IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Хитлер, нацистите и македонското прашање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хитлер, нацистите и македонското прашање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2009 во 22:50
Originally posted by Македон Македон напиша:


eptendosadno, нема проблем пријателе, кога ќе можеш, покажи ја.Јас ја најдов мапата, арно ама ситна како и порано, ако некој успее да прочита, нека повели, јас пробував и не успеав. Може ти ќе ја препознаеш етничката карта, ако ја имало во книгата.Нацистичка карта на етничките групи во Југославија од 1940 година


Тоа е научно дело , дело спремено за јавна презентација . Она од книгата се црно - бели карти кои се правени за да не бидат јавни , и целта не им е етничкиот состав или некои слични теории .

Тесктовите исто така ...

Во некоја друга прилика , ќе ја скенирам и ќе ја пастирам тука , но , да проверам и кај гооглето .

П.С.

Ова не знаам што е .

Изменето од eptendosadno - 27.Декември.2009 во 12:19
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 09:31
Originally posted by Македон Македон напиша:


Не дочитуваш добро.1. Едните се Словенци, вторите се Словенците кои останале во Унгарија од 1919 година, третите се Словаци, не Словенци.


Ако добро ги видиш Словенците мислам јас сум во право зошто има
1. Виндише
2. Словенен
3. Прекмурцен (Словенен ин Унгарн бис 191? г.)

Каде ги виде Словаците?

Словакен има, ама тие се под Мацедониер и над Чехен.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 09:58
Е и сега што правиме има Македонци или нема?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 13:17
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Не дочитуваш добро.1. Едните се Словенци, вторите се Словенците кои останале во Унгарија од 1919 година, третите се Словаци, не Словенци.


Ако добро ги видиш Словенците мислам јас сум во право зошто има
1. Виндише
2. Словенен
3. Прекмурцен (Словенен ин Унгарн бис 191? г.)

Каде ги виде Словаците?

Словакен има, ама тие се под Мацедониер и над Чехен.


Прекмуцен се Словенците кои останале во Унгарија до 1919 година, а потоа ја напуштиле истата. Но, тоа никако не значи дека не се Словенци. Еве, прочитај повеќе и за Словенците под број 1 или наречени и Виндише.
Се е јасно, не се тоа три вида Словенци.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 12:24

Македонец сакал да го убие Хитлер

Македонец требало да изврши атентат врз Хитлер. Како што пишува Џулен Емери, заменик-директор на Балканскиот отсек на британските тајни служби за време на Втората светска војна, се' било подготвено за атентатот, меѓутоа, поради обични човечки слабости сите планови пропаднале. Македонецот требало да го убие Хитлер за време на една негова посета на австриски град. Атентаторот обезбедил и добро место од каде требало да стрела. Се спријателил со тамошниот конзул на Бугарија која беше сојузник на нацистичка Германија. Како човек на конзулот можел да се најде во непосредна близина на Хитлер и така да го убие. Меѓутоа, вечерта пред посетата на фирерот, од собата во хотелот во кој бил сместен слегол во барот да се напие. Откако испил неколку часи алкохол почнал да прикажува со девојките во барот и притоа му испаднал револверот. Тие веднаш го пријавиле на полицијата која го уапсила и го протерала.

Британскиот таен агент не го кажува името на атентаторот ниту, пак, го споменува местото од каде потекнувал. Единствено нагласува дека припаѓал на македонска терористичка организација и дека него им го препорачала бугарската партија БЗНС, која во тоа време била против профашистичката политика на својата држава и единствена сила со која Британците соработувале во тоа време во Бугарија. Македонецот боледувал од рак. Му преостанувале уште два месеца живот и поради тоа бил решен да го жртвува животот.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 12:48

За време владеењето на Хитлер имало еден куп обиди за негова ликвидација но за жал никој не супеал во тоа.

Најдалеку во тоа е стигнат Фон Шнаупфенберг со поставувањето на бомба во Војчјото гнездо кој е наоѓало во шумите во Источна Прусија денешна Полска и делови на Калининградската област,за огромна штета Хитлер е само ранет во рака.
 
Има и филм снимено за тоа со Том Круз,заборавив како се викаше.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
10101 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 963
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 10101 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:09
Originally posted by fiks fiks напиша:

За време владеењето на Хитлер имало еден куп обиди за негова ликвидација но за жал никој не супеал во тоа.


Најдалеку во тоа е стигнат Фон Шнаупфенберг со поставувањето на бомба во Војчјото гнездо кој е наоѓало во шумите во Источна Прусија денешна Полска и делови на Калининградската област,за огромна штета Хитлер е само ранет во рака.

 

Има и филм снимено за тоа со Том Круз,заборавив како се викаше.


