|
Kaрпошевото востание |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Октомври.2009 во 19:32 |
Според турски документи, месното население во Мариово се побунило уште
пред заземањето на Ниш од страна на австриската војска во септември
1689 година. Насекаде ајдуците биле раздвижени и ги здружувале силите
со општото востание. Самото востание избувнало кон средината на
октомври 1689 година во северноисточниот дел на Македонија, центарот
бил на подрачјето на Кратово и Крива Паланка. Селаните биле предводени
од занаетчии, свештеници, рудари и ајдуци на чело со ајдутскиот
арамбаша Карпош. Востаниците притоа им пружале и логистичка подршка на
австриските сили. Набрзо востаниците ги ослободиле Кратово, Крива
Паланка и Качачкиот премин кон Србија.
Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт. Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош, но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот Карпош, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија. Меѓутоа набрзо дошло до пресврт во воено-политичката состојба на Балканот, што крајно негативно се одразило врз понатамошниот тек на востанието. Кон крајот на октомври Османлиите презеле серија мерки со цел консолидацијата на своите воени редови. Прво бил назначен нов голем везирм, Мустафа-паша Ќуприли-зеде. Една од првите негови мерки била одлуката за укинување на низа извонредни давачки. Напоредно со овие мерки, започнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди, кои ќе бидат ударна сила во престојните судири со востаниците. Прв на удар била Крива Паланка, во која се наоѓале неколку илјади востаници, кои се спремале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќ на непријателот, востаниците ја запалиле и напуштиле Крива Паланка, повлеувајќи се кон Куманово. Веќе следниот ден турските и татарските одреди се појавиле пред градот. Востаниците се решиле да го пречекаат непријателот надвор од новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош со голем број свои борци. Последен отпор востаниците давале од тврдината, која била преземена на јуриш а нејзините бранители биле погубени. Османлиската војска сега се упатила кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Скопје тогаш се наоѓало под контрола на ајдути, веројатно Карпошеви луѓе, но кога чуле за поразот кај Куманово и за приближувањето на османлиските војски, тие се разбегале. Во Скопје, крај камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случувало најдоцна во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош воедно го означува и крајот на востанието. По ова османлиската војска тргнала во поход на север против австриската војска и во јануари 1690 година ја поразиле во битката на Косово поле. Во август 1690 година австриската војска го напуштила Ниш и Османлиската империја во целина. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кон 1690 година името на државата било "Свештена римска империjа на германската нациjа". Можеби канцеларскиот (административниот) јазик да бил сеуште латинскиот, но литературниот јазик веке бил германскиот (по 1650 г. neuhochdeutsch - нов германски) А jас се чудам на едно нешто: Во писмото на Леополд (после името на Marcum Craida) има поставена еден прашалник (чудење): Се прашувам: зошто? Одговорот ми е: затоа што писмото било ракописно и при читањето и и отпечатувањето во ново време не било сигуро читањето на името "Craida". И затоа во заграда е поставен прашалник, што говори дека може и да не е "Craida"... Заклучокот ми е дека ова писмо не е оригинал... Секоj може да состави вакво писмо, доволно е добро да знае латински. Изменето од Македон - 22.Октомври.2009 во 20:13 |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се прашуваш но не се прашуваш туку эаклучуваш а чим не ти одговара нормално дека не е оригинално
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тука има едно интересно изследване за Карпошовото востание. Не го давам со превод на Гуглето оти ке излезе неразборливо. Сепак коj има трпение (и разбира горе-долу бугарски) - нека го прочете:
Карпошово востание (на бугарски) Интересни са запазените исторически документи дадени во приложение кон книгата: Документи (на бугарски) Изменето од чоли - 23.Октомври.2009 во 07:00 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да интересно. Прво што паѓа во очи е дека стои ова ,а опфатени с етеритории од Македонија, Србија, Грција бунтовното брожение в българските земи по време на Австро-Турската война от 1686 до 1688 г. Малку ова последново ми прави конфузија най-личния представител на бунтуващите се българи Ако во натписот ова се однесува на Страхил војвода, зошто е ставено во множина или се однесува на сите војводи и комити? Малку објаснение бидејки може да е неразбрано добро заради непознавање на бугарскиот јазик и спецификите кои се карактеристични само за него, а со тоа и во различноста од македонскиот јазик па оправдано е да не разбереме се или погрешно да с епротумачи. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сам мартолосот Карпош (или Карпуз) е деjствал на широка териториjа (например Доспат е во Родопа планина - Бугариjа). Значението на поимот "Мартолос" е: категорија немуслиманско население со посебни воени обврски; подоцна задолжени со обезбедувањето на премини и патиштата и спроведувањето на полициските функции. А Карпош (Карпуз) е бил мортолосбашиja (главен мортолос)
Вбројува се на мартолосбашиjата Мехмед од Знеполе да уапси или ликвидира Карпош Помеѓу 6 и 15 септември 1689 година Наредба од кадиите на Брезник, Шехиркоj (Пирот), Врање, Ниш, Лесковац и до мартолосбашиите и ишерлерите на вилаетските аjaни од поменатите кази. Бидејќи една од најважните работи е да се отстранат и отстранет од мохамеданското население и од рајот и берат злодеяниjaта на хаjдутските разбојници, кои се појавија во вашите кази, ти поменатиот Мехмед - нека се зголемува достоинството ти, кој е мартолос на река Знеполе , си ставен од мене за главатар. Поради тоа, освен со војска од поменатата рече, уште и со ишерлерите кои се способни за борба со мартолосбашиите да тргнеш против појавилиот се хаjдутин на име Карпуз и направи по каков и да е начин да се уапси и казни. По тој повод издавам наредба да внимаваш и да се грижиш нивните злодеjaниja да се отстранат од рајта и бераjата. Вбројува се на мартолосбашиjaта Мехмед од Знеполе да уапси или ликвидира Карпош Карпош и луѓето му се помилувањи, а тој е назначен за главатар на мартолосбашиите Помеѓу 26 септември и 5 октомври 1689 година Причината да се напише тоа е: Со гаранцијата на Махмуд Ага, кој е гордост на Емир и първенците и сегашен ага на Јаничарот на мојата Висока порта - нека продолжи големината му на мартолоса Карпуз, нему лично и на оние кои се под него, се даде помилување, и бидејќи е силен храбар и способен да ликвидира револуционери-разбојници, се назначи за мартолосбашиja на казите Ќустендил, Сиришник и Радомир. Заедно со поменатите кази, назначи се уште и за главатар на мартолосбашиите на казите Штип, Радовиш, Велес, Дојран, Серес, Аврет Хисар, Неврокоп, Разлог, Петрич и Мелник. Додека врши својата служба фер, надвор никој да не му се меша. Така да знаете! Карпош и луѓето му се помилувањи Интересно е што после ова Карпош е помилуван е одново назначен за Мартолосбашиjа: Карпош и Сугаре се назначуваат за мартолосбашии Помеѓу 26 септември и 5 октомври 1689 година Наредба до кадиите, аjaните, ишерлерите и мартолосите на Штип, Радовиш, Велес, Дојран, Серес, Демир Хисар, Неврокоп и Разлог. Во вашите кази се појавија некои револуционери-разбојници. За мојата држава и вера е важно да се ликвидираат и затоа е потребно да се назначи главатар на мартолосите, кои се наоѓаат во поменатите кази. Со гаранцијата на Махмуд Ага, кој е гордост на Емир и първенците и сегашен ага на Јаничарот мојата Висока порта - нека продолжи големината му, определам го и назначени за мартолосбашиja, способен да воведе ред и дисциплина во полето, и моделот на слични и еднакви Али - нека се уголемява неговото достоинство, кој сега е почесен со чест на исламот.. Поради тоа издавам наредба секој од вас, кои сте поменати, кога пристигне мојата честита наредба, да вложи напори и како Али најде за удобно и разумно да ликвидираат поменатите разбојници. Издавам наредба, што за мартолосбашиja се именува лицето Карпуз и еден примерок, на начин како е објаснето, да се испрати на кадиите, аjaните, ишилерите и мартолосите на Ќустендил, Сириштник и Радомир. На поменатиот датум издавам наредба, што за мартолосбашиja определaм и назначувам лицето Сугаре и еден примерок да се испрати на кадиите, аjaните, ишерлерите и мартолосите на Петрич и Мелник. Карпош и Сугаре се назначуваат за мартолосбашии --- Така што историjата на Карпош (Карпуз) е по сложна отколкото се знае... Изменето од чоли - 25.Октомври.2009 во 05:55 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Карпуз
Кај го најде ова бе живти се Значи почна да пишуваш само беэ врска,Карпуш е Карпа,или човек јак како карпа,тоа го покажал и докажал во своето родено село Војник.И ден денес се кажуваат легенди эа неговата сила и воља еднакво јака како на карпа Изменето од Boogie - 23.Октомври.2009 во 12:45 |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во научната и научно-популарна литература постојат големи несогласувања во врска со името Карпош - лично име ли е ова или прекар. Османотурските документи насекаде назовават овој хайдушки главатар со нарекуваат Карпуз или Карпос. И бидејќи станува збор за пишување на ова име на еден Старословенски јазик, очигледно може да се добие некое видоизменение и намалување. На бугарски и на другите балкански словенски јазици по благозвучно би било да се вика Карпош.
Најблиску име до името Карпош е турската збор карпуз, значи 'лубеница'. Во преносен смисла истата збор значи 'дебел, Топчиња, црвен', од каде би можело да се добие прекар дебели, Дебелачко, како и личното име Червенко (слично на Белче). Блиска до името Карпош е и грчкиот збор карпос, употребувани воопшто за плод, т.е. блиска по важност на турската карпуз. Јазична близина до името Карпош има и зборот карпа, значи 'скала, зъбер, камен'. Оттука може да се даде име на човек "силен како камен", или во буквален превод да доаѓа од името Петар, што на грчки значи 'камен'. Конечно името Карпош би можело да се поврзе со светот великомученик Карпа, чија меморија се чествува на 13/26 октомври. Така или иначе, мислења и хипотези многу, но реални факти недостасуваат. Поради тоа засега достапните податоци не даваат можност да се донесе категорично мислење по прашањето - Карпош лично име ли е или име. Оскадни се податоците и за активностите на Карпош како хаjдутин до избувнувањето на востанието во 1689 година Турските хронисти Рашид и Дефтердар велат дека првично Карпош бил хаjдушки главатар и во текот на неколку години постапуваат со дружината во Доспат Планина, т.е. во Западните Родопи. По одредени информации дава Силaхдар. Според него, уште пред падот на Ниш, т.е. пред 24 септември 1689 година бугарското население се повлекување на повиците за непокорство однос на турската власт и укинува бунт во областите на Софија и Пловдив. По ова, многумина од овие Македонци се приклучуваат кон Австријците во Ниш, вливат се во нивните баталјони и заедно со нив напаѓаат мохамеданските градови оплячкосват ги и ги палење, како предизвикуваат големи штети на мохамеданското население. "Помеѓу овие најмногу истакнати злосторници се намираше Проклетија неверник, наречен Карпош", продолжува Силяхдар. Со други зборови, современик на настаните Силяхдар експлицитно покажа Карпош како еден од оние Бугари кои дошле кај Австријците од областа Тракија. А тоа веќе е несомнено доказ за неговиот бугарски потекло.Карпош (Карпуз) |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воопшто не е вистина дека Карпуш бил викан Карпуэ или Карпос - точно се энае од каде потекнува,Турците имаат список на сите семејства во тој тогаш Ќустендилски санџак.Тие архивски списи се слободни эа увид на секого,јас така го најдов моето семејство до 16 век кога самите списи почнале да се прават.
Границата на слободната територија која ја создале Карпошовите востаници се протегала меѓу Грделичката клисура и Штип и меѓу Качаничката клисура, Велес и Тиквеш, на исток до пред Ќустендил,каде што востаниците се под готвувале да го нападнат,и на запад вклучувајќи ги Скопје, Тетово и Гостивар.Тоа била прва македонска слободна територија од доаѓањето на Турците. Било успеано слободната територија да се зачува шест седмици. На 9 ноември Пиколомини умрел и бил погребан во најголемата црква во Призрен. Карпош, откако го зел бајракот од Ќесариевците (Австријците), го предводел нападот на Скопје, во кој учествувале и Австријци и Унгарци, како и востаници на Иво Штипјанецот, кој го погазил исламот, се одметнал со околу 1.000 луѓе и тргнал по Карпошовиот пат.Всушност, Карпош ја формирал и ја предводел македонската востаничка војска.Територијата која ја ослободиле Кар пошовите востаници и на која воспоставиле своја власт зафаќала најголем дел од Македони ја и делови од Србија и од Бугарија. По запалувањето на Скопје, турската војска се пов лекла кон Велес, потоа кон Штип, а австриската во Качаник. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E - сега и на исторички документи не верваш? Цитирах ти дословно турски документи од ова време (во превод од арабски език - официалниот език на Османската империjа): Османски документи Во тие османски документи насекаде Карпош е записван како Карпуз (Карпос) |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби грешно бил спелован но никогаш не бил наречен Карпус или Карпос - сите документи кои ги има Македонската архива убаво го покажува како Карпош,дури и Пиколомини во писмо му се обраќа како Карпош.Во едно друго писмо од Иван Штипјанецот Карпош тврди дека турците карпа народ Македонски треба да иэмести эа да го освои овој крај.Кога пратил гласник до Татарскиот Кримски хан му порачал дека овој Кумановски крал попрво ке умре отколку да эеме исламска вера од ТуркоМонголин како него.
Има многу податоци эа него,може недоволно эа вас Бугарите да шпекулирате но Македонскиот архив се растрча и од Австрија ги поврати сите документи эа Карпошовото востание Изменето од Boogie - 23.Октомври.2009 во 14:44 |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Покажи еден податок (австриски). Ке е интресно да видим и писмото на Jоан Штипjанецот... Во истата книга на Петар Петров е спомет еден Иво Штипjанецот: Турскиот хронисти Ускуд вели дека некој си Иво од Штип израснал под покровителство на локалниот аjaнин Мустафа Ага, роднина на Хоџа везир Махмуд-паша. Благодарение на тоа, тој бил назначен за мартолосбашиja на 50-60 лица мартолоси, кои имале за задача да чуваат премини во којшто работи во состав рече. Иво iепак се здружил со револуционери и заедно започнале да ги напаѓаат не само патиштата, но и телата на турската власт. Кога разбрал дека е откриен, со согласност на револуционери Иво привидно се разкаjал пред властите и дури текстови желба да го прифати исламот. Испратен во Софија, тој е помохамеданчен и обрезан, зачислен бил во составот на турската војска и го испраќаат назад во Штип со пораки да собере 1.000 доброволци. Кога Иво успева да собере 10 Бајрака по 100 лица, секој еден, пристигна веста дека Австријците се превзели Ниш (24 септември 1689 година). Иво се откажал од исламот, се откажал од припадноста кон Јаничар и повторно го дигна знамето на бунт. Сето тоа е објавено во Едрене на денот, во кој станува позната и гибелта на Карпош |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па податоците можеш и ти слободно да ги видиш во оригинал,сеуште стојат во Ќустендил.Инаку не е Јоан туку Иван баш како подолу што е опишан.
Паралелно со создавањето на македонската востаничка војска на слободната територија забележани се елементи на воспоставување на востаничката власт.Царот Леополд го прогласил Карпош за"кнез од Куманово". Месното население,особено востаниците, го сметале за свој крал и за свој врховен командант. Од австриската команда во Ниш, Карпош ја добил титулата "кумановски крал", а како надворешен знак за ова призна ние добил калпак, односно кнежевска шапка, што имало значење на круна. Тоа значи дека територијата ослободена од востаниците имала статус на кнежевство.Востаничката власт била организирана на принципот на капетании, во кои капетаните биле команданти на утврдените центри т.е. христијанска варијанта на диздари. Веднаш по ослободувањето на територијата и по воспоставувањето на востаничката власт,Карпош, како крал од Куманово,го почнал уредувањето на градовите за одбрана од Турците. Особено се утврдувала клисурата на Крива Река кај Крива Паланка,во која востаниците направиле бројни ровови и поставиле трупци, со цел да го запрат навлегувањето на османлиско-татарската војска.Исто така, бил утврден и градот Куманово, околу кој биле ископани ровови, како и околу еден манастир во негова близина. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...Хронисти, кои обично опишуваат претежно борбени активности, не даваат никакви информации за спроведување на Карпошовата власт во презентираната му територија: начин на административно работење, односи помеѓу христијани и муслимани и т.н. Единствените, макар и оскадни податоци се однесуваат на преземените укрепителни манифестации, до бројот на командири на Карпош борци и до односите со Австријците.
Хронистите се категорични дека главните опори на Карпош биле Крива Паланка и Куманово. Во првиот град тој имал 6 топа и зголемил тврдината преку изградба "од сите страни на широк и длабок ров". Во Куманово, исто така, се засилени утврдувањата преку широк и длабок поток и здрави плетови. Всушност, за нешто повеќе, поради краткото време, само ли е можело и да се мисли. Многу потешко е да се одреди бројот на потчинетите на Карпош борци. Тежкотиjата доаѓа од тоа, чe нивниот број е различен во почетокот на воените дејствија и по поразот на востанието. Според Рашид, Карпош под контрола Крива Паланка на чело на одред од "неколку илјади невернишки непријатели", односно под негова командуване се наоѓале Австријци, Унгарци и револуционери. Силјахдар исто така раскажа дека Карпош бил "главатар на дружина, која броеше повеќе од 3 000 немуслимански разбојници од редовите на бунтовната раја и надворешниот непријател ", и дека по поразот на востанието во Крива Паланка имало" германски, унгарски и хаjдутски разбојници ". Кога пак зборуваат за поразот на Карпош во Куманово, хронисти споменуваат далеку помалку борци : според Силјандар дружината на Карпош се состоела од 200 лица "злобни неверници", а според Рашид - од "бројни неверници... ... Што се однесува до односите на Карпош со австриското командување, овде работите се сосема јасни. Пред се Австријците бараат од сите ајдустски главатари и христијански првенци да дадат заклетва за верност на императорот и да се потчинуваат на наредбите на нивните военачалници. Фактот дека Карпош и Страхил војвода командували збир единици од Австријци, Унгарци и револуционери, покажува дека цело време те постапуваат како составен дел од австриската војска. За Карпош особено се покажа дека со таков збир единица е превзел Крива Паланка и дека ја бранел тврдината не само со сопствени борци, но и со Австријци и Унгарци. Со други зборови, до самиот погром Карпош ги координира активностите со Австријците и се води од нивните воени планови. Хронистот Мехмед Рашид, пак, додава дека Карпош е прогласен за "крал на Куманово" и дека оваа титула ја измолил после консултација со Австријците. Тој пишува: "Во последните неколку години се појави и некој си проклетник наречен Карпош, кој води револуционери разбојници и се прогласи за Крал на Куманово и на неговото барање Императорот на Австрија му испратил калпак. Околу него се беа насобрали голем број револуционери отметници и многу раја неверници. " Давањето на овој калпак несомнено, има големо симболично значење: од една страна Карпош влегува во васални односи во австрискиот император; од друга страна добива власт од истиот овој император. За врските на Карпош со Австријците конечно може да се суди и од фактот дека при фаќањето од Татарите во него се пронајдени документи, издадени од виенскиот двор. Тие се преведени од германски на турски. Присутните Хаџи Омер ага, капукехаja на големиот везир Мустафа-пашина Ќупрулу, вели дека според овие документи Австрија нуди на Карпош власта на територијата на Крива Паланка и Куманово, и дека овие документи силно го компромитирале. За сето тоа раскажува хронистот Ускудар и тврди дека ја чул оваа приказна од својот пријател Омер ага. Впрочем и други турски хронисти раскажуваат дека Карпош ја добил титулата "кумановски крал" од австрискиот император по свое барање. Изменето од Македон - 25.Октомври.2009 во 01:30 |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |