Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јуни.2011 во 05:25 |
Умре познатиот овен Шрек
Новозеланѓаните денеска се простуваат од најпознатиот овен во земјата- Шрек, кој беше познат по тоа што со години избегнуваше стрижење.

Овенот стана познат во 2004 година кога беше откриено дека бегајќи во пештера над фарма во Јужен Остров се спасувал од редовното годишно стрижење.

Шрек бил прекриен со 27 килограми волна кога конечно бил фатен и покажан на телевизија. Во земјата во која има десетпати повеќе овци од луѓе, оваа приказна беше инспирација за три книги.

Неговиот сопственик изјави дека Шрек се разболел пред три недели и вчера бил успиен во својата 17-та година. Неговата пепел ќе биде разнесена од врвот на највисоката планина во Нов Зеланд
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јуни.2011 во 05:29 |
Кучиња можат инстиктивно да осетат пријателско лице
Тоа е она во што многу сопственици на кучиња долго се сомневале. Нивните миленици можат да ја читаат нивната личност и инстиктивно знаат кој е поверојатно да биде пријателски расположен или ќе претставува предизвик.

Сопствениците на кучиња често кажуваат дека нивните миленичиња имаат чудна способност да ги разберат, насетувајќи замор, депресија и болест иако тие сакаат да прикријат.
Сега научниците докажаа дека феноменот е природна способност, а не нешто научено.
Др. Моник Удел и нејзиниот тим од Флорида Универзитетот извршиле два експеримента во кои биле вклучени домашни кучиња и нивниот роднина волкот.
На двете групи животни им била дадена можност да замолат за храна, или од внимателен човек или од лице кое го игнорира потенцијалниот просјак.

Истражувачите за прв пат покажаа дека волците, како и домашните кучиња, имаат способност да молат за храна успешно со приближување на внимателниот човек.
Ова демонстрираше дека и двата видови и припитомените и дивите, имаат капацитет да се однесуваат во согласност со човечката состојба на внимателност.
Тие најверојатно се родени со способноста, бидејќи волците немаат од каде би научиле за разлика од домашните кучиња кои молат за храна за време на ручек, вечера и сл.
Кучињата кои поминуваат повеќе време со луѓето стануваат се подобри во оваа способност, отколку оние кои живеат во засолниште и кои не се ни приближно добри како милениците кои се изложени на постојана љубов, што покажува дека можат да ги усовршуваат своите природни способности за читање луѓе.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:14 |
На живиот свет во океаните му се заканува масовно исчезнување
Океаните се соочуваат со опасност од масовна загуба на повеќе видови живи суштества, која би била еднаква на масовното исчезнување на животните во праисторискиот период, се оценува во заеднчкото истражување на експерти на Меѓународната програма за состојбата на океаните и на Меѓународната унија за заштита на природата.

Во Извештајот се проценува дека океаните дегенерираат многу побрзо од сите досегашни очекувања поради испреплетувањето на ефектите од неколку одделни фактори, почнувајќи од климатските промени и зголемената киселост на водата, па се до хемиските загадувања и прекумерниот риболов.
Испреплетувањето на овие фактори и се заканува на животната средина во океаните со катастрофа која би била без преседант во човековата историја, се наведува во Извештајот.
Експертите проценуваат дека постои потенцијална опасност од исчезнување на многу видови, почнувајќи од големите риби, па се до малите корали, кое би било еднакво на петте големи масовни помори во историјата на земјата во кои изумреле најголемиот дел од животинските видови.

Припадниците на следната човекова генерација можеби ќе ја немааат можноста да пливаат околу коралните гребени или да јадат одредени видови риба, од причина што океаните се наоѓаат во фаза на исчезнување на некои од животинските видови најмногу поради човековото влијание. Следната генерација на човештвото ќе настрада доколку дозволи морските животни да станат исчезнати видови, се наведува во Извештајот.
Како причина за ваквата загрозеност на животинскиот свет на океаните се посочуваат и прекумерниот риболов и загадувањето на водите. Истекувањето на хемиското ѓубриво од почвата во океаните создава огромни мртви зони на аноксија (недостиг на кислород) и хипоксија (многу ниски нивоа на кислород), во кои рибите и другите морски видови не можат да живеат, се оценува во Извештајот.

Хипоксијата, аноксијата климатското затоплување и зголемувањето на киселоста на водата се факторите кои придонесуваат за ваквото масовно исчезнување на видовите во океаните. Пред 55 милиони години атмосферските промени придонесоа за исчезнување на повеќе од половината од тогашните животниски видови. Денес повторно се соочуваме со слична опасност, заклучуваат експертите во Извештајот.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2011 во 06:06 |
Можеби изгледаат слатко и неодоливо, но нивната големина помага многу
повеќе од само да изгледаат „слатко“. Тие се качуваат по тенки гранчиња за да уловат храна, се кријат во многу мали отвори, нивната „мала големина“ му дава голема предност.
5. Пигмејски опосум
Иако изгледа како да е роднина со чинчилата, сепак пигмејскиот опосум е дел од фамилијата торбари, каде припаѓаат и кенгурите, тасманскиот ѓавол и коалата. Со големина од 5 – 10 сантиметри, пигмејскиот опосум тежи од 10 до 45 грама.
Тие се ноќни животни, а живеат во Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Индонезија. За време на зимата, се свиткуваат во топка, ги покриваат очите со ушите и стапуваат во хибернација. За време на овој период тие не јадат и преживуваат од мастите кои му се складирани во опашката.

4. Американски мал крт
Со тежина од само 10 грами и должина од само 10 сантиметри ова мало суштество заслужува да се најде на оваа листа. Има остри нокти со кои рие низ земјата, но за разлика од другите висови кртови ова мало кртче излегува и над земја и лови инсекти по грмушките.
3. Пигмејски скокач
Изгледа како вкрстување на глушец и кенгур, но ова мало суштество е најмалиот глодар во светот со тежина од само 3 грами. Живее во врелите пустини, а најчесто се наоѓа во Пакистан, Авганистан и Кина. Достигнува максимална должина на телото од само 4 сантиметри, а опашката може да му биде долга од 7 до 20 сантиметри.

2. Етрурски крт
Тежи само 2 грама или нешто помалку од тежината на монета од 1 денар. Достигнува должина на телото од 3 – 5 сантиметри, а опашката може да биде долга и до 7 сантиметри.
Интересно е што јаде два пати повеќе храна од својата сопствена тежина секој ден. Срцето му чука 25 пати во секунда, или 1500 пати во минута. Живее во јужните делови на Европа, северна Африка, на блискиот Исток и централна Азија.

1. Лилјакот – бумбар
Дефинитивно најмалиот цицач во светот, лилјакот – бумбар тежи само 2 грама и има должина од 2 – 3 сантиметри (димензии колку поголем бумбар). Живее во варовнички пештери во шумите на Тајланд и Мјанмар. Нивните живеалишта се уништуваат со сечењето на шумите и урбанизацијата, заради што ова животно е прогласено како загрозен вид. |
Изменето од емил - 26.Јуни.2011 во 06:13
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2011 во 05:37 |
Влијанието на летните горештини кај милениците
Во овој период од годината се прават подолги прошетки во градот, околните паркови и во излетнички места. Директното изложување на сонце на миленикот при високи температури може да предизвика сончаница, која може да има и смртни последици. Кучињата и мачките не ја регулираат телесната температура со потење како луѓето, туку со испарување преку забрзано дишење. Движењето на воздухот низ влажниот јазик го зголемува испарувањето на топлиот воздух, па така се регулира телесната температура. Меѓутоа, терморегулацијата преку водната пареа е можна само доколку влажноста на воздухот е под 100%. Доколку миленикот се најде во средина што е влажна и топла, предизвикана од атмосферски колебања, може да дојде до тоа тој да се најде во состојба на топлотен удар. За двете состојби заедничко е прегревањето на организмот. Како резултат на директното влијание на сонцето при високи температури и зголемената влажност, настанува хиперемија на мозокот и мозочните обвивки, при што доаѓа до нарушување на функциите за регулација на температурата, дишењето и крвотокот. Домашни миленици кои се оставени на отворен простор, на влажно и топло време, без сенка и вода. Повеќе услови и состојби можат да предизвикаат прегревање на организмот, како трчање со кучето при влажно и топло време, оставање на миленикот во автомобил дури и со подотворен прозорец. Особено чувствителни се: големите раси кои поради респираторниот волумен побрзо го заситуваат воздухот во автомобилот; кучињата со долго крзно како хаски, овчари, чау-чау; оние со нервни, срцеви и белодробни заболувања; расите со кратка муцка, како ши-цу, пекинезер, булдог и персиска мачка, кои поради анатомскиот облик на муцката имаат тешкотии со дишењето. И на крајот, старите и здебелени кучиња и мачки. Симптоми и знаци на прегревање се забрзаното и отежнатото дишење. Температура од 40 С до 42.5 С. Светлоцрвена боја на јазикот и на непцата. Густа и леплива плунка. Подоцна, со влошување на состојбата, лигавиците се бојосуваат во темносина или во сива боја. Изразена слабост, депресија и зашеметеност, придружена со повраќање и дијареја, кои можат да бидат крвави. На крајот се јавува шок, кома и смрт. За ваквите состојби, неопходна е итна помош од ветеринарен лекар.
|
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2011 во 06:21 |
Воспаление на лојните жлезди
Воспалението на лојните жлезди е невообичаена кожна болест, која постепено може да доведе до деструкција на лојните жлезди. Ова е почесто изразено кај младите кучиња и кај оние со средна старост. Генетски е наследна и се манифестира кај одредени фамилии кучиња. Наследни се кај пудлите, акитата и кај самоједите. Расите со зголемен ризик се: германски овчар, вижла и др. Многу е поретка кај мачките. Точната причина е непозната, но може да се јави како атака на имунолошкиот систем врз лојните жлезди, кои се одговорни за продукцијата на лој за потребите на кожата. Како резултат на намаленото лачење на лој, кожата станува сува, лушпеста и ги губи влакната (алопеција). Некои кучиња можат да развијат кожни инфекции како резултат на абнормалното лачење, а може да се развие и јадеж по телото. Кожните инфекции се манифестираат со непријатен мирис, папули или црвени испакнатини и со прекумерно митарење. Општо земено, оваа болест претставува козметички проблем и не влијае на здравјето или на животниот век. Болеста започнува од врвот на главата и се шири по целото тело. Најчесто започнува на околу три години живот и има тенденција прогресивно да се влошува со текот на времето. Можат да се извршат проверки и кај клинички здрави кучиња, кои при биопсија можат да покажат промени кои сугерираат на ваква состојба. Не постои лек за оваа болест. Неопходни се долготрајни третмани за контрола на оваа болест. Некои локални и системски терапии можат да ги намалат клиничките знаци и времено да ја смират состојбата. Контролата на секундарните, најчесто бактериски инфекции е неопходна. Капењето на кучињата со медицински шампони два-три пати неделно е препорачливо. Со тоа, се намалува прекумерниот првут. Системската терапија се дава за да се елиминира кожната инфекција и за да се нормализира лачењето на лојните жлезди
