IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Даме Груев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Даме Груев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 07:00
poinakov pogled, novi dokumenti, novi nastani

crno belo, ednostravno bile predstavuvani

inakvi soznanija

balast na vremeto

socialni stereotipi

inakov nachin


oti be?

puzzelot ne izleguva i sega go vrtiteзбунетост

vrtete vrteteда






Изменето од d4 b3 - 22.Јули.2010 во 07:01
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 09:19
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Интревју со Дамјан Груев во в. „Новое времја“, 1904 година
Дописништво на „Новое Времja“) Рускиот печат се однесе скептички спрема неодамна објавениот отчет на цивилните агенти, во кој се тврди дека божем во Македонија сè е во состојба на благополучност и дека Мирцштегските реформи божем успешно се применуваат. Деновиве јас имав средба со Д. Груев, главен раководител на внатрешната организација во Македонија. Ќе ги запознаам читателите со неговото мислење за состојбите во Македонија и со реформаторскоото дело во неа во 1904 година. Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија; дојден е овде пред еден месец да ја лекува раната, што ја доби при едно случајно судрување со турските војски, сега е речиси оздравен и се чини набргу пак се враќа во Македонија. Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарското и српското правителства. Турското правителство ја има оценето неговата глава на 5.000 лири. Г. Груев е релативно млад човек, со убав библиски лик; неговото расположение е стабилно, шеговито-жизнерадосно, плус искреност; со што силно предрасположува кон себе себеседникот; очигледно е дека постојаните бури и животни тревоги не ја скршиле оваа натура. (…)

– Ќе има ли востание годинава?

– Ние не мислиме да го покреваме пред завршувањето на руско-јапонската војна; доколку Турците го предизвикаат, тогаш е друго прашање. Ние мораме да водиме сметка за чувствата на народот (што и да се зборува, меѓутоа крвта не е вода – Русите се наши браќа), второ, за интересите на нашето дело; нормално разрешување на македонското прашање многу зависи од тоа, колку Русија ќе биде слободна… За време на востанието руската дипломатија беше во односот спрема нас, Македонците, маштеа; меѓутоа Русија ја ослободи Бугарија; таа бездруго нема да нè остави нас да нè изедат непријателите на славјанството. Така мисли нашиот народ, а така мислиме и ние. – Какви се односите меѓу бугарското правителство и вашата организација? – Мошне недружељубни; бугарското правителство се стреми внатрешната организација да ја потчини под себе, меѓутоа нему тоа нема да му успее, бидејќи ние му даваме на тоа доста енергичен должен отпор.



Што ли пишува во интервјуто на местото на (…)



Можеби нешто во овој дух?


Цитирај Даме Груев за српската пропаганда во Македонија во рускиот „Новое времја“, препечатено од в. „Ден“

Еден разговор со Даме Груев

Пред извесно време дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.


Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување.

Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.

-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бугарските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна ... Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо...

Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање.

Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада... Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.

Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.



-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2





Тоа што најмногу ме изненади е следното

Цитирај Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.


Јас го разбирам како отказ на Организацијата да делува во некои реони на Македонија, кои треба да биле сецело посрбени.




Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 21:14
Kasnakovski што пиши овде .....................

Јас мислам дека пиши дека вие немате врска но мора некој да ја брани бугарштината
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 21:58
Самиот факт што има нешто пропуштено, зборува дека авторот на текстот намерно покажува само тоа што му одговара.

Како беше и со интервјуто на Никола Карев.


Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 23:06
Ајде де???

Значи кога цитираш нешто тоа се прави со целото дело а не само одреден дел???

Еурека од страна на каснаковски.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 03:00
Дамјан Јованов Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер и национален деец. Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата македонска револуционерна организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.

Само неколку личности од илинденскиот период во народот останале врежани како нивни апостоли и водачи. Првиот апостол е Гоце Делчев, а вториот е Даме Груев. Еден со друг се надополнуваа. Мајка им беше Македонија. Целиот свој живот и го посветија, и на олтар го положија, загинаа за Македонија.

Даме груев е роден во 1871 год. во с. Смилево, Битолско. Татко му Јован бил по професија ѕидар. Се претпоставува дека имал мијачко потекло, од с. Селци. Основно учлшпте завршил во родното село. а гимназија, од I до IV клас, во Битола, од V и VI клас во Солун, во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во 1887/1888 година учествувал во големиот бунт на учениците на солунската гимназија, за запирање на бугаризацијата и за настава на македонски народен говор. Во јануари 1888 година, заминува со поголема група од 19 души, меѓу кои Петар Поп Арсов, во Белград. Образованието го продолжува во Гимназијата во Белград, каде учествува во бунтот против режимот на србизација на македонските ученици. Во 1891 година оди во Софија, каде студира историја на Високото училиште.
Идејата Даме целосно да се посвети на македонското дело, особено доаѓа до израз за време на неговите студии во Софија. Верен на идејата која го водеше, за афирмирање на македонската национална посебност и за одбрана на македонските национални интереси, со неколку македонски студенти формирал група, која дејствувала под името Млада македонско книжевна дружина (ММКД). Група во која биле Петар Поп Арсов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и др., го издавала списанието “Лоза”.

Во Софија со неколку истомисленици од кругот околу „Лоза“, создаваат „Дружба“ , чија цел им е по завршувањето на учењето да се приберат во Македонија, каде имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Среде тој интимен круг се раѓа идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија. Во Софија главните членови на „Дружбата" беа Хр. Поп Коцев, Д, Мирчев, Никола Дејков и Поп Арсов, кои со Даме се стремеа да бараат примена на член 23 од Берлинскиот договор.

Даме Груев, кој во овој период е доста активен (членува и во социјалистичката група), станува сомнителен и по убиството на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев, веднаш бил затворен заедно со неколку другари. Во затвор поминува 15 дена, по што бил ослободен. Во меѓувреме додека бил во затвор, поради неговите напредни идеи, агитирањето и одбивањето да служи војска, Даме груев во 1891 година бил исклучен од Високото училиште.

Веднаш по излегувањето од затвор, Даме Груев во април 1891 година се вратил во Македонија. Кога доаѓа во Битола, одвај имал 20 години, но веќе имал јасна свест за тоа што треба се направи за остварување на големата идеја за ослободување на Македонија. Формирал револуционерно друштво од младите учители. Слично како и во Софија, Даме уште во текот на летото во Битола формира „Дружба", во која на почетокот беа: Лука Џеров (од Битола, беше заврпшл V или VI клас во солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учигел), Дуртанчев (учител, род. од Битола), Никола Кочов (учител од Битола) и др. Пристапиле кон изработка на устав, но тогашниот архнмандрит, владиката Козма, го попречил натамошното јакнење на Дружбата.

На Груев не му било дозволено да остане во Битола, па откако бил назначен за егзархиски учител во родното место, прво заминува во Смилево каде држи Школо за возрасни, а потоа, во 1892 година, заминува во Припеп. По доаѓањето во Прилеп, Даме наидува на козервативна средина кај неговите колеги, учители, кои го попречуваат во неговата револуционерна дејност. Набрзо сфатил дека за развивавње на револуционерната свест треба плодна почва, а во тоа време, најпогоден бил Солун затоа во летото 1893 година се вратил во Солун каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев.

Груев со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирале Македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев (двајцата учители) и д-р Христо Татарчев (лекар) и ги поставиле основите на Македонската револуционерна организација. Даме бил иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун, а на конститутивниот состанок на 7. I 1894 година Груев станал прв секретар на Централниот Комитет.

Одамна свесен дека без културна слобода и издигнување нема ни национално ослободување, од Солун во 1894 година заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука за првпат се сретнал со Гоце Делчев (учител во штипското Ново Село) и Туше Делииванов. Како учител, близок до народните маси, заедно со неговите истомисленици, работел на организирање на населението за остварување на долгоочекуваниот сон. Во летото 1894 започнал да ги формира првите ревулуционерни комитети.

По разговорите во Софија со раководството на Врховниот комитет на македонската емигрантска организација во Бугарија и во Цариград со егзархот во 1895 година се уверил дека Македонската револуционерна организација не само што неможела да смета на поддршка туку и претстоело жестоко конфронтирање. Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, цели шест години Груев неуморно ја обиколува Македонија и го организира населението примајќи нови приврзеници, според прописите на Уставот.

Во 1895 година бил назначен за училишен инспектор и се враќа во Солун. Се активира во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Османлиските власти во 1898 година го протерале во Битола, каде што бил уапсен во месец август 1900 година, во врска со Попставревата афера. Осуден бил на 10 години затвор. Од затворот во Битола ја продолжува својата активност. Одржувал врски, давал инструкции и раководел со Месната организација. Во мај 1902 година, бил префрлен од Битола во затворот во Подрум-Кале (Мала Азија), каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. Десет месеци потоа (март 1903) бил амнестиран и се вратил во Македонија (во Смилево). Кратко време потоа заминал во Солун, каде што имал средба со Гоце Делчев. Делчев никако не успеал да го наговори Груев за отповикување на јануарската одлука на ЦК на ТМОРО за кревање неподготвено востание.

Груев не отстапил и пред силата на аргументите и пред инсистирањето на Делчев. Преземајќи ја фаталната одговорност, разговорот со Делчев ќе го заврши со зборовите: „Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“ Сигурно бил свесен за сите околности околу Востанието, но и за тоа дека Македонија, последна на Балканот, ја добива шансата да биде ослободена и да формира, по долго време, своја држава. Сепак, Илинденското востание, со кое практично раководеше тој, ќе остане забележано како восташе во кое е формирана првата република на Балканот.

На Смилевскиот конгрес одржан на почетокот на мај со кој претседавал Груев, бил избран Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ. Меѓу членови на Главниот штаб, Анастас Лозанчев, Борис Сарафов, бил избран и Даме Груев, кој бил задолжен за бранење Смилевското подрачје. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на Илинденското востание. Самиот чин на кревање на востанието на 2 август 1903, Даме Груев го доживеал како историски миг за македонскиот народ, кој бил решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. Но во борбата за национално ослободување ги доживеал и ужасите на страдањата на својот народ. На 14 август одбраната на Смилево била пробиена, а востаниците заедно со народот се повлекле на повисоките места на Бигла планина.

По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето. Духот на Востанието ќе се преточува и за време на НОБ, кога, покрај другото, и многу партизански единици ќе ги добијат имињата на великаните од илинденскиот период: Гоце, Даме, Јане... Илинден ќе стане симбол на македонскиот непокор и светилиште за сите оние, без оглед на народноста и други предзнаци, на кои слободата им е во преден план.

Даме си остана чист македонски национален револуционер. Веруваше дека Европа ќе помогне во ослободувањето на Макеоднија. Но како и други пред него се излажа. По Востанието Груев останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Се застапувал да продолжи да функционира Организацијата, централизирана како тајна држава во османлиската држава, како „подземна Република“. Во 1905 година претседавал на Општиот конгрес на Револуционерната организација и бил избран за член на Централниот комитет. Сакал да се надминат поделбите но постигнатото единство на Конгресот траело кратко. Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај с. Русиново (Малешевско). Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во с. Смилево.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 07:04
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Во 1887/1888 година учествувал во големиот бунт на учениците на солунската гимназија, за запирање на бугаризацијата и за настава на македонски народен говор.


Дали е точно напишаното?

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 09:23
Ништо не е точно,комунистите уште не лажат
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 09:38
Очигледно е дека еден егзархистки учител и инспектор на училиштата не може да "запира бугаризациjата".голема%20насмевка

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:02
Или пак колку може ја запира и за тоа е убиен „уви од Бугарска рака„намигнување
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:34
I toj li od bugarska, Bugi?

PS da de, neli se Bugarite turkomongoli. Turci, Bugari, isto e.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 12:08
ОООООООООООООО нели голема%20насмевка
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 12:42
Види само кои биле другарите на Груев, сите егзархиски учители; и каква бугаризациjа и бунтови во Солунската гимнзиjа, кога он е инспектор две години токму во Солун!

"Од Белград дојдов во Софија, и се запишав како студент по историја на високата школа. Тоа беше во 1889 година. Во четвртото полугодие ја напуштив Високата школа, поради познатата училишна афера со Рачо Косев, и заминав во Македонија - во Битола, каде по малу време добив назначување на егзархиски учител во своето родно село Смилево. По едногодишно учителствување тука, бев преместен за учител во Прилеп, во кој предавав во четвртото одделение на основното училиште, и во трикласното училиште. Следната година отидов во Солун, и станав коректор во печатницата на Самарџиев. И тоа траеше една година, по кое пак станав учител во Штип. И тука престојував само една година, и ме назначија за училишен инспектор во Солун. Таа служба ја вршев две години, а потем една година поминав во Солун без работа, по кое една цела година и половина бев интерниран во Битола. Одново станав учител во Битола, а по една година попаднав во турски затвор, во кој лежев првин во битолскиот затвор две години, и потем во Подрум-кале десет месеци. Од затвор излегов во март 1903 год.. Преку Солун си дојдов во Смилево, каде ме затече и Илинденското востание."
------

Еве како се борел со бугарштината Даме Груев...намигнување
А  кои биле другарите му и кои му биле за пример, jасно си кажал човекот:

"Во текот на летото во Битола се обидов да здружам неколку момчиња, со чисто револуционерна цел, сиреч идејата што ја имав во Софија, почнав да ја остварувам. Тоа отпрвин беше меѓу 5-6 мина: Лука Џеров (од Битола, беше завршил V или VI клас во солунската гимназија), Неделко Дамјанов (од Битола, учител), Дуртанчев (учител, род. од Битола) , Никола Кочов (учител од Битола) и др.

Во Софија главните членови на „Дружбата“ ни беа Хр. Поп Коцев, Д, Мирчев, Никола Дејков (секретар кај мировен судија, родум од Прилеп, сега адвокат во Луковит), Поп Арсов. Сметавме да дејствуваме главно во насоката да се бара применување на Берлинскиот договор. Мислевме да создадеме организација, по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Бенковски и сл.. Добро ја бевме проучиле таа организација. На пример, записите на Захариј Стојанов ни повлијаеја, па и воопшто дотогашната бугарска револуционерна публистика. Бевме се запознале и со историјата на српските движења."

намигнување



Изменето од lav4eto - 26.Август.2010 во 13:17
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 15:08
Мислевме да создадеме организација, по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Бенковски и сл.. Добро ја бевме проучиле таа организација. На пример, записите на Захариј Стојанов ни повлијаеја, па и воопшто дотогашната бугарска револуционерна публистика.


Овој цитат ви е закон.Е сега затоа што Храватските и Унгарските националисти ја бараат помошта од ВМРО автономистичка и го копираат нивниот устав и начинот на војување,дали тоа значи дека и тие се БУГАРИ???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.