|
Здравствениот проблем на малиот Дејан Анѓелески |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Октомври.2009 во 00:32 |
Писмо од родителите на малиот Дејан
Почитувани, Ние сме родители на 7 и пол годишно дете, Дејан Анделески, кое боледува од ретка генетска болест Hereditary Angioedema (HAE) или недостиг на C1 inhibitor кој е особено важен за контрола на имунитетниот систем на организмот. Се работи за болест која предизвикува животозагрозувачки напади при што е потребна итна медицинска интервенција. До сега детето, попради недостаток на лекови во Македонија, е третирано со свежосмрзната плазма, меѓутоа во последните напади изреагира со влошување на состојбата и после апликацијата на плазма, поради што мораше да прими Ц1 Инхибитор – лек кој според важечките препораки на медицината базирани на докази му е потребен за лекувањое.
Овој лек е набавен од наша страна приватно во неколку наврати, но со оглед на честите напади што ги добива нашиот син (во последните два месеци имаше вкупно 10 напади и ни беа потребни 10 инекции),
Ви се обраќаме за помош за обезбедување на средства за набавка на лекарствата. Ампулите со Ц1 инхибитор концентрат му помагаат да се смират нападите што ги добива, а во Македонија не се достапни. Ние досега успевавме да ги набавиме од Германија и Унгарија и истите се со цена од 700 дп 900 ЕУР. Вкупните трошоци за годишното лекување на Дејан како и набавката на лекарствата се движат околу 80.000 ЕУР.
Вашата помош за набавка на лекарствата ќе му помогне на Дејан да има колку што е можно поквалитетен живот исполнет со игра и дружење со неговите врсници и редовно следење на наставата во училиште како ученик во второ одделение, кои досега поради честиот престој во болница и интензитетот на болеста се сведени на минимум.
Ве молиме во согласност со Вашите мопжнопсти да ни излезете во пресрет на нашето барање. Финансиските средства за купување на лекарствата мопже да се уплатат на допнатопрската сметка за Дејан Анделески в Алфа банка воп Скппје соп бр.280124100136128.
Со почит,
Влатко и Наташа Анѓелески Тел: 3070318 070 248 225 070 328 849 075 846 071
За донација надвор од Македонија:
За донација од Македонија
Превземено од Премин Портал (Линк: http://preminportal.com.mk/content/view/5133/1/)
Ситуацијата е очигледно непријатна. Затоа, Ве молам, кој(а) колку сакате и кој(а) колку можете да донираме сите заедно за да помогнеме ситуацијата на Дејан да се подобри колку може повеќе за што поскоро време.
Господ нека му подари Спасение и Здравје! Амин! Изменето од Pravoslavie - 27.Октомври.2009 во 00:37 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |