IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Народноослободителна борба на Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Народноослободителна борба на Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 39>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Народноослободителна борба на Македонија
    Испратена: 16.Ноември.2009 во 22:23
Бидејќи имаме тема за бугарската окупација во Македонија, несомнено треба да отвориме и една тема за народноослободителната борба на Македонија и македонскиот народ.

Да нема забуни, во темата за окупацијата на Македонија се говори за самата окупација, овде говориме за борбите во Македонија во Втората Светска војна, за истакнати фигури, за партизанското движење и слично, таму за окупацијата од Бугарија и борбите против истата.
Тоа значи дека овде говориме и за борбата на Македонците во Грција, Пиринска Македонија и Албанија.

Интересно е што НОВ на Македонија е борба на Македонците против сите, не само против Бугарите, тоа е борба против Балистите, српските четници, Германците, Италијанците и Грците.

Интересен е фактот што почетокот на народноослободителната бора почнува порано, на Илинден 1939 година, кога Методија Андонов Ченто и ВМРО ( об ) заедно со ПК на КПЈ за Македонија ( кој го сочинуваат претежно луѓе кои биле дел од ВМРО (об) или пак симпатизери на истото. Ченто е затворен поради тоа што бил еден од организаторите. На Илинден истотака е испратена и првата порака д обугарскиот окупатор, во Скопје, со паролата за Независна Македонија и Битола, и со закачување на македонското црвено знаме, што резултира со неколку уапсени Македонци.




Изменето од Македон - 16.Ноември.2009 во 22:25
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 07:16
Дали знаете за еден друг Методија - Методија_Шаторов_-_Шарло?

Методија Шаторов - Шарло (Прилеп, 10 јануари 1897 - Пазарџик, 4 септември 1944) е македонски комунист, национален деец и борец за самостојна македонска држава...
...По исклучувањето од КПЈ, Шарло заминува во Скопскиот партизански одред, но набрзо добива писмо од Покраинското раководство за Македонија да го напушти одредот. Шарло упатува и писмо до ЦК КПЈ во кое бара да се вклучи во партизанското движење во Македонија, но не добива позитивен одговор. Целосно отфрлен од КПЈ, во октомври Шарло оди во Софиjа, каде што се става на располагање на ЦК БКП. Во јануари 1942 година станува секретар на Софискиот окружен комитет на ЦК БКП. До 1944 година извршува разни задачи во рамките на бугарското антифашистичко движење, при што меѓу другото е политички комесар на Третата оперативна зона со средиште во Пазарџик. На 4 септември 1944 година, само неколку дена пред ослободувањето на Бугарија од страна на Црвената Армија, при една акција на бугарската војска против партизаните, во фазата на повлекување пред непријателот, Шарло а загинува под неразјаснети околности во месноста Милеви Скали кај Пазарџик. Според официјалната верзија, Шарло е убиен од непријателски оган, но подоцнежните истраги посочуваат на моменти кои се во спротивност со првобитната верзија. Имено, се знае дека Шарло бил во судир со Љубен Гумнаров и е можно неговото убиство да било испланирано од негова страна, па дури и со знаење на раковоството на БКП. Меѓу верзиите што кружат е и таа дека Шарло е убиен со цел да се одоброволи југословенското комунистичко раковоство на чело со Јосип Броз Тито.

Шаторов е погребан во Пазарџик, каде што му е подигнат споменик и каде што и денес се наоѓа неговиот гроб.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 16:00
http://217.16.70.245/?pBroj=1626&stID=25535&pR=12

Истовремено, мала група наши инженерци ја деминирале браната. Во борбата за ?Матка", покрај Италијанецот, загинаа уште 11 борци, меѓу кои Руси, Чеси и Австријци.

Само со една граната од минофрлач, благодарение на техниката на дел од нашите соборци-Италијанци, окупаторот се исплаши и поголем дел од него се повлече. Во престрелките во борбата за ослободување на Камениот мост загинаа многу Германци. Излеговме вистински победници, во битката за мостот не положивме ниту една жртва" 

Изменето од да бе - 17.Ноември.2009 во 16:01
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 17:49
Чоли, секако дека знаеме за еден од идеолозите на народноослободителната борба, човекот кој дури и како агент на коминтерната работеше за македонската кауза.

