чоекот една кола по еден сокак голем и, терајќим колата, не одел до волоите за да и варди да не сторат некој пакос, ами беше и пуштил волојте сами и тој се враќал по меанчиња, та се напивал по некоја ракија.

Гледајќи ѓаолот тоа нешто и знаејќим оти волоите ќе сторат голем пакос и после чоекот ќе го колнел него, а не себеси, тогај ѓаолот му нашол времето за да го застрамит пред многу мажи и жени што имало тамо близу до една чешма што била близу до патот. Што ќе напраит ѓаолот, ќе се стори и тој чоек и се смеша во луѓето што биле близу до чешмата, та му се кажал оти је истио ѓаолот.

-Ме гледате, бре луѓе, му рекол, мене, али не ме гледате?

-Те гледаме, ами оти да не те гледаме- му одгоориле луѓето.

-Е, лели ме гледате, треба и да знаите оти јас сум ѓаолот, еве ќе ви се престорам на исти ѓаол и после пак чоек.

На тоа велење, ѓаолот беше му се сторил ѓаол и после пак чоек, и со тоа нешто поверуаа луѓето и до некаде беа се уплашиле малце од него.

-Знаите, пријатели, оти се сторив чоек?- му рекол ѓаолот.- Ете, за да го застрамам оној чоек што оди по колана што иди одозгора по сокакон. Треба да знаите оти тој чоек јет најлош, чунки се што праит, го праит без памет и сио повик го има по мене. Ене, гледајте сега, како и пуштил волоине сами и гледајте сега како ќе сторат пакос и пак ќе ме колни мене.

На тие зборои туку беше дошле волоите близу кај чешмата и свртоа од пато за кај чешма, чунки беше му се пиело вода на волоите и одејќи волоите за кај чешма, беше забрале колцата некој нешта од покрај дуќаните, та сториле триста пакоси; стомни од жените што имале наредени околу чешма, за да си чекаат редо и се искршиле. Спискале жени, спискале дуќанџии по коларот задека не си и вардил волоите, ами и пуштил салма да одаат. Коа видел пакосо коларот од волојте, дал вик да колни ѓаолот:

-Ај натемате, ѓаоле, натемате! како се засени кај колата, моја, да ми се стори толкав пакос!

-Туф, магаре едно, не се страмиш, што зборуаш непрао на ѓаоло- му рекол ѓаолот и сите луѓе што беа со ѓаоло- не отвори си очите ти, да ѓаолот кабает ти имат!

Се натрчале дуќанџиите и сеирџиите, та го скапале од ќотек за пакосот што сторил.



Изменето од Mindy - 13.Јуни.2010 во 16:07
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:48
Попот што гледал на гравови кога ќе дојде Велигден

ВелигденНекој поп си имал во џебо на антеријата педесе зрна грав и секој ден вадел по едно зрно гра, та го врлал. Коа ќе и доврлел зрната од џебо, тогај ќе дојдел Велигден. Сопрво го прашал коџабашијата колку дни имало до Велигден:

-Колку дни имаме до денес, а оче, до Велигден?

-Чекај да видам, коџабаши, као ќе ми кажат граоите-му рекол попо и посигнал по џебо, та изваил зрната од грав и 'и пребројал.

-Као што ми кажуаат мене граоите, коџабаши-му одговорил попо-уште четириесе дни има до Велигден.

Коа видел и чул тоа нешто коџабашијата, си скинал срце од смеа и му раскажал на сите селани оти попо на граои го нашол Велигден коа ќе биди. Секој од селаните коа ќе го видел попо, се ќе го прашал уште колку дни има до Велигден; на секого попо со граоите му го кажуал Велигден. Арно ама, Велигден поминал и на попо граоите не се биттисале, чунки ѓаол попадија му притурала по печес зрна во џебо, да се позабаи Велигден, дека имала платно да ткаи и кошула на попо да му шие.

И за овие граои се прикажуаат и ден-денеска коа му иди зборо.*



Изменето од Mindy - 13.Јуни.2010 во 16:07
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:49
Царот, филозофот и берберот

Еден цар прашал еден философ еднаш:

-А, бре философе - му рекол царот - ти како филозоф што си, што знаиш да ме научиш нешто многу арно?

