|
Фондот одби да плати за лекување на малат |
Внеси реплика |
Автор | |
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Тема: Фондот одби да плати за лекување на малат Испратена: 22.Декември.2009 во 11:41 |
Сега родителите треба ова решение да го обжалат на второстепената комисија. Но време за чекање нема.
Петгодишната Мартина Димитрова од Кавадарци боледува од редок тип на акутна леукемија. Веднаш треба да отпатува во Франкфурт, Германија на трансплантација која чини 250 илјади евра, бидејќи во земјава можност за лекување нема. Зошто е одбиена, родителите не добиле образложение. Во меѓувреме, животот на ова девојче е доведено во прашање. „Во моментот не прима терапија, се очекува од ставот на второстепената комисија, бидејќи ако не се одобри од тука, ако не одобрат лекување во странство, тогаш ќе биде приморана тука да почне со втората терапија, но нивна препорака е да заминеме во странство веднаш бидејќи самата терапија тука е доста ризична и доста агресивна“, рече Горан Димитров, татко на Мартина. Мартина веќе два и пол месеци е на лекување на Детската клиника. Според родителите, лекарите досега сметале дека за трансплантација има време. Се до крајот на октомври кога им дале конзилијарно мислење веднаш да заминат во Германија. Стравуваат дека терапијата која Мартина треба да ја прими може да биде фатална по нејзиниот живот. „Во случајот од првата терапија изреагира позитивно, добро изреагира, се намали доста бројот на бласти, што само по себе на некој начин овозможи релативно за брзо време да биде организмот спремен за трансплантација“, вели Димитров. Болеста кај малата Мартина Димитрова е откриена во септември откако добила висока температура. Од тогаш таа е на цитостатска терапија. Нејзините родители, доколку одобри Фондот за здравство, треба да соберат 50 илјади евра. Но, сумата е превисока за ова семејство да го спаси своето дете кое боледува од леукемија која се јавува кај 5 проценти од населението во светот. Доколку сакате да донирате средства, тоа можете да го сторите на: Од Космофон: 075 143 103 Од Ти-Мобајл: 070 143 143 Од ВИП: 077 143 143 Денарска жиро сметка: Мартина Димитрова 300 047 069 362 362 Комерцијална Банка АД Скопје Девизна жиро сметка: Мартина Димитрова Acc. No. 02-301-0507752.7 IBAN CODE: MK 073 003 010 507 752 19 SWIFT KOBS MK 2X KVB ДОНИРАЈТЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА СЕ ИЗГУБИ ЕДЕН МЛАД И НАДЕЖЕН ЖИВОТ.... |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 11:42 |
Малата Мартина го доби вториот удар
|
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 11:46 |
Со должно почитување на твојата иницијатива Омар,
те известувам дека приказната за Мартина засега има добар тек. Те молам прочитај на Приказни со среќен крај што пишува за Мартина. Ќе ја затворам темава... бесцелна е... Уште еднаш, Ти благодарам!! |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |