IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ИСЛАМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаИСЛАМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Тема: ИСЛАМ
    Испратена: 08.Декември.2009 во 05:27


Islam e edna od trite najbrojni monoteistichki religii i nejzinoto ime znachi “pokoruvanje na Alahovata (Bozhjata) volja”. Iako muslimanite veruvaat deka Islamot postoel odsekogash, tie smetaat deka Alah mu go otkril na pratenikot Muhamed pred 1400 godini vo Meka, deneshna Saudiska Arabija.


Pette stolbovi na Islamot

1. Shehadet– svedochenje deka nema drug Bog osven Alah i deka Muhamed e negoviot posleden pratenik.
2. Selat – poklonuvanje, namaz, molitva. Od muslimanite se ochekuva molenje pet pati na den vo posebni vreminja na denot, svrteni kon Meka.
3. Zekat – podaruvanje procent od sopstvenosta na siromashnite i na onie koi imaat potreba od pomosh.
4. Seum – postenje. Vo tekot na Ramadan, devetiot mesec spored muslimanskiot kalendar, preku denot se abstinira od pienje, jadenje, pushenje i imanje intimni odnosi. Vernicite treba da se molat, da go chitaat Кur'аnot i da pravat dobri dela. Ova se pravi vo sekjavanje na mesecot koga Muhamed gi primil prvite stihovi od k*ranot preneseni preku angelot Dzhibril (Gavril). Posle Bajram se slavi praznikot Fitr Bajram.
5. Hadzh – adzhilak. Sekoj vernik, koj e vo dobra zdravstvena i finansijska sostojba e obvrzan ednash vo svojot zhivot da ja poseti svetata Bozhja kukja Kjaba, kako i povekje vazhni mesta okolu Meka. Posle adzhilakot se slavi praznikot k*rban Bajram.


Sveti Knigi

1. Кur'аn (Koran) - Muslimanite veruvaat deka Кur'аn e poslednata Alahovata Kniga, posleden i sovrshen zbor upaten do vernicite, koj govori za Nego i Negovite ochekuvanja od lugjeto, objavena na Muhamed preku angelot Dzhibril (Gavril).
2. Indzhil (Evangelie) – objaveno na Isa (Isus)
3. Tevrat (Tora) – objavena na Musa (Mojsej)
4. Zebur (Psalmi) – objaveni na Davud (David)

Govorite i komentarite na Muhamed vo vrska so zakonite, propisite i odnesuvanjata na vernicite, sobrani kako izveshtai ili komentari od negovite sledbenici, objaveni se vo Sunet (izoden pat).


Drugi osnovni veruvanja

- Alah e sozdatel na s’e shto postoi, s’e shto se gleda i ne se gleda, Toj e eden i edinstven, neroden, bez pochetok i kraj, seznaen i semokjen.
- Veruvanje vo Alahovite meleci (angeli), pratenicite i nivnite knigi.
- Veruvanje vo Sudniot den, kako i vo postoenje na Raj i pekol, kade shto odi chovekovata dusha posle zemnata smrt.
- Veruvanje deka Alah pratil i drugi pratenici pred Muhamed, kako shto se Adem (Adam), Nuh (Noe), Ibrahim (Avram), Musa (Mojsije), Isa (Isus) i drugi.
- Veruvanje vo pokajanie


Osnovni moralni normi i zakoni

- Ljubi go blizhniot kako shto se ljubish sebe si
- Pochituvaj gi roditelite
- Ne kradi
- Ne lazhi
- Ne vrshi preljuba
- Ne sobiraj kamata
- Ne igaraj komar
- Ne ubivaj i ne se samoubivaj
- Ne konzumiraj, proizveduvaj i prodavaj alkohol
- Ne jadi svinsko meso
- Konzumiraj halal (spored prepishanite propisi) hrana


Jurisdikcija

Islamot ne pravi rasna ili nacionalna razlika, kako i podelba megju verskoto i drzhavnoto ureduvanje.

Sherijat (dobro istapkana pateka) e islamsko pravo koe gi regulira site sferi na vernichkoto zhiveenje od lichen, semeen i opshtestven aspekt.


Islamski kalendar

Islamskiot kalendar zapochnuva so Muhamedovoto preseluvanje od Meka vo Medina. Ovaa prva islamska godina korespondira so 622-ta godina na Gregorijanskiot kalendar. Edna islamska godina ima 354 ili 355 dena i ne postoi prestapen mesec. Bidejki islamskata godina ne se bazira na Zemjinata rotacija okolu Sonceto, tuku na Mesechevite lunacii, ne mozhe da se napravi prosta konverzija megju Islamskiot i Gregorijanskiot kalendar so dodavanje na nivnata razlika vo godinite.


Glavni Islamski verski grupi

- Suni – najgolemiot broj muslimni pripagjaat na ovaa grupa. Tie veruvaat deka naslednicite posle Muhamed se kalifite bidejki samiot pratenikot pred smrtta ne naznachil svoj naslednik. Kalifite se odbirale so glasanje na islamskite sveshtenici.
- Shija – muslimani koi gi podrzhuvaat naslednicite na Muhamed spored negovata krvna linija.
- Sufi – muslimani koi se izdvojuvaat od strogo struktuiraniot Islam so svoeto gnostichko-spiritualno otkrivanje na apsolutnata vistina i realnosta na svetot.

Изменето од Messenger - 09.Декември.2009 во 03:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 01:38
1. Sto znaci zborot "Islam"?
Islam znaci stvoranje mir, predanost i pozrtvuvanost. Stvoranje mir znaci da vernikot treba da zivee vo mir so sebe i so svojata okolina. Predanosta i pozrtvuvanosta se izrazuva so prifakanje i izvrsuvanje na Bozjata volja i niz toa, muslimanot postignuva mir so islamot.
Vo k*r`an, muslimanskata sveta kniga, Bog veli deka Toj go izbral islam kako religija za lugjeto.
"Sega verata vasa vi ja usovrsiv i blagodetot Svoj prema vas go potpolniv i zadovolen sum islam da vi bide vera." k*r`an (5:3)
Muslimanite go odbivaat zapadnjackiot izraz Muhammedanec, zasto Muhammed (sallallahu alejhi we sellem ) kako Bozji Pratenik bese prenesuvac na Bozjata poraka i zasto samo Bog e vreden za obozavanje.


Исламот е монотеистичка вера која е заснована на верување во еден Бог. Исламската вера го содржи теоретскиот и практичниот аспект, па слободно може да се каже дека исламот е начин на живот.

Од теоретски аспект, исламот се базира врз шест столбови на верувањето: Верувањето во Аллах, џ.ш., во Неговите мелеци (ангели), во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот ден и во Неговото одредение и дека проживувањето по смртта е вистина.

Според исламското учење, Аллах е Создателот на сè. Тој е Создател на природата и на сè што се гледа и што не се гледа. Тој е еден. Нема родители, жена ниту деца. Тој е без почекот и без крај. Знае сè, гледа сè и е семоќен. Кратко кажано, Тој е опишан со сите позитивни својства.

Исламот нè учи дека мелеците (ангелите) се создадени од светлина. Нивниот број е многу голем. Тие никогаш не работат лоши работи, туку само Го величаат Аллах. Најпознати мелеци се: Џибрил (Гаврил), Микаил (Михаил), Исрафил и Мелекул Меут (ангелот на смртта).

Според исламското учење, низ историјата на човештвото, Аллах им спуштил неколку книги на пратениците на земјата.
Најпознати книги се:
1. Тевратот (Тората), објавен на Муса (Мојсеј);
2. Зебурот (Псалмите), објавен на Давуд (Давид);
3. Инџилот (Евангелието), објавено на Иса (Исус) и
4. к*ранот, објавен на Мухаммед, а.с.


муслиманите веруваат во еден , единствен, не споредлив бог, кој нема син ниту здруженик, и никој нема право да виде обожаван освен него, тоје вистинскиот бог и секое друго божество е лажно, тој ги поседува најубавите и највеличествените имиња, и совршените и возвишени својства, никој не ја посдува неговата божественост, ниту пак неговите својства,
бог нее тројство,,бог рекол во к*ранот
СОСЕМА НЕ ВЕРУВААТ ОНИЕ КОИ ВЕЛАТ АЛЛАХ Е ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА, НЕМА ДРУГО БОЖЕСТВО ДОСТОЈНО ЗА ОБОЖАВАЊЕ ОСВЕН ЕДЕН БОГ , АКО НЕ ПРЕСТАНАТ СО ОНА ШТО ГО ЗБОРУВААТ БОЛНА КАЗНА, НАВИСТИНА ЌЕ ГО СТИГНЕ СЕКОЈ ОД НИВ КОЈ ШТО ЗА НЕВЕРНИК ЌЕ ОСТАНЕ.(5-73.

бог нее исус, и исус нее бог. дури и самиот исус го негирал тоа, бог во к*ран вели-

СОСЕМА НЕ ВЕРУВААТ ОНИЕ КОИ ШТО ВЕЛАТ АЛЛАХ Е МЕСИХ, СИН МЕРЈЕМИН, А МЕСИХ ГОВОРЕШЕ/, О СИНОВИ ИЗРАИЛОВИ , ОБОЖАВАЈТЕГО ГО АЛЛАХ ГОСПОДАРОТ МОЈ И ГОПОДАРОТ ВАШ! НА ОНОЈ КОЈ ШТО ЌЕ МУ ПРЕПИШЕ ЗДРУЖЕНИК, АЛЛАХ ЌЕ МУ ГО ЗАБРАНИ ЏЕНЕТОТ И ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НЕГОВО ЌЕ БИДЕ ОГНОТ! НА НЕВЕРНИЦИТЕ НИКОЈ НЕМА ДА ИМ ПОМОГНЕ!.5-72.








Истотака, исламкото учење ни кажува Аллах испраќал многу пратеници на земјата. Од нив, 25 се спомнати во к*ранот. Најпознати се: Адем (Адам), Нух (Ное), Ибрахим (Авраам), Муса (Мојсеј), Иса (Исус) и Мухаммед, нека е Божјиот мир над нив.

Според исламското учење, овој свет има крај и треба да се случи Судниот ден. На овој ден сè ќе биде уништено, а потоа ќе бидат проживеани сите созданија. Искрените верници ќе бидат наградени со џеннет (рај), додека неверниците, злосторниците и криминалците ќе бидат казнети со џехеннем (пекол).

Освен теоретскиот аспрект, во исламот постои и практичен аспект кој се гледа во петте столбови на исламот:
1. Шехадетот (сведочењето);
2. Клањањето намаз;
3. Давањето зекат;
4. Постењето на месецот Рамазан и
5. Хаџџот (аџилак).

Со изговарањето на шехадетот, човекот станува муслиман. Неговото значење е следно: „Сведочам дека Аллах е Еден и сведочам дека Мухаммед е Негов пратеник“.

Според исламот, секој муслиман е обврзан пет пати во текот на денот и ноќта да клања намаз. Времето за намаз почнува со огласувањето на езанот. Намазот може да се клања поединечно и заеднички. Еднаш неделно, во петок, задолжително е заеднички да се клања во џамија џума намазот. Пред клањањето на намазот личноста треба да е со чисто тело, облека и место каде што ќе клања. Пред секој намаз треба да се абдести.

Богатите верници се должни во текот на годината да одвојат дел од своето богатство на оние коишто се сиромашни и потребни. Тој дел изнесува 2,5% од севкупното годишно богатство.

Истотака, муслиманите се должни во текот на годината да го постат месецот Рамазан. Постењето почнува в зори, оставајќи го јадењето, пиењето и интимните односи, и трае сè до зајдисонце. По завршувањето на месецот Рамазан, се слави празникот Фитр Бајрам.

Истотака, богатите и здрави муслимани се обврзани еднаш во својот живот да одат на хаџџ (аџилак). Аџилакот се извршува со посета на светата Божја куќа Ќаба и со посета и обреди на останатите места околку Мека. По завршувањето на аџилакот се слави празникот к*рбан Бајрам.

Треба да се истакне дека во Рамазан почнало објавувањето на к*ранот, додека на последниот простувачки аџилак на пратеникот Мухаммед, а.с., завршило неговото објавување.

После сево ова, може да се каже дека исламот е составен од теоретски аспект каде што се верува со срце и со разум, и од практичен аспект кој се применува со дела

Кога се вели дека Исламот е "најмладата од сите монотеистички вери", тогаш тоа е само делимично точно. к*ранот тврди дека првиот човек на Земјата кој воедно е и првиот пратеник, Адем а.с. кој воедно бил и првиот муслиман и дека тоа биле сите Божји Пратеници, од што произлегува заклучокот дека Исламот е најстарата и према верувањето на муслиманите, единствената вера која Аллах џ.ш. му ја објавил на човештвото и која Тој ја признава и прифаќа:


"Единствено призната вера кај Аллах е Исламот" (Али Имран,19).

"А оној кој што сака некоја друга вера сем Исламот, нема да му биде примена, и тој на другиот свет ќе настрада." (Али Имран,85).

Меѓутоа, конечната верзија на Исламот дошла со пратеништвото на Мухаммед а.с., и во тој смисол, историски, потполниот Ислам дошол после Христијанството и Еврејството. Како што се гледа, оваа вера не го носи своето име по Мухаммед а.с. (за муслиманите е навредливо кога Исламот ќе се нарече Мухаммеданство) ниту по некој народ.



Исламот значи доброволна и потполна предаденост на Возвишениот Аллах џ.ш., Створителот на луѓето и световите. Етимолошки, зборот Ислам е изведен од глаголот еслеме, кој пред се го означува човековото доброволно предавање на Аллаховата Воља на тој начин во него да се положат сите надежи и при тоа да се напушти секој вид на себичност и горделивост. Попратните значења на овој збор се: склад, хармонија, мир, вроденост.

к*ранот го открива Исламот во целиот видлив свет:

"Зарем не знаеш дека и оние на Небесата и оние на Земјата му се клањаат на Аллах, а и Сонцето, и Месечината, и sвездите, и планините, и дрвјата, и животните, и многу луѓе - а многумина заслужуваат и казна...." (Ел-Хаџџ,18).

Како верско искуство, Исламот е еден важен момент која ја означува почетната точка од која почнува човековата вистинска понизност, скрушеност и предаденост. Човекот во Исламот е Абдуллах, роб, понизна личност, и ,во исто време и само поради тоа - горд пред Бога кој е неговиот Рабб, Господар, Створител, Одржувач, Одгојувач.

Суштината на Исламското учење е содржана во Шехадетот, Очитувањето кое гласи: Ешхеду ен ла илахе иллеллах Ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху (Јас со срцето верувам,а со јазикот потврдувам дека нема друг Господ освен Аллах,и дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов Пратеник)

Исламот им се обраќа на сите луѓе и народи. Најчестите вакви обраќања во к*ранот се: О, луѓе; О, верници; О, следбеници на Книгата...

"О, луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден маж. Од него создаде жена. И од нив расеа многу мажи и жени..." (Ен-Ниса,1).

Прописите кои ги донел Исламот не се ускладени према сталешката, материјалната, расната, географската или некоја слична позиција, туку према универзалната човекова природа која к*ранот ја нарекува Фитретуллах.

"Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа, према која Тој луѓето ги создаде..." (Рум,30

Некој можеби некогаш ќе се запраша: колку е стара религија Исламот? Ова можеби ќе го запраша заведен од многумина христијански мисионери кои зборуваат дека Исламот е религија после христијанството, дека се после христијанството е лажно, дека луѓето немаат потреба од Ислам и тн.
Многу луѓе, заведени од ова создаваат недоразбирање за Исламот, мислат дека тоа е вистина, мислат дека Исламот е религија која ја создал Мухамед (с.а.в.с), мислат дека христијанство е тоа што го проповедал Исус (Иса с.а.в.с) во времето кога бил на Земјата, а некои одат до тамо да веруваат дека тоа што го практикуваат денес е она што Исус го проповедал.

Во к*ранот, сура Али-Имран ајет 85, Алах вели:


3:85. на оној кој сака друга вера освен ислам- нема да му се прими, но тој на ахирет ке биде меѓу поразените.


Алах јасно ни става до знаење дека Тој не прифаќа друга религија освен онаа која Тој ја заповедал, неговата религија, Исламот. Тој кој ќе прифати друга религија освен оваа ќе биде помеѓу изгубените како на овој така и на другиот свет. Тешко него кој ќе умре не-муслиман.

Исламот е религија на Алах, религија која ја заповедал Алах од Адам (Adem с.а.в.с) како прв човек и пророк на Земјата се до Мухамед (с.а.в.с) како последен Алахов пророк на Земјата.

Денес сме сведоци на многу религии кои се измислени од луѓето и служат за оттргнување од религијата на Алах, Исламот.


Што значи Ислам?

Што значи овој арапски збор на македонски?

Ислам, како што можеме да видиме од ајетот погоре, во загради ни е објаснето дека значи верување и предавања на Алах, твојата желба да ја предадеш на Алах – да биде Алаховата желба не твојата, мирно и со верба во Алах




2. Koj e "Allah"?
Allah e arapski zbor za "eden Bog" i ne e ime na nekoj privaten Bog na muslimanite, tuku e Allah edinstven so pravo obozavan Stvoritel na univerzumot; i arapskite hristijani Bog go narekuvaat Allah.
Toj gi stvori lugje i niz Negovata objava im go pokazal najdobriot pat na ovoj svet da bi ja izbegnale kaznata na drugiot svet.

3. Sto znaci izrazot "Musliman"?
Po znacenjeto na ovoj zbor musliman e nekoj koj svoevolno i se podredil na Bozjata volja i koj vo stvoranjeto mir ja gleda svojata dolznost. Musliman se postanuva koga ke se izjavi deka nema drug Bog osven Eden i da Muhammed e Bozji Pratenik. Kako sto e receno sekoj koj svesno i svoevolno ke ja prifati Bozjata volja e musliman i zatoa site prethodni Pratenici pred Pratenikot Muhamed s.a.v.s., bile muslimani. Vo k*r`an na poseben nacin se spomenuva Abraham (Ibrahim), koj ziveese dolgo pred Mozes (Musa) i Isus (Isa) i koj ne bese ni Evrein ni Hristijanin.
"Ibrahim ne bese ni Evrein ni Hristijanin, tuku vistinski vernik, veruvase vo eden Bog, i ne bese idolopoklonik" (k*r`an 3:67)
Na drugata strana ima lugje koi se narekuvaat muslimani, a ne i se podreduvaat na Bozjata volja, dodeka istovremeno ima lugje koi maksimalno se trudat da vodat islamski nacin na zivot.
Ne moze da se donesuva sud za islam koga se gledaat samo lugje koi nosat muslimanski iminja, no so svoeto odnesuvanje i nacin na zivot ne se odnesuvaat kako muslimani.
Kolku e nekoj musliman zavisi od negovata spremnort da verata i delata gi podredi na Bozjata volja.

4. Koj bil Muhammed?
Muhammed (s.a.v.s.) e roden 571.godina vo Mekka vo Arabija kako clen na edno ugledno pleme. Negovite pretci poteknuvaat od Pratenikot Ismail, Ibrahimoviot (Abrahamoviot) sin. Tatkoto mu umrel pred negovoto ragjanje, a majka mu koga imal 6 godini. Ne posetuval skola, tuku kako sto vo toa vreme bilo voobicaeno, bil othranet od edna dojkinja, podocna dedomu i negoviot amidza go primile i go odrastile. Od rana mladost bil poznat po svojata cestitost. Koga bil otprilika vo doba od cetirieset godini, mu se pojavil melekot Gabriel vo pesterata vo koja voobicaeno odel da meditira i mu objavil deka e Bozji Pratenik. Takvi objavi sledele vo narednite 23 godini podocna se sobrani vo forma na kniga, cesen k*r`an, za muslimanite e posledna i zaklucna Bozja Objava. Cesniot k*r`an e odrzan vo nepromenete i originalna forma; gi potvrduva Tora, Psalma, i Evangelium koi lugjeto so tekot na vremeto gi promenile (falsifikuvale).

5. Go obozavaat li muslimanite Muhammed?
Ne. Muslimanite ne go obozavaat Muhammed (s.a.v.s.) niti bilo koj drug Pratenik. Muslimanite gi priznavaat site bivsi Pratenici, kako Adam (Adem), Noah (Nuh), Abraham (Ibrahim), David (Daud), Salomon (Sulejman), Mozes (Musa), Isus (Isa) i site drugi. Muslimanite veruvaat deka Muhammed (s.a.v.s.) e pecat na Pratenicite, t.e. deka e posleden Bozji Pratenik. Tie veruvaat deka samo Bog, a ne nekoe covecko sustestvo smee da se obozava.

6. Sto velat muslimani za Isus?
Muslimani mnogu go pocituvaat Isa (a.s.) i negovata majka Mrjem. Cesniot k*r`an nas ne isvestuva deka Isus niz edno cudo bez tatko e dojden na ovoj svet.
"Isaoviot slucaj kaj Allah e ist kako Ademoviot: od zemja go stvori, a potoa rece: Bidi!-i toj bidna." (k*r`an 3:59)
Toj izvrsuvase so Bozja pomos kako Pratenik mnogu cuda, pomegju ostanatoto mozese da zboruva vednas posle ragjanjeto i da ja brani svojata majka i nejzinata bogoplaslivost da ja potvrdi. Bog mu dade i drugi sposobnosti kako na primer lecenje na slepi i bolni,ozivuvanje mrtvi, ozivuvanje na pticata napravena od glina i sto e najvazno: Toj mu dade poraka za lugjeto. Ovie cuda, koi Bog mu gi dade, go potvrdija kako Pratenik. Ne e staven na krst, tuku vozdignat na nebo.
"I nevernicite pocnaa da smisluvaat spletki, no Allah gi otkloni, zasto Toj umee najdobro.
I koga Allah rece: O Isa, dusata ke ti ja zemam i kaj sebe ke te vozdignam i ke te spasam od nevernicite i ke napravam tvoite sledbenici da bidat nad nevernicite se do Smak na svetot. Mene ke mi se, posle, site povratite i Jas ke vi za ona za sto ne ste se sl*gale presudam." (k*r`an 3:54-55)
Sura Merjem (19) gi opisuva cudata na Isa vo ajetite 27-37.

7. Ima li vo islam razliciti pravci na veruvanje?
Vo islam postojat dva glavni pravci: Siiti i Sunniti. Zaednicko za dvata pravci e deka k*r`an i primerot na Muhammed (s.a.v.s.) im se osnova na verata. Dvata pravci pet pati na den se molat na Bog, postat vo mesec Ramazan i odat na hadzd, hodocest vo Mekka. Razlikata na ovie dva pravci se gleda vo dva razliciti nacini na mislenje. Muslimanite koi izjavite i delata na Pratenikot Muhammed (s.a.v.s.) gi zemaat kako obvrska, se narekuvaat Sunniti, dodeka drugite dodatno izjavite i gledistata na Alija (zetot na Muhammed s.a.v.s.) gi zemaat za merodavni i nego go smetaat kako politicki i duhoven naslednik na Pratenikot se narekuvaat Siiti. Poimot "Sia", od koj doagja nivnoto ime, znaci partija - vo ovoj slucaj partijata na Alija. Pocnala vsusnost kako partija, koja sakala da mu pomogne na Alija so negovite politicki protivnici. Denes Siiti ima okolu 15% od celiot muslimanski svet. Pogolem del ziveat vo Iran i Irak, dodeka muslimanite od ostanatite zemji se pretezno Sunniti.

8. Koi se osnovnite obavrski na eden musliman?
Islam se bazira na pet stolbovi, od koi proizleguvaat slednite obavrski :
1) Svedocenje (sehadet), deka ima samo eden Bog i deka Muhammed e Bozji Pratenik.
2) Namaz (salah), koj e pet pati dnevno propisan.
3) Post(siyam), koj se pravi vo mesec Ramazan.
4) Danok (zekat), obvrzan danok za dobri celi od imotot na imasnite.
5) Hodocastieto vo Mekka (hadz), koj sekoj musliman najmalku eden pat vo zivotot mora da go napravi, ako toa vo zdravstven i materijalen pogled moze da go podnese.
Site ovie stolbovi na verata treba da imaat ista vaznost za eden musliman. Protivrecno e nekoj da napravi hadz, a da ne posti ili ne obavuva redovno namaz (molitva). Vo sporedba so nekoja gradba nezamislivo e da predvidenite stolbovi nedostasuvaaat. Uste ako zamislime deka i ponatamu na taa gradba i trebaat pokriv i zidovi, vrati i prozori, sto vo ovoj slucaj vo islam bi pretstavuvalo moralno odnesuvanje, vrlini kako postenje, trpenie, vistinolubie i slicni drugi vrlini, togas taa gradba bi bila potpolna. Zatoa muslimanite treba ne samo da gi praktikuvaat stolbovite na islam, tuku redovno da se trudat, da go razvivaat svojot odgovaracki karakter.

9. Koja uloga ja zavzema sluzenjeto na Bog vo islam?
Celta na sluzenjeto na Bog vo islam e da pisutnosta na Boga ja privikame vo svest. Sluzenjeto na Bog, kako pravenje namaz, postejki ili so davanje zekat e eden cekor nakaj celta da se postigne Bozjeto zadovolstvo so nas.
Ako nekoj vo svoite misli i vo svoite dela svesno zivee so Bozja volja, togas moze da se nadeva i na ovoj i na onoj svet na Bozja nagrada.

10. Sto ocekuva muslimanot posle smrtta?
Bog e praveden i da bi Toj svojata pravednost mozel da ja izvrsi, postoi vo islam princip na odgovornost. Lugjeto koi dobro pravat ke bidat nagradeni, a onie koi losi raboti pravat ke bidat odgovaracki kazneti. Zatoa Toj gi stvori raj i pekol, vo koi lugjeto dospevaat pod odredeno preduslovi.
Muslimanite znaat deka segasniot zivot e kratok i deka potoa sledi edendrug zivot. Ovoj zivot e samo ispit, test posle koj ako go polozime, sleduva vecen zivot vo sreka i vo zaednica so iskrenite lugje vo rajot.

11. Sto ke se sluci so "nevernicite" posle smrtta i ima li grevovi koi Bog ne gi oprostuva?
k*r`an jasno kazuva:
"Onoj koj ke napravi kolku troska dobro - ke go vidi, a onoj koj ke napravi i kolku troska zlo - ke go vidi." (k*r`an 99:7-8)
So toa se misli da lugjeto koi ne veruvaat, no koi na ovoj svet dobro cinat, deka na osnova na toa na ovoj svet ke bidat nagradeni. Lugjeto koi se muslimani i koi dobri dela cinat, ke bidat ne samo na ovoj svet tuku i nan onoj svet nagradeni. Konecnata presuda ke ja donese Bog (k*r`an 2:62) Grev kako sto e Nemu raven nekoj da se smeta, Bog nema da go oprosti.
"Allah nema da prosti da Mu se nekoj drug raven smeta, a ke gi oprosti malite grevovi od toa, komu Toj saka. A onoj koj drug na Allah raven smeta pravi, izmisluvajki lagi, grev e golem." (k*r`an 4:48)
"Allah sigurno nema da prosti da Nemu drugi ravni mu smetaat, a ke oprosti komu saka ona sto e pomalo od toa. A daleku zalutal onoj koj smeta deka na Allah raven mu e nekoj." (k*r`an 4:116)

12. Zosto moraat muslimankite da ja pokrivaat kosata?
Muslimanite treba da vnimavaat na skromnost i vo pogledot na oblekuvanjeto. Za da se izbegne toa da lugjeto se smetaat za objekt na posakuvanje, postojat vo islam propisi za oblekuvanje kako za mazite, taka i za zenite. Oblekata ne smee da bide ni tenka ni kratka, da ne bi doslo do vidlivost na telesnite formi. Oblekata na maskite mora najmalku da go pokriva podracjeto od papokot do kolenata, a kaj zenata mora da go pokriva celo telo osven liceto i racete. Prekrivanjeto na liceto ne e propisano. Ovie propisi proizleguvaat od k*r`an (24:31), a precizirani se so izjavite na Pratenikot Muhammed s.a.v.s. Ovie pravila, kako i ostanatite pravila vo islam se obvrzuvacki za muslimanite od pubertet, bidejki toa predstavuva vlez vo polnoletstvo.

13. Dali vo islam samo svinskoto meso e zabranjeno?
Na muslimanite ime zabraneto svinskoto meso, produkti od svinja i mrsa. (k*r`an 5:3). Pokraj toa i meso od divi zivotni ne e dozvoleno, bidejki i tie jadat mrsa. Na muslimani im e zabraneto da pijat i alkoholni pijaloci kako naprimer vino, pivo, a isto ne ime dozvoleno i zemanje droga.

14.Postoi li "sveta vojna" ili sto e "dzihad"?
Vo mediumite cesto se spomnuvaat i poistovetuvaat poimi kako "sveta vojna" i dzihad. Vo islam ne postoi poimot za "svetata vojna". Se misli na zborot dzihad sto znaci napreganje, ili uste potocno "napreganje na Bozjiot pat". Sekoja upornost koja se prevzema vo sekojdnevieto za da se postigne Bozjeto zadovolstvo, moze da se smeta za dzihad. Eden od najgolemite stepeni na dzihad e dignuvanjeto protiv vladeenjeto na nekoj tiranin i da mu se kaze vistinata. Borbata protiv sopstvenoto samolubuie i oddalecuvanjeto od losite nacini na odnesuvanje, moze isto taka da se smeta za "napregnuvanje na Bozjot pat".
Pod poimot dzihad isto taka se podrazbira i zemanje oruzje vo raka za odbrana na islam ili nekoja muslimanska zemja. Ovoj nacin na dzihad mora da se proglasi od religioznoto vodsvo na nekoja zemja ili od nekoj muslimanski poglavar, koj go sledi patot na k*r`an i Sunnet (primerot na Muhammed s.a.v.s.)

15. Koi praznici gi poznava islam?

Sa ld-ul Fitr (Praznik na prekinuvanje na postot,(turski:ramazan-bayrami) se zavrsuva so post vo mesec Ramadan. Ovoj praznik muslimani go slavat so javna molitva, posebno jadenje i vzaemno posetuvanje i so pokloni. Praznikot Id-ul Adha (zrtven Praznik; k*rban bajram) se slavi na krajot od hadz, znaci sekoegodisno hodocastie vo Mekka. Posle javnata molitva, muslimanite koi materijalno stojat dobro, kolat edno jagne ili nekoe drugo zivotno, za da se potsetat i da ja dovedat do izraz poslusnosta na Pratenikot Abraham (Ibrahim),koj bese spremen duri i sinot Ismael da go zrtvuva za Boga. (k*r`an 37:101-107)

16. Sto e Serijat?
Serijat e seobfaten zakon na muslimanite, koj proizleguva od dva izvori:
a ) od k*r`an
b ) i od Sunnet (zapisani izreki, dela i odobruvanja na Pratenikot Muhammad s.a.v.s.).
Toj gi opfaka site podracja na licniot i drustven zivot vo sekojdnevioeto. Cel na islamskiot zakon e zastita na osnovnite prava na lugjeto kako individui. Ova go opfaka pravoto na zivot i posed, na politicka i religiozna sloboda, zastita na pravata na zenata, i malcinstvata. I mala stapka na kriminal vo muslimanskite drustva niz primena na islamskiot zakon e ocigledna.

17.Da li islam se prosiril so "ogan i so sabja" ?
Vo k*r`an se veli:
" Vo vera ne e dozvoleno so sila da se tera" (k*r`an 2:256), zatoa nikoj ne smee da bide prisilen da prejde vo islam. Tocno e deka muslimanskite armii nosele sabji pri pohodite da se oslobodi nekoj narod ili nekoja zemja. No islam so sabja ne se prosiri, zasto na mnogu mesta kade sega ziveat muslimani, naprimer na Dalecniot Istok, vo delovi na Kina i vo mnogu podracja na Afrika, nema ni eden izvestaj deka muslimanskite armii zamarsirale vo tie zemji.Koga se veli deka islam se prosiri so sabja, bi moralo da se kaze deka hristijanstvo se prosiri so oruzje, F - 16 bombarderi i so atomski bombi, sto e isto taka netocno. Hristijanstvoto se prosirilo so deluvanje na misionerite, dodeka islam se prosiri preku trgovci i patnici. Deset procenti arapi se seuste hristijani. I vo drugite muslimanski zemji zaradi tolerantnost na muslimanite se odrzalo prezivuvanjeto na nemuslimanskite malcinstva. I denes skoro vo site muslimanski zemji postojat nemuslimanski malcinstva.
Vo Germanija, germancite svoevolno i od ubeduvanje preminuvaat vo islam. Tie i drugite muslimani sakaat da ziveat vo mir so svoite sogragjani i ne poseduvaat nikakvi sabji za da gi primoraat drugite da prejdat na islamska vera.

18. Sto veli islam za sila i terorizam?
Islam e religija na mir i predanost na Bog i ja ceni skapocenosta na coveckiot zivot. Eden ajet vo k*r`an veli:
"A ako nekoj ubie nekogo koj ne ubil nikogo, ili onoj koj na Zemjata nered ne pravi - kako site lugje da gi poubival; a ako nekoj bide uzrok da necij zivot se zacuva, - kako na site lugje da im go socuvale zivotot" (k*r`an 5:32)
Islam osuduva sekakov oblik na sila, kako napr. Krstonosnite vojni, vremeto na inkvizicija vo Spanija, 2. svetska vojna ili grozotiite koi Srbite gi pocinija vo Bosna. Onoj koj sproveduva sila nemoze istovremeno da praktikuva religija. Ponekogas upotrebata na sila e reakcija na potisnatiot narod. Terorizam i upotreba na sila postoi i tamu kade nema ili skoro nema muslimani, naprimer Severna Irska, Latinska Amerika i Sri Lanka. Ponekogas se slucuva upotreba na sila vo borba na bogatite protiv siromasnite ili potisnatite protiv tiraninot. Mora da se diferencira i najde pricina, zosto lugjeto postanuvaat teroristi. Terorizmot kako sredstvo za postignuvanje na nekoi odredeni celi se protivreci na osnovite na islamot. Duri i vo vojna Pratenikot Muhammed s.a.v.s. zabranil borba protiv lugje koi ne se vkluceni vo voenite raboti. Duri otisol i podaleku i zabranil vo vojna da se unistuva zetvata na protivnikot.

19. Sto e "islamski fundamentalizam"?
"Islamskiot fundamentalizam" koj vo ocite na Zapadot pocna so revolucijata vo Iran, se poistovetuva so terorizmot i zapadniot Svet gleda vo toa posle padot na Sovetskiot Sojuz najgolema opasnost za sebe. No za najgolemiot del muslimani na celiot svet poimot "islamski fundamentalizam" e pogresen poim. Tie prifakaat deka ziveat po fundamentot na verata, no ne i deka se ekstremisti.
Teroristickite napadi koi se obrazlozuvaat so islam, mediumite gi prikazuvaat kako akt na "islamskiot fundamentalizam". Terorizmot se protivreci na osnovite na islamot i atentatite so bombi ne mozat da bidat islamski ako postoi moznost za mirno resavanje na problemot. Islam ne ja poddrzuva vojnata. Islamskata vera i nejzinata kultura doziveala najgolem procvat vo vreme na mir, ane vo vreme na vojna. Zatoa treba da se diferencira i da ne se obvinuvaat ostanatite muslimani niz zloupotreba na poedinci.

20. Ima li islam sopstveno racunanje na vremeto?
Islamskiot kalendar pocnuva so iseluvanjeto (Hidzra) na Pratenikot Muhammed s.a.v.s. od Mekka vo Medina vo 662 godina pred Hidzra. Islamskata godina e meseceva godina so 354 ili 355 dena. Prviot mesec se vika Muharrem. 2006 greg. godina odgovara na islamskata 1427 godina posle Hidzra.

21. Zosto smeat muslimani mazi da ozenat poveke zeni?
Religioznite Objavi pokazuvaat deka osven Isus (Isa) koj ne bil ozenet, mnogu Pratenici imale poveke od edna zena. Za muslimanskite mazi postoi dozvola vo k*r`an deka smee da se ima istovremeno poveke od edna zena, no ne zaradi zadovoluvanje na strastite, tuku pokraj ostanatoto zaradi zgrizuvanje na vdovicite i siracinjata, naprimer posle vojna. Ne e obvrska i megju muslimanite toa e veke isklucok. Vo predislamsko vreme bilo voobicaeno bilo mazite da imaat poveke zeni, eden od niv npr. imal edinaeset zeni. Koga postanal musliman, go prasal Pratenikot Muhammed s.a.v.s.: "Sto da pravam so tolku zeni?" Pratenikot mu odgovoril: "Razvedi se od site osven od cetiri". k*r`an veli:
"...togas zenete se so onie koi vi se dopusteni, so po dve, so po tri i so po cetiri. A ako stravuvate deka nema da bidete pravedni, togas samo so edna" (k*r`an 4:3)
Mazite muslimani se zenat poveketo samo so edna zena, zasto vo praksa e mnogu tesko prema site zeni da se bide praveden. Pratenikot Muhammed s.a.v.s. od svojata 25. do 50. godina bil ozenet samo so edna zena. Vo zapadnite zemji ozenetite mazi imaat vonbracni odnosi i vo casopisot "Usa today" (4 april 1988), objavena e anketa vo koja 4700 lubovnici se prasani koj status bi go sakale. Izjavija deka rado bi postanale vtora zena, otkolku da ostanat vo statusot lubovnici, zasto so toa ne poseduvaat ni prava ni finansiska ravnopravnost so mazenite zeni i taka se cuvstvuvaat iskoristeni.

22. Da li zenite vo islam se podgazeni?
Ne, naprotiv. Islam ja vozdignal polozbata na zenata uste pred 1400 godini i toa niz pravoto na zenata za razvod na brak, pravo na finansiska nezavisnost i izdrzuvanje, kako i so pravoto na pokrivanje na kosata(Hidzab), zenata se gleda so pocit i toa vo vreme vo koe zenata vo ostanatite delovi na svetot, vklucuvajki ja i Evropa, ne gi imala tie prava.
Sto se odnesuva do religijata, zenite i mazite se ravnopravni.
"a onoj koj cini dobro, bilo da e maz ili zena, a vernik e, - ke vleze vo dzennet i nema da mu se napravi ni kolku troska edna nepravda" (k*r`an 4:124)
Islam dozvoluva da zenite si go zadrzat svoeto prezime i posle sklopuvanjeto brak, kako i da upravuvaat so parite koi gi zarabotuvaat i da gi upotrebat kako sakaat.
Islam gi zadolzuva mazkite da gi stitat zenite vo javnost od moznite neprigodi.
Pratenikot Muhammed s.a.v.s. im rece na muslimanite mazi: "Najdobar megju vas e onoj koj najdobro se odnesuva sprema svojata familija"
Ne islam, tuku nekoi muslimani gi potisnuvaat zenite vo denesno vreme. Ova se slucuva na osnova na nivnite kulturni naviki i nedovolno poznavanje na religijata.

23. Da li e islam netolerantan prema religioznite malcinstva?
Islam gi priznava pravata i religioznata sloboda na malcinstvata. Vo k*r`an pomegju ostanatoto stoi:
"Vo vera ne e dozvoleno so sila da se nagonuva" (k*r`an 2:256)
Za da bi se mozelo da im se garantira sigurnost i dobrobit, dolzni se da plakaat danok (Dzizja), a osven toa oslobodeni se od sluzenje voen rok. Pratenikot Muhammed s.a.v.s. im zabranil na muslimanskite vojski rusenje crkvi i sinagogi. Halif Omer ne i dozvolil na muslimanskata vojska ni obavuvanje na molitva vo crkvite, da ne bidat so toa cuvstvata na hristijanite povredeni. Evreite ziveele vo muslimanska Spanija zaedno so muslimanite i nivniot zaednicki zivot cvetal, dodeka vo ostanatite delovi na Evropa bile progonuvani. Tie go smetaat toa doba za zlatno doba. Vo islamskite zemji hristijanite ziveat vo blagosostojba, zazemaat polozbi vo vlada i ne im e zabraneto da ja posetuvaat crkva. Na hristijanskite misioneri dozvoleno im e da otvaraat i odrzuvaat skoli i bolnici.
Na drugata strana, muslimanskite malcinstva ne se sretnuvaat so taa ista religiozna tolerancija, kako sto se gleda na Spanskata inkvizicija i na krstonosnite vojni, i kako sto denes e slucaj so Izrael i Indija. Muslimanite znaat isto taka, deka ni vladarite pri izvrsuvanjeto na svojata dolznost ne obrnuvaat vnimanie na porakata na svojata religija.
k*rAN A.SH. e allahova objava koja ALLAH DZ.SH. mu ja dostavil na pratenikot MUHAMMED A.S.za period od 23 godini od koi 13 vo MEKA i 10 vo MEDINA.prvite zborovi koi mu bile isprateni na MUHAMMED A.S.preku melekot DZEBRAIL bile:"IKRE BISMI RABBIKELLEZI HALEK".Sto vo prevod znaci:"UCI,CITAJ VO IMETO NA GOSPODAROT TVOJ KOJ SE SOZDAVA".k*rAN A.SH. e sostaven od 114 surinja(poglavja)30 dzuzovi i duri 6236 ajeti(recenici).Sekoe sure go nosi svoeto ime od nekoj zbor upotreben vo toa sure.So ogled na toa deka MUHAMMED A.S.ne bil pismen objavata na k*ranot ja pisuvale posebni pisari koi bile zadolzeni za toa.Imalo nekoi od muslimanite koi objavata na k*ranot ja ucele napamet.Onoj musliman koj go znae cel k*ran napamet se narekuva so pocesnoto ime Hafis(prezedeno od islamski foruminsan)
Ислам – најстара религија

Исламот не е нова религија. Напротив, тоа е истата религија објавувана на сите поранешни Божји пратеници, како што се Авраам, Мојсеј, Исус или Мухамед. Можеби постои мала промена во нивното именување (Авраам = Ибрахим, Мојсеј = Муса, Исус = Иса), но се работи за истите истканати личности како и во христијанството. Кога муслиманот говори за некоја од овие личности, од почит кон нив додава „алејхис-селам“ или „мир над него“. Исто така, муслиманите се поздравуваат со универзално прифатениот исламски поздрав употребен во к*ранот на арапски „Селам алејкум“ што во превод значи „мир со вас“. Истиот овој поздрав го употребувал Пратеникот Исус (мир над него) како и неговите апостоли.


Верување во Исус

Да, муслиманите веруваат во Исус, син на девицата Марија. Исус во Исламот е истакнат и многу почитуван пратеник како и пратениците Мухамед, Мојсеј и Авраам, но тој е почитуван како Божји изабраник, а не како божество. Во к*ранот луѓето многу јасно се опоменати од страна на Семоќниот Бог:

Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!

Кажи: Тој, е Алах, Еден е!
Алах е Заштитник секому.
Не родил и роден не е,
и никој не Му е рамен
Погрешни преводи

Големата лингвистичка збрка која имала катастрофални последици се сведува во 2 грешки кои од почетокот не требало да се толерираат. Тоа се преводите на зборовите син (чедо) и Бог (Господар).

И во Исламот, Исус, како и сите луѓе се чеда Божји, т.е. тие што имаат потреба од Божјата грижа, но никако не се негови деца.

И во Исламот слободно можеме да го насловиме Исус како наш господар, во смисол наш драг човек учител, изабраник, но никако наш Бог!

Во арапскиот јазик постои наслов “Rabul bejt”, што значи “Господар на куќата”, име кое може да му се придаде на секој сопственик на куќа, но ова никако не значи дека тој човек е Бог во таа куќа!

Во прв поглед зборовите во загради делуваат како синоними, но кога се зборува за Бог, тогаш мало лексичко преиначување може да доведе до катастрофален заклучок дека дека Бог има син, што за Бог е апсолутно неприфатливо.

Да, кај Аллах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Он од земја го создаде, а потоа рече: “Биди!” - и тој, токму, би. (к*ран, 3:59)

Ќе ви прикажеме една паралела на зборовите на Исусовиот јазик:

Македонски
Англиски
Арамејски
Арапски

Бог
God
Alah
Alah

Господар
Lord
Rab
Rab

Син
Son
Ben
Ben

Чедо
Child
Ben
Ben




Арамејскиот термин РАББ = Господар (англиски=LORD), кој во арапскиот би бил еднаков на РАББ се однесува на Бог, но не стриктно нему. Така на пример, РАББУЛ-БЕЈТ = господар на куќата. Значи, прифатливо би било Исус да се нарече господар, во смисол господин, но не во смисол - Бог. Прифатливо би било Исус, како и сите ние да се наречеме чеда Божји, во смисол – слуги Божји, тие за кои Бог се грижи, и ги сака, но не биолошки синови! Во Библијата во врска со ова има многу пасуси кои велат дека Сите луѓе се Божји синови, па дури и сатаната (пример: Матеј 5:45; Јов 1:6).

Во к*ранот е поинаку. Во него луѓето се нарекуваат слуги Божји, но никаде не се вели дека се синови или чеда, за да не се измешаат поимите, па потоа и верувањето.

Главната причина за до ден-денешното неизјаснување на овие поими стои во тоа што денешната Библија не е во оригиналниот јазик на кој говорел Исус – арамејскиот (или дијалект на хебрејскиот). Овие се главните причини кои доведоа до потребата на религиското освежување што Бог одлучи да го направи со Мухамед (нека е Божјиот мир над него) како последен пратеник, објавувајќи му го к*ранот, Последното Откровение за целото Човештво. Исламот не е затворена религија, наменета за одреден народ или средина, туку последен отворен повик на Бог за секое човечко суштество за да Му се покори само Нему. Исламот го потврди тоа што го кажаа пратениците пред него, но исто така го филтрира од грешките што настанале во меѓувреме и го зајакна со потврда од самиот Бог:

Ние, навистина, ја објавивме Опомената (к*ранот) и Ние, навистина, ќе ја чуваме. (к*ран, 15:9)



Поими

Ислам = потчинување, предавање, покорување, послушност (кон Бога)
Муслиман = тој што е потчинет, послушен, покорен (само кон Бога)
к*ран = Божја Реч, Божјето последно откровение на Законикот за луѓето
Намаз = клањање, посебна дневна молитва кон Бога



Прво поглавје на к*ранот - Отварање (Фатиха)

Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!
Благодареноста Му припаѓа на Алах, Господарот на световите,
Милостивиот, Сомилосниот,
Владетелот на Денот Суден!
Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!
Упати нe на патот вистински,
на патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодeт, а не на патот од оние врз кои се разлеа гневот, а ниту на патот на оние кои во заблуда скршнаа!
Влијанието на муслиманите врз развојот на науката и цивилизацијата





Исламот од својата појава на просторите на тогашната идолопоклоничка Арабија, каде што немало никакви траги од науката и културата, ги поттикнува и обврзува муслиманите да ја бараат и изучуваат науката со цел ширење на верското и културно напредување. Во текот на првото столетие, со почетокот на објавата на к*ранот, исламот се ширел од Арабија на запад до Шпанија, завземајќи го просторот на Северна Африка, сè до брегот на Атлантскиот океан, Медитеранот, целата Шпанија до Пиринеите, јужна Франција, па на исток накај Кина сè до Големиот ѕид.
Ова не било само воено освојување, туку и хумано спасување на народите и заедниците од лудото и заблудено верување, во повик на чиста монотеистичка вера во еден Бог (Создателот). Овие освојувања со себе ги носеле и моралните пораки на исламот како што биле: човековата еднаквост, укинување на тиранијата, почитување на човековите права, просветлување на умот, итн. Исламот со своите пораки оставил големо влијание на многу култури и традиции, а многу битно е неговото пресудно влијание на почнување на зачетоците на човековата цивилизација и научен напредок.
Историските факти ни сведочат за вредните и плодните напори на муслиманските научниците на научните полиња, а посебно на полето на експерименталните науки. Многу запдни историчари и истражувачи пишувале, и уште пишуваат за допринесот на исламот врз развојот на цивилизацијата, културата и научните дисциплини како што се математиката, медицината, технологијата итн.
Ваил Дурант во делото „Историјата на цивилизацијата“ истакнува:
„Две стотини и петнаесет години по хиџрата, абасидискиот халиф Ме’мун ја основал „Куќата на мудроста“ (Бејтул-хикмех) во Багдад и опремил астрономски обсерваториум и јавна бибилотека за која одвоил 200000 динари. Исто така собрал голем број на учени луѓе кои ги познавале странските јазици и разните научни дисциплини, како што се Хонаин, Бакхтешо, Ибн Тарик, Ибн Мукаффа, Хаџџаџ бин Матар, Сиргис Рааси и други, издвојувајќи голема сума на парични средства за нивната работа, праќајќи ги низ целиот свет да бараат книги за медицината, математиката, убавата книжевност и другите науки на хинду, пахлеви, салдеан, старосиријски, грчки, латински и старо персиски јазик.“
Ваил Дурант ја истакнува големината и вредноста на библиотеката која е основана пред повеќе од илјада години, а која располагала со 4 милиони примероци на различни книги.
Се спомнуваат и историски факти дека некои биле пренесени во оваа бибиотека на преку стотина камилски товари. Освен оваа, во пространата исламска држава егзистирале и многу други библиотеки.
Меѓу најпознатите биле: каирската „Султановата бибиотека“ која располагала со милион книги, сиријската библиотека „Триполи“ со 3 милиони книги, шпанската библиотека „Ел–Хаким II“ во Кордоба со 600.000 книги, во истамбулските џамии вкупно се наоѓале преку 80 библиотеки и во секоја од нив повеќе десетици илјади книги.
Во врска со ова сведочат западните научници и историчари кои се увериле во тоа и тоа свое уверување го пренеле во пишаните дела на повеќе страници.

Така, познатиот француски историчар д-р Густав ле Бон во своето познато дело „Исламско–арапска цивилизација“ пишува:
„Восхитувајќи делува озбилноста на муслиманите во својот истражувачки труд. Во секој град кој ќе го завземеле прво граделе џамија, а потоа училиште. Тоа влијаело на создавање извонредни институции за образување во многу градови. Бенџамин Тул вели дека во Александрија сретнал повеќе од 20 колеџи кои активно работеле. Багдад, Каиро, Кордоба и други места имале универзитети со лаборатории, обсерваториуми, големи библиотеки и сите останати помагала за научните истражувања. Само во Андалузија се наоѓале повеќе од 70 јавни библиотеки. Библиотеката „Ел-Хаким“ во Кордоба имала 600.000 книги, а потребни биле 44 книги за да се каталогизира содржината на бибиотеката. Кога „Чарлс разумниот“, четри векови подоцна ја основал париската библиотека, бил во состојба да собере само 900 изданија, а и тоа после голем напор, додека една третина од тој фонд содржал верски книги. „Само Кордоба имала 50 болници, 900 амами (бањи) и 600 џамии“.

Исто така и Џ.Л. Естренџ во делото „Наследството на исламот“ изнесува воодоошевувачки податоци:
„Универзитетот „Мустансарија“ беше прекрасно дело на пространата локација покрај реката Тигар, а инвентарот од уметнички дизајн и квалитет, каков што не било во целиот свет. Познати се неговите четри правни колеџи, секој со 75 студенти и профессор кој учениците ги подучувал бесплатно. Студентите имале редовни месечни стипендии во висина од еден златник. Кујната на колеџот обезбедувала дневни оброци.
Ибн Ел–Фурат бележи дека библиотеката содржела ретки книги на непроценлива вредност во многу гранки од науката, за потребите на студентите. Било обезбедна хартија и перо за секој студент што сакал да ги препишува книгите. Универзитетот имал амами и амбуланти. Нивните доктори обезбедувале дневни прегледи и им препишувале рецепти на сите што биле болни. Амбулантите можеле да ги дадат пропишаните рецепти истиот момент. Да не заборавиме дека сето тоа било во 13 век!“

Зашто треба да не заборавиме?!
Затоа што во тоа време над христијанската Европа владеела тиранијата на црквата и хиерархијата која на клада ги палела научниците кои се обидувале да ги докажат своите научни откритија, заведувајќи ги луѓето под изговор дека нивното учење е еретичко и дека се коси со христијанската вера. Се разбира дека се косело со верата која христијанските свештеници ја искривиле и ја прилагодиле во своја корист.

Додека црквата во 1634 година, му судела на Галиео Галилеј поради потврдувањето на Коперниковате теорија, за кружењето на Земјата околу Сонцето, муслиманите веќе го користеле календарот кој го направил големиот астроном и математичар Омер Хаџам од Насапур, петстотини години порано. Овој календар е подобар од грегоријанскиот, затоа што прецизно го одредува почетокот на нашата нова година, не само во ден туку точно во час, минута и секунда, кога Земјата завршува едната орбита и почнува нов круг околу Сонцето на пролетната еквиноција.

Доволно е да се спореди тогашната исламска Шпанија која се наоѓала во Европа и соседните христијански земји. Впрочем, секој жител на тогашната Шпанија знаел да чита и пишува, без разлика на општествената класа, додека овие способности во христијанаската Европа ги поседувале само фратарите и клериците. Останатите луѓе, па дури и најголемите племиња сметале дека тоа не е вредно за нивниот труд, па не се обидувале ни да учат. Овој народ не бил свесен во каква очајна, духовна и материјалана беда се наоѓа. Од другата страна, целиот исламски свет, читањето и пишувањето биле веќе завршена работа, нешто сосема нормално. Развитокот на разни научни дисциплини, како што се медицината, фармакологијата, математиката, хемијата, физиката, географијата, индустријата, итн. довело до продуктивни изучувања. Многу муслимански имиња се забележани во светлите страници на историјата како основоположници на науката(prezedeno od makislam).

Освен тоа што беше кажано претходно, за основите на исламот, исламот го опфаќа и етичкиот аспект. Постојат многу текстови од к*ранот и изреки од Мухаммед, а.с., кои зборуваат за етиката на човекот.

Исламот нè учи дека човекот е должен да бара знаење од секој вид. Првиот спуштен збор од к*ранот е: „Учи!“. Барањето на знаење треба да се извршува во текот на целиот живот, зашто само учениот може да биде од корист на себеси, на семејството, на местото каде што живее и воопшто на човештвото.

Етика на училиште: Доколку знаењето највеќе се бара на училиште, тогаш таму треба да доминира атмосферата на толеранција, почитување и разбирање, како меѓу учениците од двата пола, така и во односот ученик-наставник и наставник-наставник.

Етика во семејството: Доколку семејството е првото гнездо каде човекот го добива воспитанието, тогаш таму треба да доминира разбирањето како меѓу родителите, така и меѓу децата. Родителите прво треба да создадат амбиент кој ќе го прилагодат почитувајќи се и уважувајќи се меѓусебно. Оваа почит директно се рефлектира врз децата. Децата треба да бидат воспитувани да се почитуваат меѓусебно. Братот да го почитува братаси, братот сестрата и обратно.

Етика на пат и на други места: Според исламското учење, када и да се наоѓа верникот треба да покаже добро воспитание. За време на средбите на пат или на други места, треба да се поздравува, без разлика на верата, полот или нацијата.

Врз основа на тоа дека сите луѓе се создадени од Бога, тогаш сите треба да се почитуваат меѓусебно. Само со меѓусебна почит можат да се создадат услови за соживот.

Земајќи предвид дека Македонија е земја каде што живеат преставници на различни вери и нации, тогаш задолжително е меѓу сите жители да доминираат основите на почитувањето и соработката.
Накратко, исламот нè учи дека каде и да се наоѓа човекот, тој со своето однесување мора да покаже дека има основни и високи вредности.


к*ран so prevod na македонски јазик,







http://d1.islamhouse.com/data/mk/ih_books/mk4025.pdf

Изменето од el_kevser - 22.Јануари.2010 во 22:37
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 16:23
Temite koi se staveni kako atraktivni objaveni se kako edukativna infomacija za svetskite religii. Zamoleni ste na niv da ne komentirate polemichki ili so kritiki, tuku so nadopolnuvanje dokolku smetate deka toa e potrebno.

Za seto drugo koristete gi drugite, vekje otvoreni temi ili dokolku nema soodvetna, otvorete nova.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 16:41




Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад. Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во к*ранот:

„Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла...“(к*ран, 41: 11)
Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината, ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во к*ранот:

„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме...?“(к*ран, 21: 30)

Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“

Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло





Книгата насловена како „Земјата“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот председател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец.

Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на земјата за неколку пати.

И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век.
Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во к*ранот:

„И по Земјата Ние кренавме планини без таа да ги стресе...“
(к*ран, 16:15)

Исто така, модерната терија за тектонската обвивка држи до тоа дека плани-ните функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата што туку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век.
Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, кој ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број на геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на к*ранските стихови




за време на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., никој од луѓето не знаел ништо за тркалезната форма на Земјата, ниту тоа било дел од чие било знаење. Во тој период се објавува к*р'анот и се објавува к*р'анскиот ајет:
"И Земјата Ние ја раширивме…" (Ел-Хиџр,19; Каф,7)

Мораме да ја нагласиме прецизноста и совршенството на овој к*р'ански израз.
Употребен е единствениот соодветен израз за времето во кое е објавен и за сите наредни векови. Со изразот ја раширивме, истовремено се постигнати две важни значења. Првото значење на ајетот: И Земјата Ние ја раширивме… зборува дека Земјата е раширена, што не преставуваше проблем, бидејќи во тоа време луѓето можеле со своите очи да ја видат вистинитоста на тој ајет. Подоцна, кога се востанови дека Земјата е тркалезна, гледаме дека тоа било единствен израз кој целосно одговара на описот на Земјината топка



После тоа да го погледнеме овој к*р'ански ајет:
"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта". (Ез-Зумер,7)

Зошто Возвишениот Аллах го употребува зборот (јукеввиру) покрива, обвива. к*р'анскиот израз потекнува од Аллах и затоа е неверојатно прецизен и непогрешлив. Но, зошто е кажано покрива, обвива, а не ја раширува ноќта и денот, што подобро би одговарало на описот ако Земјата е рамна, или ги сменува денот и ноќта, или со кој било друг збор. Ако вие донесете нешто и го обвиете тоа околу тркаелст предмет ќе кажете: «Ја обвив ткаенината, на пр. во клопче, т.е. добив тркалеста форма така што завиткав клопче. Ако сакате некој човек да ви направи нешто тркалесто ќе му кажете: «Земи го ова и заобли го!» т.е. направи од него топка. Директното значење на зборовите на

Возвишениот Аллах:

"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта".
е тоа, дека направи тие да ја обвијат Земјината топка…
Совршениот к*р'ан укажува дека ноќта и денот ја опфаќаат Земјината топка истовремено во секој момент. Возвишениот Аллах не рекол:» Он Земјата ја покрива со ноќта, а потоа ја покрива со денот.» Зборовите: Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта., со употреба на предлогот ала на глаголот кеввере, заслужува поголемо внимание, за да добиеме дополнителен увид во доменот на совршенството на к*р'анот. Он ноќта ја покрива. Значењето на овој ајет е дека тие истовремено и заедно се наоѓаат околу земјината топка, и на тоа к*р'анот укажал пред четиринаесет векови, а до што човечката наука успеала да стигне дури во последниот период од историјата.

Ова прашање, прашањето за тркалестата форма на Земјата, к*р'анот го спомнува и на други места. Зошто? Затоа што е тоа голема природна вистина…



Втора научна вистина: Денот и ноќта заедно се на Земјава
Денот и ноќта истовремено се наоѓаат на Земјава. Да ги погледнеме сега другите зборови на Возвишениот Аллах:

"Ниту Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот…" (Ја-син, 40)

Каква е пораката и значењето на овој к*р'ански ајет? Неговото наведување на оваа појава е во тоа да се исправи оновремското убедување. Тие зборуваа: »Ноќта го престигна денот. Денот почнува со излезот на Сонцето и завршува со неговото заоѓање. После тоа настапува ноќ, т.е. ноќта го престигна на денот». Аллах џ.ш. во к*р'анот вели:

"а ниту ноќта да дојде пред денот…"

Со овој ајет Тој го негира нивниот говор дека ноќта го престигна на денот, порачувајќи им: «Не, никако. Ниту ноќта може да го престигне на денот, а ниту денот може да ја престигне на ноќта.»

Ова воедно е и објава дека Земјата е тркалеста, и дека ноќта и денот истовремено се присутни на Земјата. Ако го прифатиме мислењето дека Земјата е голема рамна плоча, тогаш би биле можни само две состојби. Прво: Дека Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и му определи положба така што неговите зраци директно да се насочени кон Земјината рамнина. Во тој случај, на целата Земја прво е присутен денот. Потоа Аллах џ.ш. би го оддалечил Сонцето и тогаш би настапила ноќ. Второ: Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и тоа воопшто не е насочено само на Земјата. Во тој случај на Земјата прво би била присутна ноќта, а после тоа доаѓа Сонцето над Земјината рамнина и настапува ден. Трета солуција не е можна. Така, кога Аллах џ.ш. вели: а ниту ноќта да дојде пред денот… целосно ја исклучува можноста денот да ја престигне на ноќта и обратно, бидејќи меѓу нив нема престигнување. Од кога? Од почетокот на создавањето на Земјата, или од кога Аллах џ.ш. ја создаде Земјата. Во говорот за материјалните предмети оваа ситуација е можна единствено во случај Земјата да е тркалеста. Кога Аллах џ.ш. ги создаде Сонцето и Земјата, ги постави денот и ноќта заедно. Земјината половина свртена кон Сонцето станала ден, а втората половина, ноќ. Потоа Земјата почнала да ротира околу својата оска, па ноќта стана ден, а денот стана ноќ.

Значи, со зборовите на Aллах во к*ранot: а ниту ноќта да дојде пред денот… индиректно е кажано дека Земјата е создадена во форма на топка






prezedeno odhttp://islam-nauka.blogspot.com/

Изменето од el_kevser - 22.Февруари.2010 во 18:11
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 16:52
Репродукцијата е тема за која секое одамнешно дело, штом барем малку се впушти во детаљи, неминовно изразува погрешни концепции. Во средниот век, дури и во периодот кој не е многу оддалечен, репродукцијата била окружена со разновидни митови и празноверија. Како и би можело инаку да биде, кога за разбирањето на нејзините сложени механизми на човекот му било потребно да ја запознае анатомијата, да го открие микроскопот и да се родат таканаречени основни знаења, со кои се напојувала физиологијата, ембриологијата, опстетриката и др. Во к*р’анот е наполно поинаку. Книгата на бројни места евоцира прецизни механизми и наведува сосема определени фази на репродукцијата, а во случај на нејзиното читање да не пружи ни најмал исказ проникнат со неточност. Сето тоа е изразено со едноставни термини лесно достапни на човечкото разбирање и наполно сообразни со она што ќе биде откриено многу подоцна.


Евоцирана во десетици к*р’ански стихови, без било каков видлив ред, човечката репродукција е изложена со помош на искази од кои секој се однесува на едно или повеќе посебни прашања. Треба да ги прегрупираме за да се створи претстава во целина. Со тоа, овде, како и кај другите разгледувани теми, коментарот ќе биде олеснет.

ПОТСЕТУВАЊЕ НА НЕКОИ ПОИМИ
Неопходно е да се потсетиме на некои поими кои биле непознати во епохата на Објавата на к*р’анот и во вековите кои настапувале. Човечката репродукција се обезбедува со серија на процеси, заеднички за цицачите, на чиј почеток стои оплодувањето во јајоводот на една јајце клетка која се одвоила од јајникот во средината на менструалниот циклус. Оплодувачкиот агенс е спермата на човекот или поточно сперматозоидот, бидејќи е доволна само една семена клетка: значи, за да се осигура оплодувањето, потребна е најмала количина од оваа семена течност која содржи сперматозоиди во огромен број (десетици милиони на еден полов однос). Течноста ја произведуваат тестисите и таа веднаш се складира во системот на резервоари и канали кои конечно излегуваат во уринарните патишта: додатните жлезди, распрскани долж овие последните, & додаваат на спермата суплементарен секрет без оплодувачки елементи.


Сместувањето на така оплоденото јајце се врши на прецизно место во женскиот генитален апарат: тоа се симнува низ јајцеводите во матката и се вгнездува во телото на матката каде што не се колеба буквално да се закачи вметнувајќи се во неа, во слузот и во мускулот, по формирањето на плацентата и со нејзината помош. Доколку, на пример, зацврстувањето на јајцето се случило во јајцеводот, наместо во матката, бременоста ќе биде прекината. Штом ќе стане видлив за голо око, ембрионот се укажува во вид на мала неоформена маса, на која изгледот на човечкото суштество примарно е неразграничив. Овде тој се развива во редоследни, денес добро познати фази, што ќе даде скелет на човечкото тело: систем на коски, со мускулите околу него, нервен систем, систем на циркулација, стомак итн.


Овие поими ќе служат како членови за споредување со оние кои за репродукцијата можат да се прочитаат во к*р’анот.
Да се стекне претстава за к*р’анската содржина за оваа тема не е мала работа. Првата потешкотија доаѓа од распрсканоста по целата Книга на исказите кои се однесуват на неа, на што веќе предупредивме; но тоа не е главната потешкотија. Она што овде уште повеќе може да го заведе истражувачот е проблемот на речникот. Навистина, во нашата епоха сеуште се распространети преводите и коментарите на некои пасуси кои на научниците при читањето можат да им пружат наполно погрешна претстава за к*р’анската Објава за разгледуваната тема.
Така, мнозинството преводи го евоцира формирањето на човекот од “грушка крв”, “од прилепување”: еден таков исказ е наполно неприфатлив за научникот специјализиран во оваа област. Човекот никогаш немал такво потекло.

Во параграфот кој го третира вгнездувањето на јајцето во мајчиниот утерус ќе ги видиме причините заради кои одличните арабисти без научна култура се наведени да прават такви грешки. Една ваква констатација овозможува да замислиме колку е капитално поврзувањето на познавањето на јазикот и познавањето на науката за да се сфати значењето на к*р’анските искази за репродукцијата. к*р’анот најпрво нагласува редоследни трансформации кои во мајчиниот утерус ги трпи ембрионот до крајот на бременоста.

“О човеку, што те заведе од Господарот твој
Благороден!? Кој те создаде?... па те направи целосен
и складен, и Кој со посак Свој ликот ти го среди”.
к*р’ан 82:6-8
“...и Он, секако, ве создава постепено”. к*р’ан 71:14

Покрај оваа мошне општа забелешка, к*р’анскиот текст привлекува внимание на повеќе прашања кои се однесуваат на репродукцијата, а изгледа дека можат вака да се систематизираат: оплодувањето се врши благодарејќи на мошне мала количина на течност; природата на оплодувачката течност; вгнездувањето на оплоденото јајце и еволуцијата на ембрионот.
1. ОПЛОДУВАЊЕТО СЕ ВРШИ БЛАГОДАРЕЈЌИ НА
МОШНЕ МАЛА КОЛИЧИНА НА ТЕЧНОСТ
к*р’анот се враќа на овој поим единаесет пати, употребувајќи изрази кои ги наоѓаме во:

"Он го создаде човекот од капка (сперма)..." к*р’ан 16:4

Обврзани сме арапскиот збор нуţфат да го преведеме со какпа (сперма), со оглед на тоа што на француски (македонски) јазик нема наполно соодветен збор. Треба да кажеме дека овој збор доаѓа од глаголот кој значи –истекува, капнува; тој служи да го означи она што може да остане во ведрото, кое веќе еднаш сме го испразниле. Тоа значи дека означува мошне мала количина на течност, оттаму е секундарното значење –капка вода, овде -капка сперма, бидејќи зборот во еден друг стих е поврзан со зборот сперма.

"Не беше ли (човекот) капка семе, семе што се фрла?" к*р’ан 75:37

Овде зборот маниѕѕ означува сперма.
Еден друг стих означува дека капката за која се работи е сместена на сигурно место (љуарар), кое очигледно го означува гениталниот апарат. Бог вели:


"...потоа како капка семе го стававме на место
сигурно..." к*р’ан 23:13





Треба да додадеме дека квалификативот кој во текстот се однесува на ова сигурно престојувалиште (макîн) е одвај преводлив, тој изразува поим за одлично, воздигнато, солидно утврдено место. Како и да е, се работи за место на растење на човекот во мајчиниот организам. Но, особено е битно да го нагласиме овој поим на мошне мала количина на течност која е потребна за оплодување, што е наполно во хармониија со она што ни е познато во наше време.
ПРИРОДАТА НА ОПЛОДУВАЧКАТА ТЕЧНОСТ
к*р’анот оваа течност, која обезбедува оплодување, ја спомнува со квалификативите кое би било интересно да ги испитаме:

а) "Сперма”, како што тоа пред малку го прецизиравме (к*р’ан 75:37 );
б) "Течност што се исфрла": "(Човекот) создаден е од течност што се исфрла..." (к*р’ан 86:6);
в) "Лоша течност" (к*р’ан 32:8, 77:20).


Квалификативот –лош (мекîн) изгеледа дека може да се интерпретира, но не од гледна точка на квалитетот на самата течност, туку повеќе во функцијата на фактот дека таа се исфрлува со завршувањето на уринарниот апарат позајмувајќи ја цевката низ која излегува урината.
г) "Смеса” или "она што е измешано" :

"Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе..." (к*р’ан 76:2).


Многу коментатори, како професор Хамидуллах, во овие мешавини го гледаат машкиот и женскот елемент. Тоа важи и за некогашните писатели кои не можеле да имаат поим за физиологијата на оплодувањето а посебно за тоа кои се нејзините биолошки услови кај жената; тие сметале дека зборот евоцира единство на спојување на два елемента.
Но, модерните коментари, како што е оној на Мунтахаба, кој го издава Врховниот совет за Исламските работи во Каиро, го исправува овој начин на видување и забележува дека какпката сперма е "дотирана со различни елементи".


Коментаторот Мунтахаба не се впушта во детаљи, но според мое мислење, неговата забелешка е сосема оправдана.
Кои се тие различни елементи на спермата?
Семената течност се образува од различни секрети кои потекнуваат од следниве жлезди:
а) тестиси (секрет на машката полова жлезда кој содржи сперматозоиди, издолжени клетки со долг камшик (опашка) кои пливаат во воденестата течност);
б) семени меурчиња: овие органи, резервоари на сперматозоиди, сместени близу до простатата, исто така имаат свој сопствен секрет, без оплодувачки елементи;
в) простата: таа лачи една течност која на спермата и го дава кремастиот изглед и нејзиниот специфичен мирис;
г) додатни жлезди на уринарните патишта: Цоњперов-ите или Мéрѕев-ите жлезди лачат густа течност, а Литтéров-ите жлезди лачат слуз.
Такво е потеклото на овие "мешавини” за кои изгледа дека к*р’анот зборува.
Но, тоа не е сé. Кога к*р’анот зборува за оплодувачка течност, тој нé информира за фактот дека човечкото потомство е обезбедено со нешто што може да биде извлечено од оваа течност. Тоа е значењето на стихот 8, поглавје 32: "АА (Аллах) потоа, породот негов (човеков), го создава од суштината на лошата течност".


Арапскиот збор кој овде е преведен со суштина, квинтесенција (сулâлат) означува предмет извлечен, излезен од некој друг, најдобриот дел на некоја работа. Како и да го преведеме, секако се работи за дел од една целина.
Она што го предизвикува оплодувањето на јајцето и ја осигурува репродукцијата е една клетка со мошне издолжен облик, чија димензија се означува со броевите во мерилото од 1/10.000 милиметри. Само еден елемент меѓу повеќе десетици милиони кои човекот во нормални услови ги исфрлува (се проценува дека еден кубен сантиметар на сперма содржи 25 милиони сперматозоиди во нормалните услови на ејакулација од неколку кубни сантиметри), ќе успее да навлезе во јајцето; значителен број ќе остане на патот и никогаш нема да го помине патот кој од вагината води до јајцето низ празнината на матката и јајцеводот.


Значи дека многу незначителен дел извлечен од една течност, многу комплексна според својата формација, ќе ја манифестира својата активност. Според тоа, како да не бидеме фрапирани од согласноста помеѓу к*р’анскиот текст и научните сознанија кои во нашата епоха сме ги стекнале во врска со овие феномени.
ВГНЕЗДУВАЊЕ НА ЈАЈЦЕТО ВО ЖЕНСКИОТ
ГЕНИТАЛЕН АПАРАТ
Откако ќе биде оплодено во јајцеводот, јајцето слегува за да се вгнезди во внатрешноста на матката: тоа се вика вгнездување на јајцето. к*р’анот ја именува матката каде оплоденото јајце го завзема местото:


"...и во утробите (матките) утврдуваме со посак Наш
до рок определен..." к*р’ан 22:5



Зацврстувањето на јајцето во матката се остварува со развојот на ресичките, вистински продолжетоци на јајцето, кои како корените во земјата, од грлото на овој орган ќе го црпат она што е потребно за растење на јајцето. Овие производи буквално го закачуваат јајцето за матката. Нивното познавање му припаѓа на модерното време.
Ова закачување во к*р’анот се спомнува пет пати. Најпрво во двата први стиха од поглавјето 96:
"Читај во името на Господарот твој кој создаде,
го создаде човекот од нешто што се закачува!"
"Нешто што се закачува" е превод на зборот ‘алаљ. Тоа е неговото првобитно значење. Значењето изведено од овде, "грушка крв", често се наоѓа во преводите: тоа е неточност на која треба да се предупреди; човекот никогаш не поминал низ фазата на грушка крв. Истото тоа важи и за еден друг превод: "прилепување”, што исто така е неточен израз. Првобитното значење, да се присетиме, "нешто што се закачува" наполно одговара на денес добро утврдената реалност.
На овој предмет се потсетува во четири други стихови кои ги евоцират редоследните трансформаци од фаза на капка сперма до крајот на бременоста.

"...Ние, ве создадовме од...нешто што се закачува..."
к*р’ан 22:5
"Потоа капката семе Ние ја создадовме во нешто што
се закачува..." к*р’ан 23:14
"(Аллах*) ве создаде од капка семе, потоа од нешто
што се закачува..." к*р’ан 40:67
"Не беше ли (човекот) капка семе, семе што се фрла?
А по ова, нешто што се закачува, па го создаде и
обличје му даде..." к*р’ан 75:37-38

Органот во кој се одвива бременоста е означен во к*р’анот, како што тоа го видовме, со зборот кој во арапскиот јазик се употребува за означувањето на матката. Во некои поглавја тој го добива терминот "сигурно место" (поглавје 23, стих 13, кој погоре е цитиран, и поглавје 77, стих 21). Во еден друг стих (поглавје 6, стих 98) се работи за човечкото сигурно престојувалиште изразено со терминот кој е многу близок на претходниот, и кој се чини дека подеднакво ја означува мајчината матка. Јас лично мислам дека значењето на стихот е такво, но неговата интерпретација далеку би не однела, а за тоа немамо доволно место во оваа студија.
Многу деликатна е и интерпретацијата на следниот стих:

"Ве создаде во утробата на мајките ваши, суштество по суштество, во три темнини…" к*р’ан 39:6

Модерните интерпретатори на к*р’анот овде ги гледаат трите анатомски слоја кои го штитат детето во текот на бременоста: перитонеумот, самата матка и обвивките на фетусот (плацентата, мембраната и амнионската течност). Должен сум да наведам нешто, за да овој стих биде потполн: интерпретацијата која овде е дадена не ми се чини анатомски спорна, но дали к*р’анскиот текст навистина сакал ова да го каже?

4. ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЕМБРИОНОТ ВО
ВНАТРЕШНОСТА НА МАТКАТА
Таква каква што е опишана во к*р’анот, таа совршено одговара на она што денес го знаеме за некои етапи на развојот на ембрионот и не содржи ни еден исказ кој модерната наука би можел да го критикува.
По "она што се закачува", (израз за кој видовме до која мерка е добро базиран), к*р’анот вели,

ембрионот поминува низ фаза на месо (како изџвакано месо), потоа се јавува коскено ткиво кое е обвиткано со месо (дефинирано со збор поинаков од претходниот кој значи свежо месо).
"(Ние) од нешто што се закачува создадовме парче
месо (како изџвакано); од парчето месо (како
изџвакано) создадовме коски, а потоа коските со
(свежо) месо ги обвиткавме..." к*р’ан 23:14

Месото (како изџвакано) е превод на зборот му¼ġат; месо (како свежо месо) лаÊм. Оваа дистинкција треба да ја истакнеме. На почетокот, ембрионот е мала маса која, на просто око, во еден степен на нејзиниот развиток изгледа како изџвакано месо. Коскениот систем се развива во внатрешноста на оваа маса, во она што се нарекува мезенхим. Формираните коски обвиткани се со маси на мускулатура: за нив се применува зборот лаÊм.
Се знае дека во текот на ембрионалниот развиток некои делови изгледаат наполно диспропорционално во однос на она што подоцна ќе биде единка, додека пак другите остануваат пропорционални.
Зарем тоа не е значењето на зборот муËаллак кој значи "пропорционално обликуван" а употребен е во стихот 5 од поглавјето 22 за да го евоцира овој феномен?
"...Ние, ве создадовме од...нешто што се закачува...потоа од парче месо, пропорционирано и непропорционирано..."
к*р’анот исто така алудира на појавата на сетилата и стомакот:

"И (Аллах) ви дава и слух, и вид и срца..." к*р’ан 32:9
Тој алудира на формирањето на полот:
"Да, Он создаде елементи на пар: машко и женско, од
семе кога ќе се закачи!" к*р’ан 53:45-46

Формирањето на полот исто така е евоцирано во поглавјето 35, стих 11, и во поглавјето 75, стих 9.
Како што кажавме, сите овие к*р’ански искази треба да бидат споредени со знаењата утврдени во модерното време: нивната согласност со овие е очигледна. Но, исто така исклучително битно е да ги споредиме со општите верувања за овој предмет кои биле вообичаени во периодот на Објавата на к*р’анот, за да сфатиме до која мерка луѓето од тоа време биле далеку од тоа за овие проблеми да имаат гледишта слични со овие изложени во к*р’анот. Нема сомнение дека тие тогаш не знаеле да ја интерпретираат оваа Објава како што ние денес ја сфаќаме, бидејќи во тоа ни помагаат достигнувањата на модерната наука. Всушност, дури во текот на ЏИЏ век за овие прашања ќе се стекне нешто појасно мислење.

Во текот на целиот среден век митовите и шпекулациите без основа се наоѓале во основите на најразлилчните доктрини: тие биле во циркулација уште неколку векови подоцна. Се знае ли дека фундаменталната етапа во историјата на ембриологијата било Харвеѕ-евото тврдење, 1651 од година, дека "сé живо доаѓа од јајцето" и дека ембрионот се формира постепено, дел по дел? Но, во оваа епоха, во која науката која се раѓала сепак во голем степен го користела неодамнешното откритие на микроскопот за предметот за кој се зборува, сеуште се зборувало за взаемните улоги на јајцето и сперматозоидот.

Големиот натуралист Буффон припаѓал на кланот на овисти, меѓу кои Боннет ја поддржувал теоријата за вметнувањето на зачетоците: така, јајникот на Ева, мајката на човечкиот род, би ги содржел зачетоците на сите живи суштества, вметнати еден во друг. Оваа хипотеза постигнала извесен успех во ЏВИИИ век.
Повеќе од еден милениум пред оваа епоха, во која во циркулација биле фантастични доктрини, луѓето го запознале к*р’анот. Неговите искази за човечката репродукција со едноставни термини изразувале основни вистини, за чие откривање на луѓето ќе им требаат толку векови


Бог вели во к*ранот:

„Или пак, како темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци: темнини едни на други натрупани, така што, кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види.“(к*ран, 24: 40)Овој стих говори за темнините кои се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува некаде околу длабочина од 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина. Под далбочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат, во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри.

Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен плавата боја. (Океаните, Елдер и Пернета, стр. 27)

Научниците ја имаат од неодамна откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморницата, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот.
Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „... темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци...“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле деке постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите на различната густина“.

Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (Океанографија, Грос, стр. 204)
(Површински бранови, внатрешни бранови; перспектива; помалку густа вода; густа вода)

Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на солта на дадена локација



Модерната наука има откриено дека на местото каде што две различни мориња се допираат, всушност постои граница помеѓу нив. Оваа граница ги одвојува двете мориња, со што секое море си има своја температура, соленост и густина. Како пример би го навеле Медитеранското море чија вода е топла, солена и помалку густа, за разлика од водата на Атланскиот океан. Кога водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, навлегува неколку стотици километри во Атлантикот во длабочина од околу 1000 метри со својата топлина, соленост и помалата густина. Медитеранската вода се стабилизира во оваа длабочина.

Водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, со својата температура, соленост и помалата густина, поради границата која ги дели. Температурата е во целзуисови степени. (Поморската геологија, Кјуенен, стр. 43, со мало зголемување)
(длабочина во метри; Атланскиот океан; Медитеранското море; Водата на Атланскиот океан; Соленост под 36,0‰; Гибралтар; Водата на Медите-ранската вода; Соленост над 36,5‰)

Иако има големи бранови, јаки струи и плими во тие мориња, тие не се мешаат ниту ја преминуваат оваа граница.
Чесниот к*ран спомнува дека има граница помеѓу морињата и дека тие не ја преминуваат. Бог вели:

„Ги оддели двете мориња кои само се допираат; меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“
(к*ран 55: 19 - 20)

Но кога к*ранот ни говори за разликата помеѓу слатката и солената вода, се спомнува постоењето на „забранетата поделба“ со граница. Бог во к*ранот вели:

„И Тој е Оној кој одвои едно од друго две мориња: едното пивко и студено, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“
(к*ран, 25: 53)
Некој може да се запраша зошто во к*ранот е спомната преградата, кога се говори за слатката и солената вода, но не ја спомнува преградата кога зборува за разликата на двете мориња?
Модераната наука открила дека во устието, каде што слатката и солената вода се сретнуваат, ситуацијата е некако поинаква од онаа што може да се види на местото каде што двете мориња се сретнуваат. Откриено е она што ги разликува слатката вода од солената во устието е зоната на сепарација која има различна соленост од слатката вода но и од солената вода.

Должинската регија ни ја покажува соленоста (деловите се по илјада ‰) во устието. Овде можеме да ја видиме преградата (зоната на сепарација) помеѓу слатката и солената вода. (Вовед во океанографијата, Турман, стр. 301, со краток додаток.)
(слатка вода (река); Преградата (Зоната на сепарација); Солената вода (море); Вертикално измешани.)

Оваа информација била откриена од неодамна, користејќи напредна технологија за мерењето на температурата, соленоста, густината, растворливоста на кислородот итн. Човечкото око не може да ја види разликата помеѓу овие мориња кои се мешаат, дури и ни изгледаат како едно хомогено море. Исто така човечкото око не може да ја види поделбата на водата во истијата на три вида: слатка вода, солена вода, и преградата













АЛЛАХОВИТЕ ОБЈАВИ - КНИГИ

Третата темелна вистина на верувањето се Аллаховите книги-објави.Покрај четирите големи книги,имало и помали-сухуфи и трактати-рисали.

Во сите Книги е содржана Објавата,која што Аллах џ.ш. им ја испраќал на луѓето преку Своите Пејгамбери.Не е познато колку биле помали книги-сухуфи,бидејќи к*ранот за тоа не зборува.Во к*ранот единствено се зборува за Ибрахимовите и Мусаовите сухуфи:

“Спасен ќе биде оној што че се очисти,кој што го споменува името на Створителот свој и кој што обавува намаз.Но,вие луѓе повеќе го сакате овој свет,а Ахирет е подобар и потраен.Навистина ова се наоѓа во претходните листови(сухуфи)Ибрахимови и Мусаови” (Ел-Е,ала,14-19).

ТЕВРАТ е првата позната Божја книга-упатена до луѓето,преку Муса а.с. и неговиот брат Харун а.с.Муса и Харун а.с. биле потомци Исраилови,па делувале меѓу евреите,а извесно време и меѓу Египчаните.

Оригиналниот Теврат денес не постои,тој е изменет и за неговото оригинално учење знаеме онолку колку што не известил к*ранот и Хадисот од Мухаммед а.с.

Тој бил верозаконик за потомците Исраилови,кои суделе према неговите прописи кои што биле многу строги:глава за глава,око за око итн.Таквиот начин на казнување во однос на претходната состојба представувал одреден напредок.

Евреите Тевратот денес го нарекуваат Тора,што на еврејски значи”проучување”,”наука”.

ЗЕБУР е вотрата Божја книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Давуд а.с.,кој што бил Израелски крал,од 1010 до 970 год. пред Иса а.с.

Како што не постои оригиналниот Теврат,така не постои ни оригиналниот Зебур.Денешната верзија на Зебурот се нарекува “Псалми”,што на еврејски значи”верски песни”.

ИНЏИЛ е третата Божја Книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Иса а.с. За Инџилот и Иса а.с. к*ранот зборува на многу места.Инџилот е упатство за луѓето и потврда на порано Објавениот Теврат.Иса а.с. дошол да го потврди она што му било објавено на Муса а.с. во Тевратот и да дозволи нешто од она што било забрането,и да ја најави радосната вест за доаѓањето на Последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с. (Сура Саф,6 ајет).

Денеска не постои оригиналната верзија на Инџилот,туку постојат четири од Црквата прифатени-канонизирани Евангелиа и тоа по:Матеј,Лука,Марко и Јован.

к*р'АН е последната Аллахова Книга,објавена на последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с.

к*ран значи “Книга за учење,рецитирање и читање”.Освен ова к*ранот има и други имиња,како што се:Китаб-Книга,Фуркан-Разделувач на вистината од невистината,Зикр-Опомена,Тензил-Објава,Хикмет-Мудрост,Худа-Прав пат,Бурхан-Доказ,Рахмет-Милост,Бејан-Коментирање,Нур-Светлост,Хакк-Вистина идр.

Објавата на к*ранот траела 23 години,т.е. од 610 до 632 год,и тоа 13 години во Мекка и 10 години во Медина.к*ранот има 30 џузови-делови.Поделен е на 114 сури-поглавја.Сурите се делат на ајети,кои во к*ранот ги има 6236.Секоја сура има свое име,зето според некој збор употребен во неа.

к*ранот е објавен како упатство за целото човештво и како таков има универзална порака и значење.к*ранот не е само верозаконик .Тој е совршен зборник на морални прописи,извор на правото и историјата на поранешните народи и Аллахови Пејгамбери.к*ранот ја зафаќа и општата историја,астрономијата,археологијата,медицината,би ологијата,физиката,математиката и многу други науки.А поради таквата негова широкост и содржајност,тој денес ги интересира научниците од многу профили на науката

АЛЛАХОВИТЕ ПЕЈГАМБЕРИ-ПРАТЕНИЦИ


Аллах џ.ш. на поедини одбрани луѓе има ја доверувал мисијата на Пејгамбери-преносители на Објавата.Ова Аллах џ.ш. го правел од милост кон луѓето,за по пат на Објавата да им укаже на се што е добро и племенито,како и се што е лошо и забрането.

Иако Аллах џ.ш. ги надарил луѓето со разум,тие без Објавата не би можеле да ги дознаат и разберат многу работи и поими.Многу луѓе верувале дека има повеќе богови,па Аллах џ.ш. по патот на Објавата и Пејгамберите ги упатил да веруваат во само Едниот и Единствениот Господ.Без Објавата луѓето не би знаеле дека постои невидлив,духовен свет,проживување по смртта,Џеннет,Џехеннем и др.Преку Објавата и Аллаховите Пејгамбери луѓето дознале како настанале,како настанала вселената и многу други појави и законитости.

к*ранот спомнува повеќе имиња за Аллаховите Пејгамбери како што се: Небијј-веровесник,Ресул-Пратеник,Бешир-радосник,Незир-опоменувач, и др.

к*ранот не зборува колку биле Аллахови Пејгамбери,но истакнува дека: ”Секој народ имаше Пејгамбер”.

Во к*ранот дословно се спомнуваат следниве Аллахови Пејгамбери:

Адем,Идрис,Нух,Худ,Салих,Ибрахим,Лут,Исмаил,Исхак, Јакуб,Јусуф,Ејјуб,Шуајб,Муса,Харун,Давуд,Сулејман, Иљас,Ељеса,Јунус,Зулкифил,Зекерија,Јахја,Иса и Мухаммед а.с.

Према мислењето на Исламските научници,најодбрани Аллахови Пејгамбери (улул-азм) се: Адем,Нух,Ибрахим,Муса,Иса и Мухаммед а.с.

ВЕРУВАЊЕ ВО СУДНИОТ ДЕН

Се што постои-животинскиот и растителниот свет,материјата,вселената-сето ова оди кон својот крај,кон својата завршница.Се што има свој почеток има и свој крај. к*ранот за ова вели: ”Се е пролазно и исчезнува,освен Аллах”. (Касас,88)

“И ќе се дувне во трубата,и се што е на небесата и на Земјата ќе престане да живее,освен она што Аллах сака,потоа повторно ќе се дувне во трубата и луѓето ќе станат од во своите гробови,гледајќи што ќе се случи со нив”. (Зумер,68)

Наведените ајети говорат за две случки;кога на одреден знак се што е живо ќе умре и кога на другиот знак се што е мртво ќе биде проживеано и ќе остане во исчекување до конечната Аллахова Одредба.Последниот ден на животот на земјава представува пропаст на овој свет,чие време на настапување го знае само Аллах џ.ш. к*ранот за тоа вели:

“Те прашуваат за последниот час.Речи:тоа го знае единствено мојот Створител.Само тој го одредил времето на неговото настапување.Тежок ќе биде тој час и за небесата и за Земјата.Изненадно ќе настапи...” (Ел-Е,араф,187)

Од ова можеме да заклучиме некои вистини на Судниот Ден:

-Кијаметот-крајот на овој свет и се што е појавно,

-Берзех-задгробен живот,

-Проживување по смртта,

-Судниот Ден-полагањето сметка за делата,

-Џеннетот,и

-Џехеннемот.
Проживување после смртта

Верувањето во проживувањето после смртта е темелна вистина, не само на исламот, туку и на другите религии.

к*р,анот за тоа вели:

“Аллах е еден. Нема друг Бог освен Него. Тој вас ќе ве собере на Судниот ден, за кој сомнеж нема...” ( Ен – Ниса : 87)

“ Како што првобитно ве создаде, така повторно ќе се проживеете.” ( Ел – А,раф: 29).

Смртта, по исламското учење представува завршница ( крај) на еден привремен период на животот и почеток на друг, вечен период. На кој начин тоа проживување ќе се случи, не ние познато. Современата наука, посебно парапсихологијата, на ова прашање му посветува големо внимание, изнесувајќи докази, кои што се блиски со исламското учење. 1)

На овој свет, исто така сме сведоци на постојано раѓање, умирање и проживување. Оној кој што не создал за прв пат, во состојба е тоа да го направи и втор пат.

На оние кои проживувањето по смртта го сметаат за заблуда Аллах џ.ш. им порачува:

“ Мисли ли човекот дека Ние никогаш нема да ги збереме коските негови? Е, уште како ! Ние сме Кадри дури и да ги поредиме и јагодиците(папиларите ) на прстите негови.” ( Ел – Кијаме : 3 – 4). 2).

Апсолутна правда помеѓу луѓето не може да се оствари без повторното проживување и полагање сметка пред Праведниот Судија – Аллах џ.ш. Затоа проживувањето и Судниот ден се опомена за луѓето и надеж за оние на кои на овој свет им е нанесена неправда.
Концептот на обожување во исламот често е погрешно сфатен кај многумина луѓе па и кај самите муслимани. Обожувањето наголемо се сваќа како извршување на одредени ритуали како што се намаз(молитва), пост, садака (милостиња) итн.
Ова ограничено сфаќање на обожувањето е само мал дел од вистинското значење на обожувањето во исламот. Затоа традиционалната дефениција на обожавањето е сеопфатна затоа што ги вклучува сите делувања на индивидуата. Таа дефениција отприлика гласи вака:
„ Обожување е се она што Бог го сака, а се однесува на внатрешните и надворешните делувања и говор.

Со други зборови, обожувањето се сите зборови и сите дела со кој Аллах е задоволен. Тоа секако ги вклучува ритуалите, опшествените активности и персоналните доприноси за човечката благосостојба.
Исламот ја разбира личноста како целина. Од неа се очекува да биде потполно покoрна на Аллах џ.ш., како што ни наредува Мухаммед а.с.:
„ Кажи:„ Клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја навистина се посветени на Аллах, Господарот на световите, кој нема сооучесник; тоа ми е наредено и јас сум првиот муслиман“(Ел-Ен’ам 162-163).

Природната последица на таа покорност е да, делата на оној кој се покорува мораат да бидат во согласност со инструкциите на оној на кој му се покорува. Исламот, како начин на живот, бара од своите следбеници , во секој аспект, било да е верски или овосветски, го образува својот живот спрема исламските учења. Ова може да им звучи чудно на луѓето кој верата ја сметаат како персоналана релација помеѓу личноста и Бога, немајќи удел во нечии активности кој не спаѓаат во ритуали.

Всушност, исламот не придава многу внимание на самите ритуали ако само механички се извршуваат без влијание на внатрешниот живот на индивидуата. к*ранот им се обраќа на верниците и на нивните комшии од Наротот на Книгата кој се расправале во врска со менувањето на правецот на киблата:
„ Не е чесноста во тоа да ги свртувате лицата свои спрема исток и запад; чесни се оние кој веруваат во Аллах и во оној свет, и во мелеците, и во книгите, и во веровесниците, и од имотот, иако им е драг, им даваат на роднините, и сираците, и сиромавите, и патниците, и питачите, и за откуп од ропство, и кој молитва обавуваат и зекат даваат, и кој обврската своја која ќе ја превземат ја исполнуваат, особено оние кој се издржливи во сиромаштијата, и во болеста, и во бојот лут. Тие се искрени верници, и тие од Аллах се плашат, и од лошите постапки се оградуваат“(Ел-Бекаре 177).

Делата во горе наведениот ајет се дела на праведноста, а тоа се најважните делови на богослужбата.
Пратеникот а.с., во врска со ова вика дека е ова е составено од шеесет и неколку делови; неговиот највисок степен е да се верува во Аллаховата единсвеност, а најнискиот степен е да се отсртани некоа препрека на патот.“
МЕЛЕКИТЕ - АНГЕЛИТЕ

Мелеките се разумни и невидливи духовни битиа,создадени од Нур-светлина.Тие по Аллаховата одредба,можат да го попримат и човечкиот облик,но такви можат да ги видат само Аллаховите пејгамбери и духовно чистите и побожните луѓе.

Мелеките немаат пол.Тие,како духовни битиа,немаат потреба од храна,пијалок,и други потреби.По својата природа тие работаат само добри дела.Мелеки има многу и само Аллах џ.ш. го зне нивниот број.Мелеки има повеќе видови:

-Џебраил ,кој ја доставувал Аллаховата Објава до Пејгамберите,

-Микаил .,без наведување на неговите функции,но од традицијата се знае дека тој управува со природните појави,

-Азраил-мелекот на смртта,кој е задолжен за одвојување на душата од телото,

-Исрафил,кој е задолжен во моментот на Кијаметскиот Ден и повторното проживување да дувне во сур-труба,

-Мелеките Мункер и Некир,кои имаат должност да ги испитуваат луѓето во гробот,

-Мелеките Харут и Марут,кои к*ранот ги споменува,а кои имаат задачи во областа на меѓучовечките односи,

-Малик .,чуварот на Џехеннемот, итн.


За разлика од мелеките имаме и друга група на невидливи створениа кои што се викаат џинови.


Џиновите се невидливи духовни битиа,кои се создадени од огин.к*ранот за нив вели: ”Џиновите ги создадовме пред луѓето од огин.” (Ел-Хиџр,27).

И Џиновите како и луѓето можат да грешат и да работаaт добри дела,па Аллах џ.ш. и на нив им испраќал свои Пејгамбери.

Шејтанот исто така е невидливо духовно битие чија функција е спротивна од онаа на мелеките.Арапскиот збор шејтан го означува бунтовникот против Аллах џ.ш.,битието кое е оддалечено од Аллаховата Милост и кое што ја заслужува Аллаховата Лутина.Шејтанот ги наведува луѓетона зло,носејќи зли мисли,поради што к*ранот го нарекува како човеков отворен непријател


Изменето од el_kevser - 27.Мај.2011 во 16:45
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
mahir Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 21:05
bravo el _kevser mn si znael da ti e allal allah v dzenet da te odnesit
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2010 во 21:23
nee od mene nisto pisuvano tuku prezedeno od ;http://islam-nauka.blogspot.com/ i od makislam.com.mk, it,n

toa go imam navedeno

Изменето од el_kevser - 27.Мај.2011 во 16:44
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
teodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 190
Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 13:43
Vcera go gledav igraniot film " Dolina na Volcite" , i iskreno bev impresioniran od eden od likovite koj bese so visok rang vo Islamskata religija ,i istiot vo tie voeni slucuvanja gi odvrakase od samoubistveni napadi tamosnite Muslimani velejki deka toa ne e ugodno na Boga.I deka so toa se pomaga na neprijatelite na islamot za da veruvaat vo losata dogma na ova ucenje.Dodusa vo eden poranesen razgovor so eden musliman mi bese kazano deka spored K*ranot toa e opravdano i deka tie dusi ke odat vo rajot sto mislam iako ne ja poznavam ovaa religiska grupa i veruvanje mislev deka gresi.A vcerasniot film iako samo film mi gi potvrdi mislenjeto,i svakjanjeto deka Islamot sam posebe ne e losa religija niti dava takvi zakoni ami siri ljubov no i kaj niv kako i kaj nas Hristijanite zaradi golemo neznaenje na narodot se izopacuva i se koristi od razni strukturi vo obratna nasoka.
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 11:25
Според Исламскиот законик, Шеријатот, кој е засноваан на она што Бог го објаснил во светиот к*ран, Самоубиството, прељубата, дрогата, алкохолот, кражбата, убиството се меѓу најлошите дела, дела кои на човекот го ваѓаат од вера, што според толкувањата на некои исламски научници, оние кои ќе направат вакво дело, со самото извршување на делото, извршителот излегува од верата и повеќе негова вера не е Исламот, а к*ранот на Муслиманите им забранува да присуствуваат на погребот на човек кој се самоубил и да не се погребува во Муслимански гробишта, со цел тоа да му послужи на останатите верници како пример, како Исламот ги осудува оние кои го правот тоа, според Исламот одвратно и нечовечко дело и да се одрекуваат од тоа дело.

Но како и секаде и секогаш, и во Исламот постојат слаби верници кои стануваат лесен плен на сатаната и на оние кои работат во негова служба.

Исламот е религија на мирот, со мисија да одвраќа од зло и да повикува кон добро, значи главната мисија на Исламот е “ОДВРАЌАЊЕ ОД ЗЛО И ПОВИКУВАЊЕ КОН ДОБРО„
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 12:22
Селам Алејкум на сите, еве нешто за ИСЛАМОТ како религија и од мене:



Условите за валидноста на шехадетот Ла илахе ил-лаллах

Изговарањето на шехадетот не му користи на оној што ќе го изговори доколку не ги исполни осумте услови за валидност на шехадетот:

1. Знаењето кое е спротивност на незнаењето

2. Убеденоста која е спротивност на сомнежот

3. Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвото

4. Вистинитоста која е спротивна на лагата.

5. Љубовта која е спротивна на омразата.

6. Покорувањето кое го негира спротивставувањето.

7. Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето

8. Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.



Првиот услов: Знаењето кое е спротивност на незнаењето

Подразбира познавање на значењето на шехадетот со двата столба негацијата и потврдувањето.

Доказ е ајетот:



„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)



Вториот услов: Убеденоста која е спротивност на сомнежот

Тој што го изговара шехадетот треба да биде убеден дека Аллах е едниствениот кој заслужува да биде обожуван.

Доказ е ајетот:



„Вистински верници се само тие што веруваат во Аллах и во Пратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, и се борат на Аллаховиот пат со имотите свои и со животите свои. Тие се искрените!“ (Ел Хуџурат, 15)

Третиот услов: Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвото

Секој верник треба искрено да му ги посвети своите дела само на Аллах и ништо од своите дела да не му посвети на некое лажно божество.

Доказ е ајетот:



„а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“ (Ел Бејјине, 5)



Четвртиот услов: Вистинитоста која е спротивна на лагата

Да бидеш искрен при изговарањето на сведочењето на Теухидот. Твоите зборови да се во согласност со тоа што е во твоето срце.

Доказ е ајетот:



„Елиф-лам-мим. Зарем луѓето мислат дека ќе бидат оставени на мира ако кажат: „Ние веруваме!“ и нема да бидат искушувани. А ние во искушение ги стававме и оние што беа пред нив, па Аллах, навистина ги знае тие кои вистината ја говорат и тие кои лажат.“ (Ел Анкебут, 1-3)



Петтиот услов: Љубовта која е спротивна на омразата.

Значењето на овој услов е да го изговараме шехадетот со љубов кон Аллах и Неговиот Пратеник, да го сакаш шехадетот и сето она што ова сведочење го подразбира.

Доказ е ајетот:

„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

Шестиот услов: Покорувањето кое го негира спротивставувањето

Ова значи да се обожува само Аллах, субханеху уе те’ала, спроведувајќи го Неговиот верозакон (Шеријатот) и да веруваме дека Шеријатот е вистина објавена од Аллах, џел-ле ше’нуху.

Доказ е ајетот:



„И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се...“ (Ез Зумер, 54)



Седмиот услов: Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето

Ова значи да се прифати ова сведочење, да се прифати тоа што тоа го подразбира а посебно искреното исповедање на верата и дистанцирање од обожувањето на лажните божества и идолопоклонството.

Доказ е ајетот:



„Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие беа вообразени, и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата наши поради еден луд поет?!“ (Ес Сафат, 35-36)



Осмиот услов: Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.

Ова значи дистанцирање од сите форми на многубоштво и идолопоклонство и убеденост дека обожувањето на лажните идоли е ништовно.

Доказ е ајетот:

„Тој што не верува во тагутот (го негира), а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)

„Знаењето за Теухидот во олеснета форма“

Автор:

Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил

Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 17:14
Важноста и вредноста на Теухидот-Монотеизмот во Исламот



1. Теухидот е најважниот столб на Исламот и неможно е човек да стане муслиман доколку не го потврди единството на Аллах и доколку не биде убеден дека Аллах е единствениот кого требаме да го обожуваме, негирајќи ги истовремено лажните божества.

Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: Исламот се издигнува врз пет (столба):

• Сведочењето дека нема друг Бог (кој што заслужува да се обожава) освен Аллах и дека Мухамед е негов пратеник,

• Клањањето на намазот

• Давањето на Зекатот

• Постењето на месецот Рамазан

• и обавувањето на Хаџот. (Муттефекун алејхи)

2. Теухидот е прва и најважна должност на луѓето. Тој е пред сите останати должности заради високата позиција и големата важност. Впрочем Теухидот е првата работа кон која се повикуваат луѓето.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, испраќајќи го својот другар Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен му рекол: „Пратен си кај народ од следбениците на Книгата. Првата работа кон која треба да ги повикаш е сведочењето дека нема друг Бог освен Аллах..“ Во едно друго предание стои да го реализираат Теухидот. (Муттефекун алејхи)

3. Ниедно дело нема да се прими без Теухид. Теухидот е услов за валидноста на секое дело и основа за прифаќање на делата. Делата не се сметаат за ибадети(обожување на Аллах) доколку од нив е изоставен Теухидот, како што намазот е невалиден без условот на чистотата (абдест). Со Ширк делата стануваат безвредни како што и намазот станува невалиден доколку се расипе абдестот. Делата кои наликуваат на ибадети стануваат безвредни и се ништавни доколку истите не се извршени исполнувајќи го условот на Теухидот. Ширкот е причина човекот да ја заслужи вечната казна во Џехеннем.

4. Теухидот дава сигурност на овој и на оној свет и е гаранција за останување на правиот пат. Доказ за ова тврдење е ајетот во кој Возвишениот вели:

„Ќе бидат сигурни само тие што веруваат и верувањето свое со многубоштвото не го мешаат: Тие ќе бидат на Вистинскиот пат!“ (Ел Енам, 82)

Во дадениот ајет за многубоштвото е употребен зборот неправда, а истиот Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, го прокоментирал како многубоштво. Ибн Кесир во тефсирот на овој ајет напишал: „Тие што ја заслужиле сигурноста и што се на Вистинскиот пат се верниците кои биле искрени во своите ибадети и кои верувањето свое не го помешале со многубоштво. Тие ја заслужуваат сигурноста на оној свет и тие се на Вистинскиот пат на овој и на оној свет.

Ширкот е најголема неправда додека Теухидот е кулминација на правдата.

5. Теухидот е причина за влез во Џеннет и причина за спас од Џехенемскиот оган.

Божјиот Пратеник, Мухамед, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе посведочи дека нема друг Бог освен Аллах, кој е еден и единствен, и дека Мухамед е негов роб и пратеник и дека Иса е Аллахов роб и пратеник и Зборот кој Аллах и го пратил на Мерјем и душа од Него дадена, и дека Џенетот е вистина и Огнот е вистина, Аллах ќе го внесе во Џенет со неговите дела какви и да се.“ (Муттефекун алејхи)

Во еден друг хадис стои: „Аллах му забранил на џехенемскиот(пеколен) оган да го казни тој што ќе го изговори Ла илахе ил-лаллах, барајќи го Аллаховото задоволство.“ (Муттефекун алејхи)

6. Теухидот е спас од овоземските и оноземските потешкотии

Познатиот алим Ибн Кајјим, Аллах му се смилувал, напишал: „Теухидот е уточиште, на Неговите одбрани робови како и и на непријатели на Теухидот .

Што се однесува за непријателите на Теухидот тој им е спас од тешкотиите и маките на овосветскиот живот:

„Кога ќе се качат на брод, искрено му се молат на Аллах, а кога ќе ги спаси и доведе до копното, одеднаш Нему еднакви му припишуваат.“ (Ел Анкебут, 65)

За одбраните Аллахови робови тој е спас од потешкотиите и маките на овој и на оној свет. Тоа е Аллаховиот закон за верниците. Ништо како Теухидот не може да ги олесни и да ги одалечи потешкотиите на овоземниот живот. Затои и молитвата која се чита во тешки ситуации е составено од Теухидот! Таква е и довата на Јунус, алејхи селам која ја проучи во внатрешноста на китот и по која Аллах го спаси а која започнува со зборовите: „Ла илахе ил-ла Енте- Нема друг Бог освен Тебе...“

Нема поголема причина за проблеми од Ширкот (многубоштвото), додека пак Теухидот е клуч на секое добро и на секое олеснување.

7. Теухидот е мудроста и целта заради која Аллах ги создал Џинните и луѓето.

Аллах, Возвишениот, вели:

„Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) Сите пратеници се пратени, сите книги се објавени, сите верозакони се пропишани за да луѓето (и џинните) на исправен начин му робуваат на Аллах, Едниот и Единствениот.

Автор:

Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил

Превод:

М-р. Талха Куртиши

Извор:http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=821&Itemid=107
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 17:21
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 17:25
Рабин зборува за Исламот!
Кон врв
MalcolmX Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Март.2012
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 70
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 17:31
Kој е Аллах? Аллах е нашиот Создател. Аллах никој не Го знае како што Тој самиот Возвишениот себеси се знае. Човековиот разум е немоќен да ја замисли големианта на својот Создател.



Возвишениот Аллах вели:Аллах има најубави имиња и со нив именувајте(повикувајте) Го, и тргнете се од тие што Неговите имиња ги извртуваат-како што ќе работат така и ќе бидат казнети.(Ел-’Араф,180)



Мухаммед а.с. вели: „Аллах, џ.ш., има 99 имиња и кој ќе ги постигне ќе влезе во Рајот.“

Некои исламски учењаци велат дека „постигне“ значи „кој ќе ги научи напамет“, други мислат „кој ќе го сфати нивното значење“, додека трети сметаат дека „кој ќе го примени нивното значење и смисла во својот живот и однесување“.

1) Аллах - Аллах освен Кого нема друг бог.

2) Ер-Рахман – Благиот

3) Ер-Рахим – Милостивиот

4) Ел-Мелику – Владетелот

5) Ел-Куддусу – Светиот

6) Ес-Селаму – Чист од мани

7) Ел-Му’мину – Кој го потврдува ветувањето

8) Ел-Мухејмину – Кој дава сигурност

9) Ел-Азизу – Којсе внимава и следи1

0) Ел-Џеббару – Јакиот

11) Ел-Мутекеббиру – Силниот

12) Ел-Халику – Творец

13) Ел-Бари’у – Кој прекрасно создава

14) Ел-Мусаввиру – Кој дава лик

15) Ел-Гаффару – Кој многу простува

16) Ел-Каххару - Кој надвладејува

17) Ел-Веххабу – Кој многу подарува

18) Ер-Реззаку - Кој обилен риск дава (обилно снабдува)

19) Ел-Феттаху - Кој сè отвора и решава20) Ел-Алиму - Кој сè знае

21) Ел-Кабиду – Кој стегнува

22) Ел-Баситу – Кој пружава

23) Ел-Хафиду – Кој спушта

24) Ер-Рафиу - Кој воздигнува

25) Ел-Муиззу – Кој возвишува

26) Ел-Музиллу – Кој понижува

27) Ес-Семиу - Кој сè слуша

28) Ел-Бесиру – Кој сè гледа

29) Ел-Хакему - Судија

30) Ел-Адлу - Праведен

31) Ел-Латифу - Добар

32) Ел-Хабиру – За сè е Известен

33) Ел-Халиму - Благ

34) Ел-Азиму – Голем

35) Ел-Гаффуру – Кој простува

36) Еш-Шекуру – Кој е благодарен

37) Ел-Алијју - Висок

38) Ел-Кебиру – Огромен

39) Ел-Хафизу - Кој чува

40) Ел-Мукиту – Кој внимава и воздржува

41) Ел-Хасибу – Кој сведува сметка

42) Ел-Џелилу - Величествен

43) Ел-Кериму - Благороден

44) Ер-Рекибу – Кој набљудува

45) Ел-Муџибу – Кој прима молби

46) Ел-Васиу – Кој опфаќа сè

47) Ел-Хакиму - Мудриот

48) Ел-Ведуду – Кој сака

49) Ел-Меџиду - Славниот

50) Ел-Баису – Кој оживува

51) Еш-Шахиду – Кој е сведок за сè

52) Ел-Хакку - Врховна Вистина

53) Ел-Векилу – Сеопшт Старател

54) Ел-Кавијју - Моќниот

55) Ел-Метину - Цврстиот

56) Ел-Велијју - Заштитник

57) Ел-Хамиду - Пофалениот

58) Ел-Мухси – Кој и ситниците ги опфаќа и со број ги знае

59) Ел-Мубдиу – Кој е почетен Творец

60) Ел-Муиду – Кој е последен оживувач

61) Ел-Мухји – Кој дава живот

62) Ел-Мумиту – Кој дава смрт

63) Ел-Хајју -Живиот

64) Ел-Кајјииму - Кој сè одржува

65) Ел-Ваџиду - Богатиот

66) Ел-Маџиду - Славниот

67) Ел-Вахиду – Единствен

68) Ес-Самеду – Кому секој му се обраќа

69) Ел-Кадиру - Сèмоќниот

70) Ел-Муктедиру – Кој сè може

71) Ел-Мукаддиму – Кој унапредува

72) Ел-Му’еххиру – Кој запоставува

73) Ел-Еввелу - Прв

74) Ел-Ахиру - Последен

75) Ез-Захиру - Јасен

76) Ел-Батину - Сокриениот

77) Ел-Валију - Кој управува

78) Ел-Мутеалију - Сèвишен

79) Ел-Берру - Доброчинител

80) Ет- Теввабу - Кој каењето го услишува

81) Ел-Мунтекиму - Кој не останува должен

82) Ел-Афувву – Кој простува

83) Ер-Реуфу - Сомилосен

84) Малику-л-мулки - Господар на сите светови

85) Зул-Џелали ве-л-Икрами – Највеличествениот и Најчесниот

86) Ел-Мукситу – Сèопшт делител на правдата

87) Ел-Џами’у – Кој сè собира

88) Ел-Ганијју - Кој е богат

89) Ел-Мугни – Кој дава богатство

90) Ел-Мани’у - Кој одзема богатство

91) Ед-Дарру – Кој допушта штета

92) Ен-Нафи’у - Кој создава корист

93) Ен-Нуру – Сеопшта светлина

94) Ел-Хади – Кој упатува

95) Ел-Беди’у - Створител (Предпочеток на сè)

96) Ел-Баки – Вечниот

97) Ел-Варису – Конечен наследник на сè

98) Ер-Решиду – Упатувач на добро

99) Ес-Сабуру – Трпеливиот

Тој е Аллах, Творецот, Оној Кој од ништо создава, Оној Кој на се му дава облик, Тој има најубави имиња. Него го слави и велича се она што е на небесата и на Земјата, Тој е Силен и Мудар.(59/240)

-Кажи: “Повикувајте ‘Аллах!’ Или повикувајте ‘Милостив!’ И по кое било име ке Го повикувате, па, иминјата Негови се најубави!“

Аллах ги има најубавите имиња.Нам ни се познати 99 имиња,но тој има и безброј други најубави имиња и атрибути.









Изменето од MalcolmX - 14.Март.2012 во 17:31
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.