IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - АСНОМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

АСНОМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: АСНОМ
    Испратена: 24.Март.2010 во 21:25
Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) е врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година, кога, согласно новите прилики, е реконституирано и преименувано во Народно Собрание на Македонија.

                   Прво заседание на АСНОМ

По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во "Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека "електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5 - 6 лица.

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната Изгреј зора на свободата. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:

    * Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
    * Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија|Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
    * Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава|Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
    * Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава|Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб, формирана е комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Од заседанието е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, трговец од Прилеп, за потпретседатели Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануел Чучков (Мане Чучков), директор на гимназијата од Штип. За секретари се избрани инженер Љупчо Арсов, банкарски службеник од Штип и д-р Владимир Полежиновски, правник од Кичево.

Во составот на Президиумот биле и Јован Ѓоргов, свештеник од село Дреново, Кавадаречко, Епаминонда Поп Андов, професор од Струмица, Генадие Илиев Лешков земјоделец од село Дреново, Бродско, Камбер Хасан, земјоделец од село Долни Дисан, Кавадаречко, Ацо Петровски, кројач од Скопје и Младен Ѓорѓиев Челопечки, земјоделец од село Челопек, Кумановско.

    * ПРОГЛАС ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ.


„      ...Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место “Св.Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден

- И Л И Н Д Е Н -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!....

               Bторо заседание на АСНОМ

По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија.



     
          Трето заседание на АСНОМ

се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски. Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да рабо


Изменето од Македон - 25.Март.2010 во 17:48
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 21:28
,



"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 21:30
П Р О Г Л А С
ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

Август, 1944 г.


Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија - АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св.Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:

Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.

Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.

Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.

Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.

Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.

Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.

Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.

Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.

Македонски народе!

Со овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови претставуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.

Македонски народе!

Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуваат од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.

Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ами ги превземаат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Оние изнајдуваат нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

Македонски народе! Родољуби и родољубки!

Слободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите треба да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.

Во името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:

Уште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единството, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!

Стани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!

Уште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!


ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!

ДА Е ЖИВО АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

ПРЕЗИДИУМ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА


Претседател: МЕТОДИ АНДОНОВ - ЧЕНТО, трговец од Прилеп.

Потпретседатели: ПАНКО БРАШНАРОВ, учител од Велес и ЕМАНУИЛ ЧУЧКОВ, директор на гимназија од Штип.

Секретари: ЉУБЧО АРСОВ, банк(арски) чин(овник) од Штип и др. ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОВСКИ, правник од Кичево.

Членови:

ВЕНКО МАРКОВСКИ, поет од Скопје;

ЦВЕТКО УЗУНОСКИ, работник од Преспа,

БОГОЈА ФОТЕВ, земљоделец од с. Бистрица (Битолско);

генерал-мајор МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ, командант на НОВ и ПО на Македонија, од Штип;

СТРАХИЛ ГИГОВ, нач(алник) (на) персон(алниот) отдел на Гл(авниот) штаб, од Велес;

ПЕТРЕ ПИРУЗЕ, адвокат од Охрид;

КИРИЛ ПЕТРУШЕВ, работник од Скопје;

ИВАН ЈОРГОВ, свештеник од с. Дреново (Кавадарско);

ЕПАМИНОНДА ПОП-АНДОНОВ, професор од Струмица;

ГЕНАДИЕ ЛЕШКОВ, земљоделец од с. Дреново (Бродско);

ЌЕМАЛ АГОЛИ, студент од Дебар;

ЛАЗАР СОКОЛОВ, економист од Куманово;

ВЕРА АЦЕВА, домаќинка од Прилеп;

КАМБЕР ХАСАН, земљоделец од с. Д. Дисан (Неготинско);

АЦО ПЕТРОВСКИ, кројач од Скопје;

МЛАДЕН ГЕОРГИЕВ ЧЕЛОПЕЧКИ, земљоделец од с. Челопек (Кумановско);

ЉИЉАНА ЧАЛОВСКА, ст(удент) од Битола.


