IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Замоци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Замоци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Замоци
    Испратена: 04.Јануари.2021 во 11:18






Jilong Castle Country Club Resort, Кина
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2018 во 21:01

1) Castello di Pavone, Италија

Овој антички замок трансформиран во шармантен хотел е опкружен со тропски градини, а собите освен тоа што се традиционално опремени, нудат модерни удобности.


2) Parador de Cardona, Шпанија

Parador de Cardona изгледа како да е излезен од бајка – нуди панорамски поглед врз каталонските пејзажи, а гостите можат да уживаат во автентичните и превкусни каталонски специјалитети.

3) Castle Hotel, Кина

Хотелот Замок иако се наоѓа во Далиан, Кина, е со дизајн во баварски стил, а се наоѓа на неколку чекори од плоштадот Шингаи (најголемиот плоштад во светот).

4) Ballynahinch хотел, Ирска

Овој хотел нуди уживање во мноштво активности во природата како што се јавање коњи, ловење на птици, или едноставни релаксирачки прошетки покрај езерото.

5) Замокот Роч, Обединето Кралство

Импресивниот замок датира од 12-тиот век, а сите соби му се луксузно декорирани нудејќи прекрасен поглед на британскиот брег и околните пејзажи.


6) Fairmont Le Chateau Frontenac, Канада

Лоциран во Стариот Квебек, овој замок нуди поглед на реката Св. Лоренс и на Стариот град. 


7) RAAS Devigarh, Индија

Оваа палата од 18-тиот век се наоѓа во индиското село Делвара помеѓу ридовите Аравали, а гостите можат да уживаат во тивката библиотека или да се релаксираат во просторните апартмани.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 10:04
                           Лебедовиот камен, еден од најубавите дворци во светот
На врвот на карпите над клисурата, пет километри источно од Фусен, се издигнува еден од најбајковитите дворци во светот, "Neuschwanstein" или Новиот лебедов камен.
Иако наредбата на кралот Лудвиг Втори, кој го изградил замокот, била истиот да се сруши по неговата смрт, за среќа неговата желба не била исполнета, па на светот му останала уште една неверојатна градба, а Волт Дизни токму во овој замок ја пронашол инспирацијата за дворецот на Трнорушка.


Новиот лебедов камен е доказ дека соништата се остваруваат, а овој дворец некогаш бил само сон на малиот принц Лудвиг. Според зборовите на неговиот дедо Лудвиг Први, малечкиот принц уште од својата шест годишна возраст градел "изненадувачки добри градби" додека си играл со парчиња дрво.

Додека растел, младиот престолонаследник многу учел од својот татко, кралот романтичар Максимилијан Втори, кој во текот на обновувањето на старите резиденции не ангажирал градежници, туку театарски сликари.


Токму затоа малечкиот принц Лудвиг растел "заразен" од воодушевувачките легенди кои што биле насликани на ѕидовите на нивниот дворец, а од големиот број на јуначки легенди, една особено се издвојувала, а тоа била Легендата за лебедовиот витез Лохенгрин.

Лудвиг го наследил тронот кога имал само 18 години, по смртта на неговиот татко во 1864 година. Младиот крал наскоро одлучил да ги оствари своите детски сништа и го изградил замокот кој се вбројува во оние најубавите кои што светот денес ги има.


Првата градба која тој ја дизајнирал и изградил бил комплексот згради Херенчимс, потоа ја изградил кралската палата Линдерхоф и на крајот го изградил најубавиот од сите, дворецот "Neuschwanstein".

"Кога и двајцата веќе одамна ќе бидеме мртви, нашето тело на идните генерации се уште ќе им биде пример", напишал своевремено кралот Лудвиг. Затоа што дворецот бил градба од неговите соништа, за истиот кралот одбрал и локација од бајките, па во стилот на витешките дворци, изградбата на "Neuschwanstein" била планирана на карпите.


Како и својот татко, Лудвиг повеќе им верувал на сликарите отколку на градежниците, па затоа го ангажирал театарскиот сликар Кристијан Јанк за изработка на плановите и на 5 септември 1869 година бил поставен камен темелникот.

За Лудвиг, овој дворец не бил негов дворец, туку бајковит замок на лебедовиот витез Лохенгрин. Иако сликарот Јанк првобитно ја дизајнирал палатата како трикатна готска градба, Лудвиг за кратко време ги променил плановите и одлучил да направи романтичен дворец со пет ката, пред се затоа што верувал дека така повеќе одговара на легендата.

















Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2017 во 00:18
Поврзана слика
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2017 во 21:53

Albert Cook House,Баварија


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 09:15
6.moshna-eden-od-najubavite-dvorci-vo-svetot-kafepauza.mk






Мошна,Полска


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 19:39
                                              Зигмаринген 

Сместен на ридот над истоимениот град во денешната покраина Баден-Виртемберг, воздигнувајќи се над убавиот, син Дунав, замокот Зигмаринген дефинитивно плени со својата убавина и ни покажува колку е германскиот народ всушност вмешан во изборот на совршено место за подигнување на своите градби.

Зигмаринген е замок којшто се наоѓа во истоимениот град, во јужниот дел на швајцарските Алпи, во покраината Баден-Виртемберг, и гордо се издигнува над Дунав. Во текот на поголемиот дел од своето постоење тој претставувал дом на династијата Hohenzollern-Sigmaringen, младите гранки од династијата којашто владеела во Пруското кралство, а потоа и во Германското царство, а којашто на Романија и ги даде нејзините кралеви.

Првобитната градба се појавила во раниот среден век, некаде во 11-от век, со оглед на тоа дека за прв пат во пишаните документи се споменува во 1077-та година, кога била во сопственост на грофовите Sigmaringen-Spitzenberg.


Замокот потоа преоѓа во рацете на династијата Helfenstein и бил реновиран околу 1200-та година. А потоа тие им го продале на Хабсбурзите во 13-от век, кои пак потоа повторно го продаваат на Württemberg, коипак потоа во 1399-та година ќе им ја предадат на Werdenberg, во чијашто сопственост ќе остане до 1534-та година. 

Тогаш светиот римски цар Фердинанд Први, откако последниот машки член од Werdenberg ќе почине без потомство, ќе ја предаде во сопственост на Sigmaringen, каде Карло Втори ќе ја втемели династијата Hohenzollern-Sigmaringen.


Во следниоте бурни векови, во коишто грофовите Hohenzollern-Sigmaringen се издигнуваат на ранг на кнежевство, минуваат низ шведската опсада во 1632-та година во текот на 30-годишната војна и бројни други случувања, при што замокот доживеал бројни реновирања после повеќето пожари, како и безброј поправки и надградби.

Во 1736-та година замокот бил модернизиран и била изграден витешки замок којшто во 1876-та година бил обновен.


Во текот на 19-от век династијата Hohenzollern-Sigmaringen им дала големи права на своите поданици, градела болници и училишта. Нивниот замок прераснал во место за средби на богатите и моќни луѓе коишто се сливале од цела Европа, додека градбата постојано била унапредувана.

Меѓутоа, во големиот пожар од 1893-та година, источното крило речиси во потполност изгорело, па две години подоцна започнала и неговата повторна изградба, а кон почетокот на 20-от век во еклектичен стил биле обновени и сите останати делови од замокот.

На крајот на Втората светска војна, нацистите законските станари на овој замок едноставно ги исфрлиле од нивниот дом за тука да ја доведат француската влада на чело со маршалот Петен, којшто бил всушност принудно доведен бидејќи тој не сакал да ја напушти Франција, па тука практично бил во заробеништво.


Случувањата во Зигмаринген од крајот на 1944-та и почетокот на 1945-та година ги опишал големиот француски писател Луј-Фердинанд Селин, којшто бил контроверзен поради својот антисемитизам, во романот "Од замок до замок", со оглед на фактот дека и тој престојувал во него во тој период. Според него во 2006-та година е снимен и германскиот филм Темнината (Die Finsternis).

Членовите на династијата Hohenzollern-Sigmaringen повеќе не живеат во овој замок, некои се повлекле во селските имоти, а некои на други места. Денес во него е сместен музеј и менаџментот на претпријатието коешто е во сопствеништво на семејството.









Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2015 во 10:09

Cinderella Castle in Tokio



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2015 во 21:33
Посетете го Нојшвајнштајн – Вистинскиот замок на Заспаната убавица

Нојшванштајн без сомнение е најпознатиот германски дворец, но повеќето луѓе ширум светот го поврзуваат со замокот на Заспаната убавица кој го осмислил Волт Дизни.

Токму тој баварски замок бил инспирација за оној кој се наоѓа на почетокот на најавната шпица за сите филмови на Дизни, како и сите тематски паркови.

Него го осмислил баварскиот монарх кралот Лудвиг II, кој имал бујна фантазија, па така сите кои ќе го посетат Нојшвајнштајн се наоѓаат во светот на бајките. Дел од магијата која ја поседува Нојшвајнштајн е и локацијата, бидејќи се наоѓа на рид кој гледа кон селото Хохеншвангау и Алпите, а тој поглед го одзема здивот. Меѓутоа, не е само тоа магијата на познатиот замок кој е изграден во 19 век, туку приказната е многу поинтересна.


За кралот Лудвиг II може да се каже дека бил креативен, можеби дури и ексцентричен, а многумина би рекле дури и луд. Според легендата, на својата гувернанта во една прилика и рекол: „Сакам да останам вечна мистерија за самиот себе, но и за другите“. Како дете имал бујна фантазија, а кога малку пораснал, станал голем љубител на германскиот композитор Рихард Вагнер, па измислил свој фестивал на опера.


Тој сакал да живее навечер, па облечен во разни костими одел на јавање по ридовите и се претставувал како Парсифал, витезот кој го пронашол Светиот грал. Измислил свој свет на фантазија, а дворецот Нојшвајнштајн го претставувал токму тоа. Замокот претставува мешавина на римски, готски и византиски стил, кои се соединети во едно, што Нојшванштајн го прави уникатен.


Меѓутоа, вкусот кој го имал кралот не бил воопшто евтин, па до 1885 година само 15 од 200 соби биле комплетирани, а долгот на Лудвиг тогаш изнесувал 14 милиони германски марки, што е околу осум милиони долари сега. Една година подоцна, Владата го прогласила за непресметлив и го симнала од тронот, бидејќи не бил способен да владее.

Еден ден откако бил прогласен за непресметлив, Лудвиг II починал под мистериозни околности, откако се удавил во плиткото во езерото Штарнберг, иако се знаело дека е одличен и искусен пливач. Психијатарот кој ја дал дијагнозата поради која бил симнат од власта, исто така недолго после тоа бил убиен.


Првобитната замислана кралот Лудвиг била Нојшвајнштајн да биде место каде ќе побегне кога ќе му треба мир. Меѓутоа, речиси еден и пол век подоцна, годишно го посетуваат 1.3 милиони луѓе.


Интересно е тоа што за да добиете најдобар поглед на замокот, мора да го напуштите, и не само него, туку целиот рид на кој се наоѓа. Најдобра позиција за поглед кон Нојшвајнштајн можете да најдете на Маријебрик – мостот кој ги поврзува двата рида спроти дворецот, кој се наоѓа над поток. До мостот може да се дојде само пешки, а прошетката трае околу 30 минути.


Во самиот замок можете да влезете само во рамките на група со водич, а обиколката трае 30 минути. Картата чини 12 евра, а важно е да знаете дека фотографирање во внатрешноста на замокот не е дозволено, ни со професионални апарати, ни со телефони.

За крај, доколку одлучите да го посетите овој замок, ќе добиете совршена прилика да се чувствувате како во бајка, а тоа ќе признаете дека не се случува секој ден.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2015 во 09:25

Мошна -Полска


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 15:43

ПРЕУБАВ ЗАМОК НА СРЕД ЕЗЕРО

Лорето e мал приватен остров во езерото Исео во северниот дел на Италија.

На крајот на 5тиот век таму бил изграден манастир, кој постои веќе неколку векови, а е напуштен во 16 век.

По менувањето на неколку сопственици во почетокот на 20 век на островот Кралската морнарица на чело со капетан Винченцо Ричери, изградил на ова островче нео-готски замок.

Овој остров стана познат поради тоа што Џорџ Клуни посака да го купи.




Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 15:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 15:35
5

Chateau de Breteuil
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 15:34
3

Chateau de Chantilly
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 15:33
1

Chateau de Fontainbleau


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.