|
1100 години од упокојувањето на преподобниот Наум |
Внеси реплика |
Автор | |
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Јануари.2010 во 20:48 |
1100 години од упокојувањето на преподобниот Наум Охридски - Јубилеј или срам за МПЦ...
Што направи МПЦ за оваа прослава... Слово на Архиепископот Јован: 1100 години од упокојувањето на преподобниот Наум Охридски Современата агиологија не располага со многу податоци за животот и практичната дејственост на преподобниот Наум Охридски. Немаме ниедна потврда за неговото авторство на некои пишани текстови, освен што се претпоставува дека напишал неколку канони за црковните богослужби. Постојат две житија за овој сесловенски просветител кои се напишани на старословенски, едното се смета дека е од десетти век, а другото најверојатно од шеснаесетти век, како и еден синаксар на грчки, можеби од тринаесеттиот век, којшто е придодаден на службата на преподобниот Наум на грчки, издадена 1740г. во Москополе, но во него има многу оскудни податоци за светителот. Постојат претпоставки дека е роден некаде во Македонија, и немајќи скоро никакви противаргументи на тие претпоставки, би можеле тоа лесно да го усвоиме. Немаме ниту податоци каде се школувал и што изучувал пред неговата средба со светите браќа Методиј и Кирил. За прв пат неговото име историски се сретнува помеѓу учениците на светите Методиј и Кирил во Моравија и Панонија. Тој заедно со Климент, Ангелариј, Горазд и Сава отишол во мисија во Моравија 863г., на барање на моравскиот кнез Ростислав и по благослов на константинополскиот Патријарх Фотиј, и секако со согласност на ромејскиот властодржец Михаил III. Мисијата на Седмочислениците во Велика Моравија се состоела во тоа да го внесат словенскиот јазик во богослужбите, разбирлив за народот на тоа подрачје. Но тоа предизвикало големи непријатности со свештениците кои сметале дека е ерес да се употребува друг јазик на богослужбите во Црквата освен еврејскиот, грчкиот и латинскиот. Заради тие непријатности коишто ги имале светите браќа Методиј и Кирил со германските свештеници, биле повикани од тогашниот Папа, Николај I да дадат одговор за некои недоумици поставени во врска со нивната мисија. Во придружба на светите Методиј и Кирил при доаѓањето во Рим бил и свети Наум. Најверојатно токму овде е ракоположен за ѓакон. Светите браќа успешно ја одбраниле нивната мисија во моравското кнежество пред Папата Адријан II, кој бил избран во меѓувреме по упокојувањето на Николај I, но Кирил се упокоил во Рим и таму бил сохранет. Наум со останатите ученици и со Методиј којшто во Рим бил ракоположен во епископски чин се вратиле во Моравија, 885г. Наследникот на Папата Адријан, Стефан не бил наклонет кон свети Методиј и неговата мисија. Тој го прогласил неговото учење за лажно и ги забранил богослужбите на словенски јазик. Тогаш настапиле многу тешки времиња за учениците на светите браќа. Биле злоставувани, малтретирани, па дури некое кратко време поминале и во затвор. Не им преостанало ништо друго туку да се вратат таму од кадешто и дошле. Преку Белград, а по препорака од управникот на овој град, отишле кај бугарскиот кнез Борис, во неговата престолнина Преслав. Помеѓу учениците коишто пристигнале во Преслав, покрај Наум бил и Климент и уште некои. Бугарскиот кнез Борис многу им се израдувал бидејќи одамна барал такви мудри и учени луѓе како нив. Биле поставени за учители, Климент во Кутмичевица, тоа било место во најјугозападните краеви на тогашното бугарско кнежество, додека Наум останал во Преслав. Свети Климент живеел и работел во Кутмичевица до 893г., кога е посветен во епископски чин, а потоа заминал во областа Велика. На неговото место во Кутмичевица дошол Наум. Природно е секој монах да го привлекува живот во мир и молитвено тихување. Без оглед на тоа што ќе им донесе животот и службата, монасите ја посакуваат исихијата. Веројатно животот во тихување била една од неостварените желби на преподобниот Наум. Уште како млад прифатил да биде мисионер, а животот на мисионерот нема многу можности за тихување. По враќањето во Бугарија ја прифатил учителската служба и тешко е да се претпостави дека имал време за исихија. Дури во староста му се остварила таа желба. Ако добро може да се заклучи од првото житие на старословенски, тој во 900г. подигнал манастир на Охридското Езеро посветен на Светите Архистратизи Божји, кога најверојатно примил и монашка схима. По податоците од другото житие тоа било во 905г. Несомнено е дека се упокоил на 23 Јануари 910г. и дека е погребан во манастирот којшто тој го подигнал, а го погребал неговиот „брат, другар и сострадалец“ Климент. Сè до 1745г. споменот на неговото светителско име се вршел на 23 Јануари, но таа година, Архиепископот охридски Јоасаф II, го преместил датумот на споменот на преподобниот Наум од сосема практични причини на 20 Јуни. Така, оттогаш неговиот спомен се слави на 20 Јуни по Јулијанскиот календар. Овие податоци со кои располагаме од житијата на св. Наум навистина се многу скромни за еден човек со толку голем култ не само на подрачјето на Охридската Архиепископија туку и многу пошироко. Големи тајни се тоа по кои принципи Бог ги прославува своите угодници, бидејќи за многу светители кои имаат исто така големо почитување во Црквата како и преподобниот Наум Охридски, немаме ни толку житејски податоци колку што имаме за него. Од ова може да се заклучи дека сигурно не е критериум пред Бога богатството на животни дејства, разните промени на службата, напредувањата и наградите со кои се украсуваат биографиите на световните луѓе. Најголема вредност пред Бога има љубовта којашто човек ја стекнува кон Бога и кон ближните. Тоа е мерката колку ќе станеме домашни на Бога, колку присно ќе се причестуваме со Логосот, каква блискост ќе имаме со останатите деца Божји, и секако какво ќе ни биде достоинството пред Бога. Ако мериме со овие аршини, тогаш е сигурно дека би можеле за преподобниот Наум да најдеме уште многу податоци за неговиот живот. Сè што е напишано во Евангелието како мерка за доблестен живот можеме да го допишеме во неговото житие, сè што говорат Апостолите за Светителите кои се во Црквата се однесува на него, сè што Отците на пустината и другите преподобни до 10-от век го искусиле во подвизите во односот со Бога можеме да го препишеме како негово искуство, бидејќи токму таков е животот во Црквата, Христијаните се како прачки на лозата (Јован 15,5), кој отпаѓа од лозата тој се суши, но кој останува на лозата, сè што е на лозата е и негово. Тоа значи дека и покрај тоа што немаме историски податоци за тоа како св. Наум се подвизувал, со сигурност знаеме дека се молел, дека постел, дека бдеел, дека читал, дека помагал на луѓето, дека поучувал, со еден збор дека животот го посветил на Бога и на ближниот. А од каде би го знаеле ова ако тоа не ни го кажал неговиот биограф? Го знаеме тоа од неговото презиме: Преподобен. За некој од Црквата да се прослави како преподобен тој сигурно со својот доблестен живот задолжил многумина, не само неговите современици туку и генерации после него. А што е тоа со што ги задолжил? Со примерот на својот остварен копнеж за Бога. Со примерот на успешно завршените подвизи во добродетелите. Подвижништвото е само средство и метод за возвишената цел на единството со Бога. Дури и самите добродетели се средство за една подлабока и повозвишена цел каква што е љубовта. Подвигот го прави човекот истраен, добродетелите го прилагодуваат за соживот, но совршенството е во љубовта, бидејќи таа е начин на Божјото постоење. А преподобните луѓе токму неа ја бараат и токму неа ја стекнуваат, секако со благодатта Божја која дава големи дарови на оние што се трудат. Тие големи дарови ги добил и свети Наум, охридскиот чудотворец. Нашироко се познати чудата кои се случуваат на неговиот гроб, и познато е дека тој е исцелител на многу болни од најразлични болести. Бог го прославува и до денешен ден, како што тој го прославувал Бога за време на неговиот живот. Но преподобниот Наум Охридски го прославува Бога и денес, со нас и преку нас кои ја славословуваме Света Троица, бидејќи нашата вера со која го прославуваме Бога е насадена на неговата вера во истиот Бог, поткрепена на неговите заслуги, трудот и просветителската дејност, ама и на неговата надеж дека на крајот сите ќе се собереме околу Христа, како неговите претходници и наши претходници така и неговите следбеници, чедата негови кои сме сите ние што го споменуваме и прославуваме негово име и после 1100 години од неговото претставување пред Господа. Архиепископ и Митрополит +охридски и скопски Јован |
|
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МПЦ систематски го оттуѓува манастирот „Св. Наум“ од Православието
Следната, 2010 год., се навршуваат 1100 години од упокоението на рамноапостолниот сесловенски просветител, преподобниот Наум Охридскиот чудотворец, еден од учениците на славните солунски браќа, светите Методиј и Кирил. По враќањето од мисијата во Моравија, преподобниот Наум, на брегот од Охридското езеро го изградил манастирот, којшто со својата дејност, заедно со универзитетот на светиот Климент, на Охрид ќе му го обезбедат славното име – Јерусалим за Словените. Заради моштите на преподобниот Наум, коишто се наоѓаат во манастирот, како и заради автентичниот монашки живот, манастирот низ вековите бил омилено место на коешто богослужеле и извесните охридски Архиепископи: Теофилакт Охридски, Димитар Хоматијан, Константин II Кавасила, Порфириј Палеолог, Арсениј II... Во нашата понова историја, особена грижа за манастирот покажал и златоустиот на 20 век, светиот Николај Охридски и Жички. И денес, живо се пренесува сеќавањето дека едно од омилените места за молитвено тихување на светиот владика Николај бил токму манастирот, токму покрај светите мошти на преподобниот Наум Охридскиот чудотворец. Но, денес сликата за славниот манастир е целосно поинаква. Откако тој се наоѓа во рацете на Македонската православна црква, којашто во православниот свет слови за расколничка верска организација, врз манастирот на преподобниот Наум се исполнуваат евангелските зборови за „мерзоста на запустението на свето место“ (Мат. 24,15). Наместо негувањето на преданието, наместо монашкиот живот и богослужби, Македонската православна црква реши, за паричен надомест, да го издава манастирот на фирми, коишто развиваат дејности целосно спротивни на манастирскиот начин на живот, целосно спротивни, воопшто, на Православното Христијанство. Имено, Македонската православна црква веќе со години го има претворено манстирскиот конак во хотел, со допуштение и манастирот да се преименува во „Хотелски комплекс Свети Наум“. Исто така, покрај тоа што манастирот функционира како СПА и Фитнес центар, Македонската православна црква дозволува во манастирот да дејствува Art of Living Foundation, чиј основач е Рави Шанкар. Оваа религиозна група токму во манастирскиот конак ја предава техниката на дишење Pranayama, sudarshan kriya. Една од причините поради кои Македонската православна црква упорствува во расколот со Православието, претставува токму фактот дека во спасоносното единство со Црквата нема да може да си дозволи да го изнајмува манастирот на преподобниот Наум на горенаведената религиозна група, нема да може да си дозволи да го продава богатото предание на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Оттука, со манастирот на преподобниот Наум претворен во хотел и религиозен центар на Рави Шанкар, останува отворено прашањето како Македонската православна црква ќе го прослави претстоечкиот јубилеј на 1100 години од упокоението на сеправославниот преподобен Наум Охридскиот чудотворец? Изменето од evangelist - 04.Јануари.2010 во 20:57 |
|
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Оттука, со манастирот на преподобниот Наум претворен во хотел и религиозен центар на Рави Шанкар, останува отворено прашањето како Македонската православна црква ќе го прослави претстоечкиот јубилеј на 1100 години од упокоението на сеправославниот преподобен Наум Охридскиот чудотворец?"
Навистина се прашуваме што навистина направи Државата и црквата за овој јубилеен празник... |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
evangelist
добро би било да го кажеш и линкот од каде ги прибираш информациите и текстовите кои ги paste-ираш овде, иако за овие неколку погорни текста може да се забележи од каде се...
|
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелист,нели една битна особина на православниот Хриостијајни е да НЕ ЛАЖЕ,а ти најбалгоречено НЕ ЈА КАЖУВАШ ВИСТИНАТА.
Како прво,манастирот(или поточно само црквата и дел од конакот) е во сопственост на МПЦ додека делот кој сега е хотел бил даден на на долгогодишен закуп на бизнисмен и тоа пред 10 години ,кога се уште МПЦ не го имал во владение манастирот( да те потцетам дека тој многу долго време се сметал за музеј). Според договорот кој го има склопено државата како сопственик на "музејот" и тоа претпријатие имаат уште 20 години до иsтекување на договорот. Ако МПЦ се обиде да го раскине договорот ќе мора да плаќа пенали за 20 годишно предвремено прекинување на договорот и така на крај краева ќе мора сите да се стрпиме кога хотелот ќе биде за тоа и што бил изграден-КОНАК за верниците. А твојот почитувам Архиепископ да те потцетам беше дел од светиот синод на МПЦ доста долго време,па зар на него не му текнало тогаш да реагира за ова?! Ама сега нели е полесно,поточно МНОГУ ЛЕСНО да се мрчи и "кака" за се и сешто. А вашата "катакомбна" и ептен "мисинерска активност" многу ќе дојде до израз тука на форумов каде се присутни и многу протестанти, муслимани и разни Боготрагачи, но што ќе се замарате вие со проповед кон нив кога може да блуете по православните кои се дел од МПЦ. |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па нели гледаш дека јасно пишува од каде се. прашувам, можеби ова не е за во Вероисповед, но што кај нас направи државата и МПЦ за овој настан. за ова треба сите да се запрашаме а не да си правиме филм дека живееме во розов свет полн со миризливи цветови. треба да се гледа реалноста... а не во Синодот кај нас да седат поети. |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tropar na Sveti Naum Ohridski Chudotvorec
Soediinuvajkji se kon Hrista si go ostavil svetot zhiveejkji so duh, teloto si go raspnal, prablazhen Naume, si se stremel kako apostolite da se podvizuvash i nebrojno mizisko mnozinstvo vo verata si vodel. Taka i nas, so svoite molitvi izbavi ne' od iskushenijata. evangelist ......revnosta e odlicna ...no brate .....da ne stavame zar namesto gorcliv lek, a najubavo e blagotvoren melem......
zarot pali.....
lekot gorci no lekuva....
a melemot blagotvorno poleka isceluva.......
a samokritikata i smirenieto se najdobri za ,,napreduvanje,,...na sekoja crkva pa i na duhovniot zivot vo manastirot na Sv.Naum.....i za ispravanje na propusti.....
,,PO LJUBOVTA KE NE POZNAAT,,
SEKOE DOBRO NA SITE!
prostete...... Изменето од aladin - 05.Јануари.2010 во 19:27 |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од aladin - 05.Јануари.2010 во 19:21 |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SVETI NAUM I MECKATA Edno vreme, koga oracite od Sv. Naumoviot manastir si orale na nivite, im dosla edna mecka, ta im izela eden od orackite volo’i. Raloto im ostanalo so eden vol, ta ne mozele veke da orat. Oracot so trcanje dosol v manastirot i mu kazal egumenotomu otu meckata dosla na niva, ta mu go izela ednijot vol: “Sega nemam, rekol oracot, so sco da dooram nivata.” – “Odi si ti na niva, mu rekol egumenot, tamo ke si go najdis volot na plugot, fpregnat vo jaremot.” Oracot si osol na niva, koga sco da vidit ? – Cudo golemo – meckata sto go izela volot, fpregnata bila na plugot vo jaremot, zaedno so drugiot vol. Oracot si dooral nivata so ednijot vol i so meckata do nego fpregnata vo jaremot. I do den deneska to’a cudo stojt napiseno na ikonata na Sv. Naumova i na kamenjata po st’rnite od mostot Drimski blizu do manastirot. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |