IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство > Свадба
  Активни теми Активни теми RSS - Обврските на Кумот и Кумата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Обврските на Кумот и Кумата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14505
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 12:46
 
 
Обврските  се големи ...но задоволството е уште поголемо....среќа
Напорно но  убаво .... овојпат се правеа .... заедно
Прилепско ~ Скопски ....обичаи....
Попот  еден  шегаџија невиден.....голема%20насмевка......две реченици сериозни ...
пет ...смешки ........среќа....
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105520
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2015 во 09:47
    Зошто не се одбива кумството?

Секој од нас барем еднаш во животот слушнал дека понуденото кумство не се одбива, но дали знаете зошто е тоа така?

Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете.

Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка.

Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството.

Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сте одбиле да сведочите.

Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.

Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.

Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.

Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето.

Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.



Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 09:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105520
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 16:00

ОБВРСКИ НА КУМОТ/КУМАТА НА СВАДБА

7

Една од најважните улоги на свадбата ги има кумот/кумата. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча. Но многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата.

Зошто постои кум на свадба?

Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата.

Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие  така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена.

Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата.

Дали можете да бидете кум/а?

Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата.

Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.

Кои се обврските и трошоците?

Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците.

Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот.

Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму.

Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта.

Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата.

И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари.

Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари.

Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните.

Секако за крај потребно е многу позитивна енергија и да уживате во кумството, бидејќи и тоа е еден од најубавите моменти во животот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.