-Како тебе цар што си, честити царе, не треба многу наука да те учам, само еден збор што ќе ти речам доста ти ет: прај што праиш, ама и за назад да думаш! Овој збор, честити царе, не саде за тебе да го држиш, ами и на секој чоек да го велиш, ако сакаш големо богатство да добиеш дури си жив ти и по смртта да го остаиш тој збор за да се паметуат и да се прикажуат.

Му благодарил царот на философот за зборот што го научил и откога му дал бакшиш, го испратил.

Утрото беше го викнал царот берберот да го обричит и едно дошол берберот до него, му дошло на умот за зборот од философот и му го рекол прво на берберот:

-Прај што праиш, бербербаши, и за назад да мислиш.

Едно го чул берберот тој збор од царот и му се стресла раката од страв, та го пуштил бричот од рака. Кога виде царот оти берберот беше го пуштил бричот од рака, се сетил оти берберот имал лоша мисла.

-Зошто, бре бербере, го пушти бричот од рака? Кажи што сакаше да ми правиш, оти сега глаата ќе ти ја сечам? - му рекол.

-Прости ми, честити царе - му рекол берберот - прво животта, па после ќе ти кажам.

-Ај простен да си! - му рекол царот.

-Ме откупи садријазмот - му рекол берберот - за да те пресечам со бричот.

Кога чу царот тоа од берберот, на чудо беше станал на зборот на философот, што беше му го кажал да го вели секому и до утрото големо богатство беше добил, животот си го к*ртулил од берберот. Голем бакшиш му дал на берберот и го дал под суд садријазмот.



Изменето од Mindy - 13.Јуни.2010 во 16:08
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:50
Како се родила чумата

Црна%20
чумаПред да имало чума на земјава, си бил еден цар на една земја кај што било се лето, преку девет мориња. Тој цар бил најпоганиот на векот, триста лошотии праел на рајата своја: од што ќе му текнело, тоа ќе сторел.

Најголемото зло што го имал било што која жена да видел, се ќе ја обесчестел; дури за страмота е чоек да кажит како и бесчестуал.

Имала една сиромашка жена една ќерка. Како жената, така и ќерката биле многу предаени на бога. Еден ден ја видел царот жената, кај си одела в црква, заедно со ќерка си, и пратил луѓе да му ја донесат девојката од сиромашката жена при него, за да ја всили. Отишле луѓето царски и ја зеле девојката од сиромашката жена, та му ја донесле при царот. Едно ја донесле при царот, и повтил да ја силуат, арно ама девојчето, бидејќи било од мерата надвор 'рзелиа, никако не му се предавало. Откоа видел бесчеснио цар, оти девојчето умирало и не се предавало, го предал на големи маки да го мачат, дури да го кандисат да се предаит на царското сакање или да умри. Најпосле беше умрело од маки и не беше се предало. Арно, туку проклетио цар, откоа беше умрело девојчето, беше го всилил, шу на негоото да му биди, и го затворил девојчето умрено во некој подрум. Чунки од тие саати беше му се отворил еден бој од некој друг цар и собрал војската  што имал сета, та отрчал тамо да се тепа и да го враќа другио цар, арно ама од лошотијата негоа ич господ не му помогна, ами војската сета беше му се истепала и плујната од земјата беше му ја зеле.

На деветте месеци се вратил во столнината, застрамен како никој нигде. При се што толку зло беше го нашло, пак од лошотиите не се остаал. Од негоиот лошотил'к и беше се опојале полујната од рајата негоа. Беше му текнало еден ден за девојчето, што беше го всилил умрено и беше го затворил во подрумот, да појди за да го видит. Влегол во подрумот, и кога го гледат девојчето-ич нерасипано, си лежало спружено како да спие; само во срцето било подуено,  и нешто како живо је мрднуало. Позастанал да гледат, што ќе и бидит на девојчето во срцето што је мрдат, и најпосле од што ја пизмел, ја удрил со клоца што да можи во срцето, и веднаш беше се родила чумата од девојката умрена и беше застанала на нозе просто и му рекла на царот:

-Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка родена, затоа кого ќе видам, ќе го испоганам кај скришните места и ќе го умрам. Тебе те видов за првпат, татко, и тебе ќе те испоганам, за веднаш да умриш, за што си сторил-да најдиш.

Тоа проговорила чумата и беше го испоганила царот, татка је, си излегла од подрумо и кого ќе видела пред себе, се ќе го испоганела и ќе го удрела, та ќе го умрела.

Во тоа време ја гледале чумата јавно и дури ја научиа, ич од пред неа не ќе се истаале, тиќи многу со лесно си и тепала луѓето. Тепала, тепала, дури сите погани луѓе и истепала и откоа беа останале чесните, си прешла во друга земја и тамо потепала. Зер така било повела божја, што ја прошетала сета земја и биела чумата луѓе: мажи и жени на ден по многу стотници, дури и илјадници, за да викаат луѓето:

-Себеп-оган бог џан'на, на тој што се стори себеп и се роди чумата!

Ете што рекле стари: "Еден чини, илјада тегнит". Во времето тогашно, коа беше биела силно чумата, дури му стоеле пред неа луѓето, стоеле; откоа беа виделе, оти сите ќе и сотрит, трештиле да бегаат по планиње, по долиње, за да се скријат од неа, арно ама чумата и тамо и наоѓавала лошите и избивала. Се преправала на жена, на мачка, на јаре и друго.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:51
Зошто магарето има долги уши

МагареКоа ја напраил Нојо гемијата, удрил со теслата на една штица на сите четири страни, за да се соберат сите животинки за да се избават животинките од потопот. Се собрале сите животинки во ѓемијата и поминал потопот, спаднала ѓемијата и испуштил Нојо сите животинки да си одаат.

Секое му се поклонуело на Ноја и „Седи со здравје" му велеле. И испраќал Нојо животинките или ѕвероите да си одат со здравје, и на секое на име му велел Ное:

-Со здравје, арслане-му рекол на арсланот.-Со здравје-му рекол на филјо.-Со здравје-му рекол на мечката и на волкот, на елено и на срната.-Со здравје-му рекол на коњот, на волот и на кравата, на овцата, на друзи многу, многу имање.

Дошло ред да врват пред Ноја и тије животинки што не им знаел Нојо имињата, клаени од деда Адама. При друзите животинки поминало и магарето. Нојо не му го знаел името, како го крстил дедо Адам, и тој му рекол:

-Со здравје бре, магаре!

Коа чуле друзите животинки, оти го крстил со името магаре, брбнале сите да се смеат и да му се шегуат на магарето и да му викаат:

-Магаре, магаре, зррр, магаре, магаре, зррр, зррр!

Коа беше чуло магарето шегата од друзите оту лели беше се гибнало и се устрамило, та кога ти се расплакало и разрипало, ќе го турнеше небото. Коа чуле животните, сите сопрво беа се учудиле што плачит и што липат така. Коа го виделе, оти магарето било што плачело, секое си свртело глаа по својата работа. Плачејќи и липајќи, магарето поминало околу ѓемијата и дошло пред Ноја:

-Аман бре, дедо Нојо, мени ми го името од магаре барем на зајак, оти ми се бијат шега светот, дека ме крсти магаре!-му рекло магарето.

-Море, ак варѓеч, бре магаре, не барај зајак да бидеш!-му рекол Нојо.-Оти ќе ти порастат ушите големи, та со ушите ќе бидеш за страмота и ќе плачиш и ќе липаш, дури и ќе рикаш од жал што ќе ти биди, дека не ќе бидиш ни магаре, ни зајак.

Бре, брате, ич слуша магаре? Ја зајак да го прекрсти, ја друго чаре не бидуат!

-Е, коа не ме разбираш-му рекол Нојо,-ај имај ушите зајачки.

Едно му рекол тој збор Нојо на магарето, и му пораснале ушите големи. Одејќи си, коа го догледаа, брате, друзите, оти беше му пораснале толкаи големи ушите, појќе беше му се шегуале и пак магарето беа го расплакале.

Ете, оттогај и до ден денеска кај си плачитр магарето, дека го прекрстил Нојо и го нарекол магаре. Ама колку да плачит, фајда си немат, магаре је крстено и магаре ќе си умре, битти даваси.

Ете, од тоа покрстуање на магарето и сега едно да се видит, две или поеќе магариња, ќе се израсплачат од жал што му било, дека имале име магарешко и уши долзи.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:52
Приказна за мечката, волкот, лисицата и штркот

 

Апстрактно%20сликарствоЕдна мечка беше изела едно магаре, и беше је се запрела во грлото една коска. Секако се обишла да ја изваит, арно ама не могла. Тргнала да барат некој за да и ја изваит коската. На прва стреќа, ете го волко.
 
-Аман, бре брате волчко,- му рекла мечката јачејќи од болештината,- ти се молам од земи до небо, стори ми едно добро, да ми ја изваиш една коска од грлово магарешка, оти ќе умрам.
 
-Како, како, мецо?- је рекол волкот- коска магарешка ти се запрела в грло? Да зер некое магаре си изела, ха? Ами ти, мори мецо, да јадиш магаре, кога 'и имаш јаболка киселички и круши запорничаи да си јадиш и да не се крваиш како касап селанцки? Ами чекај да те прашам, мори кутра мецо, ами коа го најде магарето, веднаш го изеде, али полека, полека?
 
-Веднаш, бре волчко, чунки бев гладна многу,- му рекла плачејќи меца.
 
-Мори да гајрет, мецо мори,- је рекол волкот- не плачи оти ќе ти поминит, ама ете коа не ти е од занаато, што да ти праам? Ти не требало веднаш да го јадиш магарето. Отпрвин требаше џигерите да му 'и изеиш, после удињето, а пак најпосле коските ќе му 'и гризеше и мезе ќе си праеше. Туку ете сега си грешила, ами јас што немам маривет за да ти ја изваам коската. Туку ај појди ее онаму кај кума лиса, белки таа ќе можи да ти ја изваит, чунки незе понабрго му се запираат од кокошки коски што ги јади.
 
Отишла кај лиса мечката.
 
-Оо, добро дојде, тетко мецо, добро дојде, како стори вака што дојде у мене?- му рекла лиса.- Повели, седни де, повели!
 
-Мори, ќе седнам, лисо,- му рекла мечката,- туку те молам, лисо, жити мајчина ти душа, стори еден завмет, ако ти делил Господ некој маривет, да ми изваиш една коска магарешка што ми се запре во грлово.
 
-Оф, мори мецо, што ми е жал оти не можам да ти поможам,- му рекла лисицата- ами мене секој ден ми се запираат коски од кокошки во грлото, туку Бог да прости на штркот што ми 'и вади со една клешта што ја носи в уста; појди, мецо, појди долу во полено и ќе го најдиш штркот за да ти ја изваит.
Кога чула мечката од лисицата тој збор, отрчала во поле и го нашла штркот.
 
-Аман, бре штрку,- му рекла мечката- ти и Господ, до тебе сум дошла да ми посигниш во грлово, што ми се запре една коска, од едно пусто магаре што го изедов. Отидов кај волкот, ме прати кај лисицата; лисицата ѓоа можела да вади коска, и таа ме прати кај тебе и ти си му 'и вадела. Да те молам, брате штрку, ако не ми ја изваиш.
 
-Ха, колку за тоа,- је рекол штркот- јас сум мајстор, туку што ќе даиш да ти ја изваам коската магарешка со клештава?
 
-Аман, братче штркче,- му рекла меца- што сакаш ќе ти даам, само побрго посигни и изва'ја.
Му се приближал штркот до меца, одејќи на големо, и му посегнал в грло, та му ја извајл коската.
 
-На, тетко мецо,- му рекол штркот- коската, и дај ми сега голем бакшиш што ми такса.
-Море штрку, море никаквику, што поголем бакшиш сакаш, да те остаам жив да излезиш од устава моја? Мал ли ти е бакшишо, во мечкина уста да влезиш и пак жив да излезиш?- рекла мечката на штркот и си ошла по работата. А штркот останал замајан, да се мисли.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:52
Предание за снегот и градот

 

Паѓа%20снегГрешуајќи дедо Адам и баба Ева во рајо, 'и проколнал Госпо, 'и истерал од рајо да ја работат земјата и со голема мака да си го вадат лебо. Дури биле двата живи, снег на земјата не паднало, а па откоа умреле, 'и наредил Госпо Адам да го врни снего, а па Ева да го крева од земја.
 
При се што биле наредени на таа работа: Адам да го врни снего на земјата, не бил нареден многу да се мачи коа го врнал снего, чунки едно стресуање гаќите, коа си 'и собуал, ќе се разврнел снего. А па коа требало да стани снего (да се стопи), баба Ева ќе запавтала со унечката неколку пати и ќе излезел еден ветер топол (југо) и во неколку дни, коа глеаш- станал снего од земјата.
 
За градо што паѓа велат стари баби ѓоа луѓе го праиле на тој век и го фрлале со раце одозгора, со ниет да не истепаат сите. Тие луѓе биле од најгрешните на тој век, да затоа биле клаени на такваа мака; тие биле што се обесиле и што се сами отепале.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:53
Жената што се молеше Богу за Господ да је даит машко дете

Жена%20со%20детеСи била една жена што многу имала желание за да има едно машко дете. Секој ден Бога молеше и на Бога го таксуаше детето: откога ќе се стори седум години, да му го даит за него да бидит и да работит.
 
Милос да му е на Бога, ја послушал и је дал едно машко дете. Во истиот ден кога се роди детето, мажот и умре и вдоица остана. Дури го изгледа детето до седум години, многу сиромаштија истрга и штотуку се стори детето во седум години и го однесе в црвка за да бидит Господно, спроти како го такса.
Во црквата имаше еден чоек што служеше во црквата и сите велеа за него оти тој ет светија. Тој го зеде детето за да му служит и да го учит за Бога. Го учил неколку години и едно утро го зеде со себе за да прошета околу градо. На пато од град надвор имало еден чоек што сосила сакал да биди светец. Го видел светијата и го помолил у него дома да влезит за да се разгоарат малку.
 
Се вратил светијата и од збор на збор дошле со зборојте за кој ет посветија. Светијава што го имаше детево му велел на другио светија оти тие двата не сет достојни за детето од вдоицата за светос.- „Сме, не сме“. Најпосле му заповедуат светијата на детето да го земит еден камен што имало во дворот од самораченеио светија, голем колку еден стог сено и да го врли наугоре. Го вати детето камено со една рака и го врли наугоре. Отиде во облаци како некоја стрела.
 
Се пуле светијата, се пуле и се чуде на светилако од детето, и некојпат ете го камено кај иди, со голема сила кај слегуа. Се уплаши чоеко и му рече на светијата:
 
-Аман, светијо, ти се молам, речи му на детето да го начека камено, оти со голема сила кај слегуа, та ако падни на нас, сите в земи ќе не натера.
 
Му рече светијо да го пречека и да го вати, та да го намести како што си беше. Му се поклони самонареченио светија и оттогај веќе не прогоори оти ет светија.
 
Си отиде дома светијата со детето и го праша што сака од Бога да му дајт. Тоа посака Господ да му турит пари на него за д му даит на мајка си, оти ет сиромашка. И веднаш, сполај му на Бога, затура пари од небеси на глаата од детето. Се загна светијо и го вати за појас, та го поткрена на парите згора. Така напраи до три пати. Видело некое дете и се уплашило, та пошло на мајка му, му кажало оти со пари ќе се удаит детето. Дошла мајка му и дала вик по светијата да не је го удаи детето во парите и веднаш, за чудење големо, застанало да врни пари и светијата му 'и даде сите на мајка му од детето да живеет раат.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:54
На скржаио клучо му е у ѓаоло

 

GavolЕден многу богат чоек бил скржав од мерата надвор, и не било чаре да се напие у себе каве али да руча. Секи ден одел по дуќаните и му пијел каве на дуќанџиите, и во ручек време му се к*рдисал при некој дуќанџија и ќе му се наручал. Ако не најдеше чаршија ручек, ќе отрчаше в поле кај што имаше аргати и тамо ќе ручаше.
 
Еден ден одејќи си при аргатите виде еден чоек кај што седел на еден трн, и оздола се качуала една змија да го клукни за нога. Дал вик скржаио по чоеко да си тргни ногата да (не) го клукни змијата. Видуајќи чоеко змијата, рипнал од трно и к*ртулисал од змијата. На тоа згора го викна богатио при себе и го помолил да оди при татка му на чоеко и му кажал оти тој је син на царо од ѓаолите, та за доброто што му го стори дар ќе му даи.
 
-Ништо да не земаш, пријателе,- рекол ѓаоло- од што ќе ти дава татко ми, од колку клучо да му го сакаш и страшен богат ќе бидиш.
 
Слушајќи тој збор скржаио, тргна по ѓаоло, и појде кај царо, та му кажал оти го к*ртулил од змијата. Го внесол царо во стребро и злато и бесценети камења, за да земи колку што сака, арно ама скржаио не сакал друго ништо отколку клучо. Виде- не виде царо му го дал клучо, и си ошол скржаио.
Одејќи, го гледа клучо и се пишманеше оти не зеде од златото, ами зеде еден клуч железен.
 
Мислејќи така, го заврте клучо во катанецо, и се отвори. Коа виде, што да види?- Целото богатство негоо што го имал и мислел оти бил сиромав- в клучо го видел!
 
Од тој ден на скржаио му се отворија очите и за себе и за сиромаио.
 
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:55
Ангелот што изваде камен од море

Го пратил Господ ангелот за да му земат душата на еден чоек. Едно влегол в куќи, 'и видел пет дечиња дробни околу татка си наредени сите и в очи му се пулиле и плакале. Сите пет биле лични како некои ангелчиња. Од голема сиромаштија сите биле голи и боси, така и мајка му била во искинати алишта.

Кога видел ангелот оти сите плачат и многу сиромаси сет, му се нажалило и отишол при некој стар чоек, веќе што бил догруан (престарен) и од него му ја зел душата, та му ја однесол пред Бога.

 

Кога видел Господ оти ангелот не му ја зел душата на сиромајот, ами од стариот, му рекол:

-Заошто, ангеле, не му ја зеде душата од сиромајот, за кого те пратив, туку му ја зеде од стариот, кај што не те пратив?

-Е, пред тебе, Господи, лага не бидуат- му рекол ангелот.- Ми се нажали за петте деца и жената му, што плачеа и дека 'и видов сите голи и боси.

-Ја влези ангеле во најдлабокото море да ми изваиш еден камен- му рече Господ.

Влегол ангелот и изваил еден камен. Господ го натерал да го окршит и откоа го окршил, ето ти еден црв во каменот, туку се преаќал.

-Еј ангеле, виде оти во најздравиот камен имало еден црв? Кој го ранит него внатре, знаиш?

-Ти, Господи,- му рекол ангелот- го раниш. Да ми простиш оти ти грешив.

-Е, кога јас го ранам црво во каменот, ами не ќе можам шес души чоечки да ранам? Ај однеси му ја душата на стариот и земи му ја на сиромајот, оти мојте скришни работи никој не 'и знаит.

 

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:57
Правина и кривина

Ликовна%20уметностСи имало во еден царски град двајца побратими. Двајцата побратими беа намислиле да одаат на туѓина за да печалат пари.

Еден ден му велит едниот на другиот:

-А бре, побратиме, ајде и ние да излезиме од градов надвор, белки ќе спечалиме нешто и ќе станиме богати, како што станале мнозина.

Другиот му велит:

-Одам, ама немам толку пари да ватам некоја работа. Имам, ама малку.

Првиот, имајќи појќе пари, му рекол:

-Јас имам појќе пари, ќе ти дам. Имам пет илјади грошеј, ќе `и смешаме со твојте и ќе си `и делиме по токмо.

`И смешале и си делиле по три илјади грошеј. Тогај се кандиса и другио и по некој ден излегоа да патуваат.

Дојдоа во еден град и останаа да печалат пари. Во крајот на годината си видоа есап. Есап ќитап, тој што немаше многу пари не само ништо што не беше спечалил, ами и тие што беше му `и дал побратим му- беше `и поарчил. Првиот пак беше спечалил со трите илјади уште три илјади и беше се преранил.

Му ветил сега на побратима си:

-Ај да си ојме дома.

Тој велит:

-Како ќе си одам дома кога не сум спечалил ништо? Што ќе однесам, да да си одам?

Овај му велит:

-Ако не си спечалил ти, еве јас сум спечалил, ќе ти дам полојна од мојте пари, шу да не остануваш овде.

-Арно, -рекол- така си идам.

Му дал полојна парите и тргнале да си одат.

Патувале шо патувале, дошле вечерта до еден бунар. Му велит овај шо не беше спечалил ништо на побратима си:

-Многу ми се пиет вода.

Побратим му велит:

-Е, голема работа, ќе влезам во бунаров, ќе ти изваам вода.

`И сопашале појасите, се врзал побратим му и влегол во бунарот. Овај, пак, тоа сакаше, да влезит во бунарот и да го пуштит појасот, да внатре да останит побратим му. Влегол овој, извајл вода. Откако му извајл вода, побратим му го пуштил појасот и си заминал. Овај останал ноќта во бунарот.

На тој што го остај побратима си во бунарот му се чинело оти внатре ќе останит. Ноќта вистина останал внатре.

Околу полноќ дошле ѓаолите околу бунарот и си зборуваат.

Едниот рече:

-Ќерка му на царот јет болна, никој не можит да ја излекуват; да знаит некој да ја измиет образ од водата на овај бунар, наеднаш ќе оздравит.

Друг, пак , рече:

-Во оваа планина што јет овдека, имат многу пари, да знајт некој да ја попрскат со малку крв, ќе пукнит и ќе излезат парите.

