|
ЕКОЛОШКА СЛОБОДНА (МУАБЕТ) ТЕМА.... |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 28.Април.2010 во 19:43 |
Лесно е да се каже ......потешко е да се реализира....
ајде да видиме НИЕ што правиме за почиста средина...... секој нека си каже .....да видиме каква еколошка свест има..... или што конкретно му пречи ....... нови сознанија поврзани со екологијата..... .....едноставно тема за еколошки муабет... Изменето од bijonse1 - 28.Април.2010 во 20:14 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИРОДАТА ЈА СПАСУВА ОД ЗАГАДУВАЊЕ.. А СЕМЕЈСТАВОТО ОД ГЛАДУВАЊЕ...... ЕКОЛОШКА МИСИЈА НА ЅВОНКО... Не е срамота тоа што егзистенцијата за семејството ја обезбедувам собирајќи отпад, срамота е ако децата ми бидат гладни и без облека, вели прилепчанецот Ѕвонко Митрески Откако му здодеало да работи како автомеханичар на вересија,
прилепчанецот Ѕвонко Митрески одлучил да се зафати со работа со која
природата ќе ја спасува од пластичен отпад, а семејството од гладување.
Сега, вели, од ѓубрето обезбедува храна за себе, сопругата и за двете
деца. Тој пред една година од Прилеп се преселил во куќата на своите
предци во селото Старо Лагово, чиј двор сега е претворен во пункт за
отпадна пластика, најлон, искршени пластични гајби... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКОЛОГИЈА ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО.....
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Екологијата
била замислена како наука за економиката на природата, но денес повеќето луѓе главно помалку ја поврзуваат со нејзинот дел logos (гр.)- наука, а повеќе со oikos (гр.)- куќа, т.е. со состојбата на околината во која живееме и потребата од нејзино зачувување. Во рамките на екологијата постојат многу темелни прашања и проблеми, како на пример зачувувањето и користењето на природата и нејзините потенцијали, потоа прашањата и проблемите кои од нив произлегуваат, како на пример социјалните и политичките стојалишта спрема производството и загадувањето, социјалните промени, губењето на културното наследство и сл. Сето тоа екологијата денес ја прави наука која освен што набљудува и
дејствува, а во чии рамки постојат многу гранки од кои една е и
здравствената екологија...... Повеќето научници денес здравствената екологија ја дефинираат како
наука која ги проучува промените во човечкиот организам, т.е. единките
или популациската структура во однос на факторите на околината, со
посебен акцент врз односот кој е секогаш динамичен. Единките не живеат
изолирано, туку се меѓусебно зависни, како дел од комплексно организиран
систем. Резузлтатите од таквите проучувања создаваат научна база за
разбирање на биолошкиот и социолошкиот аспект на човечкиот вид.
Медицината не е само лечење на веќе заболени, туку нејзин составен
дел е и превенцијата на болеста со создавање на здрави животни услови и
средина која го јакне здравјето. Во својата историска, а со дел и
модерна смисла медицината се темели врз биомедицинските науки, иако
денес се препознава неизоставната улога и на психосоцијалните науки.
Здравствената екологија во својот пристап ги носи идеите на живеење во
хармонија со околината и здравите животни услови, еднакво биолошките,
физичките и психосоцијалните.
Објект на проучување на здравствената екологија се единките и/или
популациите. Во процесот на еволуцијата новите својства се јавуваат со
секое ново ниво на биолошка комплексност, а тие никогаш не би можеле да
се предвидат само од студиите на историјата (анамнезата) на единките.
Затоа, иако извори на податоци ни се живите единки, стварниот објект на
проучување на здравствената екологија е популацијата. Популацијата е
просторно или социо- културолошки дефинирана група на единки која се
репродуцира во себе си. Уште попрецизно биолошки дефинирано,
популацијата е група во чии рамки постои најголема веројатност дека
единката ќе пронајде партнер за репродукција.