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2011 во 12:26 |
Обележувањето простор кај мачките
Обележувањето е најчестиот проблем при однесувањето на мачките во домот. Има разлика меѓу обележувањето и уринирањето на мачката надвор од садот со песок. Најчесто обележувањето го изведуваат на вертикални објекти, како мебел, ѕидови, прозорци и слично. Мачките ќе го помирисаат целниот објект, потоа завртувајќи се со подигнат опаш, ќе го насочат текот на урината кон објектот. Обележувањето е намерен акт и не е поврзан со уринирањето, а и не треба да се меша со неадекватното мокрење. Најчесто се јавува кај мажјаците, но не ретко и кај кастрираните мажјаци и стерилизираните женки. Интензитетот на прскањето се зголемува во сезоната на парење. Мачките комуницираат невербално на многу начини. Гребењето по предметите, чешањето на образите од мебелот (лицето содржи жлезди и при триењето на образите испушта феромони) и прскањето. Постојат повеќе причини зошто обележува мачката. Стресот и територијалното прашање се најчестите причини. Мачките се територијални животни и со прскањето, испраќаат јасна порака на сопственост кон другите мачки во областа. Со прскањето, мачката ја обележува територијата и ја дефинира границата. Стресот е друг фактор поради кој маркираат. Доколку неодамна се преселила во друг дом или се доселил нов член, независно дали е човек или животно, мачката може да го доживее тоа како стресна состојба и да резултира со прскање по домот. Овој резултат се јавува и при територијалната борба меѓу две мачки од исто домаќинство или меѓу две комшиски мачки. Понекогаш и новиот мебел може да придонесе за ваква појава. Превентивата се состои прво во преглед од ветеринар. Неопходно е да се исклучат сите здравствени проблеми. Потоа се бараат причините за прскањето. Кастрацијата во овие случаи е неопходна кога обележувањето се јавува како резултат на желба за парење. Понекогаш во третманот се вклучуваат и антианксиозни медикаменти, кои ја редуцираат или сосема ја елиминираат потребата за маркирање. Казнувањето на мачката нема да го елиминира маркирањето, туку само ќе го зголеми стресот и ќе доведе до поголем интензитет на обележување
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2011 во 23:15 |
Прекумерна тежина кај мачките
Како и луѓето, мачките со прекумерна тежина се изложени на ризик од здравствени проблеми и обично живеат пократко од оние со нормална тежина. Покрај тоа што се со зголемен ризик од заболување на црниот дроб и појава на дијабетес, дебелите мачки почесто заболуваат од артритис, проблеми со кожата и други медицински состојби. За да се утврди дали мачката е дебела, доволно е да се помине со раката по градниот кош. Кај дебелите мачки не може да се почувствуваат ребрата, а тоа е знак дека треба да се почне со програма за слабеење. Ветеринарниот преглед е првиот чекор кон слабеењето. Докторот ќе провери дали постои каква било патолошка причина за дебелеењето, која може да го искомплицира процесот на слабеење. Кај здравите, но дебели мачки важно е да се одреди темпото на губење на тежината. Генерално, губењето на телесната маса од еден процент неделно е прифатливо. Брзото губење на тежината може да предизвика и брзо нејзино враќање, откако ќе престане диетата. Исто така, брзото слабеење може да предизвика тешки хепатални болести. Една од главните причини за неуспех на програмите за слабеење е кога еден или повеќе членови од семејството не партиципираат, односно не ги следат упатствата. Основно за успех на една ваква програма е да се намали внесувањето калории. Повеќето програми препорачуваат внесување на седумдесет и пет проценти од потребите при нормална тежина. Постојат два начина да се намали внесувањето калории. Првиот е да се намали количеството храна што моментално $ се дава на мачката. Во текот на еден месец се дава од дваесет до триесет проценти помалку храна. При месечната проверка се утврдува состојбата и се коригира количеството за следниот месец, доколку е потребно. Вториот начин е исхрана со медицинска храна за слабеење. Предноста на овој начин на диета е што овозможува исхрана со вообичаеното количество храна, но со изразито помала енергетска вредност
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2011 во 23:20 |
Четкање и капење на милениците по одмор
По завршување на годишните одмори, домашните миленици треба да се исчистат од солената вода, која доколку не се измие, може да предизвика чешање и иритирање на кожата. Доколку не ги исчешлате, влакната може да се соберат во топчиња, што, секако, е непријатно за милениците. Честопати се мисли дека четкањето и капењето се едноставна процедура на која и не треба да $ се придава особено внимание. Сепак, потребно е темелно чистење на кожата и подобра заштита од негативните надворешни влијанија. Пред секое капење, неопходно е миленикот првин да се исчетка. Со целосно четкање се отстрануваат паднатите влакна и значително се подобрува ефектот на шампонот при чистењето на кожата. Оваа постапка, секако, ја олеснува работата. Помал проблем има кај милениците со кратко влакно. Но за оние долговлакнестите, четкањето пред капење е задолжително. Четкањето започнува со главата, во правец на опашката. Тоа се прави со цврсти и нежни движења. Насилното влечење на четката низ заплетканите клопчиња влакна може само да го повреди миленикот и да придонесе до отпор при наредните четкања. Миленикот треба да го доживува четкањето како задоволство, па затоа е неопходно и сопственикот да биде внимателен и да има трпение. Кучињата со густо крзно првин се четкаат спроти правецот на влакното, и тоа од коренот кон врвот на влакното, па обратно. Останатите се четкаат во правец на движење на влакното. Тоа се прави со долг замав за кучињата со долго влакно и краток за оние со кратко и цврсто влакно. По четкањето, се употребува чешел за отстранување на преостанатите паднати влакна. Не е точно дека честото капење ја оштетува кожата. Меѓутоа, доколку се избере адекватен шампон, миленикот може да се капе и почесто од еднаш неделно, а притоа да не се оштети кожата. Пред секое капење се ставаат маст или капки за заштита на очите и памук во ушите за да се превенира влегувањето вода во ушните канали. Изборот на шампонот зависи од квалитетот на влакното и на кожата. Не се употребуваат шампони наменети за луѓе поради неприспособениот рН, кој може да ја оштети кожата. За миење на лицето, може да се употреби пешкир навлажнет со вода и шампон. Употребата на шампонот може да биде двократна, а плакнењето мора да биде темелно.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Септември.2011 во 09:44 |
Болви кај кучињата
Болвите се најчестите паразити кај кучињата. И покрај тоа што тие представуваат поголем проблем во летните месеци, тие можат да предизвикуваат проблеми и во зимскиот период поради нивната способност да го продолжат животниот циклус во затворен простор. Појавата на болви најчесто се забележува оној момент кога кучето ќе почне повеќекратно да се чеша или гризе на одредени подрачја од своето тело. При прегледот на кожата можат да се забележат болвите кои брзо се движат по крзното. Континуираното чешање предизвикано од болви, може да предизвика видливо губење на влакната и црвенило по кожата, кое понекогаш може да заврши со длабоки гнојни рани. Покрај ова болвите можат да предизвикаат кожна алергија како и да пренесуваат и јајца од глисти. И покрај тоа што многу кучиња се заразуваат со болви, тоа не значи дека тие лесно се наоѓаат. Сопствениците наједноставно можат да го утврдат присуството на болви со внимателен преглед на кожата. Доколку при прегледот се утврдат црни ронки на влакната, тие внимателно треба да се истресат на бела навлажнета хартија. За кратко време ронките ќе ја променат бојата во црвена или боја на рѓа. Промената на бојата на ронките е доказ дека тие се од крвта на кучето и се резултат на работата на дигестивниот апарат на болвата. Доколку пак ронките не ја променат својата боја тие најверојатно се обична нечистотија. За да се елиминираат болвите, мора да се спречи нивната репродукција. Теписите, простирката на кучето, намештајот и другите места во куќата каде што кучето проведува најмногу време содржат голем број на болви во развивање. Со почесто вшмукување на тие подрачја и перење на простирката на кучето, може да се редуцира нивниот број во домот. Во дворовите, болвите најчесто се развиваат во сенковити места. Тоа се подрачја каде кучињата и најчесто сакаат да се одморат и релаксираат. Доколку кучето не се чуствува пријатно на одредено подрачје, тогаш веројатно ниту болвите ќе бидат присутни таму. Доколку е потребно и во домот и дворот се врши дезинсекција за да се елиминираат болвите. Во некои посложени состојби тоа треба да го заврши стручно лице. Повеќето проблеми со болвите можат да се завршат со третирање и превенирање на кучињата. Мора да се има на ум дека проблемите со болви можат да бидат различни од едно до друго куче и секој проблем може да има посебна метода на решавање. Ветеринарниот лекар ќе да де совет за секоја специфична состојба и упатство за безбедни и ефикасни препарати за заштита на кучето.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Октомври.2011 во 06:50 |
10 најинтелигентни видови животни
Кој во оваа "трка на мудроста" e зад нашите пети?
1. Шимпанзо
Шимпанзата се способни да учат, да извршуваат задачи и имаат подобра меморија од било кое друго животно на земјата. Можат да научат да користат компјутер и да решаваат нумерички проблеми. Овие животни се лесно прилагодливи на знаковен јазик и без тешкотии овозможуваат комуникација со луѓето. Користат тактички и ментални маневри како за намамување на пленот, така и внатре во семејството кон другите членови. Знаат да кршат ореви со камен, оставаат сунѓерот да ја впие водата, кршат гранки и ги носат со себе за да го намамат пленот во дупка итн.
- Шимпанзата делат 98% генетска ДНК со луѓето. Според последните истражувања, шимпанзата ги учат своите малечки на знаковен јазик и тоа без никаква човечка интервеција.
2. Делфин
Делфинот е исклучително друштвено и социјализирано животинче, кое воедно важи и за најинтелигентно водно животно. Обожава дружење, галење и пливање со човекот. Делфините се разбираат меѓу себе на нивен софистициран јазик, кој сеуште претставува загатка за човекот. Кај Bottlenose делфинот кој важи за најинтелигентен меѓу нив, церебралниот кортекс и фронталниот лобус од мозокот е за 40% поголем споредено со човековата врста. Церебралниот кортекс е дел од мозокот одговорен за социјална комуникација, обработка на информации, решавање проблеми итн. Што значи делфините можат да мислат, да планираат, да решаваат проблеми, да ги сфаќаат идеите и да учат од претходните искуства. Делфинот има свест и знае да се покае.
- Делфините и луѓето се единствените видови што можат да водат љубов.
3. Слон
Елегантен и љубопитен. Во многу култури е симбол на мудрост и е познат по својата извонредна способност за долготрајно чување спомени. Слонот користи еден вид ментална мапа преку која се раководи за наоѓање на точната локација или да ги најде дупките со вода од кои се хранел, а кои одамна ги напуштил. Мозокот на слонот е најголем од сите копнени животни. Дуваат, рикаат, се довикуваат, се прскаат со вода. Кај нив е идентификуванa и способноста за самопризнание и социјална интеракција. Слоновите имаат вкус за сликање и уметнички достигнувања. Можат да насликаат портрет кој изразува чувства. Знаат да тажат, да љубат, да играат, да произведуваат музика итн. Имаат и висока форма на напредна ителигенција бидејќи знаат да се грижат и поистоветуваат со нвните блиски.
4. Врана
Знаат да користат одредени алатки без никој да ги научи. На пример употребуваат гранче за да соберат храна. Понекогаш оставаат ореви и мешунки на улица и чекаат да ги скрши кола или пешак, па одат ги јадат. Дивите врани во Израел фрлале трошки како мамка за полесно и побрзо да ги намамат рибите да дојдат на површината на водата.
5. Прасе
Слатко, питомо и снаодливо. Единствените животни што можат безбедно да преминат улица водејќи сметка за лево и десно. И покрај стереотипите за лакомост и лоша хигиена, свињите се всушност многу чисти и паметни животни. И домашните и дивите свињи се познати по нивната способност за лесно прилагодување на различните еколошки услови. Малите прасенца се актуелни домашни миленичиња во САД поради нивната послушност.
6. Октопод
Мајстори за мимикрија и камуфлажа. Октоподите се најпаметни меѓу сите безрбетници бидејќи може да ја менуваат бојата за помалку од една секунда имитирајќи рак, алги, корали и сл. Со своите пипала можат да отворат шише. Поседуваат исклучителна интелектуална способност. При експериментални услови овие животни покажале способност за краткотрајна и долготрајна меморија. Имаат изразено чувство за допир.
7. Верверичка
Дома се враќаат преку идентификување на дрвја, грмушки, цвеќиња на кои наишле кога заминувале по храна. Закопаните украдени ореви можат без проблем да ги најдат во текот на целата зима. Ова животно поседува упорност и беспрекорна меморија и знае да се одмаздува на градинарите. Повеќето верверички се способни за изведување трикови и стратегии само за да преживеат. Забележано било напредно ниво на итрина и интелект особено при криење на храната од потенцијални крадци.
8. Куче – Бордер Коли (Border Collie)
Кучешката раса Бордер Коли (border- граница, coly/collie- црн) е најинтелигентна од сите кучешки раси. Најдобриот пријател на човекот кој може да разбира, да биде послушен и да ве чита како отворена книга. Паметат ликови (човечки, животински) и ги препознаваат, препознаваат и радио и телевизија, чувствителни се, љубоморни, натпреварливи, љубопитни, приврзани кон својот газда и другите со кои живеат или се дружат. Оваа раса бара активности и прошетки, бидејќи ако е по цел ден дома манифестира деструктивно однесување.
Легендарниот Коли е уникатен по неговата овчарска метода, кога мирно зјапа кон овците и ги застрашува со поглед. Куче кое не е толерантно кон неактивност и кое бара секојдневни вежби и ментални стимулации, во спротивност станува невротично и може да му опадне крзното. Максималниот животен век му е 12-13 години.
9. Африканскиот сив папагал
Веројатно најителигентната птица. Уживаат да го имитираат човекот или звуците од домаќинството. Можат да разговараат преку формулирање мали реченици и да даваат кратки одговори на прашања. Тоа не им е проблем бидејќи го разбираат значењето на зборовите. Добро обучени може да бројат до 6 и да идентификуваат објекти.
Овие птиците можат да идентификуваат повеќе од 50 предмети, распознаваат седум бои, пет форми и можат да бројат до шест. Ја знаат разликата на над-под, мал-голем и ги разбираат емоциите на човекот. Можат да ја научат на памет адресата или името и презимето на сопственикот и доколку избегаат/залутаат ќе ја повторуваат на луѓето за да ги вратат дома.
Една од најпознатите птици од овој вид, според евидентираните докази (од психологот за животни под чиј надзор бил 30 год.) - е папагалот Alex, чија интелигенција била на рамниште на пет годишно дете.
10. Стаорец/глушец
Врз нив се спроведени најголем број од светските истражувања, тестирања и експерименти. Причината е сличната психологија помеѓу стаорецот и човекот. Глувчињата можат да учат трикови многу лесно. Развиени им се сетилата за мирис и слух. Како и кучињата, и тие можат да се обучуваат за идентификување нагазни мини и бомби. Покажуваат знаци на каење, радост, стрес и сл. Имаат силни социјални односи со другите глувчиња и можат да умрат (поради тага), доколку нивниот партнер умре. Сонуваат на сличен начин како и човекот
Изменето од емил - 03.Октомври.2011 во 06:52
|
 |
viktorija123
Сениор
Nishto Posebno, tuku EDNO
Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:47 |
Vnimavajte na svoite milenichinja, ima opasen virus...