После си отидоа ѓаолите.

Ноќта преноќеа чоекот во бунарот. Утрината поминаа едни кирациј покрај бунарот, `И сети овај и му извика од натре:

-Аман, бре браќа, извајте ме!

Кирацијте го извајле. Оттука тој одит право во царскиот град. Слушат таму, личат тељали за тељали:

-Кој можит да ја излекуват на царот ќерка му, голем бакшиш ќе му се дајт!

Овај ошол право кај царот.

Го прашат царот:

-Шо дојде бре?

-Да ја излекувам ќерка ти.

-Арно,- му рекол царот- ама ако не `а излекуваш, ќе заповедам да ти ја земат глаата!

-Арно,- рекол овај- нека ми ја земат!

Тој си носел во едно шише од водата. Му ја покажале ќерка му на царот, ја измил со водата и наеднаш оздравела. Коа видел царот оти му ја оздравел ќерка му, му ја дал за жена.

Еден ден му велит зет му на царот:

-Честити царе, во виљан планина има многу пари алтани, ако се попрска планината со чоечка крв, ќе пукнит и ќе излезат парите.

Коа чу тоа царот, му рече:

-Лели така, земи колку ти требаат маски и аскер, земи еден од канлијте, заколете го таму и попрскајте `а планината со крв.

Овај зел како што му рече царот, отишол на планината, го заклале таму чоекот и ја попрскале планината; планината пукнала- и се истуриле многу пари! `И натоариле маските со пари и си дошле дома.

Кога видел царот тоа чудо што го напрајл зет му, го напрајл цар.

По некој ден еве ти го побратим му врви пред палатот. Коа го видел побратима си, зет му на царот заповедал на измеќарите да му го повикаат. Му го повикале, и тој се јавил пред побратима си- царот олаџак; арно ама не го познал.

Му велит царот:

-Кој си ти, кај ојш, шо ојш? Дали си сам или не си?

Овај му велит:

-Јас сум тој, овде живеам и немам никого.

Тогај царот му велит:

-Како немаш никого, ти си имал еден побратим, шо си го сторил? Од тебе се барат!

Овај заватил да се к*ртулисуват.

Најпосле му се кажал царот оти тој јет побратим му и како станал цар, и му велит:

-Макар да ме остај во бунарот, јас ќе те простам и еве отсега пак ќе бидеме побратими, мојава стока што ја имам ќе ни бидит брацка.

После натерал измеќарите, му донесле нови алишта, се облекол, и останал да живејт кај побратима си.

Арно ама на другиот ден ти стануват и ти одит кај бунарот. Влегол внатре да преноќеват за да чует и тој нешто од ѓаолите. Околу полноќ дошле ѓаолите и заватиле да си зборуваат:

-Бреј, неќни ние зборувавме овде оти на царот ќерка му јет болна и оти, ако се измиет со вода од овај бунар, ќе оздравит. После зборувавме оти во таа планина имат многу пари алтан, ако се попрскат со чоечка крв, ќе пукнит планината и ќе излезат парите. Еве сега и на царот ќерка му јет здрава, а и парите `и извадоа од планината. Можи да имаше некој да не слушат во бунаров, да што така стана.

-Можи,- рекоа друзите ѓаоли- можи и сега некој да имат внатре! Ја да заповедаме на ветриштата да го засипат овај бунар!

И заповедаа на ветриштата. Ветриштата наеднаш го засипаа бунарот сосе чоек внатре.

Вечерта чекал царев зет да си дојдит побратим му за вечера, го немат; другиот ден пак го чекат, го немат. Му текнало оти ошол во бунарот. Зел аскер и ошол да видит дали вистина јет таму. Коа одит, коа гледат, бунарот засипан. Натерал аскерот, го откопале бунарот. Коа гледат, побратим му внатре умрен. Го изваил и го погрребал со голема чес.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:58
Од реченото не се откинуа

Апстрактна%20уметностНекоја кралица родила осум женски деца; деветтото девојче го оставиле без име, него го викале "Безимко". Крало, мажот е, бил поган и е рекол оти:

-Ако не родиш машко дете (чунки кралицата останала трудна), ќе те заколам!

Си станува кралицава (коа дојде време за раѓање), си ја зема ќерка си постарата и си ои во планина, и си зема пелени. Тамо и се раѓа машко дете. Таа си вели: "Лели да сме си во куќата да се радуаме".

