IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОГРАФСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОГРАФСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЗОГРАФСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПР
    Испратена: 29.Декември.2009 во 13:29

ИКОНАТА ВО ПРЕДАНИЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА

Во Првата недела на великиот пост, го славиме споменот на востановувањето на светите и сечесни икони. Повеќе од сто години Црквата Христова ја потресуваше гонењето на злославните богоборци οд кои прв беше автократорот, Леон Исавриј, а последен Теофил, мажот на светата царица Теодора, којaшто пo неговата смрт повторно го утврди Православието заедно со Патријархот Методиј (843 година). Оваа незаборавна царица ги извика следниве свети зборови: „Кој не им се поклонува на светите икони и не ги целива со однос (=σχετικώς), а не богопоклоно (=λατρευτικώς), значи, не како богови, туку како икони (=слики) на првообразите, со копнеж и со љубов – засекогаш да е анатема”, a потоа побара од Бога простување на гревовите на својот маж преку општ пост и молитва за време на целата прва недела на Четириестницата, и во неделниот ден, заедно со својот син Михаил, со целиот клир и со народот ги воздигаа светите икони, и со нив повторно ја украси светата Христова Црква. Споменот на ова свето дело денес го слават сите Православни и затоа овој светол и сечесен ден го нарекуваме Недела на православието. Употребата, честа и односното поклонување на светите икони е прадревно апостолско предание, како што сведочат отците на светиот VII Вселенски собор. Постоењето на иконите во богослужбениот живот на Црквата и во животот на Христијаните е втемелено од самиот Господ Исус Христос. Тој, на царот Авгар од Месопотамија, му ја испрати неракотворената икона на своето лице. Овој цар боледуваше од неизлечива болест и имаше пратено покана до Господа, со желба, тој да дојде во Месопотамија и да го исцели. Христос, пак, зеде еден убрус и бришејќи ја потта од своето лице чудесно го отпечати својот лик на тој убрус, кој потоа му беше пратен на Авгар за да го исцели.

Иконоборството, коешто траеше отприлика еден век, беше најлошиот камшик што ја камшикуваше Црквата Христова. Започна со недовршени теолошки размисли, а заврши со ставот, иконите да бидат сметани за идоли, а оние што ги целиваат за идолопоклоници.

Во времето на Стариот Завет, Бог забрани да се слика Божеството. Тоа посебно го нагласи во десетте заповеди што му ги даде на Мојсеј. Светата Троица е надвор од секој облик и вид – како надсуштествена и неопишлива. Оттаму и не е можно со кој било облик да се наслика неопишливиот Бог. Но, во времето на Новиот Завет „неопишливото Слово на Отецот стана опишливо, воплотувајќи се од Светиот Дух и Пресвета Богородица.

На тој начин, Бог ни покажа како може Божеството да се опише, не како неопишлива суштина на Светата Троица, туку како една ипостас на Богочовекот Исус, кој е самото Божество, но се има соединето без мешање и неразделно со човековото битие.

Богочовекот Христос е најсовршената пројава на нематеријалниот и неопишливиот Бог во материјалниот свет. За ова сведочи и Апостолот Павле, којшто вели дека е Христос „икона на невидливиот Бог, првороден на сета твар… зашто во него е сместена полнотата на Божеството во тело.”

Значи, бидејќи е Христос совршена икона Божја, ние таа икона можеме да ја насликаме. На тој начин земјеното човечко око ќе може да го види својот Создател – според мерката во која е можно тоа да се направи на материјален начин.

За ова пишува свети Јован Дамаскин: „Во дамнина, Бог, кој е бестелесен и безобличен, не се претставувал на ниту еден начин. Но, сега, кога го видовме Бога во тело и кој беше меѓу луѓето, го сликаме Бога што го видовме. Затоа се дрзнувам да го насликам невидливиот Бог, не како невидлив, туку како видлив, кој примил тело и крв заради нас. He го сликам невидливото Божество, туку го сликам видливото Божјо тело.

Во овој контекст би ја спомнале и иконата на Бог Отец, присутна во православната уметност од почетокот на 17 век.

Еве што вели за оваа икона големиот Собор во Москва одржан во 17 век:

Заповедаме од сега па во иднина да не се слика иконата на Господ Саваот, то ест, Отецот, зашто него никој никогаш не го видел во тело. He е добро и не приличи на иконите да се слика Бог Отец со бела брада и единородниот негов Син во неговата утроба, а помеѓу нив гулаб.

