IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Крале Марко
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крале Марко

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Крале Марко
    Испратена: 05.Април.2010 во 17:09
Крале Марко (околу 1335 - 17 мај 1395) бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и пошироко. Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметат дека станува збор за географска и културолошка одредница, а не за етничка. Бугарските историчари сметаат дека Марко владел дел од единствената бугарската територија, а населението било бугарско потеклo.Меѓутоа таквата констатација е тешко одржлива, бидејќи етногенезата на бугарскиот и македонскот народ не била завршена во средниот век. Сепак, царството на Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за македонски цар.

                      Биографија

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Димитрија Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

За потеклото на фамилијата Мрњавчевиќ нема сигурни сознанија бидејки современите пишани извори не даваат податоци. Најстари податоци за оваа фамилија дава дубровничкиот писател Мавро Орбини од XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно во Херцеговина од сиромашниот властелин Мрњава, кого Душан (цар, 1346-1355) го повикал на својот двор и многу го издигнал. Врз основа на ваквото пишување на Орбини прифатено е презимето Мрњавчевиќ за оваа фамилија и како такво одамна е востановено во литературата.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата “млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на Царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Турците, кои сe посигурно завладувале со Балканот. Набргу некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи.

Постојат различни претпоставки за годината кога кралот Марко станал турски вазал. Некои сметаат дека тоа се случило во 1371 год., веднаш по Маричката битка, но постојат записи кои кажуваат за турски опсади на Прилеп и Битола во 1385 год., што го дефинира Mарковото кралство како независна територија во однос на турската држава. Интересно е да се напомене дека и покрај турското вазалство, кралот Марко се издигнал на ниво на легендарен национален херој, под чие владеење народот се чувствувал заштитен и поспокоен во однос на соседните народи. Музафер Туфан во “Кралот Марко во некои турски извори“ објаснува дека тоа се должи на: “фактот дека тој успеал најдолго да ја сочува внатрешната автономија и фактот дека тој тоа го постигнал врз основа на својата тактичност, државничка мудрост и подготвеност на осојузување, дури и по цена на саможртва, со цел подолго да се опстане и да се сочува внатрешната автономија и соработка на Балканот“.

На 17 мај 1395 год. во битката кај кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано неговото мртво тело. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирчеа крај Кралево, а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Неговото тело било закопано во близина на Скопје, во манастирот Блачани. Други научници веруваат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марков манастир зборува дека неговиот гроб се наоѓа токму на ова место. Ниту една од овие теории се уште не е потврдена од страна на науката. Преданието вели дека непосредно пред битката, на деспотот на кумановско-кратовската област Константин Дејанов, кој исто така се борел на страната на Османлиите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба“.

-Негов Портрет,



-Претстава на Кралот Марко, Марков манастир, с. Сушица, скопско, меѓу 1366 и 1371-72




Изменето од Boromir - 05.Април.2010 во 17:14
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 17:16
Земји на балканот во времето на Крале Марко.

-Монети со ликот на Крале Марко
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 18:10
Значи Волкашин(В'лкашин оригинално)бил Димитрија Волкашин ?

Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 17:33
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 18:22
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Значи Волкашин(В'лкашин оригинално)бил Димитрија Волкашин ?
Не е оригинално В'лкашин.Читај:Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметат дека станува збор за географска и културолошка одредница, а не за етничка. Бугарските историчари сметаат дека Марко владел дел од единствената бугарската територија, а населението било бугарско потеклo.Меѓутоа таквата констатација е тешко одржлива, бидејќи етногенезата на бугарскиот и македонскот народ не била завршена во средниот век. Сепак, царството на Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за македонски цар.

Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 17:35
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
eptendosadno1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ

Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 18:25
Крал Марко во македонскиот мелос .

Никофор Робовски

Поетските претстави за Марко Крале во македонската народна епика




Поетските претстави во македонската народна епика за Марко Крале, познат во македонските маркокралевски народни песни и во варијанти како Марко Крале, Марко Крали, Марко Кралевиќ, Марко Кралевиќе, Марко Кралевити, Марко Делибаша, Марко добер јунак, Марко од Вароша, Марко Варошлија, Марко од Прилепа града, Марко Прилепчанец, или пак како Крале Марко, Крали Марко, Кралевиќ Марко, Кралевиќа Марко, Кралевиќу Марко, Кралевиќи Марко, Димни Марко, Млади Марко и сл., се бројни и разновидни.

Тие произлегуваат од темата, сижето и мотивите на многубројните постоечки македонски маркокралевски епски народни песни и варијанти во кои преку споредби, хиперболи, антитези, метафори и други изразни средства на народната поетика се асоцира на животот и дејноста историскиот крал Марко и на постоењето на неговата држава, на чие чело тој се наоѓал скоро четврт век 1371-1395, респектирајќи ја притоа турската централна власт.

Историски е познато дека кралот Марко, роден околу 1335 година, Волкашинов најстар син и наследник, припадник на српската династија Мрњавчевиќ, станал крал на државата која го опфаќала десниот брег на Вардар, од Шар Планина и албанските планини до Костур на југозапад со престолнина во Прилеп, без Скопје и Охрид, и владеел речиси 24 години, сè до неговата смрт на 17 мај 1395 година, кога загинал во Крајова, Романија при исполнувањето на својата обврска спрема султанот Бајазит. Ретките историски податоци говорат дека неговата жена Елена била ќерка на Радослав Хлапен, управител на градовите Бер и Воден, имал двајца браќа Андреја и Димитар, немал сестри, ниту деца. По загинувањето неговата држава Турците ја приклучиле кон своите територии.

Појавата на Марко Крале во македонската народна епика1 се оцртува веќе во поетските престави за родителите, раѓањето, крштевањето, за предодредената среќа и јунаштво од трите наречници, за натамошната среќа и јунаштво од трите наречници, за натамошната драматична судбина на новороденчето, предадена во духот на библискиот Мојсиев случај, сè до првите негови подвизи:

Дзверетина со Марка се борил
три саати токмо се бориле
дури Марко дзверетина кутнал
му пресекол до три глаи.2

Надворешниот поетски лик на Марко Крале е претставен како импознатна епска фигура која со својот митски коњ шета низ сета земја наоружан со сабја, со боздоган и со копје, облечен во „кожув од мечиште“, на глава со „калпак од волчиште“, со густи засукани мустаци и со „очи соколови“. Сликава содржи видливи споредби и хиперболи:

Вежди пијавици-
како црни крилја ластовички
В рака држит војно копје-
ко јасика тонка извишено
Се наметнал с гуна кабаница-
ми црнеет како т’чмен облак.

От што ми е сила у јунака-
срна земја се тресит.3

Поетската претстава за неизмерната физичка сила на Марко Крале којашто, според преданието, ја добил од мајчинското млеко на Јана самовила како награда за укажаната помош кон нејзините самовилски деца кои жедни плачеле во планината, е прикажана со чести хиперболи:

Си земја бели камен
та го метна од Балкано од Балкано до Пирино.4

Чабур чаша-седумдесет ока
Кренал чаша чабурлија
и ја испил сета дур до капка.5

Размаа се Кралевиќи Марко
та пресече седемдес' ајдука.6

А што беше Марко од Вароша
сврте сабја налево-надесно
ми исече триста чаодари.7

Со таквата сила тој ги погубил:

Пакосниот црн Арапин кој се „најмил да го фатит Марка Кралевиќе“:

Тргна сабја му пресече глаа
и му зеде негоата коња. 8

Кралот Филип Мацарина кој „заробил девет робинчици“:

Ми киниса Марко Кралевиќе
ми отишол у Маџарска земја
дури Вилип онанда се спрема
му пресече глава од рамења.9

Деветте браќа насилници, „Банови синови“, кои „поплениле Бугарка девојка“:

Скокна Марко на јуначки нодзе
му и пресече нејни руси глави.10

Дете Дукадинче кое било „седум п’ти појунак“ од него:

И се спушти Марко Кралевиќе
му ја зеде негова добра глаа.11

и други.

