IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 07:10

Британка 27 пати прогласена за најгрда жена на светот 

Ана Вудс (62) повеќекратна победничка на натпреварување во правење гримаси би можела наскоро да се најде и во Гинисовата книга на рекорди, затоа што дури 27 пати била прогласена за најгрда жена на светот.

Нејзината ќерка изјави дека мајка и ја пријавила за Гинисова книга и оти таа не знае ништо за тоа.

- Браќата ја насмеале и таа само се качила на бина и направила гримаса која и ја донела првата победа во 1977 година, рече нејзината ќерка. Ана продолжила да прави гримаси наредните години на натпеварот во Егермонт каде победила дури 27 пати, а двапати го освоила второто место, станувајќи маскота на натпреварите.

Оваа година имала несреќа да и се слоши во текот на натпреварот па морале да ја однесат во болница, додаде нејзината ќерка и подвлече дека Ана ќе продолжи да се натпреварува се додека биде здрава.

Во изминатите 33 години го пропуштила ова натпреварување само еднаш и тоа поради бременост.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 14:57
Баба и на 90 години игра тенис

 Деведесетгодишната Мери Џејн Марфи има цврст бекхенд и на стари години. Марфи, мајка на 10 деца, вели дека кога е на тениско игралиште се чувствува како да има 55 или 60 години. Во последниве 30 години таа игра во двојки два пати неделно во клубот "Оак Лон ракет клаб", надвор од Чикаго. А кога времето е убаво, таа сака да игра и голф.
Оваа недела Марфи доби признание од клубот за многуте достигнувања. Не само што е член на клубот уште од неговото отворање, туку таа е и опасен противник на теренот, има добар сервис, смеч, а и добро го врти тениското топче.
Ова е доволно за оваа баба на 30 внучиња да го добие прекарот Тајгер.
На прашањето дали знае да биде малку агресивна, Марфи признава дека сака да победува.

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 06:36
Најмалата жена во светот тежи околу 7 килограми

Натиџе Коџаман е најмалата жена во светот. Има 21 година, висока е само 71 сантиметар и тешка е нешто повеќе од седум килограми. Хатиџе живее со своите родители во Кадирли.

Посетила голем број лекари во Турција, но ниту еден не успеал да дијагностицира за каков вид болест се работи.

Семеjството нема автомобил и не може да се дозволат патувања за решавање на проблемот на својата ќерка.

Завршила специјално училиште, но не може да најде работа. - Секогаш се надевав дека ќе бидам позната во светот, а сега и сум, поради својата висина, вели Хатиџе.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 12:45
Највисок брачен пар на светот

 Уште кога за прв пат се сретнаа пред седум години, Вејн и Лори Халкист се сметаа за идеален пар поради нивната висина, а неодамна тие исто така, беа именувани за највисок брачен пар на светот.
Гинисовата книга на рекорди оддаде признание на висината на двојката Халкист на церемонија во музејот Холивуд. Двојката пристигна во бела лимузина, Вејн беше облечен во смокинг, а Лори во бел невестински фустан.
Халкист кои живеат во Стиктон, Калифорнија, заедно се високи точно 407,4 сантиметри. Тој има 208,92 сантиметри, а таа 198,48 сантиметр, соопшти организацијата Гинис.
"Сè е многу поразлично од овде горе и можеме многу лесно да се најдеме во гужва", изјави Лори. "Можеме да видиме дека некои почнуваат да ќелавеат, а и самите не го знаат тоа", се пошегува Вејн (57) кој работи во компанија за телефони како поврзувач на кабли.
Халкист изјавија дека кога се сретнале на црковниот клуб за самци во 2003 година, приметиле дека луѓето околу нив веднаш знаеле дека меѓу нив може да се роди љубов, поради висината.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:32
Умре најдебелата мачка на светот

 Принс Чанк, една од најпознатите мачки на светот тешка 20 килограми, умре во спиење само неколку дена откако $ била дијагностицирана болест на срцето. Најверојатно дебелата мачка стана меѓународна сензација кога е пронајдена пред две години додека талкала по улиците на гратчето Ворхес. Поранешните сопственици ја напуштиле откако банката им ја одземала куќата, а приказната за нивната мачка го заобиколи светот.
Принс Чанк стана заштитно лице на кампањата за вдомување напуштени животни, а гостуваше и во голем број емисии, како "Тудеј шоу", Гуд морнинг Америка" и други. Славниот мачор најде нов сопственик, кој сега многу тагува по него.
"Сите сме многу вознемирени. Изгубивме член на семејството", изјави Винс Дамиани, сопственикот на мачорот Принс Чанк. Тој пред две недели го однесе на ветеринар кога забележал дека мачката тешко дише. Докторот му кажал дека неговиот 10-годишен миленик може да проживее уште само неколку дена поради компликации со срцето. За жал тие прогнози се оствариле. По Принс Чанк најмногу тагува вториот миленик на семејството Дамиани, мачката Тито.
 


Изменето од емил - 30.Ноември.2010 во 16:32
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:10
Најстариот човек почина на 114 години

ВАШИНГТОН (ДПА) - Најстариот човек на светот почина на возраст од 114 години и 195 дена, објавија локалните медиуми. Американката Јунис Санборн беше официјално најстарата жена на светот од ноември, 2010 кога почина француската калуѓерка Ежени Бланшар на 114 години.
Сосед на Санборн од нејзиниот роден Тексас му јавил на весникот "Џексонвил дејли прогрес" дека таа починала.
Санборн е родена во Луизијана на 20 јули, 1896 година. Според светската листа на луѓе постари од 110 години што ја води Групата за геронтолошки испитувања, нејзината сонародничка Бес Купер, која е родена еден месец по Санборн, сега ќе стане најстариот жив човек на светот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 04:09
Девојче има 26 прсти

Едногодишно девојче од Кина наскоро ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице со најмногу прсти. Малата Леи Јади Мин има 14 прсти на нозете и 12 на рацете.

Кинескињата која вкупно има 26 прсти чека официјална потврда од Гинис, па нејзиното име може да биде запишано во Книгата на рекорди во изданието за 2012 година.

Досега во Книгата на рекорди , како лица со најмногу прсти се впишани две 15-годишни Индијки, кои имаат по 25 прсти.

Лицата кои се раѓаат со вишок на прсти страдаат од полидактија. Оваа конгенитална аномалија се јавува кај едно од 500 новороденчиња. Дополнителните прсти најчесто не се функционални.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 23:56
Мажот со 39 сопруги и 94 деца...
 
Луѓето денес одвај успеваат да прехранат две деца, но Индиецот Зиона Чан храни, верувале или не, мака мачи да...

... нарани 94 деца! Чан е глава на најголемото семејство на светот! Има 39 сопруги, 94 деца и 33 внуци. Сите тие живеат во зграда на четири ката во селтото Бактјанг во индиската сојузна држава Мизорам.

Семејстовото Идијци би можело самото да насели едно село. Толку се многу, што и четирикатната зграда со повеќе од 100 соби е премала.

Но, тие сепак се среќни. Се имаат едни со други, добро се сложуваат и си помагаат меѓусебно.

"Се чувствувам благословено. Бог ми даде огромно семејство за кое се грижам.

Сметам дека сум многу среќен поради тоа што имам 39 жени и што сум глава на најголемото семејство на светот", вели Чан, кој воедно е и водач на една индијска секта која им дозволува на мажите да се оженат со колку жени.

Индиецот во една година се оженил дури десет пати. На секоја сопруга и посветува внимание.

Во неговиот кревет доаѓа секоја, по принцип на ротација.

"Тој е најважната личност во нашата куќа, а воедно тој е и најзгодниот човек во нашето село", вели 35 годишната сопруга на Чан, Ринкмини за британскиот "The Sun".

Во огромното семејство владее речиси војничка дисциплина. Најстарата сопруга е задолжена за организација. Таа ги распоредува и доделува домашните обврски, така што секоја жена знае која е нејзината задача.

Секако, за големото семејство е потребно и многу храна, па за една вечера е потребно да се приготват 30 кокошки, да се излупат и до 60 килограми компири, односно, понекогаш се приготвуваат и до 100 килограми ориз.

Во семејството сите се согласуваат и, како што истакнуваат, нивниот однос е заснован на љубов и почитување.

Наводно, Индиецот се оженил и со неколку сиромашни жени од селото за да се грижи за нив.

Но, нема да застане на само 39 сопруги.

Чан има намера уште да го проширува своето семејство, но и својата секта која денес има 400 членови.

Како што истакнува тој, има намера да оди и во САД, каде ќе ги проповеда своите уверувања и ќе побара уште некоја сопруга. 

The%20full%20monty:%20The%20Ziona%20family%20in%20its%20entirety%20with%20all%20181%20members


Изменето од емил - 20.Февруари.2011 во 23:58
Кон врв
N.Nikolina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај N.Nikolina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 01:05
Колку ли години има човечевозбунетост
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 08:25

Кој зборувал најмногу јазици

 

Секој може и знае да зборува и пишува на својот мајчин јазик. Многу од луѓето знаат да зборуваат, понекогаш и пишуваат, на повеќе од десет јазици, но малкумина тоа го знаат и на повеќе од 20 јазици. 

Можеби еден од најголемите полиглоти на сите времиња бил Џузепе Каспар (Joseph Caspar), роден во Италија во 19тиот век. Каспар бил дрводелец на почеток, а пота станал свештеник, па кардинал, по што го земал името Кардинал Мезофанти (Mezzofanti).

Никој не е сигурен колку точно јазици зборувал Кадинал Мезофанти, но сигурно било повеќе од 30. Некој велат дека знаел да зборува одлично и на 53, а разбирал што му се зборувана повеќе од 100 јазици! Најголема тешкотија имал со Кинескиот јазик - му биле потребни 4 месеци за да го научи!

Иако Мезофанти можел да зборува на јазикот на многу нации, во својот живот никогаш не излегол надвор од Италија! 

 


Изменето од емил - 22.Февруари.2011 во 08:25
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 08:32

Кое е најголемето цвеќе на светот

 

Во дождливите шуми на Суматра, Индонезиски остров, расте многу чудно растение, наречено, рафлесија (rafflesiа).

Растението нема ниту дршка ниту листови, и се состои само од еден цвет. Тоа цвеќе е најголемото на светот, и често е околу 1м во дијаметар. Целосно израснат цвет може да тежи и до 7кг, и да содржи околу 5,5л нектар!

Ова цвеќе е чудно и по други нешта - семето често го шират и слоновите! Рате на отворени простори или блиску до други растенија, шмукајќи ја нивната храна. Откако ќе умре, гние во леплива материја во која има семе.

Слоновите можат да стапнат на тоа место, и се лепат за нозете. Слоновите потоа се чистат триејќи ги нозете од други растенија, со што се шири семето од цвеќето

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 11:36
Највлакнесто девојче во светот

Тајланѓанката Сапутра Сасуфан од Бангкок го доби прекарот „Девојче волк“ и „Мајмунско лице“.

Единаесетгодишната Сасуфан сега доби признание и од Гинисовата книга на рекорди за највлакнесто девојче во светот. Иако сите досега се задевале поради тоа, сега после добивањето на титулата станала особено популарна.

- Горда сум што сум во книгата. Луѓето мораат да прават сешто за да влезат, а јас само одговорив на неколку прашања, вели девојчето.

Супатра е една од 50-те евидентирани луѓе од Средниот век до сега кои го имаат синдромот Амбрас, кој е последица на еден мутиран хромозом. Пред да ја разберат болеста, пациентите се нарекувале „врколаци“. Супатра има густа коса по лицето, ушите, рацете, нозете и грбот. Нејзе не и помогнале ниту ласерските третмани.

- Не ја чувствувам косата по лицето затоа што отсекогаш е тука. Тешко ми е само кога е долга, вели девојчето кое се надева дека еден ден ќе се најде лек за нејзината состојба.

Иако Сапутра е позитивна, нејзината иднина не секогаш изгледала светло. После раѓањето два пати ја оперирале само за да може да дише, бидејќи нејзините носници имале отвори од милиметар. Била во болница 10 месеци.

- Откако ја донесовме дома, соседите ме прашаа каков грев сум направил што Господ вака ме казнил, вели нејзиниот татко, 38-годишниот Саммруенг.

Сепак, сега сите ја сакаат малата Сапутра, пред се затоа што има топло срце и добра душа.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 00:37
Запознајте го најнискиот човек на сите времиња

Јунреј Балавинг наскоро ќе се закити со титулата најмалиот човек на светот. Тинејџерот од Филипините е висок само 56 сантиметри, а во Гинисовата книга на рекорди ќе може да се впише откако во јуни годинава ќе наполни 18 години.

Балавинг е за 11 сантиметри понизок од во моментов најмалиот човек во светот, Кагендре Тапе Магара. Исто така е за еден сантиметар понизок од најнискиот човек на светот на сите времиња, Индиецот Гулу Мохамед, тешкиот пушач кој почина во 1997 година, на 40-годишна возраст.

Кога ќе наполни 18 години Филипинецот и официјално ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди и така ќе стане најнискиот човек на сите времиња.

- Ако бидам најнискиот човек на светот, тоа ќе биде навистина супер, вели Балавинг.

Поради нискиот раст Филипинецот има бројни проблеми. Не може долго да стои и потполно е зависен од својата мајка Консепшн. Може да оди само со туѓа помош, а кога предолго стои добива силни болки.

- Сепак, му се допаѓа кога ќе му кажам дека ќе биде најмалиот човек во светот. Гордо се смее, вели 35-годишната Концепшн.

Таа вели дека би сакала да најде работа и да може да работи, но не смее да го остави Јунреј сам дома. Неговите браќа одат на училиште, но тој останува со својата мајка. Секој момент му е потребна помош.

- Првпат забележав дека нешто не е в ред кога имаше две години. Лекарите не знаеја како да ми помогнат. Секогаш беше болникав, а потоа забележавме дека не расте. Единствен совет од докторите беше да зема што е можно повеќе витамини, но ние тоа не можевме да си го дозволиме, вели мајката.

Сепак е горда што сите ќе чујат за нејзиниот син кој наскоро ќе биде прогласен за најнискиот човек на сите времиња.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:59

БРИТАНЕЦОТ БРАЈАН БЕК ПОМИНАЛ 694 ДЕНА НА СТАДИОНИ

Гледал 10.000 натпревари во живо

Премиерлига или дивизија од понизок ранг, важно да е фудбал. Педесет и деветгодишниот Британец Брајан Бак поминал 694 дена на стадионите низ Велика Британија и за тој период изгледал дури 10.000 фудбалски натпревари во живо.
Тој за првпат бил одведен на стадион во 1956 година, кога имал само четири години. Тоа бил натпревар помеѓу Кембриџ јунајтед и резервите на Колчестер јунајтед, одигран на стадионот "Абеј" во Кембриџ, и половина век подоцна, од истите трибини го проследил својот јубилеен 10.000. меч, на кој се сретнаа екипите на ЦРЦ и Брентам атлетик.
- Ќе гледам натпревари додека не умрам. Редовно ја гледам Премиерлигата, но уживам и доколку на стадионот има само тројца гледачи и куче. Се надевам дека ќе стигнам до бројката од 20.000 натпревари, но знам дека тоа ќе биде тешка задача. Ќе бидам задоволен и со 15.000 мечеви - посакува Бак.
Иако не му е важно кој е на теренот, Бак, сепак, има свој омилен клуб. Тој е голем навивач на Тотенхем и од 1968 година има пропуштено само еден натпревар на "мамузите" на домашен терен.
Тој го истакнува Французинот Давид Жинола како еден од најдобрите играчи кои ги гледал во живо, а од 3.000 британски стадиони на коишто бил, најголем впечаток му оставиле "Истлендс" на Манчестер сити, "Милениум" во Кардиф и новиот "Вембли".
- Најдобриот натпревар што го имам гледано е дуелот помеѓу Фулам и Сантос од 12 март 1973 година. Никогаш немам видено ништо подобро од она што тој ден го прикажаа Бразилците. Никој не беше подобар од Пеле, едноставно, ме воодушеви - призна Бак, додавајќи дека неговата сопруга не е толкав фан на фудбалот, но ги толерира сите негови отсуства од дома.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,282 секунди.