IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Тишината како пат до Бога
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тишината како пат до Бога

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Тишината како пат до Бога
    Испратена: 24.Ноември.2009 во 16:19
Деновиве по којзнае кој пат си ја препрочитувам “Новиот ден“ од Антони ДеМело.
Книгата е од оние инспиративни книги на кои човек често се навраќа.
Па така, и идејата за темава дојде од таму, и истава ќе ја започнам со извадок од книгата.

“Секоја патека што води до Господа е патека која води кон тишината. тишината е почеток.

Што е тишина?

Во источните земји се раскажува приказната за царот кој го посетил својот учител и му рекол:
“Навистина сум зафатен преку цел ден. Како да дојдам до духовно соединување со Бог, но те молам одговори ми во една реченица!“
Учителот му рекол: “Еден збор ќе ти биде доволен.“
“Кој?“ запрашал царот.
“Тишина“ одговорил учителот.
“А како да дојдам до тишина?“, прашал царот.
“Со медитација“....
“Што е медитација?“
“Тишина“, одговорил учителот.
“Како да дојдам до тишина?“
“Со медитација!“
“Што е медитација?“
“Тишина“.

Господ не е она што ние зборуваме за него, не е ништо од она што го замислуваме. Тоа е она што не чини кај мислите и зборовите. Многумина се заробени во претставите кои ги создале за Господа. тоа е главна пречка на патот кон осознавањето.

Прв чекор кон осознавањето на Бог е да да сфатиме дека Тој нема ништо со нашата идеја за него....
Морате да излезете од својот ум и од своите мисли, тогаш ќе можете да го сфатите со срцето.

Ако е сето ова вистина, што се тогаш Светите записи? Тие не ни ја даваат јасната слика за Господ дури ниту опис, нудат само индикации. Се затоа што зборовите се немоќни да Го опишат.....

...Можеби е доволно да ги затвориме очите за да ни биде укажана милост за да го видиме и спознаеме господ? Не. Може да мни биде укажана милост да гледаме и спознаваме, но тоа бара посебен начин на гледање.

Лисицата му рекла на Малиот Принц нешто чудесно: “Само со срцето се гледа исправно. суштината останува невидлива за очите“...

Светото Писмо е прст кој ја покажува Светлината. употребуваме зборови за да ги преминеме и да стигнеме до тишината. Како? Да го земеме на пр. овој дел:христос стана и повика: кој е жеден нека дојде кај мене и нека пие“ Да тргнеме од претпоставката дека тоа што го прочитавме остава впечаток врз нас...немојте да читате понатаму туку изговарајте ја реченицата “Кој е жеден нека дојде кај мене и нека пие“-но обраќајќи се кон своето срце, повторувајте ги зборовите се додека ен ви се врежат-не е неопходно да се размислува за смислата на зборовите, вашето срце ја знае нивната смисла. Кога ќе дојдете до исполнетост ќе ртеагирате со зборовите:“Како? Секој? Не верувам. Толкупати Ти приоѓав ти ништо не ми даде!. Тука некој ќе осети разочарување, гнев ...Друг пак би можел да каже “Сосем ми е јасно за што зборубваш господе бидејќи веќе ми даде да пијам, еве ме пак сум жеден“

Ова е еден од начините да се возврати на повикот на Библијата...кога чувствата ќе ве преплават со толкава длабочина и сила што неможе збор да ги изрази можете да не правите ништо, да останете во тишина, одговорот до господ го преминува секој збор, тој не може да се искаже. Ете начин како да ги читатев зборовите ос Светото Писмо, за да ги пребродите, се до тишината...а во тишината ќе го најдете Господ...“

Што вие драги мои мислите за ова? Често христијаните споменуваат “тих час“ за разговор со Бог, медитација над словото и слично.
Некој неупатен може да помисли дека станува збор за техники на чистење на умот и слично, но всушност тогаш кога ќе се смират сите импулси на сцена доаѓа тишината а во ена е Бог.

М? А? Што викате?




Изменето од maria_magdalena - 24.Ноември.2009 во 16:29
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 16:31
„Во тишина Божјиот збор се објавува на оној, кој што Него најмногу го љуби...„ вели рефренот во песната „Бог е Љубов„ која повремено се пее на прахристијанските среќавања.

За да човек може да го чуе Божјиот глас навистина треба најпрвин да замолчат сите бурни човечки мисли, но тоа воедно подразбира долг процес на чистење на подсвеста и душата - во спротивно слушањето гласови може да бид е опасно. Дури кога првите 4 омоти на душата се доволно прочистени, дури тогаш може Христос и Бог директно низ внатрешната реч т.е. објави лично да го водат човекот . Но тоа водствто е наменето само за поединецот, не за јавноста т.е. не е исто со пророчката реч.

За индиецот Антони Де Мело(поранешен језуитски свештеник, инаку исклучен од римо-католичката црква) имам извесна резерва, но тоа е мое приватно мислење а и темата не е тој.

Понатамошни коментари подоцна, сега треба да одам...

Изменето од Majkl - 24.Ноември.2009 во 16:31
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 16:32
Исихија,... исихазам...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 16:41
Bog shepoti, a ne vreska...

Ako sakash da go slushnesh, treba da zamolknesh.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 19:04


Само со срцето во тишината, се слуша суштината во која е ВИСТИНАТА!


Јохан Волфганг Гете има неколку убави зборови кажано во врска со Исус, тишината, исламот, ...!

Ако е Волја БОЖЈА ќе ги најдам некогаш, преведам и објавам.



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 23:16

Еве ги стиховите. Преводот е од мене и не е буквален.
Ако некој од вас успее подобро да ги преведе, искрено би се радувал!



„Jesus fühlte rein und dachte
Nur den Einen Gott im Stillen;
Wer ihn selbst zum Gotte machte
kränkte seinen heil'gen Willen.

Исус чувствуваше чисто и размислуваше
Само за Единсвениот БОГ во тишина;
Кој го израмни Него со БОГА
Ја повреди Неговата волја и суштина.



Und so muß das Rechte scheinen
Was auch Mahomet gelungen;
Nur durch den Begriff des Einen
Hat er alle Welt bezwungen.“


И така правиот сјај
Што (исто) и на Мамет му успеало
Само преку поимот на Единсвениот
Го надмина светот со Неговото дело

...





„Närrisch, daß jeder in seinem Falle / Seine besondere Meinung preist! / Wenn Islam Gott ergeben heißt, / In Islam leben und sterben wir alle“.

„Глупаво што секој во својот случај / Своето мислење го фали! / Ако ислам БОГОоддаденост означува/ Тогаш во ислам живееме и имираме сите ние (големи и мали)“.



БОГ - сите нас - од глупоста да нè зачува!
    


Изменето од spiros - 24.Ноември.2009 во 23:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 04:44
Овде пренесувам дел од разговорот воден 1983 година со Габриеле, пророчицата Божја:



Прашање: Ти штотуку говореше за молчењето и вечната свест која што човек може да ја искуси. Дали е доволно само да се тргне во длабоко молчење за да го искусиме гласот на нашата вечна свест?



Одговор: Многумина наши ближни мислат дека ако понекогаш се нурнат и се ослободат од сите моментални мисли и представи, дека тогаш се наоѓаат во молчење. Тие ова молчење го нарекуваат и медитација.



Длабокото молчење на кое јас мислев е молчењето на внатрешното. Тоа човекот го постига единсвтено доколку ги исполнува светите закони на внатрешното молчење. Со тоа човек се ослободува од аргументите, мислењата, представите кои ја надгласуваат внатрешната тишина. Силата на љубовта тогаш го оспособува да го прими гласот на Љубовта.

Надбитието-љубовта со тоа ќе му биде советник и водач.



Кој тежнее кон над-битието тој знае дека излишните зборови, особено небитните зборови го замолкнуваат внатрешниот водач. Кога помалце би сме го вработувале нашиот интелект а повеќе длабокото знаење на нашата душа, тогаш би сме го допреле она битното, она кое вреди да биде изговорено.

Нашите мисли се бесмислени во споредба со вечната мудрост Божја. Внатрешниот живот во тишината ни ги соопштува Неговите мудрости и ни овозможува спознавање на правечната длабочина, за разлика од представите и мненијата кои гласно ги објавува нанадвор ориентираниот човек не се ништо друго до пепел и минливост. Тие пред Бога имаат незначително или никакво значење.



Она што пред Бога има вредност е човековото „срце„, кое - како на почетокот објаснив - треба да биде детински едноставно, тивко и скромно.„



(извадок од книгата: ОД ЖИВОТОТ НА БОЖЈАТА ПРОРОЧИЦА - нови сознаниа за сите оние кои ја бараат вистината и кои се насочиа на патот кон Бога)

Изменето од Majkl - 10.Јуни.2012 во 11:46
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.