Сепак, силата на Марко Крале не секогаш е опишана како доволна за разрешување на бројните опасни ситуации во кои тој запаѓал. Тука главно придонесувале итрината, измамата, помошта и советите на другите епски ликови, како и сопствената вештина. Така, св.Георги го спасил од Ѓурѓа самовила12, молбите на неговата мајка „сестра“, и „љуба“, ги принудиле самовилите да го отпуштат13 „малечкиот“ Секула и Марковица со итрина го спасиле од беснењето во Костур14, самата Марковица итро го ослободила од затворот во „Едрене града“15, со измама младата крчмарица го спасила од Гино Арнаутче16, од Џемо Бргенин17, а самиот тој се извлекол од нападот на Вела самовила18 итн. Дури и погубувањето на такви епски ликови, како Муса Кесеџија19, Корун арамија20, Жолта Баздриѓана21, Дука Хајдутин22, и други, Марко Крале го спровел со помошта и со советите на самовилите Стојна, Вела и Ѓурѓа кои во ваквите случаи истапувале како негови „посестрими“, како и со советите на својата мајка и на Марковица.

Карактерот на Марко Крале е прикажан во поетските претстави за неговото делување и конкретно однесување кон луѓето и кон средината во која тој се движел. Опишани се контрадикторни карактерни особини: од една страна високо развиено чувство и смисла за праведност и за помагање на слабите и безмоќните, а од друга, неоправдана суровост и штетна самопофалба.

Воден од добронамерни желби, Марко Крале при погледот на „трите синџири робје“23, „многу му се срце ужалило“, веднаш го погубил Арапот и ги ослободил од синџирите „младите дечиња, убавите девојки, добрите девојки, младите момчиња и младите невести“. или пак по дознавањето за црниот арапин на „рамно Косово“24 кој барал од младоженците да му плаќаат свадбарина „по триесет минцови“, го убил Арапинот и неговите „стражари“.

Со таквите постапки Марко Крале се прочул дури и во „Немачка земја“25, каде бил повикан на помош и каде „триесет години не можеле свадба да сторат“, поради „црните Арапини“, кои „ја поробиле“ таа земја.

Како посочувствителен Марко Крале е прикажан во однос кон своите блиски. На пример, кон братот Андреја кој бил заробен од „Турци анадолци“26 одвлечен во „Анадолска земја“, што по три години упорно борење го пронашол и настојувал жив да го доведе во Прилеп, но безуспешно. Или пак кон „сестрата“ Шаина робина која била „пленета“ од „Турци јаничари“, и одвлечена во Истанбул со која тој се препознал.27

Сличен е неговиот однос, опишан со антитеза:

или грми ил' се земја тресе
или стадо за јагнишча белеје
или риба у морето пеје
или змија у грамада свири?
нити грми нит' се земја тресе
нити стадо за јагнишча белеје

нити риба у морето пеје
нити змија у грамада свири
туку Марко ногу болен лежи
на зло лежи јунак ќе да умре

преку која се подвлекува противреченоста помеѓу животот и смртта и се изразува Марковата желба по неговата смрт, неговиот имот: сараите, дворовите, кулите, кралшчините, краините да им ги остави на своите.28

Како спротивност на добротворните дела на Марко Крале се прикажани поетските претстави за неговиот жесток однос спрема одделни епски ликови:

Кон Дура од Кичево и кон својата „невеста“:

Ми го закла дура од Кичево
ми си зеде тнеке газија
ми си зеде трамба рогузина
си завитка негоа невеста
а запали долу од нозите.29

Кон Беле од Костур, кон Ангелина и кон своето дете:

Дур да трепнит посекол Белета
го пресекол на две полоини
ја завитка млада Ангелина
ја запали и ми ја изгоре
што пресекол дете малечкао.30   

Кон Велјо од Косово31, и кон „млада Марковица“, кон Дука Хајдутин32 итн.

Таквите злодела се вршени поради лични, престижни и семејни причини, условени од љубомора, навреда, неверба, освета и сл., предадени во духот на средновековната применувана казнена практика.

Прикажаната поетска претстава за самопофалбите на Марко Крале рефлектира една друга негова важна карактерна особина. Индикативен е случајот со неговата сила од која тој „дури ми спотнал от велика сила а не знает со неа што да сторит“33, зашто сите „јунаци, лошотии, аждери, ламји, вили, самовили и димни јуди“, не можеле да го совладеат. Немајќи можност да се сретне со „појунак“. Марко Крале и се обратил на „дзвезда вечерница“, со самопофалбата - хипербола:

Ој те тебе дзвездо вечернице
Уште мене јунак не познаваш
слушај мене дзвездо вечернице
Да ми слезит Господ од небеси
и со него на мејдан излегвам
Крај да имат мајка срна земја
с една р'ка неја ќе поткренам.34,

со што го предизвикал божјиот гнев кој ми одзел „сила полоина“, и ми препорачал:

и од сега благослов ти давам
пак да бидеш јунак над јунаци
ама ќ’ имат појунак од тебе
не ќе можиш само со јунаштво
а повеќе со итрини и со измамување35

Сите овие и низа други поетски претстави во македонската маркокралевска народна епика го прикажуваат Марко Крале не само како легендарно идеализиран епски лик кој врши подвизи, туку и како веродостојна епска личност која поседува добри и лоши карактерни особини и која спроведува разновидни дела и злодела.

Претставен е противречен епски лик, чија широка популарност во народната епика на балканските простори, може да се бара, веројатно:

- во припишуваната вродена лична сила и способност

- во преовладувачките добротворни дела, насочени кон сочувување на неговата релативно независна држава

- во заштитата на христијанската вера

- во усилбите за градење на цркви и манастири

- во одбраната на населението пред турските насилства

- во загинувањето на неговиот татко Волкашин директно во борбата против Турците

- во уврерувањето дека населението од неговата држава имало можеби посносливи животни услови, па дури и извесни привилегии

- и на крајот, во неговиот погин надвор од неговата држава.

Во таа смисла карактеристичен е фактот дека во „преку седумдесет епски мотиви“36, опфатени и обработени во стотици, можеби и во илјадници македонски маркокралевски епски народни песни и варијанти од сите краишта на Македонија, никаде не се зборува за Марковото „турско вазалство“. Како турски вазал тој е спомнуван во одделни случаи само во бугарски и српски епски народни песни.37

Македонската маркокралевска народна епика, чија појава спаѓа во средновековјето се создавала и се развивала во Македонија, во местото, каде делувал историскиот крал Марко и каде се одигрувале историските настани поврзани со неговото име. Од тука, преку македонските народни пејачи - бегалци маркокралевската мотивика била пренесена и во другите јужно-словенски соодветни народни епики: бугарската, српската, црногорската, хрватската, модифицирано обработена народна епика, особено во дадената средина. Може да се претпостави дека оваа маркокралевска епска поезија била создавана најпрво во аристократска средина од професионални пејачи, а со текот на времето иницијативата ја презеле народните поети.

Оригиналноста на низа македонски маркокралевски мотиви, уметничките вредности, колоритот на месниот народен говор и бројноста на соодветните песни и варијанти, ја ставаат оваа поезија меѓу значајните компоненти на целокупната македонска народна епика.

1 К.Пенушлиски: Марко Крале - легенда и стварност, Песни, Скопје, 1983, стр. 117/1
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 18:37
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Originally posted by Boromir Boromir напиша:

Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Значи Волкашин(Вълкашин оригинално)бил Димитрија Волкашин ?
Не е оригинално В'лкашин.Читај:Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметат дека станува збор за географска и културолошка одредница, а не за етничка. Бугарските историчари сметаат дека Марко владел дел од единствената бугарската територија, а населението било бугарско потеклo.Меѓутоа таквата констатација е тешко одржлива, бидејќи етногенезата на бугарскиот и македонскот народ не била завршена во средниот век. Сепак, царството на Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за македонски цар.


Шо збораш бе чоек, не те сфаќам шо сакаш да ми докажиш.

Ти викаш дека     В'лкашин било оригинално.Значи сакаш да кажеш дека тој бил бугар или?

Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 17:34
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
eptendosadno1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ

Регистриран: 30.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 18:41
Originally posted by Boromir Boromir напиша:

Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Значи Волкашин(В'лкашин оригинално)бил Димитрија Волкашин ?
Не е оригинално В'лкашин.Читај:Државата на Марко и Волкашин во некои извори се нарекува Бугарија. Дел од историчарите сметат дека станува збор за географска и културолошка одредница, а не за етничка. Бугарските историчари сметаат дека Марко владел дел од единствената бугарската територија, а населението било бугарско потеклo.Меѓутоа таквата констатација е тешко одржлива, бидејќи етногенезата на бугарскиот и македонскот народ не била завршена во средниот век. Сепак, царството на Волкашин е со средиште во Македонија, и затоа се смета за македонски цар.


Таквата констатација е претенциозна .

Мислам дека е потребно да се избегнуваат таквите констатации “ македонски крал “ , “ српски крал “ и сл.

Македонија е денес поголема од кралството на Марко .

Тоа е личност од одреден временски период , кој владеел со одреден простор и кој влегол во митологијата кај населението во одредени области од Балканот .

Изменето од Македон - 06.Април.2010 во 17:36
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 19:10
Материјални и пишани докази како потврда за неговото постоење

Ликот на Крале Марко и натпис се јавува на монети ковани во негово време кои сега можат да се видат во Народна банка на Македонија, музејот на Стара чаршија во Скопје, и нумизматичката галерија на Охридска банка во Охрид.

Како детаљ на фреска во црквата Свети Димитрија – Марков манастир Како детаљ на фреска на порталот на црквата Свети Архангел Прилеп

Како детаљ на натпис на Дреновска црква која датира од 1356 г.

Ктиторскиот натпис на црквата Света Недела во Призрен 1370 г./ каде се споменува како млад крал и се дознава за неговата дипломатска мисија во Дубровник, присаство кај Скадар 1371 г.

Постојат четири записи откриени во црквата Свети Димитрија – Марков манастир

Има натпис на надгробен споменик од 1379 г. во цркавата Света Богородица Перивлепта Охрид /укажува на фактот дека Остоја Рајковиќ Угарарчиќ е “сродник на кралот Марко, зет на жупанот Гропа”

Постои натпис од 19 век во поменикот на манастир Свети Никола село Шишево /каде Крале Марко се споменува како прв донатор/

Постои Запис од Хлудовата збирка од минеј бр. 163 /во кој се дознава за односите на Марко со феудалецот Радослав Хлапен / управител на Воден И Верија/ и за помирувањето на Марко со неговата сопруга Елена, Ќеркат на Хлапен

Постои Запис во црквата Свето Преображение во село Зрзе Прилепско /од кој се дознава кога владееле В’лкашин и Марко 1366-1371 и 1371-1395

Во Дубровничките Хроники /се дознава дека благоверниј Крал Марко бил наследник на В’кашина и дека како турски вазал загинал во битката кај Ровине.

Во биографија на владетелот Стефан ЛазаревиЌ /се опишува загинувањето на Марко кај Ровине.

Константин Костенечки филозоф ја пренесува легендата пред судбоносната битка кај Ровине “Боже, дај им победа на христијаните, дури ако треба јас прв да паднам на бојното поле”.

Во Троношкиот родослов 1791 г. Марко е обвинет за доаѓањето на Турците на балканот. Крсте Мисирков во неговиот научен прилог /полемичен труд/ под наслов Јужнословенски епски сказни за за животот на крал В’лкашин и причините за популарноста на крал Марко кај јужните Словени објавен 1909 г. во Одеса.

Крали Марко е роден околу 1335 г. како син на кралот В’лкашин и мајка Елена, која подоцна се замонашила и го зела името Елисавета. Браќата на Марко се викале: Андрејаш, Иваниш и Димитри. Сестри на Марко се споменуваат: Оливера, Милица а во усните извори се спомнуваат Марија, Кита, Угра, Шаина, Ѕвезда, Беда, Дева, Вида и тн. Марко имал две сопруги: првин бил женет за Јелена, ќерката на Радослав Хлапен. Се преженил за Теодора кој му ја презел на Гргур Бранковиќ, бракот не траел долго, повторно се зима со Јелена, но и овој пат бракот не траел долго. Не е познато дека Марко имал наследник.

"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2010 во 19:11


Тој бил син на Крал В’кашин. Ко му се родило прво дете машко на Крал В’кашин, тој од мерак, детето уште не задоено, го избањале, го повиле, го пратил во црква да го крстат детето. И ко се вратил од црква го прашале тија;
- Аљ го крсти детето ?
- Го крстевме.
- Како име ?
- Тој ќе се викат : Марко крале ?
И сега, Крал В’кашин од мерак дека му туриле такво име и поканил гости на треќа вечер, поканил гости во неговата кралштина да доет на вечера. И дошле гостите, вечерале и полегнале да спијат. Ама Крал В’ кашин сакал да чује каков к’смет ќе му наредат наречниците, се сместил така во едно ќоше божем спије. И дошло во глуво доба наречниците. Едната рекла;
- Е каков к’смет дам у наредиме на детево ?

Па другата рече:
- Да му наредиме, рече, кралско дете, некој голем к’смет.

А треќата рекла :
- Голем к’смет: да биде јунак, што од него појунак да нема. Ко ќе порасне момче на осумнаесет години, на татака му коските дам у ги искрши.

И кога чул тија прикаски, тија зборој од тија трите наречници В’ лкашин, се налутил:
- Ај мајката, што ќе ми и’ крши тој мене коските ?

Зел сабајлето една кошница, го фрилил у Вардар.
- Ај рече, шо ќе ми и’ кршиш ти мене коските, крши глава ти !

Ја фрил кошницата. А нема тоа што пишује, тоа името не се загубује.Си пазил некој овчар овци покрај Вардарот, ко гледа, по Вардар плива кошница и во кошницата плаче дете. Полека, полека, влегол во Вардарот, ја фатил кошницата, ко гледал дете у кошницата, машко дете. Го извадил и си го однел дома кај мајка му. Го чувале едно седум, осум години, десет години. Го поткрепнале малку, а детето било блосоено за јунак да биде и искочило на улица вака со деца да игра, фати едно дете лупни го од земја фати друго, лупни го, ги испотепа децата. Фатиле да го тужат тија селаните:
- А бре, рекле, од кај го најде овој ѓавол, ни ги испотепа децата тој ? Тражи му чаре, бе !

И што ќе прај тој, имал неколку телиња и селските телиња ‘и собрал и ќе ој во планина да ги паси. И ги пасел некоја година, тамо до едно тринајсе години, ама тие телиња фатиле да му бегат натаму, наваму. Тој зел со стапот, едно натаму, друго натаму, ги испотепал телињата. Ко дошол му вика очуот, татко му:
- Кај се ти телињата, бе ?
- Ја и кај лежат тамо.

Ко отиде, што ќе види, се истепани телињата.
- А, бе , ѓаол, бре кај те најдов јас тебе, толку беља, ми донесе. Кај моите телиња, па сега и селскиве телиња да ги плаќам. Крши глава, кај ти очи, тамо ти главата, да те невидам овде !

И тој избегал. Излегол и отишол тамо негде, кај некоја река, тамо имало вир, па шатки тепал, живел, се ранел. Арно ама, еден ден праел некој свадба. Си поканил сватој, си поканил кум, старејко, тамо, вамо, ама девер не можел да најде. Тешко било девер тогај, преку планини искочуеле арамии, ајдуци. Сватовите ќе разбегат, ама деверот зел заклетва да морат жив, мртов да седит кај невестата. И ошле. Ко дошле дома, се собрале тие сватови, а беја кум го канил па татка му В’кашин, го канил кум. И вели:
- Ти, рече, чоек, мајка му рекла ;”Тргнете, одете вије, што ќе стретите првата среќа, него да го земете девер.”

И веќе наминале кај што бил Марко. Тамо кај што седел, го нашле него, го зеле него девер. Го зеле, ја зеле невестата, ко се вратиле назад искочила некоја Арапетина, тамо некоја планина. Ко го виделе сватојте, туку нафрлале даројте, избегале сите. Само останал деверот и невестата. Отишол прво кај деверот рече:
- Фрли го дарот, и бегај оттука, зошто ќе загинеш млад и зелен !

Е, ја немам никаков дар, дар мене ми ја дадоа невестата да ја водам.Ти ако сакаш, рече, ај да се бијеме, ја овде глава остам, невестата не ја остам.

Марко го убил, го превртил тој Арапот, го оборил, му ја пресекол главата. Ја зел и ја води кај свадбата шо ја правета. Кога оди тамо во авлијата, во дворот, кога се собрале тије сватојте тамо во авлијата, во дворот, кога се собралетие сватојите, пијат, јадат, ајде за бог да прости за невестата и за деверот. Овије мислат ги поништил тој Арапот. Кога чул така Марко, зел арапската глава, се качил на маса као што седеле. Тие се уплашиле, сакале да бегат. Е ама тој рекол:
- Ќутите, сите седате, на сите како неговата глава ќе ви исечам и вас !

И тие наседнале тука сите, зел тоа на Арапот глата, му ја кла тамо на кумот, татко му бил, не го познава, кај ќе го познај ? Ни тој не го познава, ни тој.
- А бре, ти каков кум си ти, остај невестата, бегај. А ?

И туку тој го удрил со тој боздоган татко му в гради, му ги искршил коските. И тој го угледал, угледал, угледал, тој рече.
- А бре, дете, ти чиво си, како си, чиво колено си, кој ти је татко, кој ти је мајка?
- Не знам татко, мајка меене ми е Вардар.

И тој се сетил оти го фрилл во Вардар и после пошто ги чул тије зборој оти ќе му ги скрши коските и станал, го прегрнал, го бацил, рече :
- Е море дете, ти знаеш чиј си ? Мој син си !

И после овој му се поклонил на татака му, му бацил рака ,колено :
- Прости ми ,татко !
- Е, рече, сега просто нека ти је, јас го чув тоа уште во треќата вечер оти ќе ми скршиш коските и затоа те фрлив у Вардар.



Изменето од Boromir - 05.Април.2010 во 19:11
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 05:01
Vo srbskiot rod, nema iminja od tipot kako sto ovde se nametnuvaat kako Volkasin, V"lkasin ili drugi slicni sranja. Imeto vo original na tatkoto na Marko e Vukasin, i nemojte ovde da gi izvrtuvate rabotite, kako navodno toj bil bugarin, makedonec, anticki ili nesto sl. ili bil kral bugarski, makedonski ili neznam si kakov.
Toa sto Marko bil vospevan vo bugarskite i drugite narodni pesni od toa vreme, ne znaci i deka negovata pripadnost bila bugarska ili nekoja druga. Za nego istoriskata nauka odamna kazala koj bil i sto bil.

"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 01:45
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Vo srbskiot rod, nema iminja od tipot kako sto ovde se nametnuvaat kako Volkasin, V"lkasin ili drugi slicni sranja. Imeto vo original na tatkoto na Marko e Vukasin, i nemojte ovde da gi izvrtuvate rabotite, kako navodno toj bil bugarin, makedonec, anticki ili nesto sl. ili bil kral bugarski, makedonski ili neznam si kakov.
Toa sto Marko bil vospevan vo bugarskite i drugite narodni pesni od toa vreme, ne znaci i deka negovata pripadnost bila bugarska ili nekoja druga. Za nego istoriskata nauka odamna kazala koj bil i sto bil.



За описменвање постојат книги и пишани и материјални докази од историјата, како овие :






Сега проблемот е ти шо имаш некаква илузија дека во 14 век постоеле некакви си срби, па дури и во Македонија.
Епа не постоеле, Вукашин барај си го негде во 19 век.

Во Христа бога нашиот благоверен крал Влкашин(како шо стои на монетите) ги остајл претходно напишаните монети и споменици а таму неможи да се најди ни Вукашин ни „мрњавчевич“.
Ете горе и ќор(како мене)можи да види дека чоекот сам си се потпишал на 3-4 места Влкашињ(буквално).А во исто време на север, постои Вук Бранкович.

Па сега ако сакаш ти по 700 години да му го менваш името како шо некој мајмун му го сменал, повели, ќе има на шо да ти се смејме.

ВНИМАВАЈ НА РЕЧНИКОТ! Следен таков одговор, "зачинет" со толку квалификации, ќе доведе со санкции.

Модераторот


Изменето од Македон - 07.Април.2010 во 11:48
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 02:11




1. Цар Душан
2. Царица Јелена
3. Урош, Српски Крал
4. Српски Патријарх Јоаниќије
5. Трновски Патријарх Кир Симеон...
6. Крал Волкашин Мрњавчевиќ
7. Царев Шурак Оливер.
8. Дејан Севастократор
9. Кир Герман, Игуман Атонски
10. Гојко Мрњавчевиќ, Велки Логотет
11. Никола Буѓа, Протовестијар
12. Palman (us) Teutonicus Capitanus gentis armigens
13. Угљеша Мрњавчевиќ, царски коњушар
14. Деспот Синиша, брат Цара Душана (од друге жене)
15. Цар Александар Бугарски, Царичин Брат
16.Јован Кастријота, дедо на Скендербег
17. Giunius Darse (Дубровчанин)
18. Giunius de Calichio
19. Nifficus Nik Condola
20. Аврамбек Кефалија Сереза...
21. Манцил Ливерија, Бојвода над Волером, Серезом
22. Ангел Метохита
23. Алексија Цамплакон, велики чауш
24. Прељуб Кесар
25. Орловиќ Гргур
26. Храбреновиќ
27. Баошиќ (Балшиќ)
28. Кобиловиќ (Обилиќ)
29. Облачиќ Раде
30. Андроник Кефалија Драме
31. Андроник Кантакузен бел Хартуларја
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 18:31
Што напишале за Прилепската држава еден Србин, еден Албанец и еден Грк во време многу поблиско времето на Марко








Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2010 во 21:21
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Што напишале за Прилепската држава еден Србин, еден Албанец и еден Грк во време многу поблиско времето на Марко










Koлку што се сеќавам, некои овде тврдеа дека во тоа време, името на областите споменати погоре, не било Македонија. Сега наеднаш како крунски доказ се претставува тоа дека се владеело со Бугарија?! Тоа во најмала рака е необјекстивност. Штом во тој период оваа област била дел од темата Бугарија, сосема нормално е и како таква да биде спомената, зар не? За Гркот е јасно, нема што да се говори, во едан друга тема истотака напишано е за именувањето на областа. Другите два секако, тргнуваат од она од кое поаѓа и Гркот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.