IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - ИНИЦИЈАТИВА ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИНИЦИЈАТИВА ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2009 во 15:33
добро, ајде да видиме за од понеделник... така нека остане... можеби и други би биле во можност за тогаш... А се разбира дека не е исклучено да си одат лично сите оние кои сакаат во сабота да донираат крв... Крвта е добредојдена во секое време. среќа
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2009 во 17:24
би ви се приклучила, ама ако има некој да ми каже колку време треба да помине од последното дарување крв?...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 00:34
Originally posted by ma4kica ma4kica напиша:

би ви се приклучила, ама ако има некој да ми каже колку време треба да помине од последното дарување крв?...
Добре дошла! големо%20гушкање
Како што прочитав, треба да поминат 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени, од последното дарување.
 
Еве Ви, па прочитајте...
 

Најчесто поставувани прашања за крводарувањето

1. На која возраст можам да започнам да дарувам крв?

Секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години може да дарува крв. 

 

2. Дали треба да бидам јаден пред дарувањето?

Пред дарувањето пожелно е да јадете лесен оброк (кифла, геврек..). Доколку претходно сте јаделе помасен оброк, не ќе бидеме во можност да добиеме квалитетна крв и крвни продукти од крвта што сте ја дарувале.

 

3. Во што се состои прегледот пред дарувањето?

Пополнувате прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат за Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Со боцкање од прст се зема капка крв и се проверува нивото на хемоглобинот во крвта. Потоа следи разговор со лекарот кој ќе Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на срцето.

 

4. Дали се тестира крвта?

Да. Крвта се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв - жолтица Б  и Ц, сифилис, сида. Секоја единица на крв која била позитивна на било кој од овие тестови безбедно се уништува. Освен ова се одредува крвна група, Rh фактор и антитела кај секоја единица крв.

 

5. Што се случува понатаму со резултатите од тие тестирања?

Сите резултати од тестирањата се достапни за увид само на дарителот и на медицинските лица кои непосредно ги изведуваат тие тестови или се одговорни за контрола на квалитетот на добиените крвни компоненти, т.е. има апсолутна анонимност и дискреција. Лицата кај кои се утврдило дека било кој тест од оние наменети за заразни болести преносливи со крв е позитивен, се повикуваат по писмен пат да дојдат за повторно тестирање или за упатување во некоја друга институција која е задолжена за лекување или дополнително испитување.

 

6. Дали со дарувањето крв може да се заразам?

Со дарувањето крв не може да се заразите, бидејќи сетот за дарување е стерилен и е за една употреба.

 

7. Дали боли убодот од иглата?

Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв.

 

8. Дали се чувствува иглата додека е во вената?

Иглата не се чувствува додека е во вената.

 

9. Колку долго трае самото дарување на крв?

Дарувањето трае околу 5 - 10 минути.

 

10. Колкаво количество на крв се дарува?

Се дарува 450 мл. крв. Сакаме да Ве потсетиме дека човек со околу 70 кг. има околу 5 литри крв. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.

 

11. За колку време се надоместува даруваната крв? 

Течниот дел од крвта - плазма се надоместува за 24 часа. Крвните клетки (еритроцити, тромбоцити, леукоцити) се надоместуваат постепено во текот на неколку недели, во зависност од видот на клетките. Затоа е задададен временски интервал помеѓу две дарувања од 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени.

 

12. Како ќе се чувствувам по дарувањето?

Вообичаено  дарителите не чувствуваат никакви потешкотии или промени за време на или после дарувањето. Некои дарители се чувствуваат дури и подобро и олеснето од колку пред дарувањето. Сепак незначителен број на дарители може да почувствуваат лесна непријатност или мачнина. Тоа не треба да Ве загрижува, зошто таквите појави се минливи и без последици. Лекарот ќе Ве советува како да постапите при појава на таква реакција.

 

13. Дали може по дарувањето да ги изведувам секојдневните активности?

Може да ги изведувате Вашите секојдневни активности. Сепак лицата кои се занимават со тешки и опасни работи, мора да внимаваат во текот  на следните 2 дена. Има професии кои бараат крводарителот да биде отсатен од работа во тек на 12 до 72 часа, во зависност од природата на самата професија. Запомнете дека не смее да се пуши цигара најмалку 30 минути до 2 часа, алкохол не смее да се конзумира најмалку 8-12 часа, особено не на празен желудник и пожелно е да се конзумира повеќе вода или сокови во текот на истиот ден.

 

14. Дали има и други видови на дарувања?

Да, постојат така наречени алтернативни начини на крводарување, како што се на пример дарувањето по пат на афереза, автологно дарување, предоперативна нормоволемична хемодилуција и интраоперативна и постоперативна крвна салважа. Со постапката наречена афереза крвта на дарителот минува низ машина-клеточен сепаратор со цел да се одделат крвните елементи-плазма и разни видови клетки (тромбоцити, леукоцити, еритроцити), така што за терапија се користи  само оној дел кој е потребен, а останатиот дел од крвта се враќа на дарителот. При автологно дарување (при планирани операции) пациентот дарува крв и крвни компоненти за себе. Крвта што ја дарува пред оперативниот зафат се чува во трансфузиолошката служба. Таа е наменета исклучиво за пациентот кој ја дал и за време на операцијата ја прима истата. Другите видови на алтернативно дарување се случуваат во операциона сала кај пациенти кај кои постои индикација да се спроведе истото.

 
-----------------------
 
Инаку, имав чест во две прилики, кога имав појдено до Републичкиот Завод за Трансфузиологија, да се запознаам со лицата кои работат таму и можам слободно да Ви кажам дека се работи за неверојатно мили и фини личности, чие што присуство и начин на работење, со сигурност ќе направат да се чувствуваме прекрасно и удобно при самиот чин на дарување на крв, а да не зборувам за тоа колкава е радоста и неспоредливо задоволството, знаејќи дека се учествува во еден така навистина благороден чин, и имајќи сознание дека може едно дарување крв од еден човек може да спаси и до неколку животи (прочитајте овде)


Изменето од Pravoslavie - 18.Декември.2009 во 00:36
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 00:43
Еве предлог: на колкумина ни одговара да појдеме во Републичкиот Завод за Трансфузиологија во Скопје во вторник (22. декември 2009 година) и да се чекаме пред Заводот меѓу 17:30 - 17:45 часот?
 
(Иако претпоставувам дека не е задолжително, сепак добро би било да си ги понесеме здравствените книшки)
 
Originally posted by ma4kica ma4kica напиша:

би ви се приклучила, ама ако има некој да ми каже колку време треба да помине од последното дарување крв?...
 
доаѓаш?


Изменето од Pravoslavie - 18.Декември.2009 во 00:45
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 00:47
Ако не Ви одговара предложениот термин, Ве молам бидете слободни да предложите друг термин големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
гоcтин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин


Регистриран: 24.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1797
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гоcтин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 00:58
не доаѓам нема ни два ипол месеци како давав крв...ама кога ке поминат тие 4 месеци сигурно пак ќе дадам...
имам само 4 пати дадено па затоа незнаев колку време треба да помине од едно до друго дарување
фала православие за информацијата
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 01:09
Originally posted by ma4kica ma4kica напиша:

не доаѓам нема ни два ипол месеци како давав крв...ама кога ке поминат тие 4 месеци сигурно пак ќе дадам...
имам само 4 пати дадено па затоа незнаев колку време треба да помине од едно до друго дарување
фала православие за информацијата
големо%20гушкање
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 11:47
Предлог за карводарителска акција:
 
>> место на собирање: пред Републичкиот Завод за Трансфузиологија во Скопје
>> ден: вторник (22. декември 2009 година), меѓу 17:30 - 17:45 часот?
 
(Иако претпоставувам дека не е задолжително, сепак добро би било да си ги понесеме здравствените книшки)
 
Ако не Ви одговара, Ве молам предложете друг датум и време. Местото на собирање е тоа.
 
Кој планира да дојде?
 
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 22:43
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Предлог за карводарителска акција:
Кој планира да дојде?
 
 
 
Јас сигурно...среќа
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 01:02
Jas utre ke kazam ....Posle 17 casot ....da zemam prvo rezultatite od analiza na krv
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 11:10
Дали има други кои сакаат да даруваат крв утре (вторник)?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 15:33
И јас ќе дојдам.....
МИР со сите
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2009 во 00:39

Навистина малкумина пријавени... Сепак вака, кој можеме и кога можеме, тогаш да одиме и да донираме, бидејќи за мал број пријавени нема смисол од организирање...

Поради периодот кој претстои сметам дека би било добро акција за заедничко донирање на крв да организираме по Новите Години и Божик, кога во доволна мерка ќе станеме константни и стабилни (а се надевам и умерени) во јадењето и пиењето, па давањето крв да не ни направи ни најмал телесен проблем.
 
Се разбира, иницијативата за крводарување овде не престанува, секој кој може и сака, нека оди да донира индивидуално тогаш кога сака и мисли дека може, но молам, доколку не му / и’ пречи, да напише на овој подфорум дека донирал(а) тогаш и тогаш. Ова не го барам за да: 1. лажеме (иако верувам дека не би имало такви овде) 2. ниту пак за да се фалиме и возгордееме (крводарувањето не е причина за фаленичарство), туку: 1. за да не сметаме на таа личност во наредниот период колку што треба да направи пауза до следното донирање и 2. за да ги мотивираме и поттикнеме и другите кон еден вака благороден потег.
 
Ве поздравувам, во очекување да бидам правилно разбран... љубов
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 17:24
ПО повод празникот Богојавление утре во Охрид Цркениот крст организира голема крводарителска акција. Полевете!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.