IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Спортска наука.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Спортска наука.

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Спортска наука.
    Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:30
Долго време ја имам оваа идеја, но се двоумев, па најпосле решив да ја отворам темата. Овде можете да ги постирате врските помеѓу спортот, а и да се посоветуваме нешто спортско научно, пример, како најлесно до кондиција?, Што кога ни падне концетрацијата и слично.
Поздрав.среќа
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:34
Еве една од најубавите реализации на мау таи техниката која најчесто се користи во UFC.

http://www.youtube.com/watch?v=IcPIJFYmEW4

http://www.youtube.com/watch?v=xnFnJmk4KKw&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=gIh1I8GGPqI&feature=related
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:38
Што кога ќе ни падне концетрацијата во борбена вештина, а пред нас е суров противник?

Иако не верувам дека ќе ви падне фокусот, ако пред вас е некој како менеплазење, арно ама најдобро ви е да се оддалечите околу пет метри од противникот, да ги затворите вашите очи, погледот да ви биде насочен нагоре, а капаците затворени, гардот горе и не мислите на ништо, туку земете здив со устата преку стомакот, т.е да ви се надуе стомакот, а потоа испуштете преку носот. Напад, па пак уште еднаш два пати, внимавајте ова да го практикувате при средината на борбата, бидејќи на почетокот фокусот е доста добар, а при крајот да не загубите многу од малкуто скапоцено време.среќа
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:41
Како најлесно до брз, а силен удар, без мускулна маса на рацете и нозете?

Се што треба да направите е да ставете тегови за зглобови на вашите раце и нозе, преку ден да бидете нон стоп со нив и да се движите по вашата соба. Попрепорачливо е да ја тренирате вештината со нив, потоа вашето тело ќе мисли дека се уште ги носите и ќе даде таков отпор на борбата како да ги собори нив, а ќе биде ослободено од нив што значи дека таму ќе има брз и доста опасен удар. Колку и да сте слаби или дебели, гледајте да имате јаки зглобови и коски, а мускулите ќе ви требаат само за тренинг.намигнување
Исто обратете внимание на респираторниот и кардиоваскуларниот систем, на начинот на вашето дишење при удар и извикување со устата.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:43
Ви препорачувам добро да го погледнете видеото и да воочите од каде потекнува силата на ударот и кој се можните последици.

http://www.youtube.com/watch?v=Ej26dIsvYMc
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:47
45 степеното движење при ударот во карате - гедан маваши, овозможува кршење на коската tibia. Истото може да ви користи и во кик боксот, само што таму ударот е познат како low kick.
Согледајте и самите.

http://www.youtube.com/watch?v=_ctRyu9V7N0&feature=PlayList&p=E8D2115DA8B920FF&playnext=1&playnext_from=PL&index=5

Напомена.
Морате ова да го извршите од внатрешната страна на ногата, ако го направите истото од надвор може при блок на противникот вашата нога да се скрши.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:57
Дали е точен митот дека сексот е лош за пред натпреварувачки настап?

Не, а докажано е во лабораторија и тоа од професионален боксер, кој имал секс со својата жена, а потоа во истата лабораторија ги изведе истите удари и истите вежби пред тој ден. Докажа дека сексот пред настап е добар и дека човекот по опуштен.среќа
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 22:59
idi begaj DDdarko me nasmea .......srce si големо%20гушкање
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 23:00
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

idi begaj DDdarko me nasmea .......srce si големо%20гушкање


Истото го вели и мојот тренер. Ако овој црнецот лаже, тренерот сигурно не ме лаже, а и често препорачува и мастурбација пред натпревар, ама пред тренинг не.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 23:03
Како најдобро до поголем капацитет на белите дробови и ослободување на дишните патишта? ( Респираторна кондиција )...

Избегнувајте ги околу вас пушачите, а и самите цигари, потоа тешките чадови од автомобили и преголема водена пареа при туширање или при варење на чај. Темпо трчање и дишење при нос, подигајќи ги градите повеќе отколку стомакот. Најдобар начин е наутро одма после станување, а уште подобар начин по скали и нагоре надолу.среќа
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 23:04

Петгодишно девојче со црн појас во карате

Индијката Варша Винод е најмладата личност на светот која поседува црн појас. Таа вежба карате од својата втора година.
"Нејзината концентрација и вештина е неверојатна, чудно е како толку мало девојче го може тоа", изјавил нејзиниот тренер.
Петгодишната Индијка тренира по 2 часа дневно, а нејзиниот напор се исплатил во мај годинава кога го добила и црниот појас. "Сигурна сум дека можам повеќе и сакам да продолжам со тренинзите", изјавило девојчето. Варша сигурно ќе се најде во книгата на Гинисови рекорди како најмлада личност која освоила црн појас во карате.
 


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 23:21
АБДОМИНАЛНО ДИШЕЊЕ

Идејата за природен и здрав начин на живеење во последно време добива се повеќе поборници во светот и кај нас. Луѓето стануваат се посвесни за важноста на природната и здравата храна, за еколошки чистата средина, за неопходноста од рекреацијата.

Во овој контекст на здрав и што поприроден начин на живеење, правилното дишење има незаменлива вредност. Како што човекот се грижи за видот, за квалитетот и начинот на исхраната,  треба да се грижи и за правилна физичка рекреација, за квалитетот на воздухот што го дише и за самиот начин на дишење, за мислите и чувствата што ги негува и за се друго што опфаќа поимот  здрав и продуктивен живот. Со таков свесен и интегрален приод кон себе и кон се што прави, човекот може да внесе нов квалитет и смисла во своето живеење.

Како денес дише човекот? Со исклучок на јогините, спортистите, професионалните музичари, физичките работници и некои слични професии, поголем дел од луѓето дишат плитко, испрекинато, несвесно и не го користат целиот капацитет. Неправилното и површно дишење не може да придонесе во настојувањето за здраво живеење и, што е поверојатно, може да го наруши здравјето. Дишењето е витален процес кој влијае врз правилното извршување на телесните и менталните функции.
Стручњаците за спорт и физичка култура, а исто така и медицинските лица, во своите истражувања ја потврдија важноста на физичката рекреација. Но, како што на организмот му е потребна мускулна рекреација, исто така му е неопходна  и респираторна гимнастика.

Древните риши и јогини многу одамна ја увиделе важноста на дишењето за животот и спиритуалниот развој на човекот. Тие низ својата практика ја развиле пранајамата (прнаѕама) како наука, уметност и практична методологија за запознавање, контрола и унапредување на дишењето и праната во човекот.

КОЕ Е ПРАВИЛНОТО ДИШЕЊЕ ?

Белите дробови се главен орган на респираторниот систем  каде што се врши размената на гасовите. Ширењето на белите дробови при вдишување и нивното празнење при издишување се одвива со помош на т.н. респираторна мускулатура, која ја сочинуваат, пред се, дијафрагмата и меѓуребрените мускули . Степенот на искористеноста на белите дробови зависи од способноста за активирање на овие мускули.
Дишењето е поделено на неколку сегменти:
- долно, наречено уште абдоминално или дијафрагматско дишење: активирани се дијафрагмата и абдоминалната мускулатура;
- средно или торакално дишење: активирани се меѓуребрените мускули од градниот кош;
- горно или стерноклавикуларно дишење: активирани се мускулите околу клавикулите (клучните коски).
Кога последователно се комбинираат овие три сегментарни дишење, тогаш станува збор за комплетно јога дишење.
Од трите сегментарни начини на дишење, најквалитетно и најдлабоко е абдоминалното, при кое под дејство на дијафрагмата и абдоминалната мускулатура  долниот дел од белите дробови се активира повеќе во однос на другите делови. Овој начин на дишење и свесната контрола на дијафрагмата и абдоменот претставуваат основен услов за успех во пранајамата. Затоа уште од самиот почеток практикантот треба да им посвети внимание и редовно да ги вежба.

СВЕСНОСТ И КОНТРОЛА НА АБДОМЕНОТ И ДИЈАФРАГМАТА

Главната улога во абдоминалното дишење ја имаат дијафрагмата и абдоминалните мускули. Во оваа техника тие се активни и треба свесно да се контролираат, за разлика од градниот кош и меѓуребрените мускули кои што се пасивни. Контролата на активните и пасивните зони не подразбира нивно грчење. Од абдоменот е активен  делот од папокот до најдолните ребра (натпапочната зона), а делот под папокот (потпапочната зона) е опуштен. На почетокот од практиката можеби потешко се прави разлика во движењето на натпапочната и потпапочната зона, што го отежнува нивното свесно и контролирано опуштање. Затоа во оваа фаза ги користиме дланките кои преку сетилото за допир ќе ни помогнат да следиме што се случува во овие зони. Едната дланка се става на натпапочната, а другата на потпапочната зона .
Дланките благо ги допираат овие зони и со нив не треба да се притиска врз абдоменот. При дишењето е активна  натпапочната зона и со дланката го чувствуваме нејзиното движење. Потпапочната зона е пасивна и се чувствуваат благи истегнувања кои го следат движењето на натпапочните мускули. Со редовно вежбање се развива свесност за овие зони и тогаш не ги користиме дланките.

ПОЛОЖБА НА ИЗВЕДУВАЊЕ

Како и другите пранајама техники, и оваа се изведува во една седечка положба којашто треба да го задоволи условот на удобност, исправен 'рбет и опуштеност на абдоминалните мускули. Но, доколку овие услови не се задоволени, што обично е карактеристично за почетниците, тогаш може да се изведува седејќи на стол, но исто така со исправен 'рбет, или во лежечка позиција на грб. Во лежечка положба телото спонтано се опушта, може да се остане подолго време и релаксираните абдоминални мускули го олеснуваат дишењето. Тоа е добро за почеток, но со текот на времето треба да се вложи напор и да се совладаат седечките положби, бидејќи во нив и традиционално се изведува пранајама.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕХНИКАТА ОД ЛЕЖЕЧКА ПОЛОЖБА

Се легнува во положба на релаксација на грб  и се опушта целото тело, а посебно стомачните мускули. Освен телото, оставаме да се смират и мислите. Физичката и психоменталната релаксација овозможува поголема интериоризација  и подобрување на концентрацијата.
Потоа вниманието се насочува кон природното дишење и две-три минути се следи континуираното влегување и излегување на воздухот.
Па, едната рака се поставува над натпапочната, а другата над потпапочната зона и вниманието се насочува на стомакот.
 
Почнуваме со абдоминално дишење:
Издишување: натпапочната зона се вовлекува внатре, дијафрагмата се потиснува нагоре, така што ги притиска белите дробови и воздухот се истиснува кон надвор. Се издишува целиот воздух.
Вдишување: натпапочната зона се движи нагоре, а дијафрагмата се повлекува надолу кон абдоминалната празнина. Тоа предизвикува ширење на белите дробови кои се исполнуваат со нов, свеж воздух.
Потоа континуирано се повторува постапката. При овој начин на дишење градниот кош останува пасивен.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕХНИКАТА ОД СЕДЕЧКА ПОЛОЖБА

Се седнува во една седечка положба со исправен 'рбет.
Подготовката е иста како и во претходниот случај: Се опушта телото и вниманието се насочува и задржува на стомакот. Едната дланка се поставува на натпапочната, а другата на потпапочната зона.
Постапката за абдоминалното дишење е иста:
Издишување: натпапочната зона се вовлекува навнатре, со што дијафрагмата се потиснува нагоре. Таа ги притиска  белите дробови и се стимулира издишувањето.
Вдишување: започнува веднаш по издишувањето - абдоменот се шири кон надвор, а дијафрагмата надолу. Со тоа се шират и белите дробови и се исполнуваат со воздух .

ЗАБЕЛЕШКИ:

- Се дише низ нос.
- Дишењето треба да биде бавно, континуирано и да не се создава шум при поминувањето на воздухот низ ноздрите.
- Дишењето треба да биде со максимална амплитуда, но не треба да се форсира бидејќи доаѓа до замор и напнатост.
- Постепено се зголемува времетраењето на вдишувањето и издишувањето, што се постигнува со подолга и редовна практика.
- Дланките се користат само на почетокот, додека да се развие свесноста и контролата на активните и пасивните зони,  чие движење потоа се следи ментално.
- Без да се совлада абдоминалното дишење и да се стекне контрола на овие зони, не може да се работи ниту една техника од пранајама.

КОНЦЕНТРАЦИЈА

Вниманието се задржува на активноста на натпапочната абдоминална зона и дијафрагмата. Свесно се следи секое вдишување и издишување.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Во склопот на редовната јога програма абдоминалното дишење се изведува до пет минути.
Може и самостојно да се вежба со цел да се усоврши, или заради одредена потреба (смирување, одморање и сл.). Доволни се пет минути, но важно е да се практикува редовно.

ЕФЕКТИ

- Белите дробови добро се проветруваат, посебно најдолниот дел. Стануваат појаки и поеластични.
- Се зголемува дишниот капацитет.
- Бавното и длабоко дишење ја подобрува размената на гасовите - има повеќе време кислородот подобро да се апсорбира  и да се ослободи јаглеродниот диоксид. Така се постигнува подобра исхранетост на клетките.
- Јакне имунолошкиот систем.
- Движењето на дијафрагмата врши нежна масажа на абдоминалните органи, срцето и белите дробови, со што се подобрува нивната функција.
- Дејстува смирувачки врз нервниот систем, а преку него и врз целиот организам. Посебно позитивно влијае врз нервниот сплет плексус соларис.
- Се стимулира енергетскиот центар манипура чакра.
- Се отстранува лесна ментална напнатост, нервоза, раздразливост и сл.
- Многу е ефикасно кога ни е потребен одмор и освежување по ментален замор по подолга интелектуална работа.
- Следењето на дишењето го смирува умот и затоа се препорачува како вовед во психоменталните техники и медитацијата.
- Секојдневното дишење станува побавно и подлабоко и воопшто се подобрува квалитетот на дишењето.
- Абдоминалното дишење се користи и во терапевтските програми за рехабилитација при кардиоваскуларни заболувања, астма, дијабетес, висок крвен притисок и разни психосоматски заболувања.

- Дишењето треба да биде бавно, континуирано и да не се создава шум при поминувањето
- Дишењето треба да биде со максимална амплитуда, но не треба да се форсира бидејќи доаѓа до замор.................ух

ме умори бе ДДарко .........плазење


Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 06:22
Те уморив?изненадување
Хммм, па сигурно не си дишела правилно.смеење
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 06:28
Мислам дека може да се постираат и историски моменти во спортот, пример некој древни кинески или јапонски вештини и нивни древни мајстори и слично... Затоа што: Историјата е мајка на науката.намигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.