IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - Спортски муабети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спортски муабети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Hara Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Hara Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Спортски муабети
    Испратена: 06.Февруари.2013 во 18:02



http://video.about.com/pilates/How-to-Do-an-Express-Pilates-Workout.htm
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 22:28
Што е разлика помеѓу фитнес и бодифитнеc?
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
ninotopal Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ninotopal Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2013 во 14:39
Што мислите што е најубаво да се вежба бодибилдинг,фитнес или бодифитнес?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101632
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:48

Едноминутни кардио вежби кои можете да ги правите дома

Кардио вежбите се одличен начин да го зачувате вашето срце здраво, но и да ја одржите вашата линија. Помагаат за согорување на калории, слабеење, намалување на стресот и подобрување на сонот. Но исто така, тие го подобруваат капацитетот на белите дробови и го прават срцето посилно.

Кардио вежби се секој тип на вежби кои ја забрзуваат работата на срцето и белите дробови. Се препорачува да ги практикувате барем три до четири пати неделно (по најмалку 20-30 минути).

Многу често луѓето се жалат дека кардио вежбите се досадни и затоа брзо се откажуваат од нив. Поради тоа, потребно е постојано да го менувате интензитетот и да правите разновидни вежби. На пример: ако пешачите, неколку минути движете се со средно темпо, потоа неколку минути забрзајте или започнете да трчате. Ако трчате, трчајте неколку минути со бавно темпо, а потоа една минута трчајте спринт.

Подолу се дадени неколку интересни кардио вежби кои можете да ги правите дома, а кои освен вашата фигура, ќе го подобрат и вашето расположение. Секоја вежба правете ја по една минута без прекин. Потоа комбинирајте ги вежбите по ваша желба.

Наизменични скокови

Жена%20што%20прави%20кардио%20вежба

Застанете исправени, поставете ги нозете во ширина на рамената, а рацете раширете ги настрана и подигнете ги над главата (телото треба да ви биде во форма Y). Пренесете ја тежината на десната нога, свиткајте го левото колено и започнете да ја подигате левата нога. Носете го стапалото што повисоко нагоре за да можете да го допрете со десната рака без да се наведнувате нанапред (како на сликата). Потоа скокнете на левата нога, подигнете ја десната нога и со левата рака допрете го стапалото или глуждот.

Скокање со раширени раце и нозе

Застанете исправени и стапалата поставете ги во ширина на рамената, а рацете пуштете ги покрај телото. Скокнете така што истовремено ќе ги раширите нозете и рацете (во форма Х). Додека се приземјувате вратете ги рацете и нозете во првобитната положба.

Скокање на јаже

Правете брзи мали скокови (како што тоа го прават боксерите) и не скокајте високо. Ако немате јаже, едноставно замислете си го во рацете и правете ги истите движења.

Трчање по скали

Истрчајте набрзина нагоре по скали, а потоа со бавно темпо слезете надолу по нив. Повторете го тоа неколку пати. Не мора да искачувате многу скали, нека бидат 10-15. За поинтензивно вежбање, качувајте по 2 скали одеднаш, т.е. чекорете преку една скала.

Скокање лево-десно

Ставете тенок долг предмет на подот. Тоа може да биде краток стап или пак долга рачка од метла. Застанете десно од предметот со рацете поставени на колковите и прескокнете лево од предметот. Потоа, повторно скокнете десно итн.

Трчање во место со високо подигање на колената

Започнете да трчате во место, но наместо нозете да ги одлепувате само малку од подот, подигајте ги колената високо нагоре (до колковите).

„Планинарење на подот“

Застанете во положба за правење склекови – рацете треба да ви бидат поставени под рамената, нозете исправени и тежината да паѓа на прстите од нозете. Свиткајте ја десната нога и донесете ја напред кон вашите гради. Потоа сменете ја положбата на нозете, така што ќе ја донесете левата нога напред, а во исто време ќе ја испружите десната наназад.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101632
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:44

10 најдобри вежби за дома

Секоја жена мечтае за убаво цврсто тело. Убавото тело ја зголемува самодовербата, привлекува погледи и најважно – помага за одржување на добро здравје.

Физичката активност е најдобриот начин да се постигне посакуваната форма на телото. Но, тоа не значи дека треба да бидете член на елитен фитнес клуб или да имате фитнес опрема. Ако имате волја за подобрување на вашиот изглед, резултатите нема да изостанат.

Вежбањето во домашни услови носи многу предности. Прво – штедите пари, второ – не сте обврзани со време, можете да вежбате кога ќе посакате и трето – ви дава поголема слобода. Некои жени го претпочитаат поради избегнувањето на срамот предизвикан од вежбањето во туѓо присуство. Се разбира, вежбањето во фитнес сала или одењето на часови кај стручни лица по јога, пилатес или Тае Бо има многу свои предности, но сега ќе се задржиме на вежбањето во домашни услови.

Постојат неколку вежби кои без проблеми и без дополнителна опрема можете да ги практикувате дома, а со нивна помош ефикасно да го обликувате своето тело. Пред да започнете со нив, задолжително треба најпрво да направите неколку вежби за загревање. Откако ќе го раздвижите своето тело, започнете да го обликувате.

Жена%20што%20вежбаВежбите за стомачните мускули се задолжителни. Започнете со класичната вежба за стомачни: легнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената, ставете ги рацете зад ушите и подигајте го горниот дел од телото. За да ги вежбате горните мускули, не треба целосно да го одлепувате грбот од подот.

Оваа вежба е добра за зацврстување на горните стомачни мускули. Ако досега не сте биле физички активни, најдобро е да започнете со 2 серии по 10 повторувања. Доколку вежбате редовно, зголемете го бројот на повторувања на 15-20.
Жена%20што%20вежбаЛегнете на подот и испружете ги рацете над главата. Започнете да го подигате горниот дел на телото и наведнувајте се кон нозете додека врвовите на прстите на рацете не ги допрат прстите на нозете. Потоа повторно вратете се во легната положба и пак подигајте се. Доколку не успевате да ги достигнете прстите на нозете, не се разочарувајте. Со редовни вежби вашата флексибилност ќе се подобри.

Оваа вежба е наменета за комплетно зацврстување на стомачните мускули. Можете да започнете со две серии по 15 повторувања, а ако сте физички поспремни, зголемете ги повторувањата до 20-25.
Жена%20што%20вежбаЛегнете на подот и ставете ги рацете зад ушите, на горниот дел на вратот. Започнете да го подигате горниот дел на телото и левото лакто насочувајте го кон десната нога. Горниот дел од вашето тело треба да биде свртен на десната страна. Потоа вратете се во првобитната положба на подот и направете ја истата вежба, но на спротивната страна, т.е. десното лакто насочете го кон левата нога и свртете го горниот дел од телото на левата страна. Во текот на исполнувањето на вежбата не треба да ги движите нозете.

Оваа вежба е наменета за сите стомачни мускули, а особено е корисна за зацврстување на страничните мускули. За почеток правете 1 серија со 16 наизменични повторувања (8 на левата и 8 на десната страна).
Жена%20што%20вежбаАко сте почетничка, можете да ја прескокнете оваа вежба, затоа што ризикувате премногу да ги натоварите стомачните мускули. Легнете на подот и подигнете ги нозете под агол од 90 степени. Испружете ги рацете над главата и започнете да се подигате и со рацете да ги допрете нозете. Не го кревајте премногу горниот дел од телото.

Оваа вежба едновремено ќе ви помогне да ги зацврстите горните и средните стомачни мускули. Исто така, оваа вежба е добро загревање за нозете. Направете 1 серија со 10 повторувања.
Жена%20што%20вежбаЛегнете на подот и подигнете го горниот дел од телото, така што ќе се потпирате со лактите. Кренете ги нозете под агол од 60-70 степени. Започнете наизменично да ги прекрстувате нозете, додека ги држите целосно исправени. Прво со десната нога преминете над левата, а потоа со левата над десната.

Оваа вежба помага за тонирање на стомачните и мускулите на нозете. Направете две серии со по 10 наизменични повторувања (5 со левата, 5 со десната нога). Ако сте физички поспремни, правете по 16-20 повторувања.
Жена%20што%20вежбаЛегнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Започнете да го подигате задникот нагоре, а потоа спуштете го. Стапалата на нозете за почеток можете да ги чувате целосно залепени со подот. Истата вежба може да се практикува и кога се потпирате само на прстите (како што е покажано на сликата).

Оваа вежба ќе ви помогне за зацврстување на задникот и мускулите на бедрата. Правете 2 серии по 10 повторувања. Доколку сте во добра физичка форма, можете да практикувате 20-25 повторувања.
Жена%20што%20вежбаЛегнете настрана и со десната рака потпрете ја главата. Левата рака ставете ја пред вас. Нозете во секој момент од практикувањето на вежбата треба да се исправени. Подигнете ја левата нога во воздух, под агол од 60-70 степени од подот. Потоа бавно спуштете ја. За подобар ефект можете да ја задржите ногата подолго во воздух.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите и внатрешните и надворешните мускули на бедрата. Најдобро е да не правите брзи движења. За почеток правете по 10 повторувања за секоја нога. Кога ќе се чувствувате поспремни, правете по 2 серии од 15 повторувања.
Жена%20што%20вежбаКлекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза). Рацете поставете ги на распон на рамената (можете да застанете и потпрени на лактите). Внимавајте грбот да ви биде исправен. Започнете да ја подигате едната нога нагоре. Не ја исправувајте, треба да биде свиткана во коленото. Прстите на нозете насочете ги нагоре. Горниот дел на ногата треба да биде паралелен на подот. Откако ќе ја достигнете оваа положба, полека вратете се во првобитната.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите на задникот и бедрата. Направете по 1 серија за двете нозе со по 10 повторувања. Доколку сте во добра форма, не плашете се да направите 2 серии по 15 повторувања.
Жена%20што%20вежбаЗастанете повторно во кучешка поза, но овој пат свиткајте ги рацете и потпрете се на лактите. Започнете да ја кревате левата нога и додека го правите тоа исправувајте ја. Истегнете ја наназад колку што можете и подигнете ја колку што можете повисоко. Потоа вратете ја во првобитната положба.

Оваа вежба го зацврстува задникот и ги тонира нозете. Направете по 1 серија за двете нозе со по 10 повторувања. Доколку сте во добра форма, не плашете се да направите 2 наизменични серии од 15 повторувања.
Жена%20што%20вежбаЖенските склекови се одлична вежба за зацврстување на мускулите на градите. Потпрете го долниот дел од телото на колената, подигнете ги стапалата во воздух, горниот дел од телото потпрете го на рацете, кои ќе ги поставите во распон на рамената. Започнете да ги виткате лактите и да го спуштате телото кон подот. Потоа подигнете се.

Ако сте почетничка, направете 2 серии по 5 повторувања. Понапредните може да се одлучат за 2 серии по 10-12 повторувања.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101632
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:42

10 вежби за убави нозе

Многу жени имаат комплекси поради своите нозе. Сега, кога високите температури веќе се секојдневие, лесната облека нè принудува да покажеме малку повеќе од нашето тело, па загриженоста кај повеќето жени расте.

Ако и вие се двоумите дали да го облечете омиленото кратко фустанче заради изгледот на нозете, започнете да ги зацврстувате со помош на следниве вежби:

Вежба%20за%20задник%20и%20бутовиЗастанете исправени. Нозете треба да ви бидат со распон еднаков на ширината на колковите. Испружете ги рацете напред, во висина на рамената, за да одржувате баланс. Започнете да клекнувате надолу. Внимавајте колената да не ги надминуваат врвовите на прстите на нозете. Задникот треба да го снижувате кон подот, а грбот да го држите исправен.

Потклекнете малку, задржете се во таа положба 5 секунди, потоа потклекнете уште малку, задржете 5 секунди и клекнете трет пат (задникот и горниот дел на нозете да бидат паралелни на подот), повторно задржувајќи се во таа положба 5 секунди. Додека се исправувате нагоре, стегнете го задникот. Повторете ја оваа вежба 8 пати.

Мускулите на задникот и бутовите имаат најголема корист од оваа вежба.
Вежба%20за%20нозе,%20задник%20и%20странични%20стомачни%20мускулиСвиткајте ги малку колената и наведнете го телото на левата страна. Со десната нога зададете удар во воздух (како на сликата). Вратете се во првата положба и скокнете в место. Потоа повторете го ударот со нога, па повторно скокнете в место.

Направете 15 повторувања со десната и 15 со левата нога.

Освен цврсти нозе, оваа вежба ќе ви донесе и цврст задник и поцврсти странични стомачни мускули.
Вежба%20за%20нозе,%20задник%20и%20странични%20стомачни%20мускулиЗастанете исправени и поставете ги рацете зад главата. Нозете треба да ви бидат во ширина на колковите. Клекнете до степен кога колената ви оформуваат агол од 90°. Свртете го горниот дел на телото на десната страна (како што е покажано на сликата). Потоа скокнете. Додека скокате, свртете го горниот дел од телото кон левата страна и застанете на нозе во клекната положба.

Повторувајте наизменични скокови (прво налево, па надесно) во период од 20-30 секунди.

Со оваа вежба ќе ги зацврстите мускулите на нозете, задникот и страничните стомачни мускули.
Вежба%20за%20задник%20и%20нозеРаширете ги нозете во ширина на колковите, а рацете испружете ги напред во висина на рамената. Дланките треба да ви бидат свртени надолу. Клекнете до позиција во која колената ќе ви оформат агол од 90°. Скокнете. Додека скокате, носете ги колената кон градите и со рацете фатете ги (како на сликата). Потоа повторно застанете потклекнати.

Повторете ја оваа вежба 20 пати или правете ја постојано во период од 20-30 секунди.

Ова забавно скокање ќе ви помогне да ги обликувате мускулите на нозете и задникот.
Вежба%20за%20задник,%20стомачни%20мускули%20и%20нозеЗастанете исправени, а од левата страна поставете стол за којшто ќе можете да се придржувате. Прстите на нозете треба да ви бидат насочени нанадвор. Додека со левата рака го држите столот, десната рака испружете ја над главата, а десната нога испружете ја настрана (како на сликата). Со десната нога започнете да правите кругови.

Направете 10 круга во правец на стрелката на часовникот и 10 во обратен правец. Повторете ја истата вежба со другата нога.

Освен да ги зацврстите бутовите, оваа вежба ќе ви помогне да го зацврстите и задникот и стомачните мускули.
Вежба%20за%20задник%20и%20бутовиЗастанете исправени и направете голем чекор напред со левата нога. Започнете да се спуштате надолу додека левото колено не оформи агол од 90°, а десното е малку над подот. Рацете можете да ги држите на колковите, испуштени слободно покрај телото или пак да држите со нив мали тегови. Потоа, не поместувајќи ја десната нога, вратете ја левата во првобитната положба.

Повторете го тоа 10 пати со левата нога, а потоа уште 10 со десната. По ваша желба можете да ја правите оваа вежба со 20 наизменични повторувања (со левата, па со десната, па повторно со левата...).

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите и задникот.
Вежба%20за%20задник,%20бутови%20и%20стомачни%20мускулиКлекнете на подот. Колената треба да ви бидат во распон малку поголем од ширината на колковите, а прстите на нозете да ви се допираат. Испружете ги рацете напред во висина на рамената и прекрстете ги прстите. Стегнете ги стомачните мускули и започнете да се наведнувате наназад колку што можете повеќе, а потоа исправете се. Повторете го тоа 10 пати.

Потоа, свртете го телото налево и додека се враќате наназад, испружете ја и левата рака назад. Враќајте се наназад додека со левата рака не го допрете подот. Повторете го истото на другата страна со десната рака. За почеток правете по 10 наизменични повторувања (5 налево и 5 надесно).

Оваа вежба ги зацврстува бутовите, задникот и стомачните мускули.
Вежба%20за%20задник%20и%20нозеЛегнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Треба да стоите на прстите од нозете. Подигнете ја левата нога нагоре и исправете ја колку што можете повеќе. Започнете да го подигате задникот нагоре, а потоа спуштете го.

Повторете го тоа 15 пати, а потоа сменете ги нозете, т.е. подигајте се со помош на левата нога додека десната ви е испружена нагоре.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и задникот.
Вежба%20за%20зацврстување%20на%20нозетеЗастанете на десната нога, така што левото стапало да ви биде зад десната нога (како што е на сликата). Подигнете ги рацете над главата и започнете да се кревате на прстите од десната нога. Задржете се подигнати 1-2 секунди и спуштете ја петицата.

Повторете го тоа со бавно темпо 10 пати, а потоа направете една серија од 20 брзи повторувања. Направете го истото и со левата нога.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и во мала мера стомачните мускули.
Вежба%20за%20зацврстување%20на%20нозетеЗастанете исправени. Рацете поставете ги на колковите, а прстите од нозете доближете ги едни кон други. Започнете да се подигате на прстите од нозете. Задржете се подигнати две секунди, а потоа спуштете се.

Повторете го тоа 15 пати. Направете уште две серии од 15 повторувања.

Оваа едноставна вежба ќе ви помогне да ги обликувате листовите на нозете, а во мала мера и задникот и стомачните мускули.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 101632
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 09:41

5 вежби за цврсто и фит тело од глава до пети

Сакате да направите нешто убаво за себе? Започнете да вежбате. Активирајте го вашето тело не само за да изгледате подобро, туку и за да се чувствувате исполнето, самоуверено и да си ги зголемите флексибилноста, енергијата и виталноста.

Вежбањето не треба да ви биде измачување. Физичката активност треба да е доволно разнообразна за да ве мотивира и предизвикува, а истовремено и да ви нуди забава. Следните неколку вежби вметнете ги во деновите кога одмарате од часовите по аеробик или зумба, или пак, со нив започнете да си градите ваша фитнес програма. Тие ќе ви овозможат за кратко време да си го зацврстите телото од глава до пети.

Вежба%20за%20цврсто%20и%20фит%20телоКлекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза), така што дланките да ви се позиционирани под рамената, а колената под колковите. Внимателно испружете ја левата рака напред, додека во исто време ја исправувате и подигате десната нога (положба А на сликата). Останете во таа положба 5 секунди, потоа спуштете ги на подот и направете го истото со десната рака и левата нога. Повторете ја оваа вежба 8 пати.

На крајот, застанете во положба како за склекови, но рацете да ви бидат исправени (положба B на сликата). Стегнете ги стомачните мускули и зачувајте го телото во права линија 20-30 секунди.
Вежба%20за%20цврсто%20и%20фит%20телоЗастанете со грбот и главата потпрени на ѕид и стапалата поставете ги околу половина метар понапред (положба А на сликата). Започнете да се спуштате надолу додека колената не оформат агол од 90° (положба B на сликата). Не дозволувајте колковите да ви бидат пониско од колената. Повторно исправете се.

Направете 20 повторувања.
Легнете на подот и свиткајте ги колената, а рацете држете ги покрај телото така што дланките да ви бидат насочени кон подот. Подигнете ја главата и вратот како да правите стомачни вежби и рацете испружете ги паралелно на подот (положба А на сликата). Започнете да правите кратки движења со рацете нагоре-надолу, а во истиот ритам направете 5 кратки издишувања. Свртете ги дланките нагоре и додека правите движење нагоре-надолу, во истиот ритам направете 5 кратки издишувања. Повторете 6 пати.

Ако се чувствувате физички поподготвени, повторете ја истата вежба, но нозете држете подигнати дијагонално под агол од 45° (положба В на сликата).
Вежба%20за%20цврсто%20и%20фит%20телоЗастанете на растојание од еден метар од маса. Наведнете се нанапред и потпрете се со рацете на масата. Телото треба да ви оформува права линија, а дланките да ви бидат под рамената (положба А на сликата). Направете 5-10 склека, во зависност од физичката подготвеност.

Потешката варијанта е да ги правите склековите на подот (положба В на сликата).
Вежба%20за%20цврсто%20и%20фит%20телоЛегнете на подот со лицето надолу. Држете ги рацете исправени и подигнете ги околу 30 сантиметри (положба А на сликата). Движете ги нагоре-надолу како да пливате, околу 30 секунди, а потоа спуштете ги на подот. Повторете уште 4 пати.

Потоа, вклучете ги во вежбата и нозете (положба В на сликата). Движете ги рацете и нозете заедно уште 30 секунди.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 03:35
moes da oslabes i 20 kg ako sakas :D samo kolku zdravo ti e toa намигнување koga oslabev 10 kg za kratok period imav modrici nasekade, kosata mi pagjase,noktite mi se krsea i nepcata mi krvarea... da ne zboram za modri oci i modra usta isusena koza i na nikakov izgled....sakas da ja platis taa cena?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
bmwplus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bmwplus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 02:51
zdravo!:)

edno prasanje bidejki mislam deka ke mi dadete odgovor..?

kako i dali ke mozam za 1 mesec da oslabnam 10kg i kako da ja zadrzam tezinata koja ke ja postignam..
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 16:43
Благодарам Елени..
МИР со сите
Кон врв
Eleni Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јануари.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 1872
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eleni Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2010 во 20:14
Saat vreme mislam deka e mnogu,bilo na koe nivo. Bashka shto koa kje se naviknesh na eden otpor samo,nemash dovolno predizvik. Najdobro e da go skratish vremeto na 20-30 minuti,a  dodeka vezbash da go menuvash otporot,da recheme minuta poslab ,pa minuta pogolem otpor,isto i brzinata. Sekako kako pochetnik ne treba da se forsirash i kje si ja sledish reakcijata na teloto,na srceto i sl. Pozdrav
Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 00:45
Си купив орбитрек...има 8 нивоа на отпор..

Не знам како правилно да го користам...

На првото ниво терам еден саат..на второто ниво терам саат време исто..е од третото е потешко веќе..

Не сум мрднала цело зимо, улежана сум...

Да вежбам долго на помал отпор или пократко на поголем отпор...

Фала ви....!
МИР со сите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2010 во 19:16
Со лесни вежби до совршено тело

Лесното изведување на вежби, без брзи и нагли движења, може да доведе до многу добри резултати . Поради тоа ви презентираме неколку вежби кои што ќе бидат одлични за вашето тело. Вежбите правете ги без пауза. Од почетната позиција полека поминете во крајната. Повторувањата исто така направете го полека, без пауза. Најважно од се е во секој момент да чувствувате дека мускулите ви се активни.

За цврста задница и витки бутини

Во расчекорен став свиткајте го десното колено и испружете ја левата нога. Десната тупаница ставете ја на левата и држете ги припиени до телото, а потоа поместете ги рацете во лево и истовремено испружете ја десната нога и свиткајте го левото колено. Без пауза вратете се во почетната позиција и направете од шест до осум повторувања во една серија. Оваа вежба ја зајакнува концентрацијата и ги обликува мускулите на задникот.

За енергија и сила

Нозете поставете ги во широко расчекорен став, исправете го грбот и свиткајте ги колената. Рацете држете ги пред телото, полусвиткани, па потоа од таа положба исправете ги нозете, паралелно свртете го горниот дел од телото во лево и рацете испружете ги во висина на рамената. Направете осум до десет повторувања за секоја страна.

За нозете и рамената

Испружете ја левата нога напред, спојте ги дланките пред градите, а потоа од таа положба тежината префрлете ја на десната нога. Испружете ги рацете така што дланките бидат паралелни. Направете од осум до десет повторувања за секоја страна, низ две серии. Оваа вежба ќе ги обликува вашите нозе и мускулите на рамената.

За опуштање

Седнете така да стапалата се допираат едно со друг, рбетот е прав, а рацете се над главата со споени дланки. Од таа положба свиткајте го телото напред и со рацете фатете врвовите на стапалата, а потоа пополека исправете се. Направете од 10 до 15 вакви движења во две серии.

За убаво тело

Седнете на петите, дланките спуштете ги пред колената, исправете го рбетот и гледајте пред себе. Од таа положба пренесете ја тежината на рацете и подигнете го телото и задницата нагоре. Оваа вежба се прави во две серии од осум или десет повторувања. Освен тоа што го прави телото еластично, вежбата ги зацврстува и мускулите на градите.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 15:51
намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.