IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Преговори за името
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Преговори за името

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 182183184
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:58
да го разбиеме jа
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:38
Да го разбиеме малерот намигнување
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:36
е толку време ништо сега една недела пред финалето баш нова тема
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 14:34
Поради големиот број страни кои ги наполни и проблемите при отварање и средување на истата, старата тема ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО-1 (отворена од членот kultuzin) е затворена за коментари и ќе замине во историја, достапна само за читање.

Повелете на новата тема со дискусии поврзани со се’ што се однесува на процесот на преговорите за името.


Изменето од Анастеа - 28.Ноември.2009 во 14:36
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 11:31
Ар-Македон (Земјата Македонска)

      
А мојата возбуда се чини ќе трае додека се вратам од Македонија. И една од главните изреки што ќе ја повторувам ќе биде: „Бев во Катена Мунди, срцето на светот, таму каде што се среќаваат сите светови и место од каде што води излезот од универзалната осаменост“ - Лу Јуан - Кина


      
      
Денес, во оваа земја, можеш да си безгрижен старец, еднаш Бугарин, еднаш Југословен, ама секогаш комунист, можеш да газиш врз неископани антички градови и коски, да велиш „туѓи се, не се наши, ние сме отаде Карпати“, можеш слободно да ги помагаш оние што сакаат да те снема, можеш со чиста совест да го исмеваш своето, да се правиш историчар, а тоа да не си, можеш и пред смртта да бидеш дел од оние што сакаат да те укинат за навек... Да, можеш, ама никако не смееш да му веруваш на Хеленот од Атина, Демостен филозофот, кој кажал дека Македонците не се и не можат да бидат Грци. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, можеш да си угостен странец, среде Охрид куќа да имаш, можеш ако сакаш и по крстот на Водици да скокаш, дур еден фрлаат за сите, а друг само за тебе, можеш слободно, без да те чуваат луѓе, да се гостиш со демиркапијско вино и беровско сирење среде вевчанскиот мир, можеш ако сакаш, навиен со бриселски клуч, без грижа на совест, да им одбројуваш на оние што те гостат, да плукаш врз нивната љубов кон својата земја, да ги тераш да се откажат од себе оние што ги отвориле портите на својата душа за тебе... Да, можеш, ама никако не смееш, како странецот што смее, да имаш право на избор, право на глас. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, можеш да си Власт, да те изберат тука, за да се тресеш пред оние надвор, можеш да им забраниш на пушачите да пушат, онаму кајшто логично се пуши, да им забраниш на пијачите да пијат после седум, она што по традиција го прават, можеш своите околу себе, на сила да ги правиш она што не се, да удриш по логиката и традицијата, да ги осиромашиш кафеанџиите и дуќанџиите, можеш ако сакаш да удриш по мртвите и сакатите што ја бранеле својата земја, за да им дадеш на оние што пукале по твојата земја... Да, можеш, ама никако не смееш, во Австралија на своите да им кажеш дека тука живеат обединети, зашто ќе вреснат соседите, ќе онанираат медиумите и би те ликвидирале физички, би те убиле политички. Можеш да бидеш сé, ама Македонец не.

Денес, во оваа земја, може да си бил Власт, да си го довел својот народ до питачки стап, понижувајќи го, исмејувајќи го, за сметка на сопственото богатење и живеење сред баханалии во посткомунистичка медиокритетска декаденција, може да си продал сé, име, држава, знаме, за 30 сребреници на оние што му спремаат погреб на твојот народ, може да си бил Власт, за сега да бидеш поразен, ама можеш да продолжиш да работиш за „туѓи бели дворови“, да продолжиш да носиш ароганција на своето лице кога другите работат подобро од тебе, да глумиш авангарда, а немаш ни култура, да ги исмеваш успесите, да се радуваш на поразите на твојата земја, можеш да плачеш по петокраката од Јајце, дур прифаќаш да ти ја обезличат татковината... Да, можеш, ама не смееш да застанеш на страната на своите, зашто си прифатил да им слугуваш на другите. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, во оваа земја, можеш да бидеш горд Албанец што учи мајчин јазик, да го гледаш знамето со кое се поистоветуваш закачено покрај државното, на секој празник, можеш ако сакаш и да бараш од мнозинството да се обезличи за сметка на твојата удобност, можеш да бидеш и Ром по Устав, да те признаваат за човек со култура и душа за разлика од светот каде тоа го немаш, можеш да бидеш Турчин, Бошњак, Србин, Марсовец или Еским, да бидеш она што чувствуваш дека си... Да, можеш, ама никако не смееш, да застанеш, рамо до рамо со сограѓаните, етнички различни од тебе и како што тие ти признале нација и јазик и ти да им помогнеш пред светот, да го одбранат она што се. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, во оваа земја, можеш да бидеш гласен, да врескаш против сите вековни вредности, за сметка на туѓите хонорари, да патиш по она што го немаш, зашто не знаеш како да се радуваш на она што го имаш, можеш да бидеш новинар, да ја извртуваш суштината, за да им ја згадиш на луѓето вистината, да лажеш дека живееш сред диктатура во која ете, сосем случајно, ти дозволуваат да пишуваш за таа диктатура, можеш да бидеш експерт за сé и сешто, „невладин“ фактор финансиран од тајни служби на туѓи влади, можеш да плукаш по знамето на својата земја, да вршиш нужда врз идентитетот на својот народ, да му го мразиш јазикот и писмото, да му го поганиш минатото, да ги убиеш сеќавањата за мртвите херои од историјата, можеш да убедуваш дека на оваа земја не и треба култура, споменици и театри, можеш да креваш паника за да ги исплашиш неодлучните, за да ги натераш да прифатат ликвидација, откако ќе бидат ликвидирани одлучните... Да, можеш, ама никако не смееш да мислиш поинаку, да се спротивставиш на тираните, за да си ги зачуваш корените. Можеш да бидеш сé, ама Македонец, не.

Денес, на оваа планета, колонистите што ги истребија Индијанците можат да имаат своја Америка, крстоносците што тргнаа да ги уништат муслиманите можат да имаат своја Британија, оние што некогаш ги масакрираа Алжирците можат да имаат своја Франција, тие што живееја во времето на нацистите, добија шанса за своја Германија, а на оние што направија геноцид врз Македонците им измислија Грција... Денес, сите можат да имаат сé, само ние, Македонија, НЕ.

Авторот е уметник      
       
Автор: Александар Русјаков

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11491013485&id=13&setIzdanie=21828

Го ставам ставам овој текст со надеж дека ќе го прочитат што повеќе членови на фоурмот...
Навистина вреди...

Изменето од kultuzin - 05.Ноември.2009 во 11:32
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 182183184
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.