![]() |
|
Спортски муабети |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 234 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
5 вежби за цврсто и фит тело од глава до петиСакате да направите нешто убаво за себе? Започнете да вежбате. Активирајте го вашето тело не само за да изгледате подобро, туку и за да се чувствувате исполнето, самоуверено и да си ги зголемите флексибилноста, енергијата и виталноста. Вежбањето не треба да ви биде измачување. Физичката активност треба да е доволно разнообразна за да ве мотивира и предизвикува, а истовремено и да ви нуди забава. Следните неколку вежби вметнете ги во деновите кога одмарате од часовите по аеробик или зумба, или пак, со нив започнете да си градите ваша фитнес програма. Тие ќе ви овозможат за кратко време да си го зацврстите телото од глава до пети. ![]() На крајот, застанете во положба како за склекови, но рацете да ви бидат исправени (положба B на сликата). Стегнете ги стомачните мускули и зачувајте го телото во права линија 20-30 секунди. ![]() Направете 20 повторувања. ![]() Ако се чувствувате физички поподготвени, повторете ја истата вежба, но нозете држете подигнати дијагонално под агол од 45° (положба В на сликата). ![]() Потешката варијанта е да ги правите склековите на подот (положба В на сликата). ![]() Потоа, вклучете ги во вежбата и нозете (положба В на сликата). Движете ги рацете и нозете заедно уште 30 секунди. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 вежби за убави нозеМногу жени имаат комплекси поради своите нозе. Сега, кога високите температури веќе се секојдневие, лесната облека нè принудува да покажеме малку повеќе од нашето тело, па загриженоста кај повеќето жени расте. Ако и вие се двоумите дали да го облечете омиленото кратко фустанче заради изгледот на нозете, започнете да ги зацврстувате со помош на следниве вежби: ![]() Потклекнете малку, задржете се во таа положба 5 секунди, потоа потклекнете уште малку, задржете 5 секунди и клекнете трет пат (задникот и горниот дел на нозете да бидат паралелни на подот), повторно задржувајќи се во таа положба 5 секунди. Додека се исправувате нагоре, стегнете го задникот. Повторете ја оваа вежба 8 пати. Мускулите на задникот и бутовите имаат најголема корист од оваа вежба. ![]() Направете 15 повторувања со десната и 15 со левата нога. Освен цврсти нозе, оваа вежба ќе ви донесе и цврст задник и поцврсти странични стомачни мускули. ![]() Повторувајте наизменични скокови (прво налево, па надесно) во период од 20-30 секунди. Со оваа вежба ќе ги зацврстите мускулите на нозете, задникот и страничните стомачни мускули. ![]() Повторете ја оваа вежба 20 пати или правете ја постојано во период од 20-30 секунди. Ова забавно скокање ќе ви помогне да ги обликувате мускулите на нозете и задникот. ![]() Направете 10 круга во правец на стрелката на часовникот и 10 во обратен правец. Повторете ја истата вежба со другата нога. Освен да ги зацврстите бутовите, оваа вежба ќе ви помогне да го зацврстите и задникот и стомачните мускули. ![]() Повторете го тоа 10 пати со левата нога, а потоа уште 10 со десната. По ваша желба можете да ја правите оваа вежба со 20 наизменични повторувања (со левата, па со десната, па повторно со левата...). Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите и задникот. ![]() Потоа, свртете го телото налево и додека се враќате наназад, испружете ја и левата рака назад. Враќајте се наназад додека со левата рака не го допрете подот. Повторете го истото на другата страна со десната рака. За почеток правете по 10 наизменични повторувања (5 налево и 5 надесно). Оваа вежба ги зацврстува бутовите, задникот и стомачните мускули. ![]() Повторете го тоа 15 пати, а потоа сменете ги нозете, т.е. подигајте се со помош на левата нога додека десната ви е испружена нагоре. Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и задникот. ![]() Повторете го тоа со бавно темпо 10 пати, а потоа направете една серија од 20 брзи повторувања. Направете го истото и со левата нога. Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и во мала мера стомачните мускули. ![]() Повторете го тоа 15 пати. Направете уште две серии од 15 повторувања. Оваа едноставна вежба ќе ви помогне да ги обликувате листовите на нозете, а во мала мера и задникот и стомачните мускули. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 најдобри вежби за домаСекоја жена мечтае за убаво цврсто тело. Убавото тело ја зголемува самодовербата, привлекува погледи и најважно – помага за одржување на добро здравје.
Физичката активност е најдобриот начин да се постигне посакуваната форма на телото. Но, тоа не значи дека треба да бидете член на елитен фитнес клуб или да имате фитнес опрема. Ако имате волја за подобрување на вашиот изглед, резултатите нема да изостанат. Вежбањето во домашни услови носи многу предности. Прво – штедите пари, второ – не сте обврзани со време, можете да вежбате кога ќе посакате и трето – ви дава поголема слобода. Некои жени го претпочитаат поради избегнувањето на срамот предизвикан од вежбањето во туѓо присуство. Се разбира, вежбањето во фитнес сала или одењето на часови кај стручни лица по јога, пилатес или Тае Бо има многу свои предности, но сега ќе се задржиме на вежбањето во домашни услови. Постојат неколку вежби кои без проблеми и без дополнителна опрема можете да ги практикувате дома, а со нивна помош ефикасно да го обликувате своето тело. Пред да започнете со нив, задолжително треба најпрво да направите неколку вежби за загревање. Откако ќе го раздвижите своето тело, започнете да го обликувате. ![]() Оваа вежба е добра за зацврстување на горните стомачни мускули. Ако досега не сте биле физички активни, најдобро е да започнете со 2 серии по 10 повторувања. Доколку вежбате редовно, зголемете го бројот на повторувања на 15-20. ![]() Оваа вежба е наменета за комплетно зацврстување на стомачните мускули. Можете да започнете со две серии по 15 повторувања, а ако сте физички поспремни, зголемете ги повторувањата до 20-25. ![]() Оваа вежба е наменета за сите стомачни мускули, а особено е корисна за зацврстување на страничните мускули. За почеток правете 1 серија со 16 наизменични повторувања (8 на левата и 8 на десната страна). ![]() Оваа вежба едновремено ќе ви помогне да ги зацврстите горните и средните стомачни мускули. Исто така, оваа вежба е добро загревање за нозете. Направете 1 серија со 10 повторувања. ![]() Оваа вежба помага за тонирање на стомачните и мускулите на нозете. Направете две серии со по 10 наизменични повторувања (5 со левата, 5 со десната нога). Ако сте физички поспремни, правете по ![]() Оваа вежба ќе ви помогне за зацврстување на задникот и мускулите на бедрата. Правете 2 серии по 10 повторувања. Доколку сте во добра физичка форма, можете да практикувате 20-25 повторувања. ![]() Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите и внатрешните и надворешните мускули на бедрата. Најдобро е да не правите брзи движења. За почеток правете по 10 повторувања за секоја нога. Кога ќе се чувствувате поспремни, правете по 2 серии од 15 повторувања. ![]() Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите на задникот и бедрата. Направете по 1 серија за двете нозе со по 10 повторувања. Доколку сте во добра форма, не плашете се да направите 2 серии по 15 повторувања. ![]() Оваа вежба го зацврстува задникот и ги тонира нозете. Направете по 1 серија за двете нозе со по 10 повторувања. Доколку сте во добра форма, не плашете се да направите 2 наизменични серии од 15 повторувања. ![]() Ако сте почетничка, направете 2 серии по 5 повторувања. Понапредните може да се одлучат за 2 серии по 10-12 повторувања. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Едноминутни кардио вежби кои можете да ги правите домаКардио вежбите се одличен начин да го зачувате вашето срце здраво, но и да ја одржите вашата линија. Помагаат за согорување на калории, слабеење, намалување на стресот и подобрување на сонот. Но исто така, тие го подобруваат капацитетот на белите дробови и го прават срцето посилно. Кардио вежби се секој тип на вежби кои ја забрзуваат работата на срцето и белите дробови. Се препорачува да ги практикувате барем три до четири пати неделно (по најмалку 20-30 минути). Многу често луѓето се жалат дека кардио вежбите се досадни и затоа брзо се откажуваат од нив. Поради тоа, потребно е постојано да го менувате интензитетот и да правите разновидни вежби. На пример: ако пешачите, неколку минути движете се со средно темпо, потоа неколку минути забрзајте или започнете да трчате. Ако трчате, трчајте неколку минути со бавно темпо, а потоа една минута трчајте спринт. Подолу се дадени неколку интересни кардио вежби кои можете да ги правите дома, а кои освен вашата фигура, ќе го подобрат и вашето расположение. Секоја вежба правете ја по една минута без прекин. Потоа комбинирајте ги вежбите по ваша желба. Наизменични скокови![]() Застанете исправени, поставете ги нозете во ширина на рамената, а рацете раширете ги настрана и подигнете ги над главата (телото треба да ви биде во форма Y). Пренесете ја тежината на десната нога, свиткајте го левото колено и започнете да ја подигате левата нога. Носете го стапалото што повисоко нагоре за да можете да го допрете со десната рака без да се наведнувате нанапред (како на сликата). Потоа скокнете на левата нога, подигнете ја десната нога и со левата рака допрете го стапалото или глуждот. Скокање со раширени раце и нозеЗастанете исправени и стапалата поставете ги во ширина на рамената, а рацете пуштете ги покрај телото. Скокнете така што истовремено ќе ги раширите нозете и рацете (во форма Х). Додека се приземјувате вратете ги рацете и нозете во првобитната положба. Скокање на јажеПравете брзи мали скокови (како што тоа го прават боксерите) и не скокајте високо. Ако немате јаже, едноставно замислете си го во рацете и правете ги истите движења. Трчање по скалиИстрчајте набрзина нагоре по скали, а потоа со бавно темпо слезете надолу по нив. Повторете го тоа неколку пати. Не мора да искачувате многу скали, нека бидат 10-15. За поинтензивно вежбање, качувајте по 2 скали одеднаш, т.е. чекорете преку една скала. Скокање лево-десноСтавете тенок долг предмет на подот. Тоа може да биде краток стап или пак долга рачка од метла. Застанете десно од предметот со рацете поставени на колковите и прескокнете лево од предметот. Потоа, повторно скокнете десно итн. Трчање во место со високо подигање на коленатаЗапочнете да трчате во место, но наместо нозете да ги одлепувате само малку од подот, подигајте ги колената високо нагоре (до колковите). „Планинарење на подот“Застанете во положба за правење склекови – рацете треба да ви бидат поставени под рамената, нозете исправени и тежината да паѓа на прстите од нозете. Свиткајте ја десната нога и донесете ја напред кон вашите гради. Потоа сменете ја положбата на нозете, така што ќе ја донесете левата нога напред, а во исто време ќе ја испружите десната наназад. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
ninotopal ![]() Нов член ![]() Регистриран: 16.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што мислите што е најубаво да се вежба бодибилдинг,фитнес или бодифитнес?
|
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што е разлика помеѓу фитнес и бодифитнеc?
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
Hara ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 04.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 26 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |