IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вселенски собори
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вселенски собори

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вселенски собори
    Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:47

Многу пати до сега секој од нас ги спомнува Вселенските собори и светите Отци па еве неколку информации за тоа:

Вселенските собори

Вселенски собори (гр. οικουμενικος συνοδος, собрание на епископите кои ја претставуваат целата Црква): колегијален начин на изјаснување на Вселенскиот епископат за содржините на верата и за дисциплински прашања. Покрај тоа што епископот има одредена помесна служба, тој има соборна одговорност во прашањата од општиот интерес на Црквата. Во периодот пред расколот (пред 1054 г.), определбата “Вселенски” на некој Собор му е давана со присуството и претставувањето на епископатот од целата империја. Затоа, присуството на римскиот трон (т.е. на италијанската епрхија) на Соборите било неопходно. Иако биле свикувани од царевите, Вселенските Собори не биле царска институција. Царевите ги потпишуваат соборските акти, но не гласаат, ниту пак влијаат на одлуките, оставајќи им на епископите потполна автономија во дискусиите и одлучувањето.

Во соборските одлуки треба да се прави разлика меѓу догматот – кој има доктринарна содржина на верата (ορος ), и канонот – кој има дисциплински карактер. Ни свикувањето од страна на царот, ни вселенското присуство и потписите на епископите на соборските акти – не го гарантираат суштинското православие на искажаната вера или на символот на верата. Одлуките на Вселенските Собори не се надворешен критериум на учењето, зашто ниту една надворешна власт не може да го наметне она што е против вистината на верата. Затоа, одлуките на Соборите треба да ги прифати и потврди свеста на Црквата. Православната традиција признава седум Собори со Вселенски карактер, меѓу кои се одржале многубројни помесни или регионални собори.

Вселенските собори во историјата претставувале собранија на епископите од целата вселена на кои се изразувало единството на Црквата, правата вера и вистинитото знаење за Бога. Единството на сите помесни Цркви на вселенско ниво се остварува кога нивните епископи, припаѓајќи на едното Тело на Црквата, исповедаат една вера, односно кога, според зборовите на св. Игнатиј Богоносец, „епископите од сите краишта на земјата се во едната волја (мисла) на Исус Христос.”

Целата Црква, епископите, свештенството и народот, учествуваат во искажувањето на правилното учење или на догматот за Бога како Света Троица и за односот на Бога кон светот. Вистината, значи, не ја искажуваат ни првиот во јерархијата, сам и одвоен од црковната заедница, ниту пак, вистината е ствар на мнозинството. Историјата на Црквата ни покажува примери на учители и исповедници на верата кои не заземале највисоки црковни достоинства, а сепак биле столбови на Православието. Таков пример е св. Атанасиј Велики, кој во времето на Првиот вселенски собор бил ѓакон. Секако, св. Атанасиј бил таков богослов затоа што со целото свое битие живеел во Вистината, заедно со сите Свети, пројавувајќи го соборното единство на целата Црква. Вистината е достигнување на целата Црква како заедница, на секој нејзин член кој со својот живот го сведочи целиот Христос. Само Црквата како заедница на даровите, во која постои проникнување меѓу првиот, како мистагог и сите други членови – ја има и ја објавува вистината за целиот Христос.

Тргнувајќи од ваквиот начин на поимање на црковниот живот, сите одлуки на Вселенските собори се донесувани така што ја изразувале верата и совеста на целата Црква, а тоа правило на верата важи секогаш кога соборските одлуки минуваат низ проверка, односно кога соборно се прифаќани од сите членови на заедницата. Овде треба да се бараат причините зошто дури и големите Вселенски собори, како на пр. Првиот и Четвртиот, не биле прифатени веднаш, туку поминале години, дури и децении, додека одлуките да добијат икуменско (=вселенско) значење. Великите Отци и Учители на Црквата не се раководеле со идејата за моќта или власта во спроведувањето на своите одлуки, туку стрпливо чекале Вистината да биде доживеана и прифатена во секоја пора на црковниот живот.

За да биде израз на живата вера, соборската одлука мора да биде соопштена во сите помесни Цркви на Света Литургија. Без согласност на верниот народ – определена одлука не може да се спроведе во литургискиот живот. Имено, дури кога верниот народ со своето „Амин” (што значи: нека биде така) ќе го изрази потполното согласување со одлуката на некој Собор, одлуката се усвојува. Со други зборови, соборската одлука конечно се прифаќа кога во неа потполно се огледува литургиското и подвижничкото искуство на Црквата.

Вселенските собори го следат образецот на утврдувањето и соопштувањето на вистината кој е установен на Апостолскиот собор во Ерусалим (49 г.), кога сите Апостоли еднодушно рекле: „Ни беше угодно на Светиот Дух и на нас” (Дела. 15,28). Тоа значи дека одлуките на Соборите ја подразбираат хармонијата на двете волји во Црквата: на Божјата волја – која невидливо ја соопштува Светиот Дух, и човечката – која ја искажуваат епископите, кои, бидејќи го иконизираат Христа во Евхаристијата, имаат посебен дар, како начелници и обединители на евхаристиските собранија – да го исповедаат единството на Црквата во Христа, а оттаму и правилното учење на Соборите, исто онака како што тоа го правеле Светите Апостоли во раната Црква.

Одлуките на Вселенските собори превосходно ги искажуваат вистините на верата доживеана во Крштението и Евхаристијата. Затоа, во одлуките на Соборите особено дошло до израз учењето искажано во тнр. крштелни Символи на верата на помесните Цркви, кои ги изговарале катихумените кога биле крштевани. Одлуките на Соборите, исто така, во голема мерка се засновани и на анти-еретичките списи на Светите Отци, кои ја исповедале вистината доживеана во Црквата како литургиска заедница, наспроти еретичкото учење кое секогаш се засновува на индивидуалистички мислења.

Во досегашната историја на Црквата се одржани седум големи Вселенски собори.

Првиот Вселенски собор се состанал во Никеја, 325 година, а повод било еретичкото учење на Ариј, кој Господа Христа погрешно го сметал за створен, а не предвечен Син Божји, како што учи Православната Црква. Никејскиот собор, според зборовите на св. Атанасиј Велики е „изобличување на секоја ерес… зашто тој ја исповеда совршената и потполна вера во Света Троица… во која вера ние и крштеваме и преку која се соединуваме со Бога.” На тој Собор е составен Символот на верата кој потоа бил дополнет на Вториот вселенски собор.

Вториот вселенски собор е одржан во Цариград, 381 година. Повод за неговото свикување била духоборечката ерес, чии претставници говореле дека Светиот Дух е создание, а не (несоздаден) Бог. Црквата го отфрлила нивното неправилно учење и го дополнила Никејскиот Символ на верата, така што го проширила осмиот член, во кој се нагласува дека на Светиот Дух му припаѓа иста слава и поклонување како им припаѓа и на Отецот и на Синот, со други зборови, дека според Божеството е со иста чест со Отецот и со Синот. Заради ова дополнување, како и заради искажувањето на верувањето во Црквата, во едното Крштение, во Васкрсението и животот на Идниот Век, востановениот Символ на верата се нарекува Никејско-цариградски.

Третиот Вселенски собор се состанал во Ефес, 431 година, за да ги потврди одлуките на претходните Собори и да ја одбрани верата на Црквата од Несториевата ерес. Несториј сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој Собор е потврдено дека Господ Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица.

Несториј уште говорел дека Пресвета Дева Марија не го родила Бога, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица. Бидејќи Исус нема човечка личност и бидејќи мајката може да биде само „нечија”, а не мајка на нешто т.е. на природа, Марија Дева навистина е Мајка на Бога, односно, Богородица.

Несториевата заблуда во врска со Богородица потекнала од неговиот страв на Дева Марија да не ѝ бидат припишани божествени особини. Исповедајќи дека Дева Марија е Богородица и дека го родила Бога во тело, Црквата, меѓутоа, на неа не ѝ дава особини на богиња. Таа не го родила предвечниот Бог според божествената природа, туку го родила Бога Логосот според човечката природа. Кога слегол на земјата, тој зел обличје на човек, но не престанал да биде бесмртниот Бог кој од вечноста е во заедница со Отецот и со Светиот Дух.

Четвртиот Вселенски собор е свикан во Халкидон, 451 година, заради монофизитската ерес. Монофизитите (грч. Μόνηφύσις = една природа) застапувале став дека Христовата човечка природа при Воплотувањето до таа мерка се слеала со божествената, што потполно се изгубила во неа. Православната Црква своето учење во врска со овој догмат го формулирала во тнр. Орос (= одлука) во кој стои дека Христос е воплотениот Син Божји и Логос, една Личност со две природи: божествена – со која е едносуштен (со иста суштина) на Отецот, и човечка по Воплотувањето – со која станал едносуштен со нас. Монофизитите, заради нивното погрешно учење, направиле раскол во Црквата и останале до денес издвоени од неа (Копти, Етиопјани и Ермени).

Петтиот Вселенски собор го свикал цар Јустинијан, 553 година, во Цариград, за на него уште еднаш да биде потврдено учењето на Црквата за Господ Христос како воплотен Син Божји. Во одлуките на Соборот се говори за Исус Христос како за една Личност со две природи, тако што природата на Логосот не се претворила во природата на телото, ниту природата на телото се претворила во природата на Логосот, по соединувањето што настанало со Воплотувањето. Цар Јустинијан ја напишал познатата литургиска химна „Еднороден Сину” која зборува за Синот Божји кој се воплотил, бил распнат на Крст и ја победил смртта, останувајќи Еден од Света Троица.

Шестиот Вселенски собор е одржан во Цариград, при крајот на 680 г. и почетокот на 681 г. Повод за овој собор биле монотелитската ерес (грч. μόνο θέλημα = една волја) и моноенергитската ерес (грч. μόνη ενέργεια = една енергија). Застапниците на овие учења погрешно сметале дека Господ Христос имал една волја и една енергија. Наспроти нив, св. Максим Исповедник говорел дека во Христа постојат две природи и според тоа, две природни волји и енергии: божествена и човечка. Овие две волји и енергии се во меѓусебно општење и проникнување, а едната Личност на Христос Богочовекот ги придвижува Своите природни волји и енергии и дејствува во нив.

Седмиот Вселенски собор се состанал во Никеја, 787 година, а како повод ја имал иконоборечката ерес. Иконоборците биле против почитувањето на светите икони во Црквата, тврдејќи дека тоа е грев на идолатрија (идолопоклонство). Бранителите на светите икони; св. Јован Дамаскин и св. Теодор Студит истакнувале дека почитувањето на иконите е можно и правилно, зашто Синот Божји примил човечко тело (Логосот стана тело – Јн. 1, 14) и затоа, како воплотен Бог може и да биде насликан. Оние што ги отфрлале иконите го отфрлале и Христовото Воплотување и го сметале за привид и фантазија. Светите икони треба да ги почитуваме и да им се поклонуваме, но да не ги обожуваме. Поклонувајќи се на Пресвета Богородица, на светителите кои се претставени на иконите, се поклонуваме на Прволикот – Господ Христос кој е основата на секој лик што е насликан на икона. Секој светител е повторен Христос кој и со ликот потсетува на Господа Христа. Затоа, поклонувајќи се на светителите, се поклонуваме на самиот Господ Христос, кому тие му служеле и кого со својот живот го прославиле.

Соборите – израз на богооткриената Вистина

Црквата на сите Вселенски и помесни собори, користејќи го богатото наследство на верата кое е забележено во Светото Писмо и е посведочено во соборното искуство на Светите Отци, вложила огромни напори да ја изрази богооткриената вистина, одолевајќи им на сите бранови на еретичките учења. Во таа смисла, соборските одлуки претставуваат неисцрпен и незаменлив извор на верата и сигурен патоказ во соочувањето на Црквата со сите подоцни погрешни учења низ историјата.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 15:54
За поопширни информации
за и околу одлуките и содржината
на самите канони може да добиете на следниот линк:


http://www.agencijami.com/veronauka/biblioteka/Bibview.asp?ID=580 

на српски јазик.

канони на првиот вселенски собор

канони на вториот вселенски собор

канони на третиот вселенски собор

канони на петтиот вселенски собор

канони на шестиот вселенски собор

канони на седмиот вселенски собор



Изменето од Tetratka - 18.Јануари.2010 во 16:09
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 19:14
Првин да кажам дека е многу добвар текстот горе, дава фини објаснувања за вселенските собори и браво за линковите каде може да се прочита што и како било одлучено.

како второ мојот став е следен:

Православните цркви би требало да свикаат под хитно нов вселенски собор на кој ќе ги поништат дел од одлуките од претходнте собори(за почеток барем првиот, третиот и седмиот) во однос на сумираните основни работи(Несториј, иконоборците и сл.). Воедно на тој најнов собор да ги рехабилитира оние кои ги осудила и исклучила(проколнала) поради наводната ерес, при тоа духовно клечејќи да моли за милост и искупение за грешните одлуки и последиците по милионите души и луѓе кои од таквите собори произлегоа. Сето тоа јавно да се обзнани во светските медиуми со цел верниците вон соборот да можат што поскоро да го примат преобраќањето во своите пори и истото да го аминуваат како општоважеко за Црквата православна.

Знам дека ова за некои звучи бесмислено, но ако подобро се погледне ќе се види дека се работи за насушна потреба доколку црквата себе си и на своите верници им посакува да стојат во вистината и добрината а низ тоа да се доближуваат до Бога. Последица од тоа би било и одбегнување на бројни мали и големи опасности кои демнеат на меѓународно ниво(природни и човечки - на пр. ќе дојде до мир меѓу православните и оние од поинакви вери, природата ќе престане да се загадува, болестите ќе опаднат), ако не во целиот барем во православниот свет(бидејќи во светот нели има и римокатолици, протестанти и тн.).

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

"Вселенските собори го следат образецот на утврдувањето и соопштувањето на вистината кој е установен на Апостолскиот собор во Ерусалим (49 г.), кога сите Апостоли еднодушно рекле: „Ни беше угодно на Светиот Дух и на нас” (Дела. 15,28). Тоа значи дека одлуките на Соборите ја подразбираат хармонијата на двете волји во Црквата: на Божјата волја – која невидливо ја соопштува Светиот Дух, и човечката – која ја искажуваат епископите, кои, бидејќи го иконизираат Христа во Евхаристијата, имаат посебен дар, како начелници и обединители на евхаристиските собранија – да го исповедаат единството на Црквата во Христа, а оттаму и правилното учење на Соборите, исто онака како што тоа го правеле Светите Апостоли во раната Црква."

Тие само формално го следат образецот, но има битна разлика во усогласеноста со Светиот Дух за која се збоурва до Делата Апостолски наспроти онаа за која станува збор на црковните вселенски собори.

Првата заедница Ерусалимска го имаше и негуваше дарот на пророчката Реч. Значи Христос даваше повремено објави низ некои членови на заедницата, користејќи ги како инструменти(медиуми). Тоа е своевиден феномен кој се одвива при будна свест и бара прочистеност на свеста, подсвеста и душата. Господ се објавуваше и понатака низ вековите, но бидејќи црквата не дозволи тоа да се случува внатре во нејзе(иако декларираше како Негово тело) ТОј мораше да побара други патишта.
Наспроти тоа епископите автоматски се здобивале со правото да објаснуваат и заклучуваат работи со самото имање на титулите и припадништво во црквата која претходнно некако ги „проверила„ по некое време службување. Тие воедно се повикувале на Бога во текот на расправите и заклучоцисте но, колку што јас знам, ниту еден од нив не давал откровенија, т.е. Христос или Марија или Бог - Отецот не се објавиле пред насобраните како што тоа го правеле низ пророците. Поради тоа треба да се сомневаме во нивните заклучоци за тоа што е правилно а што не во однос на духовното(на пр. за вистинската Христова природа, девственоста на Марија и придавката Богородица и тн.).

Изменето од Majkl - 19.Јануари.2010 во 19:24
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 23:51
Мајки убави се твоите коментари... но би сакал да посочиш барем една причина или конкретен случај каде нешто треба да се промени...

Гледам дека со твоите ставови и коментари недоволно го познаваш православието... а и би додал дека одлуката на вселенските собори -  нас православните не ни прави никаква пречка да ги почитуваме и другите религии... напротив...

Би те прашал - зарем за тебе вселенските собори не се авторитетни - дури ни сега кога можеш да прочиташ и видиш што се случувало...?
Сакаш да кажеш дека ти си подобар христијанин од отците на тие собори и дека врз тебе е повеќе Светиот Дух отколку кај нив? па нивните одлуки не се вистинити и реалнизбунетост

А за тоа дека не го разбираш православието би додал:
Православната црква нема свикано вселенски собор од една проста причина (затоа што таа има почит кон традицијата и историјата) заштоа што Рим според овие одлуки денес е во “ЕРЕС“, па не може да има Вселенски собор без Римски епископ - и затоа Православната црква не се осмелува до ден-денес да направи таква работа...

Тоа не е во духот на Црквата и со тоа се намалува АВТОРИТЕТОТ  на одлуките и останатите работи... и затоа не треба да се сомневаш за одлуките на вселенските собори...

Затоа Источната црква и до ден денес нема Римски епископ или митрополит во Ватикан, за разлика од Рим кои имаат Цариградски (Константинополски) епископ.

На ова би додал и би прашал : зарем ова не е верска нетолеранција? и ете уште еднаш со тоа Рим (како и назад низ историјата) покажува дека се бори  замо за ПРЕВЛАСТ И СВЕТСКА МОЌ А НЕ ЗА ДУХОВНА ПРЕРОДБА...

Ако некој проблем по однос на Тријадологијата или Христологијата не ти е јасен - тука имаш доволно информации да се запознаеш со него... и мислам дека после овие информации бесмислена е секоја дискусија...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 14:28


Мајкл читај....(од 7-от собор)

<<Оне пак који се дрзну да другачије (о овиме) мисле или уче, или сходно поганим јеретицима да одбацују црквена предања и измишљају неку новачину; или одбацују нешто од онога што је Цркви предато: Јеванђеље или знак Часног Крста или живописање икона или свете мошти Мученика; или подло и злобно измишљају да би порекли нешто од узакоњених предања Саборне Цркве; или још да се као профаним служе свештеним сасудима или часним манастирима - (за такве), ако су епископи или клирици, наређујемо да се свргну (рашчине), а ако су монаси да се одлуче од причешћа.>>

Амин+++


Изменето од ahmar1 - 20.Јануари.2010 во 14:29
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 18:48
Она што сакав да речам е дека црквата треба да го преиспита на такви големи собори своето учење и да дојде до правилни заклучоци кои за последица ќе имаат и рехабилитација на оние учења и поединци(или дел од нив, бидејќи навистина имало и работи кои биле отфрлени и фржат вода) кои првобитно биле осудени на тие собири поради непросветленост и недостиг на разбирање. Секако, јас не сум тој што ќе каже како и што ќе се прави, само предлагам како идеја.

Што се однесува до расколот кој Тетратка го спомна и дека православните се држат до традицијата да не свикуваат нови собири додека постои поделба со западната црква, сметам дека тоа од една страна е фер, но од друга би било мудро исто и да се остават да си врват по својот пат кој тие го одбрале, а источната црква барем да се преобрати себе си т.е. да види што може барем таа да направи, кој друг сака да и се приклучи во таквата евентуална вселенска промена да биде добредојден.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 20:09
Мајки веќе многу години назад постои дијалог на Источната црква со западната и останатите конфесии. Значи тој дијалог воопшто не е таен. Послендо беше тоа што се случи во Равена.
Значи Источната црква има формирано одбор за дијалог со неправославните христијани и останатите религии и тоа функционира многу добро. Постојат младински организации и световна организација на советот на црквите и тоа не е тајно.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.