Секоја човечка популација можеме да ја посматраме како континуиран
ентитет во одреден биотоп и статистички да ја опишеме со низа на
параметри кои се всушност релативни со оглед на поединецот. Тие
параметри се, на пример, наталитетот, морталитетот, густината на
популацијата на некој географски простор, но и различните фреквенции на
гените во рамките на групите или подгрупите. Во однос на единките што ја
сочинуваат, популацијата е перманентна. Поединецот со раѓањето или со
доаѓањето станува дел од популацијата која била тука и пред неговото
доаѓање, но останува по неговата смрт.
Здравствената екологија ги посматра интеракциите на популацијата и околината кои во денешни услови се менуваат константно во неповолен правец за здравјето на човекот. Главна задача на здравствената екологија е да се пронајдат квантитативни податоци кои би послужиле во заштита на човековото здравје од неповолните ефекти на околината, како и да го унапредат здравјето со позитивно влијание врз околината. Основни барања на здравата околина се чистиот воздух,
здравствено исправна вода за пиење и доволни количества на вода,
соодветна и сигурна исхрана, сигурни и мирни населби и стабилна глобална
околина. Интеракцијата помеѓу чоечкото дејствување и неговата физичка,
хемиска, биолошка околина ги дефинира Светската здравствена организација
во 1992. Врз здравјето влијаат три групи на фактори, но и човечкото
здравје влијае врз нив. Тоа се интензитетот и природата на човечкото
дејствување што ја чинат: земјоделското, индустриското и енергетското
производство, користењето и управувањето со водата и отпадот,
урбанизацијата, дистрибуцијата на заработувачката и економиите во
рамките и помеѓу земјите, квалитетот на здравствениот систем и нивото на
заштита на животната, работната и природната околина.
Физичката и хемиската околина се воздухот, водата, храната,
хемискиот состав на почвата вклучувајќи ја и радијацијата, климата
вклучувајќи ја и температурата, влажноста, врнежите и сезонските
промени. Биолошката околина се видот и раширеноста на патогените и
векторите, како и видовите и застапеноста на нивните живеалишта.
Сепак, можеби идејата за нераскинливата врска на луѓето, нивното
здравје и околината е најсилно изразена во говорот на индијанскиот
поглавица за време на ширењето на територијата на северна Америка:
„... Сите сме ние дел од мрежата на животот и што и да и правиме на
таа мрежа си правиме на самите себе...“.....
Изменето од bijonse1 - 28.Април.2010 во 20:21 |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас лично никогаш не фрлам ништо на улица, сите конзерви, лименки, стаклени шишиња и пластични ги носам во центар за рециклирање редовно. Пластични кеси после употреба или повторно ги користам или ги носам на рециклирање. Стара облека се што не донирам исто така на рециклирање.
Сите прозиводи од хартија и картон-исто така. Вода трошам онолку колку навистина е потребно и освен она што навистина не бара високи температури во машина за перење алишта, гледам да перам максимум на 40С се со цел да ја намалам потрошувачката на електрична енергија која е познат причинител за прекумерно прегревање на планетата Земја.
И за крај секогаш кога не морам да патувам со кола, одам пешки.
Што се однесува до мене толку мозам сега за сега.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo Glenn.....ama ti sigurno ne zhiveesh ovde vo MKD ili greshka sum..
jas mislam takvo neshto kaj nas nema se ushte e nauchna fantastika.....mislam za prostor ili centar za recikliranje.. jas momentalno se karam so decata od maloto..... a be sho ubav park si imame..lichno imam posadeno i neguvano nekolku drva a be sho najdoa ispokrshija.....sekoe drvce go unishtuvaat.... malku nasila so niv.....i sega barem pred mene ne pravat belja sedat mirno... ako ne drugo ne gi gledam......a roditelite.....,, ama pa ti ostavi gi....tie se samo deca!!,, i sega shto?? Изменето од bijonse1 - 30.Април.2010 во 22:13 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Загадувањето со жива? Американците се изналовија риба насекаде и сеуште немаат најдено риба која не е полна со овој метал. Главни извори на загадувањето се термоелектраните и рудниците. Не постои риба која може да го избегне загадувањето со жива. Ова е основната порака на американската федерална студија за контаминација со жива во која биле тестирани риби од скоро 300 речни текови ширум САД.Собирањето на повеќе од илјада примероци за студијата на U.S. Geological траело од 1998 до 2005 година, а токсичниот метал бил пронајден во сите примероци. Но, за утеха, иако сите риби имале траги од загадување, само една четвртина од нив содржела количина на жива која ги преминувала стандардите за сигурност по здравјето.Живата која ја примаме преку исхраната може да го оштети нервниот систем. Најголемиот извор на загадување пристига од термоелетраните на јаглен, но прилично загадени се и реките во близина на рудниците за жива и злато. Живата која излегува преку оџаците доаѓа во водите преку дождот, а подоцна ги контаминира живите организми........ |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога китовите вршат нужда ја спасуваат цела
планета?!
