IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Павел Шатев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Павел Шатев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Павел Шатев
    Испратена: 22.Јануари.2010 во 18:49
    Роден е во Кратово на 15 јуни 1882 година. Основно училиште завршува во Кратово, потоа во Скопје и гимназија во Солун, каде и матурира во 1899/1900. Уште ако ученик во Солун, со револуционерното дело се запознава од П.Тошев и Х.Матов. Во 1898/90 учебна година, со група млади анархисти го формираат кружокот „гемиџии“. За време на Солунските атентати, април 1903 година, тој го запалил францускиот параброд „Гвадалкивир“. Бидува уапсен и осуден на доживотен затвор. По општата амнестија од султанот (1908) е ослободен од затворот воФезан, Африка. Тој е еден од основачите на ВМРО (Об.) во 1925 г. Во 1931 г. се враќа во Бугарија, а во 1934 г. годинаработи како адвокат, во кое време се оддава и на публицистика. Во 1942 година во Софија е осуден на 15 години затвор. На 27 октомври 1944 година е делегат на АСНОМ. Во првата македонска влада (1945) е избран за министер на правосудство, потоа, во мај 1946 г. за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. На првите избори за Собранието на ДФЈ за сојузен народен пратеник. Во 1949, по Резолуцијата на Информбирото, беше уапсен „како потенцијален непријател на државата“ е отстранет од јавниот живот. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во еден вид домашен притвор каде останува до смртта, на 30 јануари 1951 година. Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј.Б.Тито и Л.Колишевски. Се плашеа од мртвиот Гемиџија, не дозволија да биде погребан во неговото Кратово, Погребан е во тајност во Црквата Св. Недела воБитола. Вечна слава на овој Македонец, и на сите како него што го положија животот за МАКЕДОНИЈА.


Павел Шатев документарец број 1

Павел Шатев документарец број 2

Павел Шатев документарец број 3
Павел Шатев документарц број 4
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 18:50
Павел Шатев, последниот гемиџија, човекот кој за време на солунските атентати го запали францускиот брод „Гвадалкивир“, го заврши животот во годините на страшното Информбиро. Навистина, тој не беше испратен на озлогласениот остров, но доживеа поинаков Голи Оток. Беше прогласен за опасен информбировец, држен повеќе месеци во истражниот затвор во Скопје, а потоа ставен во куќен притвор во Битола, каде што почина сам.
Според кажувањата на двете ќерки на Шатев кои живеат во Загреб, нивниот татко бил уапсен во јуни 1949 година во овој град додека бил на посета кај нив, веднаш бил префрлен во Скопје и сместен во една соба во зградата на Државната безбедност.
Во затворот во Скопје бил во иста соба со Благоја Аризанков, исто така уапсен по резолуцијата на ИБ. „Во собата каде што бев сместен еден ден внесоа кревет и по малку време го воведоа Павел Шатев, уапсен во Загреб, каде што бил во посета на своето семејство. Долго време не го викаа на сослушување. Но, потоа често го носеа горе, а се враќаше назад по кратко или по долго време. Секогаш се враќаше без очила, иако без нив гледаше слабо. Се плашеа да не се обиде да изврши самоубиство со стаклата пресекувајќи си ги вените. Нему не му паѓаше тоа на ум. Ми рече дека го обвиниле за ‘продолжителна служба’ во корист на IV-оддел, односно на контраразузнавачката служба на Црвената армија. Тој ги уверувал дека го правел тоа до 1942 година, кога е интерниран, а потоа во 1942 година е осуден на 15 години... ’Кога бев ослободен од затвор на 9 септември 1944 година, така ми рече Шатев, си заминав за Македонија и ги прекинав сите врски со Москва, иако тоа одеше многу тешко, бидејќи секој оној што ќе влезе во нивната мрежа тешко се истргнува од неа. Но, Југославија тогаш имаше извонредни односи со СССР, па така успеав да се ослободам од таа обврска, од вршењето на тие услуги, кои, морам да кажам, ми беше чест да ги вршам. Побудите за тоа беа чисти, родољубиви, сметав дека со тоа само ~ помагам на својата татковина‘. Ете така ми се исповеда Павел Шатев, но тој беше многу разочаран од она што го беше доживеал во Македонија. ’Овде треба и на магарето вујко да му викаш‘, ми рече еднаш, раскажувајќи притоа за некои настани што му се случиле...
...Беше неверојатно скромен, за себе не сакаше многу да зборува. А кога раскажуваше беше толку красноречив! Да имаше до него стенограф да ги бележи неговите раскажувања, ќе немаше потреба да стави ама баш никаква исправка, ниту запирка на дешифрираниот стенограм. Толку убаво и поврзано се изразуваше“, се сеќава Аризанков.
„Во сеопштата чистка на македонските национални револуционери, а со ’добар повод‘ - прифаќање на резолуцијата на ИБ, на големо изненадување на јавноста, уапсен е и Павел Шатев! Без никакво сторено дело. Едноставно, така решил некој форум - државен или политички. Каде згрешил и зошто никој не му објаснил ниту нему ниту на поколенијата кои треба да знаат за делата, одлуките и за постапките на своите татковци. Само некаде, во тајните досиеја, било запишано дека е ’потенцијален непријател‘, па поради тоа треба да исчезне од јавниот живот. А беше пратеник, со пратенички имунитет. Но, во тоа време кој признавал имунитет и некакво владеење на правото. Во паничниот страв од репресија сите молчеле. Никој не му помогнал, иако и во највисоките врвови имало луѓе кои не се согласувале со таквиот чин“, пишуваат Ачкоска и Жежов во книгата „Репресијата и репресираните“.
Според нив, Шатев завршил трагично поради неговото инсистирање „за комплексно разрешување на македонското национално прашање и реска разграниченост меѓу национално-патриотската потреба и класно-комунистичката идеологија внатре во него. Тој бил длабоко уверен дека македонското националноослободително движење мора да остане чисто национално и самостојно, да биде надвор од идеологијата на комунистичките партии и туѓите влијанија што, од друга страна, не ја исклучувало соработката со балканските комунистички партии, особено со бугарската и со југословенската, бидејќи неговата основна преокупација била да создаде општо национално ослободително движење во сите три дела на Македонија. „Тој немаше резервна идеологија освен македонската патриотска револуционерна дејност со чиста национална димензија. До крајот на животот остана ’непартиен‘ и не стана комунист“, нагласуваат Ачкоска и Жежов.
Како еден од гревовите на Шатев се наведува средбата со бугарските функционери во Белград во 1946 година, на која присуствувал и Венко Марковски, за што партиски бил казнет. Шатев тогаш бил потпретседател на Президиумот на Народна Република Македонија, по што бил отстранет од функцијата.
Делото на Павле Шатев го проучуваше новинарот и публицист Панче Михајлов, кој дојде до уверување дека тој е неправедно потиснат на маргините и дека заслужува да му се даде истакнато место во неа - и како учесник во солунските атентати и, подоцна, како осведочен револуционер, родољуб и публицист. „Шатев е и разузнавач во корист на Москва, сметајќи дека на тој начин дава свој скромен придонес за ослободителното дело на македонскиот народ, уверен дека само со помош на Советскиот Сојуз Македонија може да извојува независност и да создаде своја државност“, напиша Михајлов во биографијата на славниот гемиџија.
Шатев во Битола бил сместен во една трошна напуштена куќа. Никој не го посетувал, освен човекот што му носел храна секој втор ден. Цело време бил сам, без огрев, на студ, во темнина, мемла и влага. „Видот му ослабел од глад и престанал да пишува... Пред очите му прскале гранчиња искри и веќе се откажал да бара и парчиња весници по улиците за да дознае што се случува во светот. Му пленија с`, душата, честа, името, семејството, но мислите му останаа негибнати. Тие мисли го избавиле од сите мракови“, напиша Иван Чаповски во романот „Отровот на тамарискот“, инспириран од трагедијата на Шатев.
„Дење беше слободен и можеше да се движи слободно низ градот. Навечер се прибираше на спиење во УДБ-а. Според општото уверување, Шатев не беше здрав кога дојде во Битола... Во зимата 1950-1951 година престана да излегува... Научивме дека се разболел и дека го сместиле на лекување во битолската болница, во депандансот за затвореници... Се расчу дека умрел од глад...“, пишува Михајлов за гемиџијата, во чиј живот се отсликува трагичната судбина на Македонија.
Шатев почина на 30 јануари 1951 година. Големиот син на Македонија на оној свет замина скромно како што живееше, без никакви државни почести. На закопот на битолските гробишта присуствуваа петмина, само неговите најблиски - неговата сопруга, сестрата и уште три блиски роднини. По 55 години од неговата смрт годинава првпат официјална делегација положи цвеќе на неговиот гроб.
„Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев. Погребан е онака како што се стремеа ’гемиџиите‘ да исчезнат од светот“, пишува Михајлов.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 18:50
Делото каде тој зеде учество




Изменето од Македон - 27.Јануари.2010 во 18:09
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 00:28

Слободните идеи пристигнаа во Македонија во текот на доцниот 19-ти век,од Македонци кој студира во Швајцарија и Бугарија. Во Женева во 1897-1898 тие објавени две анархистички весник "Глас" и "одмазда" (Otmachtenie), во рамките на т.н.. Македонски тајна Revolutionary Committee, кои се бореле за ослободување на Турција и да создаде социјалистичка балканска федерација. Идеи на руските и популизам анархизмот прифати првата социјалистичка Македонија Васил Главинов (1869-1929), со кого го сретнал во Софија и Гоце Делчев (1872-1903), водечка фигура во борбата за ослободување на Македонија, основач на Тајната македонска револуционерна организација-odrinski (октомври 1893 година, во Солун) и лидер на револуционерната Илинденското востание (1903). Овој бунт доведе до создавањето на Крушевската република, првата социјалистичка република на Балканот, кое траеше речиси три месеци. Делчев беше во блиски односи и пријателство со бугарските анархисти Михаил Geržikovim и Vrbani Kilifarskim. Из Делчев се собраа и многу други борци за самостојна Македонија - анархисти, вклучувајќи го и Питер Манджуков (1879-1966), кој беше во Скопје издаде "polynya анархистички учења" (1898), Даме Груев (1871-1906), Јане Сандански (1872-1915), Никола Карев (1877-1905), Димо Hadjidimov (1875-1924), македонски и др припаѓа на анархисти и тајната терористичка група "ѓемиџии" (Gemidjija) од Солун (Јордан Popjordanov, Марко Bo1nakov, Димитар Meèev, Константин Јаков, Павел Žatev, Милан Арсов, Владимир Pingov, итн), кои се серија на атентатот на јавни објекти и институции во светот сакаат да ги привлечат вниманието на јавноста во борбата за независност на Македонија, во април 1903. Некои од овие атентатори беа убиени, а други беа заробени, осудени на смрт или на егзил во Мала Азија (Турција). Помеѓу 1910 и 1912 дела револуционерна Анархистичка Меѓународната асоцијација на Балканот "црвени браќа", со филијали во Солун, Струмица, Куманово и Кратово, борба против Турција за слободна Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 09:11
Убаво е да се прочете книгата на Павел Шатев Во Македонија под ропство
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 09:16
Убаво е се да се прочита,отколку да го жигосаме некој за навек
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2010 во 07:51
"...Однесува за иднината на Македонија. Според едните (сепаратистите) спасението на целокупнa Македонија при достапноста на толку кандидати (Бугари, Срби, Грци и Албанци) беше во автономниот принцип. За нив единственото правилно решение на македонското прашање беше а в т о н о м н а М а к е д о н и ј а  во  г р а н и ц и т е  н а   т у р с к а т а  и м п е р и ја. Според другите Бугарија била доволно силна за да освои целата Македонија, па нема зошто да се зборува за некаква автономија. На истото мислење треба да е била и Егзархијата, бидејќи таа очигледно зеде страната на вторите. Но против автономна Македонија беа не само егзархистите, но уште и Грците и Србите. Последните велеа дека една автономна Македонија ќе отиде таму каде отиде и автономната Источна Румелиjа. Така барем се искажа пред мене еден српски училишен инспектор, како и неколку истакнати Солунски Грци. Принципот за автономна Македонија наогаат во основата на ВМРО, која немалку учество зеде во Солунските борби.

Сега по толку претрпени настани за сите е јасно дека ако во 1912 година наместо дележ на Македонија беше се освоил од сојузниците автономниот принцип, тогаш немаше да бидеме денес сведоци на нејзината разпокинатост, на нејзиното обезликува
ње и бескрајни страдања на македонските бугари."

"... стремежот помеѓу учениците беше вонредно голем. Се разбира, првото и главно занимање на сите беа лекциите пред се, но истовремено љубознателноста не се беше проширила и врз другите пошироки знаења. Во гимназијата имаше специјална за наставниците и учениците библиотека. Таа не беше многу голема, но не недостасуваа сочинениjата на сите бележити руски и бугарски писатели и поети: Л. Каравелов, Ив. Вазов, Хр. Ботjов, Ст. Михајловски и др и др. Во библиотеката се добиваа и првите списанија, издавани во Бугарија, како "Учителски преглед", "Бугарски преглед", "Мисла", "Бугарска збирка" и др. За нив следевме политичкиот и културниот живот на Бугарија."

"И покрај сите контроли и рестрикции, и покрај "литературно-музикалниот" карактер на вечеринките, скоро секогаш, било во програмата или надвор од неа, со импровизирани говори или хуморески се збореше за политичките прашања или историски настани низ животот на бугарскиот народ. Така на пр. се изнесуваа теми: "доаѓането на Турците во Балканскиот полуостров", "Падот на Цариград", "Падот на Трново", "Битката кај Косово поле, Чирмен и др."; "Очерци и епизоди од борбите за формирањето на Егзархијата, низ животот и авантурите на С. Раковски, В. Левски, Бенковски, преземањето на паробродот "Радецки" и минувањето на Дунав од четата на Хр. Ботjов, кои во тоа време беа најпопуларните и интересни и беа сослушувани со жив интерес. Воопшто секоја вечеринка, додека дојдеше редот на следната, беше предмет на разговори и коментари.

Училишните часови продолжуваат, но тие беа црната, прозаичната работа, а коментарите, изучувањето на настани, факти, песни, историски настани од бугарската политичка и понова историја беа најважните теми кои правеа животот по интензивен.
"

Павел Шатев, "Во Македониjа под ропство"


Изменето од lav4eto - 21.Мај.2010 во 11:22
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2010 во 14:10
Од која година е книгата?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 23:27
ЕДНА ТУРСКА ПРЕОЦЕНКА ЗА СОЛУНСКАТА ГИМНАЗИJA

Турската власт гледаше на Солунската бугарска гимназија како на едно примерно училиште. Еден турски државник во своите мемоари пишува следново:

"Бугарите во Солун имаа една гимназија со пансион во која се воспитуваа млади од сите краишта на Македонија, бидејќи во градот Бугарите беа само малку.
 ... Но мнозинството од христијанското население во Македонија беше бугарско. Патријаршијата навистина држеше под свое влијание многу бугарски
села и скоро целото население сметаше за Грци, но тоа беше бугарско, зборуваше бугарски и скоро ништо не разбираше од грчките молитви. Патријаршијата всушност се крепеше на незнаењето и фанатизираната маса.
 Бугарската гимназија во Солун беше одлично регулирана и како Турците, така и Грците завидуваа
. За наставници се испраќаа од Бугарија способни и даровити професори, кои сите имаа еден заеднички национален идеал. Оваа гимназија подготвуваше млади, кои се прскаа во внатрешноста и на целото селско население даваа пак ист, заеднички национален идеал.
 Способни наставници Турци како поетот Сади
ефенди, Гjумрукчи зааде Фаз'л бег, преведувачот при училишната инспекција Едхем ефенди, преподаваа турски јазик, кој во споредба со останатите грчки, еврејски и други училишта подробно се изучуваше, додека пак турските сеуште приватни училишта "Хамидие", "Феjзие", "Османи" едваj тогаш се уредуваа и организираа, и тоа од наставници, повикани од Франција и Цариград "

["Турк Хајат" (Турски живот) Цариград," Зошто загубивме Румелиjа", 1925, No 5]

Павел Шатев, "Во Македониja под ропство"
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 17:12
За нас овие манастири беа свети места, каде што одевме на поклонение. Таму во нив гледавме како и со што себеотрицание во минатото нашите бугари покрај црното духовно и политичко ропство се мачеа да дадат пример на останатите простосмртни. Отшелници, труженици во писмо и просветна, со години се отрекли еднаш засекогаш од земните благини и искушенија како се прибрали околу себе во манастирите луѓе од околните села, како ги студирале на маjчин јазик, просветлувале ги и им ветувале не земен , а среќен небесен живот. И навистина, само како се застане на високите места, каде што се изградени и трите горепоменати манастири, од кои се гледа целата околина, човек случајно се пренесува во друг мир, инспирира со други мисли, чувствува се горд како некоја птица, кацнала на врвот на некое високо дрво или на некои висок камен.

Во пресрет на патронниот празник на секој манастир почнуваат како пчели во близина на својот кошер да се собираат граѓани и селани: мажи, жени и деца, сите во празнична премена за да можат да се черкуват. Сите посетители на манастирите се оставиле својата лепта било во пари, било во алишта или преранбени припаси: пченица, пченка, овоштиjа и др, со што еднаш барем во годината оддаваат својата почит и изразуваат иако молчаливо својата благодарност кон черковните духовните труженици - веќе светци - св Jаким Осоговски, Свети Гаврил Лесновски и Свети Пантелејмон - сите ученици, агитатори и сподвижници, соидеjници на уште многу вакви светци, чии места за проповед, подучување и отшелничество се означени на толку населени места во Македонија. Повеќе од сите манастири како ореол свети како во височината, така и по архитектура, бележитости и др. манастирот "Св Ив. Рилски", чии ученици, сподвижници и соидеjници биле св. Jаким, св. Прохор Пчински, Свети Гаврил Лесновски , Свети Пантелејмон, Свети Георги Кратовски и др. Во овие манастири се обучени на бугарско четмо, писмо и црковно пение, оттаму излегуваа и свештеници за околните градови и села.

Се знае дека бугарските манастири, прснати по сите бугарски земи, одиграа вонредна голема народно-просветна улога уште откако христијанството навлезе во Македонија. Тие биле не само места за молитва, за одмор и мир, туку и народни училишта, народни библиотеки, прибежища на писатели и учени луѓе, огнища на бугарското образование, пазилишта на бугарската народност.

Меѓу бугарските манастири оние во Македонија се одликуваат со својата родолубива активност уште од времета на св Климент и Наум. Манастирите "Св Наум" (Охрид), "Свети Јован Предтеча" - Бигор, Хилендарски и Зографскиот манастир (во Света Гора), Св Атанас Лешовски "," Св Прохор Пчински "," Св Jаким Осоговски", "Свети Гаврил Лесновски"и др. се лулка не само на бугарската просвета во Македонија, но и на борбата на Македонските бугари за слобода.

Павел Шатев, "Во Македониja под ропство"


Изменето од lav4eto - 16.Јули.2010 во 14:02
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 15:22
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 15:28
Originally posted by Македон Македон напиша:



Прочитај ја изјавата на Брашнаров пред властите. Брашнаров ја прифатил јавно резолуцијата на Информбирото. Никакво бугарофилство нема кај Брашнаров, тоа јавно го кажува и пред испитувачите на УДБ, додека прифаќањето на Резолуцијата никаде не го негира.

Го делам мислењето на Platenik во однос на Марковски.




Ама остај ти УДБ. И Брашнаров и Шатев имаат пишувано доста јасно за своите ставови. Шатев има напишано и автобиографија доколку не си знаел.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 18:15
Mungos, za toa ti zboruvam.


Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 18:20
Си го видел низ Битола ,Павел Шатев???

Има многу луѓе што го запознале и кој и денес раскажуваат за него
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.