Мајка е рекла на девојчето:

-Оди онде при овчарине да земиш оган, да си завалиме и да повиеме детево.

Девојчето ои при овчарите и оддалеку уште 'и слуша оти си чинат лакрдија (заошто тие не биле овчари, ами наречниците). Еднио вели:

-Пет дни да биде живо.

Другио рекол:

-Не, да биде живо десет години, после да умрит.

Треќио рекол:

-Двајсет или поеќе години да биди живо, дури да доит за женење и да му се дава мома од сите градеи и кралеј, а од нигде да не биди, да биди од преку Дунав; да биди со триста души сватои коа ќе се женит; да оит по невеста и коа ќе се идит назад, преку море коа ќе заминит, да го вати една дремка, да слези од коњ и да го изеит змија.

Чу сестрава, се ужали, се увили, оти така нарекоа за брато, ама никому не кажа.

Сите сестри 'и омажија, таа не се мажи:

-Дури не си видам брата ми да с'ожени, нема да се мажам- си велела.

Дојде време за женење; не се сврши од никаде; дури од преку Дунав од некој крал, отаде се сврши детево, од кај што нарекоа наречнициве. Дојде време, кинисаа по невеста и сестра му постарата ошла со него. Отаде си ја зедоа невестата, преминаа преку море. Го нападна една дремка зетов и привикаа сите сватои:

-Симнете го да преспие троа зетон!

Сестра му е со него; таа велит:

-Ќе преспиет, ама на мој скут да преспиет и со еден скорен.

Го зеде сестра му на скут, откако го симнаа од коњ; му собу едниот скорен и му веле сестра му:

-Така е адето, брате, со еден скорен да преспиеш, као зет!

Ко што легнал да преспие, излегла една змија од морето, прао на него се загнала; во скорено ја начека сестра му, ја врзала арно во него и му вели:

-Со еден скорен ќе си одиш дома, оти си преспал, не чини со два скорна.

Си дојдоа дома, ја венчаа невестата и 'и затворија невестава и зетов во една одаја.

Му вели постарата сестра:

-Ајде, осум сестри и осум зетои, завалете стред двор еден силен оган, ќе гориме лута змија од која го дочував братот, зашто наречниците нарекоа; коа се роди во планина, оти змија ќе го клукни.

Завалија силен оган осум сестри и осум зетои, ја врлија змијата натре в оган да гори. После, се смеат и пукот праат осум зетои и осум сестри.

Ми дочу зето и е вели на невестата;

-Седи ти, невесто, д' излезам да видам зетоите и сестрите што џумбус тераат.

Излезе, појде кај огнот и змијата, како што гореше во него, рипна и го клукна во челото и тука умре.

Од реченото, ете, чоек не можи да откини; го чува сестра му, ама арно го дочува!

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 15:58
Двајца верни пријатели

ПријателиСи биле двајца верни пријатели што си живееле од браќа повелико. Дека си живеале брацки, мнозина му завидуале и му барале крајо за некако да 'и скараат и да 'и расипат. Најпосле беа се созборуале неколцина и беа напраиле еден музевирл'к, та беше му наваиле едно бесење на еднио- ѓоа го скарал царо. Еден излегол дауџија, двајца испат и го усудил царо за да лежи во апсаана неколку дни и после да го обесит.

При се што беше усуден на бесење еднио, вторио пријател никако милоста не беше ја истаил од вернио си пријател.

Пред три дни да го бесат, се моли од апсаана на царо да му даи три дни мувлет да го пушти од апсаана за да си уреди куќата и дуќанот да го продаит на некој чоек, за да му остаит нешто поминок на децата и на жената си. Кога чу царо тој збор, на чудо беше станал, чунки пријателот му што го имал првио беше се ваќал ќефил да лежи тој три дни апсаана и на трите дни, ако не дојдит нешто тој (првио), наместо него да го обесит царо. За големо чудо, царо беше го пуштил првио и вторио вместо него го клал апсаана.

Откога беше си наредил работите, пред три саати си дошол пак в апсаана и го пуштил побратима си од апсаана. Кога видел царо тоа верно пријателство на тие двајца луѓе, му се молил да го имаат и него таков верен пријател и заисто така беше се сторило. Царо 'и зеде покрај себе и дури биле живи, без нив царо ништо не праел.

Сите што видоа и беа чуле, беше рекле:

-Правина планина туркат.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.