IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ЗА БЛИЗНАЧЕТО СО РЕТИНОПАТИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ЗА БЛИЗНАЧЕТО СО РЕТИНОПАТИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СЕМЕЈСТВО БАРА ПОМОШ ЗА БЛИЗНАЧЕТО СО РЕТИНОПАТИЈА
    Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:44
Уште едно бебе ослепе во инкубатор

Предвреме родената Бинас го изгубила видот по месец и половина во инкубатор, а родителите се зачудени зошто од Гинеколошката клиника во Скопје не им кажале за проблемот, како што тоа го направиле за нејзиниот брат-близнак, кој бил веднаш ласерески опериран и видот му бил спасен

Предвреме родената Бинас од Прилеп, по месец и половина во инкубатор, ослепела. Сега четиримесечната Бинас е второродена од близначињата на 23-годишната мајка Фејзија Таировска.
"Бебињата се родени предвреме, на Клиниката за гинекологија во Скопје, на 27 август лани", вели таткото Демир. "Сe уште беа во инкубатор кога ми се јавија од Клиника да ме прашаат дали се согласувам специјалисти од Белград да извршат ласерска операција на двете очи на машкото дете, оти таква потреба востановиле при прегледи на бебиња. Не можев да стигнам во Скопје, ама се согласив оперативно да им биде отстранета мрежичката на очињата од машкото бебе. За девојчето тогаш ми рекоа дека е во ред. Следниот ден ми кажаа оти машкото дете е успешно оперирано, а видот е целосно зачуван. За девојчето и тогаш ми повторија оти нема ништо. Но, 20-ина подоцна, кога отидов да ги земам, девојчето беше со отечено и помодрено лево око. Ми рекоа дека тоа е од инфузиите, дека ќе биде добро и оти ќе ми дадат упат да одиме на Очна клиника. Толку кажаа," вели таткото Демир.
Двете близначиња биле прегледани на Очната клиника во Скопје. Конзилиум на Клиниката за очни болести со дијагноза ретинопатија праематурика, го упатил бебето на хируршка интервенција - виктректомија на десното око, во Ретино институтот Истанбул во истоимениот турски град, бидејќи во Македонија биле исцрпени можностите за лекување.
"Ни кажаа оти Таир е добро, а за Бинас оти не гледа и е ослепена на двете очи и оти во Македонија не може да се лекува. Бебето не смее да плаче оти има и очен притисок, може да му се јават и други компликации и да го загубиме детето", вели мајката Фејзија.
Семејството Таировски, во кое никој не е вработен, не може да обезбеди 10 илјади евра за интервенција и лекување. Нема пари ниту за пасоши за Бинас и за нејзината мајка, а колку се чека и се одложува операцијата, толку состојбата се влошува, велат родителите.
Знаат оти Фондот ќе им врати 80 отсто од парите потребни за лекувањето на Бинас, но не можат да обезбедат над 10 илјади евра за да заминат во Турција. (В.То.)

Апел за помош на малата Бинас

Семејството Таировски не може да обезбеди 10 илјади евра за лекување на малата Бинас во Турција. Молат за помош и се надеваат дека хуманоста на луѓето нема да затаи. Тој што сака да им помогне тоа може да го направи со уплата на средства на жиро-сметка : 380614961200152 на име Демир Таировски во Прокредит банка.

извор

уште една грешка на нашите високообразовани доктори
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 01:07
 
 
Sto li ke treba da se napravi da nekoj reagira vo ovaa nasa drzava!!!!!
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 16:44
потсетување...
добро е да донираме кој колку може,зашто  Демироски ја чекаат нашата помош.
Немаат средства за операцијата зашто многучленото семејство некако преживува од социјална помош,а велат дека жиро сметката е такаречи празна.
Што стана со нашата хуманост?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.