Shtotuku se vrativ od veterinar(za vakcina) i vidov kako dve kutrinja mu podlegnaa na virusot
Mi preporachaa strog karantin, dokolku sakam da si go zachuvam milenicheto.
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Декември.2011 во 08:58 |
Кој што памети?
Мачките имаат најдобро краткорочно, а морските лавови долгорочно помнење. Октоподот ги памети сите опасни ситуации во кој се нашол, а мозокот на слоновите е најголем во животинското царство.

За разлика од тетките од градинка или грижните дадилки, кои будно можат да следат што во исто време се случува со најмногу четири или пет деца, мајката слоница без проблеми знае што прават 30 од нив. Големата супермама во секој момент знае каде се наоѓаат до 30 члена од нивното семејство, независно во која насока се движи или колку далеку е од стадото. Мозокот на слоновите не е најразвиен, но е најголем меѓу копнените животни, а овие благородни животни имаат неверојатна способност за создавање сложени ментални мапи. Иако е на врвот на еволуциската скала, човекот не може да се мери со шимпанзото кога станува збор за фотографското помнење. На приматите им е доволен само краток поглед да запаметат десетина броеви на компјутерскиот екран, како и нивната положба. Импресивната визуелна меморија на шимпанзата не ја губи силата дури и ако некој им го одзема вниманието. Октоподот засекогаш го памети непријателот

Краткорочното и долгорочното помнење кај октоподот е поврзано дури со половина милијарда неурони. Во ситуации во кои животот им е во опасност, помнењето влегува во турбо фаза и засекогаш го памети секој детаљ. Морските лавови знаат да ги повторат триковите и после 10 години. Додека тренерите во аква-парковите ги подучувале морските лавови на евтини трикови, забележале дека овие паметни животни имаат неверојатно долготрајно помнење. Иако животниот век им е околу 25 години, морските лавови паметат се што научиле пред 10 години.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Февруари.2012 во 06:04 |
Мајмунска работа - крадат коктели и се опиваатМајмуните веројатно се многу послични на луѓето отколку што претходно мислевме, затоа што ги имитираат нашите алкохолни навики. 
Банди на вервет мајмуни редовно ги напаѓаат коктел баровите на карипскиот остров Сент Китс со цел да ја задоволат својата жед за алкохол. Ова може да се види и на смешното YouTube видео. Слатките мали пијаници, пред 300 години за првпат пристигнале на островот заедно со робовите од Западна Африка, кои тука биле носени за работа во рум индустријата. 
Мајмуните за првпат го вкусиле алкохолот кога почнале да ги јадат ферментираните овошја кои биле паднати на земјата во шумата. Сега емисијата Weird Science на Би-Би-Си ги прикажува како ги крадат вкусните алкохолни коктели на луѓето од плажите. Сепак, не сите од нив го сакаат алкохолот. Документарецот дека алкохолните навики на мајмуните се слични на оние на луѓето. 
- Некои мајмуни се трезвени и го одбиваат алкохолот за сметка на неалкохолните пијалаци. Процентот на мајмуни кои не пијат е ист со оној на луѓето кои не сакаат алкохол. Слично како и кај луѓето, повеќето мајмуни умерено пијат, 12 отсто постојано пијат, а пет проценти пијат до последната капка. Ова е доказ дека во гените ни е запишано дали ќе ни се допаѓа алкохолот, вели коментаторот.
Исто како и кај луѓето, мајмуните кои пијат, на крајот на денот паѓаат или се тепаат. Сепак, за разлика од луѓето, мајмуните кои пијат повеќе се почитувани во нивната заедница. Ова е доказ дека луѓето не го почитуваат „мајмунисувањето“ на пијаните .
|
 |