IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - плин, LPG , авто гас...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

плин, LPG , авто гас...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: плин, LPG , авто гас...
    Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:17
Е сега, една подолга приказна за добра ноќплазење
По долго планирање да ставам 1.6 diesel мотор на Аудиот, морав да се откажам поради мањак во финансиите. Па на крајот си реков: и плин не е толку лоша варијанта...
Па се фрлив на распрашување, пребарување итн....
Сега ќе ги споделам со вас сите ствари што ги знам и што ги разбрав за него како алтернативно гориво...

Значи... од почеток. Ова гориво има повеќе називи: ТНГ (течен нафтен гас), ЛПГ (истото, само на англискиплазење), плин, авто-гас, бутан, пропан-бутан итн...
До сега во пракса се покажало дека сите предрасуди за ова гориво се неосновани ако уредот правилно е вграден. Горивото се сместува во боца со притисок 5-6 бара, поради што се наоѓа во течна состојба, а ризикот од пожар е сведен на минимум со посебни инсталации...
И најмалото пропуштање на уредот ќе биде забележано со човеково сетило за мирис. ако веќе се почувствува немојте да го стартувате моторот и повикајте сервис.

Какви опасности го демнат моторот со ова гориво..? хммм... па можеби сте слушнале дека главата на моторот страда од тоа... има до некаде вистина....  тага имено, страдаат седиштата на издувните вентили поради термичката оптовареност. Тоа може да доведе до прегорување на вентилите. Сепак, не е се така црна. Ова нешто станува по многугодишно користење на ова гориво, и ако некогаш дојде до тоа , сепак, седиштата на вентилите можат да се заменат со потврди кај некои мотори....

Се смета дека цените на авто-гасот ќе се задржат ниски до кај 2018та година во однос на класичните горива.

Често поставувано прашање е дали олдтајмерите можат да се преработат на плин. Секако дека можат..... голем дел од нашиот стар возен парк е приспособен за возење на алтернативни горива. Битно е само да се користат добри уреди и тоа е тоа... така ќе бидат помали загадувачи и помалку ќе се чуствуваат по џебот. Дури и на поновите автомобили инџекторите се заменуваат накнадно со карбуратори поради едноставниот начин на монтирање на плинскиот уред на таквите вбризгувачи.

Уште едно прашање... дали дизел моторот можи да работи на плин!? Па теоретски тоа е возможно, ама би биле потребни огромни конструкциски зафати  како што се вградување свеќици, и соодветна електроника за нив...


Основна мана на ова гориво е смалувањето на багашникот и смалувањето на силата на моторот и зголемување на потрошувачката. Кај возилата со карбураторско вбризгување силата се намалува за 15-20% а кај оние со инџектори до 10%.

Стартувањето на возилото (плаењето) препорачливо е да се врши на бензин  затоа што на испрувачот му е потребна топла вода во разладниот систем , која го загрева гасот. Доколку не се практикува ова гасот претерано ќе се лади за време на испарувањето од што може да дојде до оштетување на поеднини компоненти.

Законот наложува после вградувањето на овој уред мора да се заведи во собраќајната дозвола во која треба да се внеси новата маса на возилото и во забелешка да се наведи дека е вграден нов уред. Во најголем број држави процедурата е следнава:
Во сервисот каде што е монтиран уредот се добиваат сертификати за испарувачот и резервоарот (секако, заедно со сметка и гаранција). По тоа се оди на вонреден технички преглед (мислам дека кошта околу 500 денари) и се пријавува дека возилото има вграден гасен уред од каде што добиваш регистрационен лист во кој е запишано вградувањето. Возилото заедно со упут се носи на атестирање каде што се проверуваат сертификатите  и се добиваат уверение и картон. Повторно се оди на технички каде што се заверува и пополнува регистрациониот лист. Потоа се оди во полиција по нова сообраќајна дозвола . Тоа е се. Давачките изнесуваат околу 5000 денари за атест и  околу 1000 - 1500 за додатни документации и технички преглед, и од 100 до 1500 евра за сервисот (најчесто во понудата над 500 евра е пресметан и атесот , па така колата само ја носиш во сервис и ја добиваш топтан спремна и атестирана без да растрчуваш по други места).
едит ( Бронхи) :Мене постапката ми беше малку поинаква.
Ставаш плин, со документите одиш на вонреден сервис и од таму те праќаат во полиција, полиција те праќа на машински за А-тест, од таму се враќаш на технички, па нова собраќајна.


И на крајот стасуваме до најстрашното. Купуваме ново возило (бензинец) и нормално сме среќни со новата кола. Но за кратко ни се расипува задоволството. Па боже, колата ми троши 10 - 11 градка а цел ден сум в кола ....со таа потрошувачка нашата плата ќе оди само за гориво. И сега чаре? Чаре е плин! А, што-како со гаранцијата?

Многу производители нудат фабрички вграден плин, а многу автосалони имаат договор со некој автосервис. Така да кај Шкода, Дачиа, Опел, Киа, Лада, Пежо, Шевтолет, Даеву, Сузуки, Фиат, Ланчиа, Застава, Хјундаи и уште многу други нема да имаме проблем со гаранцијата доколку во возилото вградиме плински уред. Неодамна бев во салонот на шкода , распрашував малце за новата Фабија и ми понудија основен модел за 9,380 евра на која за 1000 евра ќе вградат веднаш плин во Шкода сервисот со комплетна документација, без да се зголеми портошувачката и без губење на гарантниот рок. И тоа не само на тој модел... понудата важи и до најлуксузниот Суперб.


Тоа би било се народе. Ако имате прашања во врска со плинот солободно кажетенамигнување


Изменето од volkswagen - 11.Јануари.2010 во 16:27
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 14:01
Законот наложува после вградувањето на овој уред мора да се заведи во собраќајната дозвола во која треба да се внеси новата маса на возилото и во забелешка да се наведи дека е вграден нов уред. Во најголем број држави процедурата е следнава:
Во сервисот каде што е монтиран уредот се добиваат сертификати за испарувачот и резервоарот (секако, заедно со сметка и гаранција). По тоа се оди на вонреден технички преглед (мислам дека кошта околу 500 денари) и се пријавува дека возилото има вграден гасен уред од каде што добиваш регистрационен лист во кој е запишано вградувањето. Возилото заедно со упут се носи на атестирање каде што се проверуваат сертификатите  и се добиваат уверение и картон. Повторно се оди на технички каде што се заверува и пополнува регистрациониот лист. Потоа се оди во полиција по нова сообраќајна дозвола .


Мене постапката ми беше малку поинаква.
Ставаш плин, со документите одиш на вонреден сервис и од таму те праќаат во полиција, полиција те праќа на машински за А-тест, од таму се враќаш на технички, па нова собраќајна.


Изменето од Bronhi - 11.Јануари.2010 во 14:02
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 16:23
еве едит ќе му направиме
фала на исправкатаголема%20насмевка
Кон врв
Sataniskov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јуни.2012
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sataniskov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2012 во 20:51
Убаво објаснето, само во оваа наша држава ништо не е како што треба! Во Англија, доколку сакаш да вградиш плин во своето возило само 40% од севкупните давачки плаќаш ти, другото останува на терет на државата. Наидов на овој податок од емисијата Top Gear или Fifth Gear, не се сеќавам точно. Исто така многу МНОГУ помалку ја згадува околината и од бензинот и од дизелот. Да размислуваме и за загадувањето, што го прават нашите љубимци, да мислиме на иднината. Инаку, за наши услови е сосема доволно скапо. Јас инаку возам олдтајмер, Застава 1500 од далечната 1975-тата година. Во одлична состојба ми е возилото, но никако не бидуваше за возење, бидејќи при „градска вожња“ ми покажуваше 13-14 л. на 100 км. Си вградив плински уред, и сега е веќе многу подобро. Инаку пред 5-6 години го вградив, за само 100 евра. Но секако, нема никакви документи. Освен во зимо, при палење не ми прави никакви проблеми, а секако моето возило бидејќи има погон на задните тркала, а моторот му е напред, не го возам кога има снег, и доколку го возам во зимо (на минусни температури) прво го палам на бензин па тогаш го префрлам на плин. Цревата од распињачата директно ми одат во карбураторот, и да зголемена ми е потрошувачката за 10-20%, но кога ќе земеме во предвид дека ТНГ е за 50% поефтин и од дизелот и од 95, и 100 е сосема доволен плус за да се вгради плин. Секако, доколку се има финансии, најдобро е да се вгради плин со документи и да се А-тестира. Drive on LPG, drive green!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 00:16
...ja ne gledam shto  shtedi ovoj.изненадување

... i koga bi imal dizel ili bezoloven isti pari bi gi daval....i toa bez da troshi plin,

...ako si kupi nekoja  ponova kola.

...15 l LPG = 8 l unleaded 95


Изменето од brza - 16.Јуни.2012 во 00:17
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32090
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 00:25
Originally posted by brza brza напиша:

...ja ne gledam shto  shtedi ovoj.изненадување

... i koga bi imal dizel ili bezoloven isti pari bi gi daval....i toa bez da troshi plin,

...ako si kupi nekoja  ponova kola.

...15 l LPG = 8 l unleaded 95

A investicijata od 500 evra za plinskiot ured ???збунетост
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 00:29
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

...ja ne gledam shto  shtedi ovoj.изненадување

... i koga bi imal dizel ili bezoloven isti pari bi gi daval....i toa bez da troshi plin,

...ako si kupi nekoja  ponova kola.

...15 l LPG = 8 l unleaded 95

A investicijata od 500 evra za plinskiot ured ???збунетост
a ti chitash i sfakjash shto chitash ili....ti se spie?изненадување

..edina investicija ke mu bide za...ponova kola!



Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 12:00
Originally posted by Sataniskov Sataniskov напиша:

Убаво објаснето, само во оваа наша држава ништо не е како што треба! Во Англија, доколку сакаш да вградиш плин во своето возило само 40% од севкупните давачки плаќаш ти, другото останува на терет на државата. Наидов на овој податок од емисијата Top Gear или Fifth Gear, не се сеќавам точно. Исто така многу МНОГУ помалку ја згадува околината и од бензинот и од дизелот. Да размислуваме и за загадувањето, што го прават нашите љубимци, да мислиме на иднината. Инаку, за наши услови е сосема доволно скапо. Јас инаку возам олдтајмер, Застава 1500 од далечната 1975-тата година. Во одлична состојба ми е возилото, но никако не бидуваше за возење, бидејќи при „градска вожња“ ми покажуваше 13-14 л. на 100 км. Си вградив плински уред, и сега е веќе многу подобро. Инаку пред 5-6 години го вградив, за само 100 евра. Но секако, нема никакви документи. Освен во зимо, при палење не ми прави никакви проблеми, а секако моето возило бидејќи има погон на задните тркала, а моторот му е напред, не го возам кога има снег, и доколку го возам во зимо (на минусни температури) прво го палам на бензин па тогаш го префрлам на плин. Цревата од распињачата директно ми одат во карбураторот, и да зголемена ми е потрошувачката за 10-20%, но кога ќе земеме во предвид дека ТНГ е за 50% поефтин и од дизелот и од 95, и 100 е сосема доволен плус за да се вгради плин. Секако, доколку се има финансии, најдобро е да се вгради плин со документи и да се А-тестира. Drive on LPG, drive green!


Ах мојата болка.... некаде 4 месеци има од кога продадов таков Фиат. МОјот беше 1.3 од 71ва, со дамски мењач... на ново мирисаше уште... Стави слики од твојата да ја видиме , има многу љубители на олдтајмери овде

Сеедно, да се вратиме на темата... МОјот ги цепаше од 11 до 13 можеби полесна вожња беше во прашање. Сеедно, плионот ми беше повеќе од потреба но не го ставив заради документите. Штоако е италијански, штоако е со електронско префрлање ко не смеам да го користам регуларно. Сепак, не сакав да ризикувам уште со тоа... Тогаш уште немав ни возачка, ни колата беше регистрирана, па ако ме запреа уште со плин без документи - отиде сето у п.м. Така да , видов не видов - морав да ја продадам.

Да наместиш најефтино плин - 16000 во градов сосе а-тест... Релативно многу пари за стара кола. Јас фиќото го платив 12 000 и ако сакам да му ставам плинче ќе треба да платам + 1/3 од неговата цена...

заклучок... плинот ако е биде поефтин за монтажа - се ќе биде супер
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 12:23

...да беше плинот интересен и ЈСП ќе вградеше таков уред во новиве автобуси.

Замислете ги двокатните...со приколка,пошто одозгоре не може да стане.смеење

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Sataniskov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јуни.2012
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sataniskov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 02:00
Еве слика од тристачот, го има и на youtube
http://fotografija.com.mk/images/2012/06/17/Hzby.jpg
Инаку старо си подобро, секако, си има свои маани, али не можам да замислам за еден филтер за возхух да одделам повеќе од 100 евра. Од поновите коли е толку, па дури и многу повеќе. Од кој и аспект да гледаш поновите коли ти се поскапи и за одржување и за регистрирање и за се.. Пред 2 дена ја регистрирав, 3300 за технички, и уште 3000 на 3 рати за осигурување. Е тоа ти е живот!

Изменето од Sataniskov - 17.Јуни.2012 во 02:01
Кон врв
Sataniskov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јуни.2012
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sataniskov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 02:02
Зашо ми е понова кола бре?? За повеќе давачки? Не, искрено благодарам!
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 11:35
Како помина на технички со плин без документи? не ти проверија?
Јас моментално имам 750ка... Сега пред регистрација ги отворив кочниците за цилиндарчиња и гуртни и стварно сум задоволен од тоа колку ефтино си поминав... 250 денари цилиндар.
Сега следи уште регистрацијата, се надевам дека и таму ќе биде ефтино...
Да , секоја си има маани. Никоја не е совршена...

И врв на се, во мојот живот постоеше Ауди 80 б1 1.6S
Е на него само бензин се ставаше ( 9 на 100) ... филтерот ме кошташе неколку стотини денари, а гумите по 1000 денари половни. Е тоа беше уживање и задоволство
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2012 во 13:15

каков плин бре?..го уништува моторот,барем овие посовремените.А и инвестицијата е скапа работа,плус тоа,бензините секоја недела поефтинуваат.Така да..

СЛнце му е мајката..колектор еден одозгора и....пичи..у.... газење од смеење

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 10:04
Ја на пиво ќе возам... секако е поефтино од бензин
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.