Tocno 42 sto stignale do "final stage" mislam, no nikoj ne uspeal. Ne sum siguren za brojkata(42), no okolu 40 se sigurno.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 14:23
Има некои кои што сакаат да го продолжат неговото дело и лик????
А и Ванчо Михајлов бил тука некаде!
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2012 во 23:01

Евреинот што Хитлер го сакал

Пролет 1935 година во Германија, на чие чело веќе две години е нацистичкиот водач Адолф Хитлер. „Фиреровите“ планови се остваруваат беспрекорно: непречено владее со железна рака, опозицијата е уништена, а антиеврејската хистерија се ближи кон својот врв. Но токму тогаш избива скандал што се заканува да уништи сè. Хитлеровиот најголем пуританец за расните прашања, еден од најистакнатите водачи на Нацистичката партија, со членска карта бр 94, член на СС бр. 2 (Хитлер бил бр. 1), телохранител на Хитлер, затворски цимер и долгогодишен пријател, по потекло е – Евреин!

Поради својот стар пријател Евреин Хитлер ќе ги погази сите свои антисемитски принципи. Поради него ќе ја загрози својата „ариевска“ репутација. Ќе се скара дури и со шефот на СС, Хајнрих Химлер. И сето ова, сепак, во него нема да разбуди ни трошка сочувство кон Евреите. Напротив, по само четири месеци Фирерот ќе ѝ го претстави на Германија озлогласениот збир Нирнбершки закони, кои практично ќе ја запечатат судбината на повеќе од шест милиони Евреи во Европа.

 

Пријатели со мустаќи

Емил Морис со медалот што го добил како придружник на Хитлер за време на Минхенскиот преврат. Носел исти мустаќи како Хитлер, а и косата ја чешлал на патец, само на спротивната страна од Хитлер

Приказната почнува во 1919, кога 30-годишниот Австриец по име Адолф Хитлер го запознал две години постариот Емил Морис, часовничар со француско потекло. Привлечени од антисемитската реторика на Партијата на германските работници, обајцата ѝ пристапуваат. Хитлер како член број 55, Морис со членска книшка број 99.

Новите пријатели заедно се искачувале низ партиската хиерархија на наскоро преименуваната Национал-социјалистичка партија на работниците на Германија. Веќе во 1920 година Морис бил назначен за прв водач на воената дивизија во рамките на партијата, задолжен за безбедноста на нацистичките митинзи. Три години подоцна тој станал првиот телохранител на Хитлер, кој во меѓувреме застанал на чело на нацистите.

Меѓу Хитлер и Морис се создавала сѐ посилна врска. Злобниците дури велат дека тие и многу личеле еден на друг. Морис практично бил разубавена верзија на Хитлер; обајцата ги имале карактеристичните мустаќи и коса чешлана на патец, само што Хитлер го носел на десната страна на главата, а Морис на левата.

 

Затворските денови и гласините за хомосексуална врска

Хитлер и Морис (стои) со колегата-нацист Херман Крибел во затворот Ландсберг, во кој Хитлер ја напишал книгата „Мојата борба“

По неуспешниот Минхенски преврат во 1923 година, Хитлер и Морис биле уапсени за велепредавство и осудени на казна во затворот Ландсберг, во близина на Минхен. Популарноста на Хитлер веќе била во пораст, па тој и неговиот телохранител, затворски цимери, уживале во луксузна ќелија и примале неограничен број посети од симпатизери и од членови на партијата.

Хитлер и Морис (прв и втор од лево) имале обичај во затворот да се облекуваат во иста традиционална баварска облека. Втор од десно е Рудолф Хес, уште еден истакнат нацист, кој со нив уживал во привилегираниот затворски третман

Повеќето фотографии од тоа време ги покажуваат Хитлер и Морис како неразделни. Облечени во традиционална баварска облека, Хитлер обично бил сликан како седи, додека зад него стои верниот телохранител, најчесто насмеан. Во таквата идилична затворска атмосфера Хитлер ќе напише поголем дел од првиот том на „Мојата борба“ („Mein kampf“), неговата автобиографија и идеолошки, антисемитски памфлет.

Хитлер бил во затвор само една година, а по ослободувањето со Морис ги основал озлогласените СС-трупи. Хитлер добил членска книшка број 1, а Морис број 2, и му останал прв телохранител и личен возач на Хитлер.

Во параноичното германско општество од тоа време, почнале да се шират гласини дека Хитлер е хомосексуалец и дека не може да му одолее на шармот на својот убав телохранител. Таа теорија денес ја побиваат повеќето историчари и експерти, иако некои, како на пример германскиот историчар Лотар Махтан и американскиот психијатар Натаниел Лерман, продолжуваат да тврдат дека хомосексуалноста на Хитлер е „докажана без никаков сомнеж“.

 

Жената во која обајцата се вљубиле

Хитлер бил вљубен во својата 17-годишна внука, чие срце го грабнал Емил Морис

Можеби Хитлер и Морис не биле хомосексуалци, но сигурно ја делеле страста кон една жена – внуката на Хитлер Ангела Раубал, ќерка на неговата полусестра. (Инаку, и самиот Хитлер е плод на љубовта меѓу двајца роднини – неговата мајка го родила во брачната врска со својот вујко.)

Гели, како што ја нарекувале, имала 17 години кога во 1929 година дошла да живее кај „вујко Адолф“, тогаш веќе мошне познат. Хитлер набргу се вљубил во насмеаната девојка со широко лице, но поради политичката кариера не сакал да се жени.

„Вујко Адолф“ посесивно ја придружувал својата внука на шопинг, во кино или на опера, секогаш кога имал време

Кога и Гели конечно се вљубила, нејзиниот избор не бил Хитлер. Тој побеснел од љубомора кога дознал дека станува збор за неговиот добар пријател – Емил Морис! Избезумениот Хитлер го отпуштил Морис, а Гели ја направил затвореничка: таа не смеела без надзор да излегува од неговиот стан во Минхен, а тој лично ја придружувал на шопинг, во кино или на опера секогаш кога имал време.

Скршена од депресија и под огромен психолошки притисок поради својот посесивен вујко, Гели Раубал на 18 септември 1931 се убила со пиштолот на Хитлер. Таа имала 23 години.

 

Скандалот со еврејското потекло и кавгата со Химлер

Поминале години и старите рани зараснале. Морис продолжил да напредува во службата на СС, што во нацистичка Германија имало многу предности, но на крајот можело и да го чини живот.

Во пролетта 1935 година Морис сакал да се ожени. Сите членови на СС, заради расната чистота, морале да бараат дозвола за женење, а за да ја добијат, тие морале да докажат дека наназад до 1750 година немале еврејски предци. На општ шок, проверката покажала дека Емил Морис имал еврејски предок, прадедото Шарл Морис Шварценбергер (1805 – 1896), основач на театарот „Талија“ во Хамбург.

Фотографија со Хитлеровите омилени есесовци. Од неговата десна страна се гледа дека од сликата е „пречкртана“ една личност, чии чевли сепак се наѕираат. Станува збор за Емил Морис, чие постоење било отстранувано од документите на СС, кога било откриено дека имал еврејски предок

Хајнрих Химлер, шефот на СС, барал Морис итно да биде протеран од СС; Хитлер не сакал ни да слушне за тоа. На крајот, тие се нашле на половина пат: на Морис му било дозволено да остане во СС како „почесен ариевец“, што е титула што Хитлер лично му ја доделил со свој потпис. Од друга страна, Химлер го избришал Морис од фотографиите и документите на СС и забранил кој било потомок на неговото семејство кога било да биде примен во СС.

 

Епилог

Со титулата „почесен ариевец“ под која стоел потписот на Хитлер, Морис живеел пријатен живот на занаетчија и државен службеник. Во текот на Втората светска војна тој поминал две години како офицер во Луфтвафе, а по поразот на нацистичка Германија бил осуден на четири години денацификација.

Емил Морис од Хитлер ја добил титулата „почесен ариевец“, со која живеел пријатно во нацистичка Германија и покрај своето еврејско потекло

По напуштањето на работниот камп, тој работел како часовничар. Починал во 1972 година. Неговите роднини во подоцнежните години ги продале сите негови спомени од нацистичката ера, за 26.500 долари. Купувачот тврдел дека семејството сакало да се ослободи од нив по инсистирање на еден од Морисовите синови, кој преминал во ортодоксен јудаизам.

По скандалот со еврејското потекло на Морис, Хитлер веќе не можел да одржува блиски контакти со својот пријател, но не го заборавил. Во деновите пред самоубиството во подземниот бункер во Берлин, жалејќи што не успеал да убие повеќе Евреи, во својата соба тој барал утеха во две фотографии – од својата мајка Клара и од својот стар пријател Емил Морис. Евреинот што го сакал.

Извор: Блиц

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 01:42
http://vecer.com.mk/?ItemID=BDD37589D952A84997797191C10EC4E6
Пред промоцијата на филмот Трето полувреме" бугарските политичари и историчари тврдеа дека филмот е тенденциозен и измислува дека тие биле окупатори и фашисти. Сепак, документите издадени од бугарската држава за македонските граѓани во времето на бугарската окупација 1941-1944 сосема прецизно покажуваат дека бугарската држава била фашистичка, била окупаторска и издавала документи кои го потврдуваат токму тоа.





гледам глеам и што да видам
пишува дека лицето "е на работа при стоящото  под германско управление минно предприярие"


Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 11:18
А вие не бевте ослободителите?

Одлична логика имате. Кога се работи за слава тогаш вие ја ослободивте Македонија , а кога се работи за критика тогаш Германците ја ослободија Македонија , а вие бевте само нивни слуги.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 11:33
дополнителни окупатори
демек коокупатори е точниот термин бе

сега го воведувам


Изменето од d4 b3 - 20.Октомври.2012 во 11:33
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 12:51
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

А вие не бевте ослободителите?

Одлична логика имате. Кога се работи за слава тогаш вие ја ослободивте Македонија , а кога се работи за критика тогаш Германците ја ослободија Македонија , а вие бевте само нивни слуги.


Ние ослободивме Македониjа през октомври 1944 г.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 12:56
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

А вие не бевте ослободителите?

Одлична логика имате. Кога се работи за слава тогаш вие ја ослободивте Македонија , а кога се работи за критика тогаш Германците ја ослободија Македонија , а вие бевте само нивни слуги.


Ние ослободивме Македониjа през октомври 1944 г.
да
Ја ослободивте од бугарите голема насмевка  Легендарна изјава , сами себе се ослободијаголема насмевка
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,859 секунди.