Originally posted by да          бе да бе напиша:

http://217.16.70.245/?pBroj=1626&stID=25535&pR=12

Истовремено, мала група наши инженерци ја деминирале браната. Во борбата за ?Матка", покрај Италијанецот, загинаа уште 11 борци, меѓу кои Руси, Чеси и Австријци.

Само со една граната од минофрлач, благодарение на техниката на дел од нашите соборци-Италијанци, окупаторот се исплаши и поголем дел од него се повлече. Во престрелките во борбата за ослободување на Камениот мост загинаа многу Германци. Излеговме вистински победници, во битката за мостот не положивме ниту една жртва" 


Да бе, ти како почна, од крајот на народноослободителната борба, наместо од почетокот.
Eве повеќе за борбата за ослободувањето на Скопје:




Шест децении по ослободувањето на Скопје се уште се свежи сеќавањата на оние што учествуваа во крвавите борби

Со Скопје се ослободуваше и Македонија

Во борбите за главниот град животот го дадоа 87 борци

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Тринаесетти ноември 1944 година беше вистински ден на општонародно славење на градскиот плоштад ?Слобода°. Скопје беше ослободено. Надвор беше студен мрачен зимски ден, имаше снег, но во душата на секој Македонец беше топло. Се играше, пееше, се гушкаа мајки и татковци со своите синови-јунаци. Борците се опсипуваа со цвеќе и честитки за храброста и пожртвуваноста. Се лееја солзи радосници, се славеше ослободувањето. Окупаторот беше поразен и истеран, а во градот на коњи, со цвеќиња во рака влегоа оние што не се жалеа себеси и храбро јуришаа да ја остварат својата единствена цел. За ослободувањето на главниот град животот го положија 87 жртви, најголем дел од нив млади момчиња, но и храбрата партизанка Драга Стојановска.


Дванаесетта македонска бригада беше формирана во село Војница, Велешко, по наредба на Генералштабот на Македонија, со задача да дејствува во непосредна близина на Скопје, да води борба со германскиот окупатор стациониран на железничката пруга Скопје - Велес и со балистичките формации. Целта беше да се исчисти теренот во реонот на скопските села Ракотинци, Долно и Горно Количани, Јаболци, тогашна Пуста Брезница, Цветово, Умово, Држилово, Горно и Долно Соње, Добри Дол, Чифлик, Света Петка и Говрлево. Бригадата броеше 1.200 борци и имаше четири баталјони" го почнува своето сеќавање на денот од пред 60 години, Трајко Стојковски-Бузо, командант на Дванесеттата македонска бригада и заменик-командант на Третата македонска бригада.

Бузо раскажува за тешките борби со балистите, кои успешно биле протерани од другата страна на Бел Камен, на сртот од Нерези до Матка. Тие биле стационирани и во село Грчец и Крушопек, а со помош на Третата бригада и од таму биле разбиени и протерани преку реката Треска.

Тоа беше задача и директива на ГШ и мораше да биде извршена. Не беше ниту мала, ниту лесна, но мотивот беше голем, слобода за Македонија. Секој борец даваше сў од себе, не жалејќи го својот млад живот. По ослободувањето на Велес, Дванаесеттата бригада ги започна подготовките за ослободување на Скопје. Бригадата доби тешка задача, само со два баталјона да се нападнат фашистичките сили утврдени на половина територија од градот", раскажува Бузо и додава дека едниот баталјон имал задача да ја заземе браната "Матка", која била минирана од инженерските германски единици. Целта била јасна, да се уништи овој витален објект и да се поплави Скопје. Во тешка борба браната била спасена. Додека траеле борбите на Матка, на помош стигнала и 14. бригада два баталјона од Дванаесеттата бригада се упатиле кон Скопје.

Миле Стефановски, сегашен претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, а тогаш приклучен кон Месниот комитет на скопската младина, ја истакнува улогата на скопските младинци и на граѓаните пред нападот за ослободување на Скопје. Со денови претходно стотина млади луѓе ја снимале ситуацијата во градот, прибирале потребни информации и ги пренесувале до партизаните. Имале постојани контакти со Третата, Шеснаесеттата, Дванаесеттата, Четиринаесеттата и Осмата бригада.

Подготовките за ослободување на Скопје почнаа многу порано. Имавме задача да се обезбедат со храна семејствата на оние што заминаа во партизани. Комитетот со младината ова го правеше особено во ноќните часови, кога од фурната 'Мито' во Ѓорче се земаа по стотина вреќи брашно и по список се разнесуваа. Знаевме дека се ближи ослободувањето на Скопје, а Германците се готват да си одат. Тринаесетти ноември беше студен ден и во Скопје падна 10 сантиметри снег. Утредента кога градот веќе беше ослободен, денот беше прекрасен, сончев", се присетува Стефановски.

Добивме задача да го истераме окупаторот кој ги држеше позициите од Железничката станица до Народната банка. Окупаторот беше добро утврден во Народната банка, Офицерскиот дом, хотелот 'Македонија', Поштата, Женската гимназија, која се наоѓаше кај сегашниот објект на Владата, Учителската школа ?Гоце Делчев° и зградата за кружна одбрана и Радио Скопје. Најмногу Германци имаше кај Идадија. Со вооружениот окупатор требаше да се борат млади голобради момчиња, на возраст од 16 до 21 година. Никој не бевме служени војска, ниту пак имавме некакво воено образование, некаква академија, но знаевме успешно да ги употребиме сите наши сили и да направиме план. Секоја чета, група точно знаеше на кој објект ќе дејствува. Требаше да се одбрани фронт од 16 километри од Скопје до Матка", се присетува Бузо.

За завршните борби за ослободување на Скопје, биле избирани борци кои живееле во близина на овие витални објекти во градот, бидејќи полесно се снаоѓале во фронталните судири и имале повеќе информации. Точно знаеле дека на плоштадот ?Слобода° се стационирани две ?зорки°, пушкомитролези. Се пукало од Офицерски дом, од Народна банка. Свирењето на к*ршумите доаѓало од сите страни, поради што по заобиколен пат морало да се оди на заземање на Народна банка, додека да пристигнат и борците од Третата бригада. Борбите се разгорувале и постепено се завземале објект по објект. Најпрвин хотел ?Македонија°, потоа Железничката станица, која била минирана од Германците. Тука тие се предале со истакнување на бела кошула. Најутврдени биле во гимназијата ?Никола Карев°, кај сегашно Градско собрание. Имало наредба од ГШ таму да не се влегува, за да не загинат многу луѓе. Во борбите за Скопје многу помогнале и младинските групи организирани од КПМ, како и граѓани поединци кои имале оружје.

Коцевски Стојан-Крцун, тогашен гимназијалец во Кумановската гимназија, бил во бугарски затвор како политички затвореник. Тој се присетува дека Третата бригада дејствувала во југоисточниот дел кај Усје, а со главна задача да ги одбрани мостовите во Скопје, кои биле минирани од Германците.

Минирани беа Камениот мост и Железничкиот, во опасност беше и мостот кај МАНУ, како и оној кај сегашен 'Холидеј ин'. Се сеќавам дека фашистите најголем отпор даваа кај Учителската школа, но и нив ги разби Дванаесеттата бригада. Градските борби беа најтешки, а во нив со оружје в рака се вклучија и скоевците. Скопје беше ослободено за 24 часа. Сите планови што доаѓаа беа под директива на ГШ, на чие чело беше Михајло Апостолски", коментира Крцун.


Изворот е истиот со оној на Да бе.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 23:25
Originally posted by да          бе да          бе напиша:


http://217.16.70.245/?pBroj=1626&stID=25535&pR=12<span>Истовремено, мала група наши
инженерци ја деминирале браната. Во борбата за ?Матка", покрај Италијанецот,
загинаа уште 11 борци, меѓу кои Руси, Чеси и Австријци
.</span><span ="clsStatijaTekst">Само со една граната од минофрлач, благодарение на
техниката на дел од нашите соборци-Италијанци, окупаторот се исплаши и поголем
дел од него се повлече. Во престрелките во борбата за ослободување на Камениот
мост загинаа многу Германци. Излеговме вистински победници, во битката за мостот
не положивме ниту една жртва
"</span><span> </span>



да не си грешка го отепале бугарите за услуга на србите,човек да не можи да поверува
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 18:15
Март 1941 година
Формирање на прва СКОЈ-евска група во Ѓавато
Постапувајќи по директивите на Блажо Орландиќ - омасовување на Партиската келија и формирање на СКОЈ, во март 1941 година, во Ѓавато, прогресивните и проверени младинци формирале прва СКОЈ-евска група. Неа ја сочинувале:
Јонче Мурџевски-член на КПЈ- секретар
Мијал Грбевски
Лазе Ласоски
Науме Ј. Тунтевски
Покрај теоретско изградување и други деловни работи, групата имала за задача да ги разбие патријахалните сфаќања на селото и да привлече за симпатизери и соработници и младинки, во што нешто подоцна и успеале.

На преминот меѓу Ресен и Битола, бившата југословенска армија имала направено по патот за Битола препреки од балвани (трупци) и камења на секои 200 метри. Тој терен бил чуван од еден зајакнат батаљон, снабден со потребна муниција, оружје и други воени материјали. Кога наближиле германските тенкови, ноќта на 9ти април отпочнала борба во која од страна на југословенската војска паднале околу 50-60 мртви и ранети. Германците, како надмоќни, лесно ги поминале препреките. По борбата, на Дервенот останале многу воени материјали, оружје и муниција. По наредба на Партиската ќелија доста од материјалот и оружјето било прибрано и сокриено.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 19:26
8 Септември 1942 година
Формирање на четата „Јане Сандански“
Покрај сите строги и вонредни мерки преземани од страна на бугарската полиција МК на КПЈ за Битола успеал на 8 Септември 1942 година да ја формира партизанската чета, некаде споменувана и како одред, „Јане Сандански“. Четата била формирана во горската месност над селото Лавци. Во неа биле следните борци:
Нисим Алба- Мики
Тодор Ангелевски- Строгов
Трајан Белев- Гоце
Пецо Божиновски- Кочо
Бошевски Васил
Броевски Сотир-Иљо
Велковски Ѓоре-Косте
Гецовски Насе
Трајче Грујовски-Павле
Тоде Дериевски-Кумо
Милан Илиевски-Сашо
Фана Кочовска
Панде Јовчевски-Кајзеро
Димче Милевски-Добри
Алексо Мусалевски
Вангел Нечевски-Тунело
Петре Нешковски-Пјер
Петре Новачевски-Ѓершан
Анести Паневски-Ванчо
Ванчо Прке-Сермен
Петар Пупле-Пепи
Бене Русо-Коки
Самарковски Крсте-Веле
Стефановски Веле-Славе
Стефановски Трајче
Коле Тодоровски-Канински
Трпеновски Блаже
Трпеновски Ристе
Чолаковски Кочо-Станко
За командир на четата бил Горе Велковски-Косте, негов заменик бил ДимчеМилевски-Добри, политички комесар бил Ванчо Прке-Сермен, а негов заменик Бено Русо-Коки, комесар по исхрана Пецо Боѓиновски-Кочо, а негов заменик Трајче Грујоски-Павле.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 19:27

Втора тиквешка бригада
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 21:21
Ако убаво се прочитаат имињава погоре ке се најдат многу синови и внуци на учесници во МРОнамигнување
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 11:15
И се пак сичко опре одново до Јајцето:

Член 1

Основајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се представителите во ова Собрание, а во согласие со решениата донесени на ИИ заседание на АВНОЈ (Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 годинаа во согласие со решениата донесени на ИИ заседание на АВНОЈ (Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година...

Јајце, Јајце...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 11:34
Ова е од второто эаседание на АВНОЈ и е потполно точно но тоа е само препорака эа приэнавање на Македонскиот народ од останатите народи посебно од Србите кои Македонија ја сметаат эа Јужна Србија - эначи напишав и погоре,Македонците имале свое антифашистичко собрание кое кажува на која основа и эа што се бори Македонскиот народ
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 13:35
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Ова е од второто эаседание на АВНОЈ и е потполно точно но тоа е само препорака эа приэнавање на Македонскиот народ од останатите народи посебно од Србите кои Македонија ја сметаат эа Јужна Србија - эначи напишав и погоре,Македонците имале свое антифашистичко собрание кое кажува на која основа и эа што се бори Македонскиот народ




Изменето од чоли - 23.Ноември.2009 во 13:39
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 16:57
Загинати во Народноослободителната војна и Револуцијата (1941-1945)


Од составот на воено-политичките раковотства
Богоевски Мите
Белев Трајан - Гоце
Наумов Стеван - Стив
Тодоровски Вангел - Мајоро
Чопела Ордан - Кулак
Од составот на НОПО „Пелистер“
Димитровски Блаже - Рогозинаро
Димитровски Томе - Томаќи
Јосифовска Мара - Ѓурѓа
Караманди Елпида - Бисера
Михајловски Ордан - Оцка
Наумов Ѓорѓи - Шоферо
Николовски Димитар - Таќи Даскало
Ордановска Јоска - Сандански
Хаџипоповски Димче - Хаџидимов
Од составот на НОПО „Даме Груев“
Андреевски Живко
Ароести Арон
Герасимовски Ристо - Буцко
Георгиевски Стерјо - Жорж
Ѓокановски Илија
Естреја Овадија - Мара
Игески Илија - Цветан
Јосифовски Јосиф - Ѓорче Свештаро
Кускаковски Коста
Огненовски Цане
Прцуловски Мите
Садикарио Симо
Стојановски Живко - Калија
Тасевски Панде
Трајчевски Мите - Старејко
Трајчевски Гога
Трповски Мите - Војводата
Од составот на НОПО „Јане Сандански“
Брбевски Сотир
Јовчевски Панде - Кајзеро
Пупле Петар - Пепи
Прке Ванчо - Сермен
Стефановски Трајче
Тодоровски Никола - Коле Канински
Чолаковски Кочо - Станко
Од составот на НОПО „Гоце Делчев“
Георгиевски Јонче
Димовски Милан
Илиевски Раде
Илковски Панде
Кавалиновски Ристо
Лалев Јован - Алкар
Николовски Пандил
Спасевски Ристо
Скерлевски Бонде
Стојчевска Лена - Слободанка
Тодоровски Димитар
Чулаковски Крстин - Кичо
Фахри Ибраим
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2009 во 18:22
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Ова е од второто эаседание на АВНОЈ и е потполно точно но тоа е само препорака эа приэнавање на Македонскиот народ од останатите народи посебно од Србите кои Македонија ја сметаат эа Јужна Србија - эначи напишав и погоре,Македонците имале свое антифашистичко собрание кое кажува на која основа и эа што се бори Македонскиот народ


Чоли, ова е во 1943 година, кога веќе се формирани сите комунистички партии, а дотогаш постои ПК на КПЈ за Македонија, кој е доста самостоен, составен од луѓе кои пред тоа се дел од левицата, пред се од ВМРО (Oб). Инаку борбата за слободна Македонија постојано е нагласувана во сите етапи на НОБ, од почетокот до крајот. Доказ за тоа е делувањето на Шарло, доказ за тоа е и прогласот на КПЈ до македонскиот народ. Еве, ги постирам подолу.Дел од "Писмото до Стојана" на ШарлоПесната "Глас од Македонија" на еден од учесниците во НОБ, поетот Коле Неделсковски

Повик на КПJ до македонскиот народ,1941 година.

Мислам дека е јасно дека НОБ била национално-ослободителна борба, документите се јасни.

Изменето од Македон - 21.Февруари.2011 во 01:55
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.