Многу пред овој собор и VII Вселенски собор говори за непостоењето слика на Бог Отец – како невоплотен и невидлив, па, оттука и непретставлив. VII Вселенски собор ги осуди иконоборците како најопасни еретици, зашто иконоборството содржи во себе голем спектар на ереси. Ете, оттогаш е определено да се слави Неделата на православието и да се чита јавно Синодикот на православието, за да се просветлуваат луѓето и да не заживее никогаш повеќе оваа подла прелест на иконоборството. „Определи овој Свет Синод да им се оддава чест и односно поклонување на светите икони, како што се случува со светото Евангелие и со чесниот крст.”

Богоносните отци во своите списи разјаснија дека поклонувањето со обожување ѝ се оддава само на Светата Троица, значи на Божеството. Поклонување со обожување треба да му се оддава и на Господ Исус Христос, зашто тој е самото Божество, кое ја прими човечката природа. И на човечката природа на Христа ѝ се поклонуваме со обожување, зашто телото Христово е тело на Божјото Слово и е неделиво од неговото Божество и се обожува заедно со него. Само неразумните луѓе, вели свети Атанасиј Велики, можат да кажат „застани Боже подалеку од твоето тело за да ти се поклонам.”

Но, на иконата на Света Троица, како и на иконата на Христа и на светиите не им се поклонуваме со обожување, туку само со однос. Се поклонуваме на иконата Христова и ја целиваме, зашто е во однос со самиот Господ – го претставува неговиот лик и е напишано неговото име. Затоа, кога се поклонуваме на светите икони нашиот ум е на небото каде и што е владиката Христос. Чествувајќи и поклонувајќи ѝ се на иконата Христова ги покажуваме нашите чувства за Господа. Иконата е причина за дијалог со Господа, со Богородица и со светиите. Бидејќи се иконите предмети наменети за богослужба во храмот, оттаму тие не се само насликани штици, туку се и носители на благодат. Тие стануваат причина, оние што ги целиваат да добиваат благодатна помош. Но овие сконцентрирани дарови на благодатта ќе останат бездејствени, ако целивот на иконата не се случува со потребната вера.

За ова свети Василиј Велики вели: „Честа што ѝ ја оддаваме на иконата преминува на нејзиниот прототип.

Светата икона како таква претставува исповедање и потврда на верата во воплотувањето, со што воедно покажува дека во православието, вистаната на верата и уметноста не се разделуваат, ниту се спротиставуваат, туку напротив, взаемно се посведочуваат и се потврдуваат.

Иконата е догматски факт на верата и на теологијата на Православната Црква, документ на вистинско богопознание и човекопознание.

Иконата видливо сведочи дека Бог вистински стана човек, но и дека човекот – како психофизичко битие е способен и достоен во себе да го смести и пројави Бога, да се соедини со него во меѓусебна љубов, во бесмртен живот, без губење на својот човечки лик и личност.

Постои една друга страна на оваа тема која е многу важна: иконописот не го слика портретот Христов, туку Христа во часот на преображението каде карактеристиките на двете природи Христови – Божјата и човечката се покажани на најсоодветен и најизразит начин.

Ако покрај иконата Христова го ставиме портретот Христов, ќе видиме дека иконата ги сочувала природните карактеристики Христови, но, зраковидното осветлување и белите осветлувања на ликот и геометриското осветлување на облеките, ни го даваат телото Христово кое блеска од несоздадените Божји енергии, ни даваат еден предвкус на преображението.

Co други зборови, портретот ни го пројавува природниот лик на светителот, а иконата ни ја Пројавува невидливата слава на неговата светост, неговиот изглед прославен преку Божјата благодат. Но, моментот на портретот мора да постои во иконата. Можеме да кажеме дека живописецот е и портретист, зашто во своите дела изобразува конкретен човек кој претставува личност која живеела и делувала во историјата.

Сепак, живописецот радикално се разликува од останатите портретисти, зашто не останува само на тие елементи на историјата, туку едновремено поседува начин да покаже, дека таа личност која ја изобразува на иконата е надвременска, дека е граѓанин на вечното царство Божјо.

Така, иконописецот истовремено работи на два начина: со помош на цртежот дава некои историски карактеристики, му дава идентитет на тој светител и истовремено, со помош на светлината, го надминува портретот и покажува дека изобразениот на иконата е човек кој постои и после својот живот, внатре во историјата како граѓанин на вечното царство небесно.

За нашето време тоа задржување на двојниот облик има посебно значење, зашто иконописот е доведен до таков формализам, што набљудувајќи ги современите икони имаме чувство дека немаме жива појава на постоечкиот и конкретен човек, туку некоја символичка претстава, некој декоративен цртеж, некоја неодредена визија. Во наше време иконата многу пати е претставена како некое многу посебно сликарство кое нема врска со нашиот пропадлив свет.

Наспроти тоа, старите мајстори на живописот, како Астрапа, Панселинос и многу други, кои ги створиле ремек-делата на XIV и XV век, не само што внесувале елементи на портрет, туку и ги изразувале внатрешните психолошки состојби на изобразените светители. Значи, на иконата на секој светител, целокупната Црква треба веднаш да го препознае неговиот идентитет. Набљудувајќи една икона, ние треба да сфатиме дека се работи за свети Антониј, на пример, зашто тој има одредени духовни карактеристики заради кои Црквата и му подарила вечен и есхатолошки идентитет во рамките на неговите историски односи со Христа и со своите собраќа.

Светлината, пак, во византиската икона не дејствува само сетилно, како во другите сликарски традиции, не дејствува во сликата со цел едноставно неа да ја разубави и да ѝ даде некаков естетски квалитет.

Светлината на иконата ги идентификува битијата дејствувајќи онтолошки, што се гледа од фактот дека таа влијае на цртежот, го менува и го прави поинаков, како и многуте физички особености.

Првиот слој боја на иконата, кој е единствено темен се нарекува „проплазам”. Тој на иконата нема смисла на колоративен израз, туку повеќе претставува антитеза на светлината на наредните слоеви, кои се со светла боја. На иконата не се нанесуваат дополнително темни бои, така не можеме да говориме за боја независно од светлината, туку бојата се поистоветува со светлината.

Изобразениот светител, Бог Отец го потврдува со тоа, што му ја дарува својата светлина – со која е просветлен и изобразен тој и просторот околу него, со светлоносниот венец (ореол) и со име, кое на секоја икона е запишано покрај него. Co тоа име Бог го спомнува светителот и се врзува за него вечно, затоа никој кој е изобразен на иконата не е неосветлен, анонимен или без светлоносен венец. Блиска на ерес е тенденцијата на современите живописци да го изоставаат ореолот или светло-венецот кој на символички начин ја изразува потврдата на светителот од страна на Бога Отца, кој и му дарува постоење, а не е само декоративен елемент кој може да се стави, а може и да не се стави.

Кога говориме за иконата не треба да заборавиме дека таа историски е произлезена од евхаристиската заедница и се развила, од самиот почеток, како нејзин неразделив дел. Евхаристиската заедница, со своите празници, кои бараат и одредени икони, го води иконописецот кон создавање на едно доживување на нова икона на светителот, преку која заедницата повторно доаѓа во врска со светителот, како со есхатолошки човек.

Α сега нешто и за техниката и практичната страна на иконописот.

Со обзир дека занимавањето со литургиската уметност има своја практична страна, некој може да си помисли дека таа, како таква, нема врска со теологијата. Но, таквиот треба да знае дека во Православната Црква, сè има своја духовна смисла.

Така во техниката на иконописот сè станува духовно, дури и приборот за сликање, боите, ѕидовите и штиците и сите материјални работи се осветуваат со благодатта на Светиот Дух, станувајќи средство на една свештена уметност.

Техничкото знаење не претставува само механичка работа, туку и тоа учествува во духовноста и во светоста на оние работи кои сака да ги изобрази. Дури и материјалот што го користи иконописецот станува благословен, благоухан, истенчен и смирен. Оваа уметност не употребува вештачки, груби и густи материјали – како што употребува световното сликарство.

Иконописецот следејќи го преданието ќе му ги принесе на Бога најдобрите материјали за иконата.

За да ја направи штицата, ќе употреби природно дрво, како најдобар и најтопол носител, кој треба врз себе да ја прими најпрефинетата техника на иконопис. Ќе употреби орев, липа, даб, јасен, црница.

Боите со кои работи се земјени, во прав, и мирисаат на земја, кога таа ќе ја намокри дождот. Боите се раствараат со жолчката од јајцето помешана со малку вода и неколку капки оцет, за да се одржат. Површината која ги опкружува светителите се нарекува позадина на иконата. Во иконите на дрво таа е златна. Златото свети силно и неговата царска боја го символизира „огненото небо”, славата и светлината на царството Божјо.

Затоа еден добар иконописец никогаш нема да користи златна боја од кутија, зашто впечатокот што таа го остава е многу лош на изглед. Ќе користи ливчиња од чисто злато од 18, 22 или 24 карати.

Лакот, зографот си го приготвува самиот, од миризливи смоли – според прастарите рецепти, на пример, сандарак, дамар, мастикс… Премачкувањата мирисаат како темјан, така што оној што ја целива иконата чувствува мирис на духовно благоухание. Лакот не е само техничко средство заштита на иконата, туку важен фактор кој им дава на боите единство на општ тон и длабочина. Никогаш не би премачкале икона со еден од купечките лакови за дрво, затоа што тие ја запечатуваат иконата и не ѝ даваат таа да дише, а визуелниот впечатокот од нив е крајно негативен.

Византискиот иконопис и живопис се длабоко вкоренети во постоењето и историјата на нашиот народ.

Најдобрите дела од „златниот период” на агиографијата се наоѓаат токму на овие простори, и затоа и целата школа се нарекува „македонска школа”. Бидејќи просторот не ни дозволува, овде нема да зборуваме за историјата на иконописот и за неговите школи. Само би сакале да допреме една тема – од каде доаѓа на нашиве простори силното влијание на западната, ренесансна уметност, влијание, кое својот врв го доживува во XVIII век.

Ренесансното сликарство го изобразува оптичкиот феномен и телесната убавина и сила, додека православниот иконопис ја изобразува духовната убавина.

Литургиските и молитвени икони им се гледаат грди на оние со кои господари духот на овој свет, ликовите на иконата за нив немаат форма ни убавина, бидејќи телесното мислење му е противно на Бога. Во свештените икони „телото се распна со страстите и похотите.” Нивната духовна убавша е „благата промена” – за која говори свети Симеон Нов Богослов, а која ја видел на испостените лица на своите духовни чеда за време на четириесетдневниот Велигденски пост.

И да завршиме, светите икони во живото предание на православието ја изразуваат вистинската православна вера и теологија, која се покажува не само во книги, мисли и зборови, туку и во слики и бои.

Тоа е православното „умозрение во бои”, тоа е онаа „убавина и красота на Црквата”, во која Православната Црква повторно и славно се облече нa VII Вселенски собор во Никеја, пред повеќе од 12 века.

Така веруваме, така мислиме, тоа е верата на апостолите, тоа е верата на отците. Тоа е православната вера која што ја утврди вселената.


за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 14:56
http://byzicons.net/album/albums/uploads/agia_sofia/normal_ag_sofia_%2838%29.JPG
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 14:58
СВ. НАУМ
   

(Од другата страна “Св. Климент”)

XIV - XV век.

Литиска икона.

86 x 65,5 cm.

Од црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид.

Денес во Галеријата на икони, Охрид.

Состојба: На повеќе помали места отпаднал гипсениот грунд, со боениот слој, пособно во долниот дел од иконата.


i44mala.JPG%20%2811506%20bytes%29
   

Иконографија: Св. Наум претставен во половина раст. Со десната рака благословува, во левата држи свиток. Облечен е во темно маслинесто-црна монашка облека, со качулка спуштена на грбот. Фонот - златен.

Конзервација: Конзервирано во лабораторијата на РЗЗСК - Скопје.



Изменето од Tetratka - 29.Декември.2009 во 14:59
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 14:59
ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТИЈСКИ ВОЈНИЦИ - МАЧЕНИЦИ

i01.jpg%20%2874886%20bytes%29


XI век.

44 x 33 cm

Темпера на платно. Основната подлога е штица.

Од црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент) во Охрид.

Денес во Галеријата на икони, Охрид.

Состојба: Оштетена е на повеќе места. Грундот, заедно со боениот слој, отпаднал, при што наполно се уништени неколку глави на мачениците, а еден број се тешко оштетени.

Рамката е многу оштетена. Во сегментот небо, наполно е оштетена фигурата на Исус Христос. Сигнатурата е делумно оштетена.

Иконографија: Покрај порочуената мозаична икона “Четириесет маченици“ од Думбартон Оакс, датирана во 14 век, и една истовремена, непубликувана икона од Хиландар, охридската е најстар примерок од овој вид. Во фреско-сликарството во Македонија оваа композиција е насликана во следниве цркви: Св. Софија, Охрид и Св. Леонтие, Водоча, во периодот на XI век. Подоцна, оваа тема е сликана во црквата Св. Архангел Михаил на манастирот посветен на пустиножителот Гаврило Лесновски во с. Лесново - Злетовско. Се среќава и во сликарството на Жича и Дечани, како и во други цркви. Познати се минијатурите во Британскиот музеј и од Московската синодална библиотека, како и иконите во слонова коска од Берлин и Петроград.

Потекло: Не е познато од која охридска црква потекнува оваа икона. Може да се претпостави дека таа биле изработена за црквата Св. Софија во Охрид. Меѓутоа, стилската анализа покажува дека не се работи за рака на зограф што работел на живописот на оваат катедрална црква.

Конзервација: Конзервирана во лабораторијата на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата - Скопје.







Изменето од Tetratka - 29.Декември.2009 во 15:08
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 15:43
ИСУС ХРИСТОС СЕДРЖИТЕЛ
  

XIV век.

158 x 125 cm.

Темпера. Гипсен грунд врз штица. Оков од позлатено сребро.

Порано, веројатно, од иконостасот на црквата Св. Софија во Охрид. Откриена во црквата Богородица Перивлептос (Св. Климент), Охрид.

Денес во Галеријата на икони, Охрид.


  

Состојба: Иконата по вертикала е распукната на два дела. Повеќе помали оштетувања има на брадата, по облеката на десната рака и облеката на градите. Од оковот се изгубени неколку пластини.

Иконографија: Исус Христос прикажан во половина раст. Со десната рака благословува, а во левата држи голема отворена книга со грчко писмо. Облечен во син хитон и црвен химатион. Фонот на иконата и рамката се покриени со плочки од позлатен сребрен оков. Плочките биле сериски произведени, бидејќи некои од сцените поврзани со животот на Христос се повторуваат повеќе пати. Постојат плочки на иконата со испишан грчки текст, во кој се споменува севастократорот кир Исак Дука-Керсак. Но, според нашето мислење, тие биле првобитно на некоја друга икона.

Конзервација: Чистена и конзервирана. Но не е симнат слојот од пресликата направена веројатно во XIX век.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 15:45
http://borisdim.blog.bg/photos/11767/original/ioann.rubliov.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 15:52
http://borisdim.blog.bg/photos/11767/original/kliment.jpg
Св. Климент Охридски

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:03
http://www.kah-bonn.de/ausstellungen/kreml/p/madonna_ikone300.jpghttp://www.rastko.rs/rastko-bl/umetnost/likovne/srakic-ikone/img/028.jpghttp://www.rastko.rs/rastko-bl/umetnost/likovne/srakic-ikone/img/033.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:05
http://www.rastko.rs/rastko-bl/umetnost/likovne/srakic-ikone/img/032.jpghttp://www.pravoslavna-srbija.com/Pravoslavlje/Ikone/SvetiArhangelMihailo-02.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:07
Тефтерче мислам дека темава ќе да е за во вероисповед а не тука?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:13
јас мислам дека не е ... зашо тука станува збор за култура и уметност...

за состојбата на културното наследство... и за техника на духовната уметност,,.

значи проблемот го поставуваме не како теолошки (иако за некои ситни работи има теолошко образложение) а како уметнички...

Македонија и нашите икони се дел од тоа светско културно наследство...

нашата галерија на икони во Охрид е меѓу првите по вредност во светот... па затоа темата и тоа што во иднина ќе се пишува тука, мислам дека ќе си биде на место...

а и редно е да се запорнаеме што има кај нас...

срамота е многу од нашите икони да ги гледаме во безброј странски книги и енциклопедии а да не знаеме ништо за нив...

тоа е културно и традиционално наследство... атемата е култура и традиција...

затоа ова е прва страна и нема да идеме оф топик а ќе пишуваме за иконите како културно наследство...
големо%20гушкање
големо%20гушкање

Изменето од Tetratka - 29.Декември.2009 во 16:15
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:17
значи воведот е малку теолошки за да може да се разбере смислата на иконата и која е причината за нејзино изобрасување...

другиот дел е за техниката на цртање... и следно ќе има презентација на икона како тие 3 коментари - на кои имам проблем со линкот...

но ќе гледам да се среди тоа...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:18
Аха ок Тефтерче нека тера,разбрав што ти е поентатанамигнување
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 16:18
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.