IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 19:30
За каква ли кариера се  надева дека ќе му помогне долгиот јазик?збунетост
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 19:35
Порно кариера.

Изменето од емил - 30.Јули.2010 во 19:35
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 19:52
Originally posted by емил емил напиша:

Порно кариера.


Аха...така и си мислев
Доходовна кариера.....смеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2010 во 02:57
Нешто наше


Македонскиот грав постави Гинисов рекорд



Штипското село Сарчиево влезе во Гинисовата книга на рекорди откако вчера беше урнат светскиот рекорд за најголем котел со зготвен грав.

Официјална потврда дека досегашниот рекорд е урнат даде Тарика Вара, судијка од Гинисовата книга од Велика Британија. Таа соопшти дека во големиот четиритонски казан во Сарчиево вчера биле зготвени 2.150 литри грав, а досегашниот рекорд го држеле Американци со 1.300 литри сварен грав. Вареното гравче со сланина потоа им беше разделено на неколкуте илјади гости, а организаторот за нив обезбеди бесплатно и еден камион со леб.

Полнењето на големиот котел почна во 6 часот наутро. Готвачите, предводени од Љупчо Гиевски, шеф на кујна на скопскиот хотел „Александар палас“, во котелот ги ставија предвидените состојки: 400 килограми грав, 10 килограми сланина, 40 килограми кромид, 70 литри зејтин, 2.600 литри вода. Околу големиот котел беше поставена импровизирана конструкција на која стоеја готвачите.

Од 8.30 часот почна и осветувањето на првата летна црква во Македонија, „Света Петка“, во манастирскиот комплекс во Сарчиево, кое го изврши поглаварот на МПЦ - ОА архиепископот Стефан.

- Ова е ден за паметење. Селата во овој крај во последните децении се испустени. Потегот на ктиторот Стојан Давчев покажува дека луѓето не забораваат на родното место, на татковото огниште. Верувам дека овој пример ќе се следи и во други села - рече г. г. Стефан.

На уривањето на Гинисовиот рекорд и на осветувањето на црквата присуствуваа околу 10.000 граѓани од сите страни на Македонија. На многубројните тезги можеше да се најде се' и сешто, а најпосетена беше таа на која се продаваа „со лиценца“ дрвени Гинисови чинии за 100 денари и дрвени Гинисови лажици за 50 денари.

- Со Гинисовиот рекорд сакав да се слушне за македонското гравче, кое е најквалитетно на светот. Со црквата, пак, да почне процес на враќање на иселените сарчиевци. Во селото останаа само 20-ина. Ме радува што некои доаѓаат од градовите да си ги обработуваат нивите. Но за трајно враќање треба да се направи и патот - вели иселениот сарчиевец Стојан Давчев, организатор на уривањето на рекордот и ктитор на црквата. (Љ.Ш.)
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 00:05
Во Баку се вее највисокото знаме на светот


Во главниот град на Азербејџан, Баку, прексиноќа е отворен Плоштад на државното знаме со највисок јарбол во светот. Медиумите ја објавија изјавата на азербејџанската влада дека јарболот и знамето влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Знамето што се вее на височина од 162 метри се гледа од секоја точка на Баку. Тоа е широко 35, долго 70 метри и тешко околу 350 килограми. Вкупната тежина на целата конструкција е 220 тона.
На свеченоста на отворањето на Плоштадот, на површина од 60 хектари во јужниот дел од градот на брегот на Каспиското Море, присуствуваше и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој беше иницијатор за неговата изградба. По негово барање на Плоштадот ќе биде изграден и Музеј на државното знаме.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 18:58

Најмалиот човек во светот има само 70 сантиметри


Со висина од само 70 сантиметри Едвард Нињо Хернандез е најнискиот човек во светот.


Овој 24-годишник на прв поглед изгледа како и секој Колумбиец, сака да танцува, сонува да поседува автомобил, по можност „Мерцедес“ и сака да го пропатува светот. Од познатите личности најмногу сака да ги запознае Џеки Чен, Силвестер Сталоне и поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе.

Се на се, ништо необично за еден млад Латиноамериканец, освен тоа што е понизок од куфер и тежи само 10 килограми.

Нињо, што значи малечко на шпански, доби и официјална потврда од претсавник на Гинисовата книга на рекорди дека со висина од 70 сантиметри е најнискиот човек на светот.


- Престана да расте кога имаше две години, изјави неговата мајка Ноеми Хернандез, која има уште четири деца.

Претходниот рекорд го држеше кинезот Хе Пингпинг кој беше само четири сантимери повисок од Нињо и кој почина на 13 март.

Претставниците на Гинисовата книга на рекорди, кои го открија Нињо неодамна, изјавија дека неговото владеење ќе биде многу кратко бидејќи се очекува, доколку во меѓувреме не порасне, Непалецот Кагендра Тапа Магар да ја преземе титулата на 14 октомври, кога ќе наполни 18 години. Младиот Непалец е висок само 56 сантиметри и моментно е најнискиот тинејџер во светот.


Лекарите никогаш не успеале да утврдат зошто Нињо останал така мал.

- Никогаш не донесоа дијагноза, изјави неговата мајка, нагласувајќи дека на раѓањето нејзиниот син тежел 1,5 килограми и бил долг 38 сантиметри.

- Среќен сум, бидејќи сум единствен, изјави Нињо.

Освен катарактата на двете очи кои му го отежнуваат видот, а за чија операција неговото семејство нема пари, Нињо нема никакви здравствени проблеми. Бистар е и ведар, сака да игра домино и шах, да се дружи со луѓе и да патува, иако досега не ја напуштил својата земја. Заработува така што игра по трговските центри, а неодамна глумел наркодилер во еден филм.

Нињо има и девојка по име Фани која има 18 години и е двојно повисока од него, односно 1,5 метри. Нињо ужива во својата слава, но му пречи тоа што луѓето го допираат и поткреваат.




Извор: идивиди

Изменето од ФорумскаБаба - 06.Септември.2010 во 19:00
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 19:01
а бе ајде ..... опет јапонците се зајебавале голема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 06:57
Најстариот маж на светот го прослави 114-от роденден

Најстариот маж на светот, Американецот Волтер Бренинг, го прослави вчера својот 114-ти роденден.

Роден на 21 септември 1896 година во Минесота, се пресели по завршувањето на Првата светска војна во Монтана каде цели десет години работеше на железницата.

Тој и неговата сопруга Агнес, која почина во 1957 година, немаа деца.

Титулата најстар маж на светот ја доби во јули 2009 година по смртта на Британецот Хенри Алингем во 113-та година чиј рецепт за долговечност бил „пушење, виски, жени и добра смисла за хумор“.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 10:43
Најчудните Гинисови рекорди - Од најдолг јазик до најмногу сламки во устата!

„Дејли меил“ пишува за некои од најинтересните рекорди запишани во Гинисовата книга на рекорди.

Меѓу нив е и најниската крава висока само 86 сантиметри, кучето со најдолг јазик но и човекот кој во устата може да стави 400 сламки и да ги задржи така 10 секунди.

- Многу е тешко да се влезе во книгата на Гинисовите рекорди. Скоро 80% од пријавените се одбиваат, изјави портпаролката на Гинисовата книга на рекорди Амарилис Еспиноза.

Еве дел од рекордите:

Најдолг кучешки јазик

Деветогодишниот пекинезер Puggy има јазик долг 11,3 сантиметри.

Куче кое најбрзо пука балони

На кученцето со име Анастасија му требаат само 44,49 секунди за да пукне 100 балони.

Најдолгата змија

Питонот од зоолошката градина во Охајо во САД е најдолгата жива змија на светот. Долга е 13,7 метри.

Најголемиот англиски појадок на светот

Mario`s Cafe во Болтон за појадок нуди десет јајца, виршли и сланина, пет црни англиски пудинзи, печурки и грав. Се ќе добиете бесплатно ако го изедете за 20 минути.

Најмногу сламки во уста

Симон Елмор од Баварија во Германија успеал во устата да стави 400 сламки во устата и ги задржал десет секунди.

Најниската крава на светот

Swallow е висока само 86 сантиметри и живее на фармата Пик Енд во северен Јоркшир во Англија.

Најголема колекција штрумфови

Стивен Паркс има 1.061 фигура од популарните штрумфови. Во колекцијата има и од ретките Божиќни штрумфови и историски личности.

Izvor: Idividi
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 06:09

Најстарата Македонка има 109 години

Родила осум деца, а денес има 140 внуци, правнуци и праправнуци. Ги пре­жи­ве­а­ла сите војни, од таа против турското ропство и Отоманската Империја, преку Бал­кан­ски­те војни и Првата и Втората светска војна, до воениот конфликт во Македонија и нас­та­ни­те во Арачиново во 2001 година

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 06:15

Либанско знаме од 65.000 квадрати

Мароко е моменталниот носител на Гинисовиот светски рекорд за најголемо знаме со големина од 60.000 квадратни метри, а Либан ѓе го урива со плус 5.000 квадрати

БЕЈРУТ - Либан до сега е носител на неколку рекорди на полето на кулинарството, а сега претендира и за титулата најголемо државно знаме во светот, толку големо што е потребен аеродром за да се постели.
Либанската војска завчера објави фотографија сликана од воздух на огромното знаме кое се шиеше во Кувајт, а беше составено во Либан и кога ќе се одмота зафаќа 65.000 квадратни метри.
Мароко е моменталниот носител на Гинисовиот светски рекорд за најголемо знаме со големина од 60.000 квадратни метри, соопшти портпаролот на либанската војска.
Номинираното знаме на Либан беше распослано во авијациската база во Рајак во источниот дел од земјата во присуство на претставници на Гинисовата книга на рекорди.
Само централниот дел на знамето со амблемот со зелен кедар покрива површина од 10.452 квадратни метри.
Малиот Либан има и бурна историја и важи за земја која редовно турка рекорди во некое поле.
Моментално земјата е светски рекордер за најголема "табуле" салата, тешка над три и пол тони, и ја направи најголемата порција хумус тешка два тона.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 10:27
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 08:15
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2010 во 19:32
Најстариот човек на светот почина на 114 години

Француската калуѓерка Ежени Бланшар која го држеше Гинисов рекорд за најстар човек на светот почина на Карипскиот остров Сен Бартелеми на 114-годишна возраст. Сега најстар жив човек на светот е 114-годишната Јунис Санборн од САД

ПАРИЗ (Ројтерс) - Француската калуѓерка која го држеше светскиот Гинисов рекорд за најстар човек на светот почина на Карипскиот остров Сен Бартелеми на 114-годишна возраст, соопшти француската влада. Ежени Бланшар, родена на 16 февруари 1896 година почина завчераутро во болница на малиот остров кој е привлечен за богатите славни личности поради беспрекорно чистите плажи. Бланшар со години живееше на островот к*расао на блискиот архипелаг Холандски Антили, меѓутоа последните 30 години од животот ги помина во болницата во Сен Бартелеми.
Според Групата за геронтолошки истражувања со седиште во САД која води регистер на најстарите луѓе на светот, Бланшар беше прогласена за најстар жив човек на 2 мај кога почина Јапонката Кама Чинен на 114-годишна возраст, само неколку дена пред да наполни 115 години.
Смртта на Бланшар значи дека сега најстар жив човек на светот е Јунис Санборн од САД, родена на 20 јули, 1896 година во Луизијана, според податоците од регистерот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.