IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Евреите во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Евреите во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Евреите во Македонија
    Испратена: 17.Март.2010 во 18:53
Кратовските Евреи
Последното еврејско семејство од градот се иселило во 1911 година. Заминало во Париз пред Првата балканска војна
Кратово е град со богато културолошко минато. Дел од неговото наследство се и трагите што ги оставиле богатите еврејски семејства. По повод 67 годишнината од депортирањето на македонските Евреи, ви пренесуваме сеќавања на повозрасните кратовци за некогашните нивни соседи
Кратово, еден од најстарите градови на Балканот, кој изобилува со значајни древни вредности и културни споменици, е познат и по богатите еврејски семејства кои живееле во него. Тие оставиле вредни спомени во овој град, а за нив се врзуваат и голем број приказни и настани од дамнешните времиња.

Во 1515 година, за првпат се споменуваат 10 еврејски семејства во Кратово, а сè уште е познато Еврејското маало во кое живееле 38 семејства. Нивните куќи и дуќани биле во центарот на градот, а главно биле трговци со месо, сол, кожи, овошје и лихварство. Во градот некогаш имало и синагога, која подоцна била преуредена во куќа. Сè уште има видливи траги од неа на надгробните плочи, како и плоча со Давидова ѕвезда, кои сопствениците ги подариле на Центарот за карпеста уметност во Кратово. Според сеќавањата на повозрасните кратовци, последното еврејско семејство од градот се иселило во 1911 година, кога заминало во Париз, бегајќи од претстојната војна, Првата балканска.

Преданијата за еврејските семејства ги раскажале покојните кратовци Коле Ефремов - Бата, Гане Митев - Лулар и Борис Кондев. Според нивните кажувања, најпознат и најбогат Евреин бил Арон - единствениот кој не бил лихвар, а многу ценет бил и златарот Соломон.

„Стар кратовец, сега покоен, Коле Ефремов - Бата, ми раскажа една интересна случка за златарот Соломон. Се случило еден ден Соломон да не дојде на работа и токму тој ден кај него да дојде некој селанец од Горно Кратово за да му продаде три златника. Прашувајќи за Соломон во пилјарницата отспротива, пилјарот му понудил на селанецот тој да ги купи трите златника, по еден за неговите три деца. Се договориле, си замнал. Утредента, кога дошол Соломон, пилјарот му ги покажал златниците и го прашал дали вредат. Соломон ги погледнал и рекол: ’До сега сум бил прав, отсега да бидам крив. Од денес ти си побогат од мене’“, ни раскажа Стевче Доневски, преседател на Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово.

Според преданијата, најубава куќа во градот имал трговецот Моше. Еден ден кај него оптишол прочуениот кратовец Ади Гадо и му барал пари на заем за да купи куќа. Моше му рекол дека ќе размисли и му порачал да дојде во петок, на пладне, за да му ја каже што решил. Непосредно пред средбата, сакајќи да го процени што човек е, Моше во собата ставил мангал со жар. Кога дошол, го понудил со цигара и чекал да види дали ќе ја запали со огнилото и тратот или од жарта. Кога видел дека Ади Гадо ја запалил цигарата од тратот, иако пред себе имал жар, Моше му кажал дека нема да му даде пари на заем, зашто не знаел да штеди, што било знак дека нема да може да му ги врати парите.

Покојниот кратовец Борис Кондев раскажувал едно предание за прочуениот трговец со морска сол, Евреинот Давид, кој решил да си замине од Кратово, сметајќи дека тоа е град кој не му носи ниту ќар, ниту зијан.

„Давид живеел во близина на Сарајот, а спроти него живеел стариот кратовец Мите Кожушар. Тој еднаш побарал од Давид да му даде на заем четири јајца, за да ја прекараат неделата. Евреинот ги измерил јајцата и му ги дал. Но, кога тој ги донел јајцата дома, жената му рекла да му ги врати на Давид, велејќи дека нема да можат да му ги вратат истите јајца. Мите ја послушал, а Давид повторно ги ставил јајцата на вагата, мрморејќи дека дошол во град од кој немал ни зијан, ни ќар и набрзо се иселил од Кратово во Париз“, раскажува Доневски.

Во Кратово се раскажува и приказната за трговец Евреин кој имал дуќан за овошје. Трговецот имал ќерка на која ѝ била фатена едната рака. Кратовци го советувале да ја одведе во црквата Свети Јован Опсечен и да ја бакне раката на Исус. Ги послушал. Девојчето ја бакнало раката на Исус и уште истиот ден раката ѝ се ослободила и можела да ја движи. За пројавеното чудо, Евреинот богато ја дарувал црквата.

Интересна приказна за кратовските Евреи била откриена и во приватната библиотека на покоиниот кратовски учител Илија Китановски. Меѓу книгите бил зачуван исечок од текст, објавен во српскиот печат во 1924 година. Написот ја раскажува приказната за иселувањето на кратовскиот рабин:

Рабинот го пратил својот син да го види Белград и му дал пари, ако му се допадне градот, да даде капар за куќа. Вештиот Рабин размислил и решил дека ќе биде подобро парите да се однесат во повеќе наврати - во случај ако биде ограбен по патот, пак да има пари кога ќе се врати во Кратово. Кога виделе таткото и синот дека е безбеден патот, куќата во Кратово му ја продале на прочуениот кратовски занаетчија-касапин, Андон Кратовац.

„Куќата била во стариот дел на градот Кратово и имала бунар и кладенец. Пред да појдат, вештиот рабин сокрил дел од златото во ѕидот до бунарот, за секој случај, ако бидат разбиени по патот, да можат пак да да се вратат во Кратово и да живет. Кога му ја продал куќата, на Андона му рекол: ако се вратам во Кратово, ќе ме примиш во дворот да пијам вода, ако не дојдам, ти слободно пиј и јади од мојот благодет. Рабинот не се вратил. но во последните години сè повеќе Евреи го посетуват Кратово“, загадочно раскажува Стевче Доневски од Центарот за карпеста уметност.

Според сознанијата на Доневски, постојат уште многу приказни за кратовските Евреи запишани во тефтери и публикации кои допрва треба да се пронајдат. Негов пријател од Битола сведочи дека во Солун постои печатена книга во која се запишани приказни за кратовските Евреи и легенди за еврејското богатство што било закопано на разни места низ градот. Меѓу нив била и приказната за прочуената модна креаторка Рашела, која имала продавница за машка и женска гардероба, шешири, раскошни фустани и тоалети, кај која се чекало со часови за порачка.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 18:53

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 01:13
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 17:48
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,343 секунди.