ЧЛЕНОВИ НА АСНОМ:

Тетово:

Тодор Ципоски, работник

инж. агр. Јордан Блажевски


Кичево:

Злате Кленовски, земљеделец

Д-р Владо Полежиновски, јур(ист)


Галичник:

мајор Тихомир Милошевски ком(андант) на ИИИ-та македонска бригада

Јелисије Поповски, банк(арски) чин(овник)

Мино Минов, работник

Живко Брајковски


Гостивар: Чедо Филиповски, работник

Александар Георгиев, град(ежен) инж(енер)

Видоје Смилевски, банк(арски) чин(овник)


Дебар:

Киро Стојанов, свештеник


Ресен:

подпор(учник) Наум Веслиевски,зам(еник) ком(андант) на ИИИ-та бригада

Јонче Трпевски, работник

Георги Ивановски, учител

Илија Божиновски, чинов(ник)


Битола:

др. Киро Миљовски, вет(еринарен) лек(ар)

вазд. мајор Вангел Чукаловски ком(андант) на И-ва удар. бригада

капетан Коста Јашмаков, началник на штабот на ИИИ уд(арна) бригада

Петар Манговски, адвокат

Васил Карангеловски, зам(еник) ком(андант) на ИВ-та макед(онска) бриг(ада)

Нафи Сулејман, земљоделец

Илија Илијевски, адвокат


Крушево:

Томо Кутурец, чиновник

Наум Наумовски, полком на ИИ-та ударна бригада

Злате Билјановски, зам(еник) пол(итички) ком(есар) на ИИИ уд(арна) бригада.


Велес:

Бано Андреев Ронков, пол(итички) ком(есар) на Гл(авниот) штаб на Македонија

Благој Х. Панзов, адвокат

Благоја Левков, адвокат

Мино Богданов, чиновник

Маца Карбева, домаќинка

Стоилко Иванов, учител


Неготино:

пор(учник) Лазар Калајџиев

Најдо Стаменин, работник

Лазо Мојсов, студент права

Боро Чаушев, работник


Струмица:

Благоја Минков, работник

Борис Поцков, типог(рафски) раб(отник)


Радовиш:

Багоја Тошевски, чиновник


Штип:

Кирил Глигоров, адвокат

Исак Сион, чиновник

Димче Беловски, чиновник


Кочани:

Никола Вражиловски, канд. адвокат


Виница:

Киро Михајловски, пол(итички) ком(есар) на ИВ -та македонска бригада


Берово:

Страхил Бајовски, учител


Скопие:

потпол(ковник) Панче Неделковски, зам(еник) ком(андант) на Гл(авниот) штаб

Петар Богданов-Кочко, композитор

Милева Сабо, работничка

Ќемал Сејфула, занатчија

Асен Симитчиев, канд. адв(окат)

д-р Димитар Миовски, лекар

Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пук(овник)

Душан Лукаров, работник

инж. агр. Славко поп-Антовски

Борис Атков, чиновник


Прешево:

Абдула Алија, работник


Охрид:

Лазар Гиновски, земљоделец

Кирил Чаулев, студент


Струга:

Владо Малески, студент

Васил Калајџоски, судија


Прилеп:

инж. арх. Кирил Георгиевски

Борко Темелков, работник

Димче Миревски, професор

Милан Стефанов, земљод(елец)

поруч(ник) Методи Поповски, ком(андант) на ИИ-та бригада

Тодор Ношпал, трговец

Петар Михајлов, Тиквар, работник

Кирил Крстев, работник


Св. Николе:

Ванчо Бурзевски, чиновник

Лазар Кулишев, работник


Кавадарци:

Никола Минчев, банк(арски) чин(овник)

мајор Димче Туриманџовски, пом. нач(алник) на Гл(авниот) шт(аб) на Мак(едонија)

Иван Радњански, земљедел(ец)

Методи Џунов, земљедел(ец)


Гевгели:

Ристо Бајалцалиев, чиновник

Димитар Зафиров, журнал(ист)

пор. Иван Танев, аѓутант на Гл(авниот) штаб

Олга Петрушева, домаќинка

Јанко Шопов, техник

Атанас Бојков, ком(андант) (на) Струм(ичкиот) одред

Никола Пеев, работник

Димитар Теменугов, п(олитички) комесар на Стр(умичкиот) о(дред)


Куманово:

Мара Нацева, работничка

Веселинка Малинска, чин(овник)

Гојчо Стефков, работник

Вазд. пор(учник) Боро Равњански,

Борис Чушкаров, пол(итички) ком(есар) на ИИИ-та уд(арна) бригада

Стојан Тодоровски, чиновн(ик)


Кратово:

Др. Никола Мицев, вет(еринарен) лек(ар)

пор(учник) Боро Милевски, ком(андант) на ИВ-та бригада


Крива Паланка:

Трајко Цветанов, студент

Боро Арсов, адвокат


Петрич:

Атанас Атанасов, работник

Васил Василев, работник


Костур:

Димитри Манџовски, зем(јоделец)

Васил Ивановски, работник


Кукуш:

Димитар Влахов, публицист
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 01:19


Решение на Првото Заседание на АСНОМ
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 01:43
Originally posted by Vercingetorix Vercingetorix напиша:




По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во
Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото
вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието
присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за
ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар
Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија
Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена
мисија.


На ова заседание, Едвард Кардељ јасно застанува против обединета Македонија, а поддршка му дале и странските претставници. Истотака, кога завршува ова заседание, Кардељ дава наредба да се започне со масовните ликвидации. Плод на ваквите наредби се велешките настани.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 16:02
Vo manifestot na ASNOM e interesno i slednoto
МАНИФЕСТ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД




2 август 1944 година


Македонски народе,

.......
..........
Илинденци,

Крвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во минатото. Тоа се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрештелните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади.

Се исполнуваат целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеја. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградување на слободна Македонија.

............



Изменето од Каснакоски - 20.Мај.2010 во 16:03
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2010 во 08:33
И што е тука интересно?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 08:52
М А Н И Ф Е С Т
ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Македонска емиграцијо во Бугарија,

Ропството на нашата македонска родина ве отдели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката садба на вашата поробена татковина ве фрли во лапите на подлиот корбурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 10:50
Зарем е нејасно,Бугарите како да сакале да одат во окупација эатоа и го отфрлиле царот 44 год

Него ги натерале,морале да одат,или тоа или пред нишан
Кон врв
cuckove Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cuckove Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 22:09
Професорот и државникот Мане Чучков пред и по АСНОМ

научен труд на академик Блаже Ристовски објавен во публикацијата Современост од декември 2005та год. (год. 53 бр. 5) за потпретседателот на АСНОМ Емануел Мане Чучков (1901-1967)

http://cuckove.blogspot.com/2011/02/6.html

http://cuckove.blogspot.com/
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 22:36
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 15:57
Originally posted by Pat Pat напиша:



На првото заседание на АСНОМ била испеана Хеј Словени, и сите се заколнале дека ќе бидат верни Југословени и ништо друго, и дека ќе заборават и за Егеј и за Пирин и ќе прават се како што ќе им каже Темпо, и дека ќе се откажат од терористите и национал шовинисти од ВМРО, а самиот Ченто најмногу се залагал за тоа.


На Првото Заседание на АСНОМ, верувал или не, сите се сложиле Македонија да се стекне со статус на федеративна членка во рамките на ДФ Југославија. Тоа го потврдуваат документите донесени на тоа заседание.
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 14:05
Мислам на сите ни е јасно дека македонските водачи пред државниот удар од комунистичката партија биле бугари, незнам шо се замараме со овие работи уште. ко македонците пред 100 години биле практично дел од бугарската нација.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 14:05
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Мислам на сите ни е јасно дека македонските водачи пред државниот удар од комунистичката партија биле бугари, незнам шо се замараме со овие работи уште. ко македонците пред 100 години биле практично дел од бугарската нација.


Очигледно на Ченто не му било јасно истото што и тебе. Еве и зошто











Нема потреба да кажеме дека тезата ти падна во вода, нели?

Изменето од Македон - 02.Јули.2011 во 14:05
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.