Изметот на китовите може да и помогне на
светската клима, тврдат австралиските научници објаснувајќи дека со
порастот на популацијата на китови расте и површината богата со алги кои
успешно апсорбираат CO2. Научниците од организацијата Australian Antarctic Division заклучија
дека изметот на китовите, кој претежно е составен од преработена
количина на ракови со кои се хранат, е одлично ѓубриво за растот на
морските растенија. Научниците додаваат дека китовите консумираат неколку тони ракови секој ден, а откриваат дека посебно ги изненадило количеството на железо во нивниот измет, кое е 10 милиони пати поголемо од концентрацијата во морињата околу Антартикот. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве една интересна вест што ја прочитав пред малку..
Научниците открија ураниум во парче мраз на
Антарктикот –
Група научници открија постоење на ураниум во парче мраз на 133 метри длабочина
на платото Детроит на територијата на Антарктикот. Трагите од ураниум се совпаѓаат со
зголемувањето на вадење ураниумова руда во 1995. година во Австралија.
Научниците тврдат дека атмосферската циркулација им помогнала на честичките
ураниум да стигнат до Антарктикот. Истражувањата се направени од научници на
Институтот за климатски промени на универзитетот во сојузната држава Мејн во
САД, на институтот во Чиле(INACH) и Универзитетот на Рио Гранде ду Сул,
Бразилија. Истражувањата започнале во ноември 2007.
година. На почетокот на 2009. година американските научници соопштија дека
температурата на Антарктикот се зголемила за 0,5 степени во периодот меѓу 1957 и
2006. година. Покрај тоа, индустриската револуција ја
зголемила просечната глобална температура на Земјата за 0,6 степени. |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКОЛОШКИ СОВЕТИ ВО МЕСТОТО КАДЕ НАЈДОЛГО ПРЕСТОЈУВАМЕ....... КУЈНАТА
Изменето од bijonse1 - 18.Мај.2010 во 17:39 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
воздухот во Скопје е ...НЕ ЗДРАВ. Сегашно ниво: 339 препорака од мене...логирајте се на ИДИВИДИ....и немајте гајле..по здравјето. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да ти кажам право...иако се делиме по СИТЕ основи,барем истиот воздух го дишиме...СИТЕ!. ПМ....10 пати на ден...повеќе од другите...366/24. што човеци ќе бевме бре 20 години да се труеме и пак живи да бидеме....?или зомби сме..? ... тоа бактериите и вирусите нема шанса во телово да преживеат !.имуни сме на загадена средина,...ваљда... овие што умираат така ..одеднаш,гарант по странство се мотале...на чист воздух и здрава храна. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакате да го чистите станот со еколошки препарати, истите можете конечно да ги купите во продавницата Биокулт во ГТЦ на 3-тиот кат. Цената воопшто не им е многу поголема од другите препарати за чистење, но затоа пак нема да ве боли главата од миризбата, нема да ве пецкаат очите, нема да треба да луфтирате цел ден.
Тука можете да најдете и таблети за машина за миење садови. Факт е дека кога се мијат садовите со машина, средството со кое се мијат знае да остане на нив па и него го конзумирате кога јадете храна или пиете. Ако средството е штетно, тогаш е штетно и за вас. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |