IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Археолошки богатства на МКД
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Археолошки богатства на МКД

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Археолошки богатства на МКД
    Испратена: 03.Ноември.2009 во 17:42

НЕ НАЈДОВ СЛИЧНА ПОДТЕМА ЗА ПОСТИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПИНИ.......

РАЗНИ ПРЕДМЕТИ ОД МИНАТОТО.........

ВО МКД .......

ДАЈТЕ ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ СО ВАШИ КОМЕНТАРИ И СЛИКИ .....


Ќе почнам еве јас............ со градот Прилеп

Ново во Стибера..............мечтаење

Три мермерни глави, делови од поголеми скулптури, се пронајдени на крајот на археолошките истражувања на локалитетот Стибера, Прилепско. Археолозите претпоставуваат дека скулптурите се претстави на видни граѓани на античкиот град, кој активно живеел од преминот меѓу 4 и 3 век пр.н.е. па се до крајот на третиот век од наша ера.

Едната глава е на младо момче, втората на жена, а третата, која е изработена во натприродна големина, претставува возрасен маж. Овие артефакти говорат дека Стибера крие големо богатство и дека бил значаен културен центар во Македонија во периодот кога градот егзистирал, екипата на прилепскиот Завод и музеј, откри и нов објект од јавен карактер, во него се пронајдени два натписи од кои се заклучува дека во градот живееле луѓе кои имале големо значење за поширокиот регион.
Античка Стибера е еден од најзначајните антички македонски градови, откриен пред 80 години. Тој се наоѓа на 16 километри од Прилеп, во близина на селото Чепигово.
Градскиот хеленистички бедем, чии остатоци се откриени во северниот и западниот дел од ридот, ѕидан е од кршен локален камен. Храмот на Богинката Тихе, заштитничка на градот, е на западната страна на ридот, на една од терасите кои стрмно се спуштаат од исток кон запад. Солидно е изѕидан, со масивни ѕидови од кршен камен, тули и варов малтер. Има централна полукружна ниша во источниот и бочни ниши во јужниот и северниот ѕид, во кои се сместени дародавни натписи. Во храмот се најдени портретни бисти на Орест и Филоксен - татко и син, заслужни граѓани на Стибера и култна скулптура на Бахус како дете. Натписот на централната ниша говори за обнова на храмот од втори век. Гимназионот е значајна градба, од која досега се истражени околу 1000 квадратни метри.Наодите од Стибера, која годинава се истражуваше посеопфатно, го потврдија значењето на локалитетот - откриени се 28 споменици со натписи со имиња на ефеби, на богови, имиња на донатори и 27 статуи, од култна и портретна пластика. Откриени се статуи на боговите Асклепие, Хермес и Бахус, а портретните статуи се на жени од типот херкуланки, на мажи - космети, торза од ефеби, една императорска и една статуа на македонијарх - граѓанин на Стибера. Мермерната пластика припаѓа на раниот римски период, а од движниот археолошки материјал најчести се наодите од фрагменти од керамички садови од хеленистичкиот и раниот римски период, застапени преку релјефната керамика украсена со антропоморфни и флорални орнаменти.
Стибера започнала да се формира во четвртиот век пред нашата ера. Градот својот процут го доживеал во вториот век наша ера, кога е вршена најголемата обнова на неговите објекти.
Значаен за македонската археологија и култура, градот Стибера дал четири македонијарси, еден во крајот на втори век - Септимиј Местриј Ликон и три во почетокот на трети век - Септимиј Силван Кловдијан, Септимиј Силван Николаос и Септимиј Силван Келер. Животот во Стибера згаснал во втората половина на трети век, во времето на ограбувачките походи на Готите и Херулите, кои во два наврата пустошеле во овие краишта.
.............глупчо


Изменето од bijonse1 - 03.Ноември.2009 во 17:47
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 17:51

Стибера-Stibera


По течението на Црна (Еригон) во непосредна близина на прилепското село Чепигово се наоѓа античкиот град Стибера. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури зачувани во целост.
 Стибера - центар на македонските кралеви во борбите против Илирите. Како што пишува римскиот историограф Ливие, Стибера бил градот во од кој последниот македонски крал Персеј во 169 година п.н. е. тргнал во борба против Илирите. Кога точно е изградена Стибера се уште не е точно утврдено, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип Втори.
Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија а, истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се влева рекичката Блато во Црна Река (Еригон).

Неколкуте пишани антички извори соопштуваат за животот и убикацијата на Стибера. Во подоцнежните записи таа воопшто не се споменува, па оттаму се претпоставува дека исчезнала пред IV век, и тоа за време на владеењето на царот Галиен. Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, што главно му припаѓа на периодот на II и III век, кога Стибера го доживеала својот процут. Од него се издвојуваат керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Градот бил обиколен со обѕидие од кршен камен. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на една богата граѓанка и на нејзините блиски роднини. На тоа место постоел извор, кој повеќе имал култна и мистичка, одошто практична вредност. Таму било изградено, а подоцна и обновено, светилиштето што најверојатно и било посветено на истата божица, како и храмот.

На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен.

Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион Тој се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра.Во Хероонот биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужни граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот.Тука се пронајдени статуи на разни божества и еден жртвеник, во форма на низок кубус со квадратна вдлабнатина озгора на хоризонталната површина што служела за принесување на жртви.

Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на Хероонот.Оваа градба била свртена на север кон плоштадот.Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата екседра.Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Овде стоеле голем број статуи од кои се сочувани само три мермерни женски статуи.Комуникацијата помеѓу овие градби и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите.Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука биле одржувани трки, фрлање диск, стрели, копје, што на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера.

Овие архитектонски градби, вклучувајќи ја и декоративната архитектонска пластика, говорат за економското богатство и моќта на семејствата од I до III век и укажуваат на важноста и угледот што овој град го поседувал во тој период од неговата историја.
Варварските пустошења на периферните делови на Римското царство,кон крајот на III век,било причина голем број градови да бидат разрушени а меѓу нив и градот Стибера.....глупчо


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 17:55
ПРИКАЗНА ЗА СТИБЕРА

Во Македонија нема што нема.
Земја, сонце, води, дивеч, билки, се успева.
Високи планини, снежни врвови, ретки шуми како на Пелистер, Бистра, Кожув.
Планини со гранит, мермер, оникс, ураниум, неметали, цел Менделеев систем на едно место се збрал.
Плодовите, цветовите, виното, пастрмката, биволите и разни ендемити се живи сведоци на размената на сите богатства што Александар ги вршел со далечни земји.
Прекрасните пејсажи, луѓето и уметничките дела се автохтони, македонски.
Градовите симетрично распоредени и сегашните и древните, се споменици на уникатност на уметничка дарба и способност на генерациите.
Природата, животот, умот и човекот заедно ја претставуваат македонската одлика.

Во центарот на Пелагонија, што повеќе од три илјади години така се вика, се наоѓа селото Тополчани.
Опркужено е со неолитски наоди, тумби и царски градови.
Во подножјето го пара Црна Река (Еригон).
Над самото село на ридот е највиска кота на Пелагониска греда што ја дели Пелагонија на половина меѓу Прилеп и Битола или Керамиде и Хераклеја.
Од тука се гледаат сите градови и патишта.
Во близина е Стибера, Дерион, Алкомена, Пелагонија, Хискана и Хераклеја кои се поврзувале со царскиот пат меѓусебе.
Тој пат уште е во функција едни велат римски е, други турски бил, само затоа што Македонците граделе и во Рим и во турско, кога Македонија владеела со сите земји.
Тука низ Пелагонија затрупана е целата древна македонска историја.Стибера тоа го покажува.
Од сите досегашни истражувања од тој комплекс на градови таму останале лузни од ограбувања на сите држави и војски што ни присвојувале.

Стибера е најголемиот и најбогатиот град од сите македонски древни градови, град ковачница на златните монети на царевите Филип II и Александар, град светилиште со храм на Тиха и статуи на Асклепио, Херакле, Хефест. Стибера со Гимназионот, Стадионот, салите-училници била најголем образовен центар цели 600 години, седиште на племството на Пелагониските, Пеонските, Линнкестидските и Дериопските кралски куќи. Стибера уште не ги покажала царските палати, театарот, лабораториите и Асклепијадите типични за секој македонски царски град. Досега сите ископувања во подножјето се правеле само за да се грабне некоја статуа или плоча со писмо. Така колоната од статуи, сега се колони во многу светски музеи. Таму тие ја немаат светоста на Македонија, библиската земја, зјаат само лузни од грабеж.
Во еден од зачуваните стари записи се вели:"Персеј пристигна во Стибера, го распродаде пленот и ја остави војската да се одмора, очекувајќи го враќањето на пратениците". Ахајскиот историчар, Полибај во 28 книга "Истории" (втор век пред нашата ера) преку овој запис укажува на фактот дека станува збор за мошне значен град од античкиот период на Македонија. Записот ја опишува победата на македонскиот крал Персеј против Илирите, каде што бил заработен голем плен.  Другите пишувања од страна на античките автори, укажуваат на фактот дека истиот се наоѓал во самото средиште на Пелагонија, веднаш крај Црна река. При повеќето ископини вршени на овој локалитет пронајдени се голем број на монети, блокови со натписи, мермерни плочи, столбови, кипови, керамички садови, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, дваесетина постаменти и плочи со натписи. Во сеќавање на постарите жители на селото е еден помалку познат податок дека пред Втората светска војна на два пати е изнесено огромно 6огатство во вид на културен материјал.

Доколку бидат извршени соодветни истражувања на материјалните податоци што лежат под земјата, ѕидиштата на градот и темелите веројатно би можеле да се добијат нови сознанија за најразличните преданија за случувањата во тој период. Би се дознало многу за потеклото на градот, неговиот целосен изглед, степенот на развојот и причините за неговото уништување....................губитник


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 17:57
ХРАМ HA БОЖИЦАТА HA СУДБИНАТА ТИХЕ

Според претпоставките во градот функционирале голем број на храмови, базен, театар и гимназиум. Досега направените површински истражувања укажуват на две значајни градби. Еден храм е во средниот дел на возвишението. Припаѓа на божицата на судбината-Тихе. Неговите ѕидини широки 1.2 метри оставаат силен впечаток. Bo негo се уште можат да се видат постементи во неговата внатрешност, големи мермерни столбови и мермерни блокови со различни натписи со латинско писмо. Секој посетител особено се возбудува, од еден од отворите што водат во подземен ходник, што само по себе ја зголемува мистичноста на просторот. На ова место постоел извор што повеќе имал мистична и култна, отколку практична вредност. За жал, овој простор се уште не е целосно истражен. Таму било изградено, а подоцна и обновено светилиштето што веројатно и било посветено на истата божица, како и самиот храм. На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуетата на божицата Тихе, на постемент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, а пронајдени се шест мермерни полукружни плочи кои според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чии бисти стоеле во одделната ниша. Тие веројатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени бистите. Меѓу нив се наоѓаат и бистите на угледниот војсководец и граѓанин, добро познат на овие простори, Тит Флавеј Орест и неговиот син Филоксен.

АНТИЧКИ ФИЛОЗОФИ ВО СТИБЕРА

Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион. Тој се состои од две одделни градби: херон со светилште и перистил со предворје и екседра. Во Херон биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужните граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот. Пронајдени се статуи на разни божества и еден жртвеник, во форма на кубус, со квадратна вдлабнатина озгора на хризонтална површина што служела за принесување на жртви. Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на херонот. Оваа градба била завртена на север, кон плоштадот. Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата ексадрила. Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Недостигот на податоци ја буди желбата да се запрашаме дали во него можеби не престојувал некој познат антички филозоф, или можеби го пренесувал сопственото знаење. Овде стоеле голем број статуи, од кои се сочувани само три мермерни женски. Комуникацијата меѓу овие градби се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставен елемент во гимназиумот. Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука се одржувале трки, фрлање диск, стрела, копје, што на градот му давало посебна убавина и свечена атмосфера.............................мечтаење
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 18:12
Кокино
 важен археолошкиот локалитет и мегалитска опсерваторија, пронајдени во 2001 година од археологот Јовица Станковски во североисточна Република Македонија, на околу 30 километри од градот Куманово, во близина на селото Старо Нагоричане На Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа
во северо-источниот дел на Македонија, во близина на границата со Србија (попрецизно: географска ширина 42 ° 15 "47 ', географска должина 21 ° 57" 32').
Опсерваторијата Кокино е во близина на селото Кокино, на граница со с Arbanasko. Целиот регион денес е со мала густина на население како што има помалку од 1000 жители во областа на десетте околните села.
Пошироко во регионот регистри голем број на археолошки локалитети датира од времето на неолит до пипам возраст покажува историјата богата со значајни населби, sanctuaries, настани и лица на најмалку 6.000 години.
Овој сајт е повеќе од 3.800 години. Најстариот археолошки наоди датум од почетокот на Бронзеното доба. Наоѓа од Блискиот бронзеното доба се најбројната (главно керамички садови, камени мелници и неколку калапи). Агломерација еден од железното доба, исто така, се откриени. На archaeo-астрономските истражување беше спроведено од страна на бугарската astro-доктори и М. А. Ванчо Mulgova и продолжи во 2002 година од страна на физичарот Ѓоре Ценев од "Планетариум" во МКЦ во Скопје, кои се вклучија во истражувањата на локалитетот и ги направија првите посеопфатно archeo-астрономска анализа.
Кокино се состои од два дела. Тоа вклучува посебни камени маркери кои се користат за следење на движењето на сонцето и месечината на источниот хоризонт. Опсерваторијата се користи методот на набљудување на фиксните, означувајќи позиции на Сонцето во најдолгиот и најкраткиот, како и на рамноденица.
Кокино е номиниран за да бидат вклучени на УНЕСКО на светското наследство Мапа на листата.
Важноста на сајт беше потврдено од страна на американската вселенска агенција НАСА, која го стави на својата листа на античките опсерватории.
http://www.icom-macedonia.org.mk/images/predmeti/46_001%20-%20lokalitet%20Tatikev%20Kamen,%20Kokino.jpghttp://www.kapital.com.mk/Images/PostcardTron.JPG

Изменето од bijonse1 - 25.Ноември.2009 во 18:17
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 23:32

Манастир Св. Наум (поглед од напред)

Археолошките истражувања што беа вршени во 1955 година дадоа нови сознанија за Наумовата црква на Светите Архангели Михаил и Гаврил (на 29 км од Охрид, во близина на македонско - албанската граница, на брегот на Охридското Езеро). Првобитната црква, како своја задужбина во 900 година, ја изградил св. Наум Охридски, современик и соработник на св. Климент Охридски и ученик на браќата Кирил и Методиј, кој во 910 година овде бил погребан. Наумовиот манастир и црквата Свети Архангели, како и Климентовиот манастир и црквата Свети Пантелејмон во Охрид се првите споменици на словенската црковна архитектура и уметност во охридскиот крај. Градена со основа во облик на триконхос (лист на детелина) Наумовата црква му припаѓала на оној правец во средновековната архитектура кој бил применуван во периодот кога дејствувале св. Климент и св. Наум на денешната територија на Република Македонија, а и пошироко на подрачјето на Балканот. По откривањето на остатоците од првобитната црква, што била изградена во IX век, проф. Димче Коцо во 1955 година ја расветли загатката на Наумовиот манастир. Првобитната црква во турскиот период била урната. Ископувањата овозможија да се дознаат интересни податоци за доградувањата и преградувањата во текот на изминатите векови. Утврдено е дека промените во изминатиот период биле од таков карактер што наполно го измениле изгледот на Наумовата црква. Остатоците од првобитната црква, по археолошките ископувања и извршената конзервација, повторно беа затрупани. Над нив е направен нов под, на кој основата на првобитната Наумова црква е означена со црн и бел мермер. Врз темелите на првобитната црква, меѓу XVI и XVII век, била изградена денешната црква, доградувана и проширувана во неколку фази. Во втората половина на XVIII век била изградена куполата над припратата на црквата, а последното значајно обновување било извршено кон крајот на XVIII век, односно во 1799 година, кога бил изграден гробот во Наумовата црква. Во црквата не се сочувани најстарите фрески од времето на Наум Охридски. И археолошките истражувања не потврдија дека постоело сликарство во почетокот на X век. Целокупната ѕидна декорација, со исклучок на некои фрагменти на фрески од XVI - XVII век, откриени во 1962 година, била изведена од зографот Трпо од Корча (Албанија) меѓу 1800 и 1806 година. Тоа е живописот во централниот дел на црквата, во припратата и во просторот каде што се наоѓа Наумовиот гроб. Во гробниот параклис над Наумовиот гроб е прикажана композицијата на Наумовото успение. Меѓу фигурите што се насликани над Наумовиот одар, покрај словенските просветители Кирил и Методиј, се прикажани и нивните ученици Климент, Горазд, Ангелариј и Сава. Над Наумовиот одар, пак е насликана уште една фигура. Тоа е ликот на млад ѓакон, без брада и мустаќи. Според укажувањата на историчарот на уметност д-р Цветан Грозданов, прикажан е ликот на Лаврентиј, уште еден од учениците на словенските просветители Кирил и Методиј. Исклучителна уметничка вредност има иконостасот во централниот дел на црквата, работен во плитка, стилизирана резба во дрво. Бил завршен во 1711 година, истовремено кога настанале и иконите, кои се дело на зографот Константин еромонах, што инаку е забележано во долниот дел на престолната икона "Исус Христос". На столбовите во припратата на Наумовата црква се наоѓаат два кирилски и еден глаголско-кирилски натпис, графити од крајот на X и XII век. Овие натписи, оставени од духовни лица, се значајни документи за најстарите словенски писма - глаголицата и кирилицата во охридскиот крај.


Изменето од bijonse1 - 23.Декември.2009 во 22:42
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:33

Охрид

Во Охридскиот краj познати се неолитските населби: Долно Трново-Охрид и Зластрана во селото Горно Средорече (Дебарца), како и локалитетот Кутлина во селото Велмеj (Дебарца), коj припаѓа на енеолитското доба. На бронзеното доба му припаѓаат локалитетите Лакочереско Градиште, Коселско Градиште, локалитетот Тумба каj селото Свиништа, како и ново откриената наколна населба "Плоча Мичов Град", каj полуостровот Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро.Во трите споменати неолитиски населби со испитувањата констатирано е постоење на населби, при што има остатоци од градбите, гробовите и керамика. Во Лакочереско Градиште и Коселско Градиште на површините на локалитетите пронаjдени се фрагменти од керамички садови, орудиjа од камен и коска.Наjвероjатно досега утврдените наолитски локалитети во Охридскиот краj временски му припаѓаат на IV - III милениум пред н.е. Железно Ископувањата на просторот во близината на селото Горенци, на околу 9 км. од Охрид (Сува Чешма, Три челусти и Вртуљка) дадоа некои материjали кои индицираат време од железното доба II и тоа од подоцниот период. Следеjќи го хронолошки времето на железното доба во Македониjа, во текот на VI и V век се забележуваат нови културни поjави.

      

Овоj период е одбележан како железно доба III или време на формирање на македонскиот архаjски стил, манифестиран преку "кнежевски гробници". Споменатите гробови се откриени на некрополата "Требеништа" каj селото Горенци, а некропола од тоа време е откриена и каj селото Речица, северно од Охрид. Со археолошките ископувања од 1918 - 1972 г, откриени се вкупно 56 гробни конструкции, од кои голем дел се со богат гробен материjал. Секако наjзначаjни се пронаjдените златни посмртни маски како прилог во богатите "кнежевски" гробови од Горенци, работени од златен лим. Тие се предмет на низа опсервации на научниот свет. Стилските одлики, односно втиснатите орнаментални мотиви, според едни се карактеристични за грчката уметност од VI век пред н.е. Според други пак станува збор за мотиви кои исклучиво се поврзуваат со македонската уметност. Денес богатите наоди од некрополата "Требеништа" ги красат витрините на музеите во Софиjа- Бугариjа и Белград. Античко доба Од времето на Филип II Македонски кога се забележани неговите навлегувања во лихнидскиот краj, културните влиjаниjа на грчко-македонскиот свет се повеќе присутни. Богатата култура оставила траги на ова тло при што пронаjдени се разновидни материjали, од мермерна пластика, преку керамички и бронзени садови, до ситен накит изработен од злато, полудраги камења и стаклена паста. Во поново време со археолошки истражувања констатирано е дека потегот на Свети Еразмо, преку Габавци, Патерица и Козлук до Коселска Река, претставува урбанизирана целина во археологиjата позната под името "Хермелеjа". Високо на Габавскиот рид е акрополот, во неговото jугоисточно подножjе е подградието, а на источниот и западниот дел се протегаат сакралните и профаните обjекти.

Од античкиот период во околината на Охрид се откриени две некрополи. Едната сместена во Требенишкото Кале, а другата е откриена на локалитетот Црвеница каj Прентов Мост. Во првата се откриени остатоци од тврдина, со различни етапи на градба, керамички садови и 17 гробни целини. На локалитетот каj Црвеница се откриени 143 гробови од хеленистичкото време и од раниот среден век. Пронаjдена е и една македонска гробница во просторот на Варош, стар дел на Охрид. На местото наречено Дебоj е откриена централната некропола на Лихнид и на средновековниот Охрид. Уште еден обjект е карактеристичен од ова време. Тоа е античкиот театар, сместен во Варош (Охрид), коj е граден по типот на грчките и римските театри...................да

Во ова време на тлото на Лихнид во голема мерка е присутна религиjата. Една од поинтересните фигури пронаjдени на тлото на Лихнид секако е претставата на богинката Изида-богинка на човековата судбина. Целиот антички период на охридската териториjа го следат наоди на монети наоѓани случаjно и при археолошки ископувања. Во нумизматската колекциjа на Музеjот во Охрид се чуваат 12 примероци на многу ретки монети ковани во градот Лихнид. Многу градови од тоа време со дозвола на македонските владетели ги користат рудниците и коваат монети. На нив вообичаен е натписот МАКЕDONWN и името на областа. Само во случаjот на Охрид стои името на градот..............трепкање



Изменето од bijonse1 - 14.Февруари.2010 во 23:39
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:13
......DEDAL...prefineto delo.perfekcija.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:15
..GOLEMATA MAJKA.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 18:05

На теренот на ридот Исар, кај селото Марвинци, во близина на градот Валандово, е пронајдена една раноантичка населба што припаѓала на долно македонската област Амфакситида.


Повеќеслојноста на оваа градска населба зборува за еден континуитет, без позначајни прекини, каде времето успеало да ги сочува најраните траги на нејзиното постоење.

Ридот, висок 40-45 м.,е над устието на Анска Река во Вардар. Акрополата на градот ја крепеле одбрамбени бедеми. Поголемиот дел од архитектонските наоди, пронајдени на овој локалитет, укажува на профани стамбени објекти, додека пак, последната фаза на објектот упатува на можнa керамичка работилница.Начинот на градење, од најраните фази кога е мошне примитивен, па се до последните фази на изградба, битно се разликувал. Според археолошките сознанија, овој град за првпат настрадал во III век пред Христа, во времето на келтската наезда од 279 год. пне.

Од откопаниот подвижен материјал се гледа културниот и економскиот развиток на градот низ вековите на неговиот опстанок. Во V и IV век пне., била увезувана стока чие потекло било претежно од Коринт и Јонија, Мала Азија. Пронајдена е керамика во гробовите од постаро железно време, потоа, амфори од класичниот и доцномакедонскиот период, кога покрај увезената керамика од поголемите производни центри, се среќаваат и локални керамички производи со автохтона македонска традиција, но и такви со имитирање на грчки форми. Во текот на македонската епоха се продлабочиле врските со соседните водечки културни центри во Македонија, меѓу кои спаѓаат Пела, Бероја, Амфиполис, Тесалоники.. По углед на овие поразвиени центри била изработувана керопластика (теракотни предмети), потоа, накит, монети и сл.

Античката градска населба на Исарот, својот економски напредок, пред се, го обезбедувала преку агрикултурата, сточарството, рударството, имајќи притоа на ум, со колкаво богатство на рудни наоѓалишта располага овој регион, како и грнчарството што како традиција се задржало и во римскиот период.

За времето на Римското Царство, градот бил обновен и проширен на соседните тераси. Подигнати биле стамбени објекти меѓу кои минувал водовод. Се издвојувал еден пораскошен објект, патосан во мозаик техника-опус сецтиле, а пак, на другиот крај од објектот бил изграден храм, посветен на Херакле, односно на императорот Комод. Во негова близина постоеле и други, солидно изградени, приватни и јавни градби. Археолошките наоди покажуваат дека во овој период градот доживеал подем и процут. Монетите, керамичките садови, мермерните статуи и релјефи, како и надгробните плочи со портретни претстави, говорат за град кој не заостанувал зад другите поголеми македонски градови од тоа време.

Кон средината на III век, околу 268 г. за време на готската наезда на овие простори, градот пак настрадал. Но, набргу е обновен и обѕидан со одбрамбени бедеми, така што се стекнал со обележје на каструм. Во обѕидието биле вградени споменици и блокови од декоративна пластика.
Според досега извршените првични ископувања и пронајдениот археолошки материјал, констатирано е дека животот во овој антички град на Исарот продолжил до V - VI век.................губитник



Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 18:08
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 16:41
Античкиот град Баргала и понатаму е главен извор на материјал од антички период. Градот Баргала се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 год. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 год., кој претставува спомен - плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на реката Брегалница, во атарот на Општина Карбинци. Овој поменик дава податоци каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија кон Тракија и Дакија. Името на градот е со тракиско потекло.Старата античка населба со градски карактер со името Баргала се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град при крајот на 4 век служел како воен камп на римските легии во поход на исток. Подоцна бил разурнат. Жителите подигнале нов град крај Козјачка Река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Овој град станал епископско седиште во 5 - 6 век. Епикопскиот град Баргала е разорен од аваро - аловенските напади, но брзо потоа бил населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжило во словенскиот период на овој простор. Во поново време археолозите од Заводот и Музеј во Штип открија уште една базилика од ранохристијанскиот период што потекнува од 6 век. Со тоа Баргала има 3 базилики. Освен тоа, откриена е и винарија во североисточниот дел на ископините. Баргала и понатаму важи за еден од најважните античко - историски локалитети и бесконечна инспирација за археолозите од Македонија.

Изменето од bijonse1 - 09.Јуни.2010 во 16:43
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 21:49

Праисториските дами од Македонија

Од жената – мајка произлегло се’ – од човекот до светот. Под нејзина моќ се сите космички елементи и категории. Од неа се се создава и во неа се завршува, за повторно од неа се да се препороди. Мајката – земја повторно го оживува и го пораѓа покојникот. Таа е самата куќа. Садот е нејзината утроба, земјата (теракотата) е нејзината карактеристика. Во дамнешните времиња жената била заштитничка на биолошката репродукција и како таква била љубена, обожувана и почитувана. Така е денес, а така било и во далечното минато.

Доказ за тоа ни претставуваат праисториски антропоморфни фигурини кои се обично пониски од 10 см., обликувани во вид на стилизирана човечка фигура, која (со ретки исклучоци) прикажува – жена. Правени од керамика можеби се наоѓале во светиот дел од куќата и во нивна чест се вршеле религиозни обреди. Персонификацијата во претставата на жена не е нималку случајна. Овие фигурини се обидуваат да ни претстават концепција на еден се уште недоволно објаснет сегмент од спиритуалниот живот на праисторискиот човек.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 12:12
Ненадминатата убавина од Македонија во Утрехт

Најголема по вредност и по обем е изложбата чие осигурување го плати Холандија и е 139 милиони евра, а некои од експонатите прв пат излегуваат од земјава

Утре во музејот "Катаријнеконвент" во Утрехт, Холандија, Македонија ќе има едно од своите најрепрезентативни претставувања надвор. Земјава ќе изложи културно-историско богатство од кое голем дел не е изнесувано досега. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе ја отвори големата изложба "Ненадмината убавина - икони од Македонија", најголема поставка досега, како по своите вредности, така и по својот обем.
Ќе бидат претставени експонати од збирките на икони од Музејот на Македонија и од Галеријата на икони при Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид.
Изложбата е збогатена со археолошки артефакти со вонредно значење од праисторијата и од античкиот период, како и со други исклучително значајни предмети од збирките на нашите музеи: 62 археолошки предмета, 6 примероци од оригинални фрагменти од средновековен живопис, 52 икони и 39 литургиски предмети.
Посебно се издвојуваат култните жртвеници од раниот неолит со претстава на Големата Мајка - Земја, извонредната фигурина Адам од Говрлево од 4 милениум п.н.е., исклучителните наоди од локалитетот Плаошник пронајдени во текот на неодамнешните археолошки истражувања, како и Златната маска пронајдена на Самуиловата тврдина во Охрид, можеби најзначајниот археолошки наод од поновата археолошка историја на нашата земја.
Осигурувањето на делата кое го плати Холандија е 139 милиони евра. к*ратори на изложбата се Вики Коробар и Милчо Георгиевски, а таа е организирана од Управата за заштита на културното наследство и Паско Кузман и со Музејот на Македонија и Завод и Музеј - Охрид.
На отворањето на изложбата ќе настапат групата "Синтезис" и Влатко Стефановски.
За ова претставување на Македонија од Министерството за култура велат оти е важно не само поради тоа што мал, но извонредно значаен сегмент од македонската историја ќе биде презентиран пред холандската јавност, туку и поради заложбите на земјава за продлабочување на културните врски што постојат меѓу двете земји.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.