|
Кој и кога смее да биде убиен? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Октомври.2009 во 23:26 |
|
Минатата недела после фамилијарниот ручек кај моите родители, при враќањето, во автомобилот имаше известување на радио, дека; сунитските “божји воини“ убиле 31 човек од кои 6 офицери на шиитската револуционерна гарда.
После оваа жална вест што овојпат ни пристигна од иран а не од ирланд, би сакал да поставам една тема во која би добил одговор од страна на членовите на верските заедници кои под одредени услови дозволуваат убиство. Прашањето е : Кој и кога (под кои услови) - според вашата вера - смее да биде убиен? Однапред ви благодарам за трудот. Изменето од spiros - 21.Октомври.2009 во 00:05 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ke se obidam vo tekot na nedelava dati odgovoram.
Samo odnapred ke ti kazam ke se razocharash!!! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Фала ти побратиме! Навикнат сум јас на разочарувања од страна на човекот, а очарувања и чаролии никогаш не ми ни требале зошто никогаш и не воделене кон СОВРШЕНАТА ВИСТИНА! Само храбро и искрено, побратиме! Селам Изменето од spiros - 21.Октомври.2009 во 00:14 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne me svati dobro, ne da se razocharash od mene tuku od ona sto veruvah.Mislish samo ljubov,mir i jas taka mislam e da videme sto ni kazuvaat biblijata i podocno k*ranot.
Biblijata: Излез 21:12; 12''Кој ќе удри друг,така што тој ќе умре, има да се казни со смрт.'' 15. Кој ќе го удри својот татко или мајка, треба да бидат казнети со смрт. 16 Кој фати човек и веќе го продал или се уште е во негови раце, мора да биде казнет со смрт. 17 Кој го проколнува својот татко или својата мајка, треба да се казни со смрт. " 15. Кој ќе го удри својот татко или мајка, треба да бидат казнети со смрт. 16 Кој фати човек и веќе го продал или се уште е во негови раце, мора да биде казнет со смрт. 17 Кој го проколнува својот татко или својата мајка, треба да се казни со смрт. " Излез 22,28-29; 28 Ако вол забоде маж или жена така што настапи смрт, има волот да се каменува, но неговото месо нека не се јаде, а сопственикот на волот да не се казни. 29 Но ако волот бил веќе отпорано бил бодач а господарот негов веќе бил предупреден, а тој не го вардел, тогаш волот ќе се каменува, а ако усмртил маж или жена господарот негов ќе се казни со смрт.Потоа: Левитски законик 20.11. 2 "Кажи им го ова на синовите Израилови: Ако еден Израелец, или странец, кој живее во Израел, кој даде свое дете Молеку, тој ќе се казни со смрт; народот да го каменува. 9 Сите кои проколнуваат татко или мајка, сосмрт са се казнат, затоа што тој проколнувал татко и мајка, нека неговата крв биде на него. 10 Ако некој направи грев со мажена жена, сопруга на свој ближен, со смрт да се казнат прељубникот и прељубницата. 11 Ако некој грев направи со жената на таткото свој,го посрамотил таткото свој; двајцата треба да бидат казнети со смрт, нека нивната крв биде на нив. 12 Направи ли некој греев со снаата своја, со смрт двајцата да се казнат; нека крвta нивна биде на нив. 13 Ако маж стори грев со друг маж, како со жена, двајцата срамота сториле. Тие се казнети со смрт, нивната крв нека биде врз нив. 14 Ако некој земе за себе жена а и мајката нејзина, тоа е срам! Треба и него и двете да се запалат, да се стави крај на таквата нечистотија меѓу вас. 15 Ако некој стори грев со животно, е казнет со смрт, и животното треба да се убие. 16 Ако жена се приближи на животно, да направи грев со него, да се убие и жената и животното.Нека нивната крв е на нив. 17 Ако некој ја земе за жена сестрата своја од страната на својот татко или од мајчина страна и ако тие меѓусебе општеле, тоа е срам! Тие мора да се убијат, пред очите на своите сонародници! Тој осквернавел својата сестра и има својата вина да ја сноси. 18 Ако општи со жената во време на нејзината немоќ, значи ако тој и таа откријат женско месечно течење, треба двајвата да се истребат од народот свој. 19 Со сестрата на твојот татко или мајка ти не смееш да општиш, бидејќи таквиот го сквернави своето тело тие треба вината своја да ја сносат. 20 Кој направи грев со сопругата на неговиот чичко, го посрамотил него. Тие својата вина ќе ја плаќаат; ќе умрат без деца. Егзодус (Излез), Глава 35-2: 2 Шест дена нека се работи. Но, седмиот ден ќе ви биде свет, празник, ден за одмор во име на Господ. Кој ќе работи на тој ден, да се казни со смрт. Броеви, Глава 3-38: 38 Однапред на источната страна на светото живеалиште, пред Шаторот на средбата кон сончевиот исток отседнати биле Мојсеј и Арон и неговите синови. Тие имаа служба околу Светилиштето, служба за народот на Израел. А да се приближеше некој друг, ќе мора со смрт да се казни. Броеви, Глава 15-35: 32 Кога синовите Израелови беа во пустината, затекнаа човек кој купуваше дрва во сабота. 33 Луѓето кои го беа затекнаа таму каде што купувал дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и неговата заедница. 34 Тие го ставија во затвор, затоа што не беше сеуште одредено за тоа што ќе се прави со него. 35 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: "Овој човек треба да се казни со смрт. Нека го каменува цела заедница надвор од таборот. 36 И целата заедницаго изведе пред таборот и го каменуваше до смрт, како што му заповеда Господ на Мојсеј. Abe brate ne svacaj me pogreshno nema da se razocarsh od mene tuku od toa vo sho veruvah. Oviee sto go pisuvale ova se inspirirani od Boga ili od gavolot??? Броеви, Глава 18-7: 7 А ти и со тебе, синовите твои, вие ќе извршувате свештеничка должност на се што паѓа на жртвеникот и зад завесата. Ете така обавувајте ја службата своја.Благороден дар е службата свештеничка што ви ја предадов. Неовластените кои ќе пристапат, со смрт да се казнат.“ Броevi 31: 7 И отидоа во борба против Медјаните, како што Бог му заповеда на Мојсеј, и ги убија сите машки лица. 15 Мојсеј им рече: "А зошто ги оставивте во живот сите жени? 16 Тоа беа оние кои на советот Балаамов ги заведоа синовите Израилови, да се одметнат од Господа поради Пеора, па стигна помор на заедницата Господова.17 Затоа сега убијте ги сите машки деца и сите мажени жени. 18 А сите девици, кои уште не се мажени, оставете ги за себе во живот. Броеви, глава 35: 16 Ако со железно орудије го удри така што настапи смрт, тогаш е крвник. А крвникот со смрт да се казни. 17 И ако камен од рака, од кој може човек да загине,погоди некој, и тој умре од тоа, починителот е крвник. Како крвник мора да биде казнет со смрт. 18 Или ако со едно дрво, од рацете на еден човек од кое може да се загине, погоди некој, и тој од тоа умре, починителот е крвник.А како крвник мора да биде казнет со смрт. 19 Крвниот осветник може да го убие крвникот. Ако го фати, смее да го убие. 20 Понатаму, ако некој одзади турне друг од омраза или се фрли на него, така што тој умре, 21 Или, ако го удри тој со својата рака од непријателство, па тој умре, тогаш мора таков убиец да се казни со смрт. Тој е крвник. Крвниот осветник треба да го убие крвникот кога ќе го фати. 30 Ако некој убие човек, тогаш убиецот треба да се казни со смрт само со сведочење на повеќе сведоци. Сведоштвото на само еден сведок не е доволно за смртна казна. 31 Да не земате откуп за животот на крвникот, кој заслужува смрт. Мора да се казни со смрт. I sto vikate ovie sto ja pisuvale biblijata bile "vdahnati" od Svetiot Duh ili INSPIRACIJA NA GAVOLOT. |
||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Muslimanite od sekogash bile napagani za omraza,nasilstvo,vojni,ubistva itn. No koga ke procitash k*ran ne e bah taka , tuku samo prazni obvinenia eve da videme sto vika k*ranot:
„Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! – Да, таква нека биде казната за неверниците! А ако се сложат - па, Аллах навистина простува и Сомилосен е''(Ел-Бекара, 191 -192). Затоа, верниците се одговорни да чекаат нешто да преземе спротивната страна, да го претпочитаат мирот и договорот, да се борат единствено само со цел за одбрана во случај на напад од другата страна. Ако обрнеме внимание на животот на Мухамед, а.с., може да забележиме дека војната е еден метод кон кој се прибегнува само во случај на потреба и со цел на одбрана. Објавата на к*ранот траела дваесет и три години. Првите тринаесет години на времетраење на Објавата муслимани во Мека живееле како малцинства, во еден идолопоклоннистички систем, каде што секојдневно биле изложувани на многу големи притисоци. Врз големиот број муслимани се вршени физички тортури, некои биле убивани, многу куќи и имоти биле ограбувани, постојано биле соочувани со навреди и закани. Меѓутоа, сепак муслиманите продолжувале да живеат без прибегнување кон сила, и идолопоклонениците постојано ги повикувале на мир. Конечно, кога идолопоклоненичките притисоци достигнале точка на нетолеранција, со преселување во Јасреб (кој подоцна бил наречен Медина), во кој владеела слободна и пријателска aтмосферa, муслиманите формираат своја управа. Дури и откако формирале свои политички устројства не се впуштале во војна против агресивните идолопоклоненици од Мека. Меѓутоа, откако беше објавен к*ранскиот ајет, Мухамед, а,с,. им даде налози на асхабите да се подготват за војна: „Ви се дозволува одбрана од оние што напаѓаат други, бидејќи ним им се прави насилство - а Аллах навистина е Моќен да им помогне на оние кои ни криви ни должни беа прогонети од својата татковина, само затоа што зборуваа: „Аллах е нашиот Господар '' .. (Ел-Хаџ, 39-40). На кратко, Aллах, џ.ш., на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранијата. Со други зборови, војна која се дозволува единствено е само војната со цел за одбрана. И во други ајети муслиманите се предупредуваат за да се избегнува непотребна провокација и непотребна употреба на сила: „И борете се на Аллаховиот пат, против оние кои се борат против вас, но вие не oтпочнувајте борба! - Аллах, навистина, не ги сака оние кои започнуваат кавги“ (Ел-Бекара, 190). По објавувањето на овој ајет се случиле војни меѓу муслиманите и Арапите идолопоклоненици. Сепак, во ниту една од овие војни, муслиманите не биле страна која предизвикала војна. Покрај тоа, со прифаќањето на мировен договор (договор на Худејби) во кој се согласило на серија барања идолопоклонениците Мухамед, а.с., обезбедил мир и безбедност, изградил атмосфера и социјална структура, во која со идолопоклонениците ќе живеат во мир. Идолопоклонениците сепак биле страната која го прекршила договорот и кои била причина за почеток на една нова војна. Меѓутоа, во исходот со брзото зголемување на бројот на муслиманите, муслиманската војска постанала толку силна што Арапските идолопоклонниците не можеле да одолеат, кога Мухамед, а.с., со оваа војска тргнал и ја освоил Мека. За време на овој поход немало никакво пролевање на крв, на ниту еден човек не му е направено ниту едно зло и непријатност. Ако сакал, Мухамед , а.с., можел да им се одмазди на идолопоклоненичките лидери на освоениот град. Меѓутоа, не е допира ниту еден од нив, простувајќи им, оставајќи ги слободни во нивните верувања. Импресионирани од вака високиот морал и карактер, мушриците подоцна доброволно го прифаќаат исламот. Не само за време на освојувањето на Мека, и при сите војни и освојувања за време на Мухамед, а.с., многу прецизно се штитени правата на невините и беспомошните. На ова многу важно прашање Мухамед, а.с., често ги потсетувал верниците, а со своите дела практично им покажувал. Така, во еден хадис им се обраќа на верниците, кои тргнале во војна:„Одете во поход, во согласност со Ресулуллаховата вера! Постарите, жените и децата не ги допирајте! Бидете оние кои се благонаклонети и милостиви. Aллах, џ.ш., ги сака искрените.'' За тоа каков став мора да завземат муслиманите, дури и кога тие се во директна војна, Мухамед, во друг хадис се истакнува со следниве зборови: „Не убивајте деца! Не се осмелувајте да ги допрете оние кои вршат молитва во нивните цркви! Не убивајте жени и стари! Не палете и не сечете ги дрвата! Не уништувајте ги куќите!'' Оваа умерена и мирољубива политика на Мухамед, а.с., произлегува од темелот на Исламот кој Алах, џ.ш., го изјавува во к*ранот. Aллах, џ.ш., во к*ранот им наредува на верниците убаво да се постапува и кон оние кои не се муслимани: „Аллах не ви забранува да правите добро и да бидете праведни кон оние кои не се борат против вас заради верата и кои од вашата татковина не ве гонат - Аллах навистина ги сака оние кои се праведни - но ви забранува да пријателувате со оние кои се борат против вас заради верата и кои од татковината ве гонат и кои помогаат да бидете прогонувани..“(Ел-Мумтехине, 8-9). Споменатиот ајет го дефинира односот на муслиманите кон немуслиманите: Муслиманот би требало кон сите немуслимани да се однесува убаво, само не би требал да бара пријател во оние кои покажуваат непријателство кон исламот. Ако тие што покажуваат непријателство ги нападнат муслиманите и ако тоа биде причина за војна, муслиманите таа војна би требало да ја спроведат на праведен начин и во рамките на човечноста. Забранет е секаков вид, употреба на непотребна сила и неправедни злоупотреби. Во еден друг к*рански ајет Аллах, џ.ш., ги предупредува верниците на ова прашање и им соопштува дека омразата што ја чувствуваат кон непријателот никако нека не ги доведе да бидат неправедни: „О верници, извршувајте ги должностите кон Аллах, и праведно сведочите! Нека омразата што ја имате кон некои луѓе не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни тоа е најблиску до честитоста и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро го знае она што го правите!“ (Ел-Ma'идa, 8). PA SPORED VAS KOJA E VERATA NA LJUBOVTA,MIROT ???? SUDETE BEZ DA ZNAETE. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Побратиме, ти благодарам за трудот но сега одам на нешто многу важно, а утре - Иншалах - ќе го читам твојот труд и ќе видам дали може нешто да ме разочара од твоето пишување.
Лека ноќ и уште еднаш ти благодарам. |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
hleb20 , toa sto go citirash e od Torata (del od Stariot Zavet). Toa se zakonite nameneti za nekogashnite evrei.
P.S. Rekov "nekogashnite evrei" zatoa sto deneshnive ne gi sledat tie drakonski zakoni. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вера на љубовта и мирот... O, муслимани! Борете се против оние кои не веруваат во Аллах, кои не веруваат во оживувањето и во Денот на наградата и казната, и кои не го избегнуваат она што им го забранија Аллах и неговиот пејгамбер, и кои не ги прифаќаат исламските шеријатски прописи-евреите и христијаните-се додека не платат џизија, се додека не бидат потчинети и поразени Сура Ет Теуба 29 А овој стих, за каква одбрана овде зборува пророкот? Која умерена и мирољубива политика? |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде да направиме еден објективен преглед на Кyранските ајети кои повикуваат на борба, а потоа оставам секој со сопствениот разум да расуди дали во нив се повикува на одбранбена, или пак на агресорска војна кон оние кои не ја веруваат истата вера како нив.
Па, кога светите месеци ќе поминат, борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
(Сура Аl-Тawbа 9:5) И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат. (Сура Аl-Аnfal 8:39) О пејгамберу (пророк, Мухамед), поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат. (Сура Аl-Аnfal 8:6) О верници, што ви беше кога ви беше речено: "Појдете во борба на Аллаховиот пат"- како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет? Па, уживањето во животот на овој свет е ништо во однос на уживањето на Ахирет! (Сура Аl-Тawba 9:38) Ако не појдете во борба Toj ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се! (Сура Аl-Тawba 9:39) Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете! (Сура Аl-Тawba 9:41) О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите! (Сура Аl-Тawba 9:123) Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички! (Сура Аl-Тawba 9:14) И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец! (Сура Аl-Аnfal 8:17) Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот Ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето! (Сура Аl-Тawba 9:29) Оние би сакале вие да бидете неверници како што оние се неверници: да бидете еднакви. Па, нив не земајте ги за заштитници се додека не се иселат на Аллаховиот пат. А ако ги свртат плеќите- тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде било да ги најдете. Од нив не земајте ни заштитник ни поддржник! (Сура Nissa 4:89) Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени! (Сура Es-Saff 61:4) О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини... Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема! (Сура En-Nissa 4:71,74) Јас ќе внесам терор во срцата на неверниците, исечете им ги главите и сите прсти! (Сура 8:12) О верници, плашете се од Аллах и барајте начин на кој ќе Му пристапите, и борете се на Неговиот пат за да бидете спасени! (Сура 5:35) О Пејгамберу (Мухамед), бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џенемот е престојувалиште нивно. (Сура 9:73)
Точно така. Како што имавме прилика да видиме, сите цитати што hleb20 ги наведе се цитати од стариот завет кои што се однесуваат на старозаветните евреи. Но тие заповеди не се однесуваат на христијаните. Христијаните не се под стариот завет, туку под новиот. А во новиот завет Христос им заповеда на овој начин да се справуваат со непријателите и со оние кои не ја споделуваат нивната вера:
"Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат." (Христос во Матеј 5:44)
"Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.."
(Христос во Матеј 5:39,40)
"Никому не враќајте зло за зло." (1 Солунјаните 5:14)
"Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!" (Римјаните 12:18)
"Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев." (Римјаните 12:19)
"Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го." (Римјаните 12:20)
"Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро." (Римјаните 12:21)
"Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат." (Христос во Матеј 26:52)
"Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси" (Лука 9:56)
"Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби" (Христос во Матеј 10:16)
"Љуби го својот ближен како себеси!" (Христос во Марко 12:31)
"Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бог и секој кој љуби од Бог е роден и Го познава Бог. А кој не љуби, не го познава Бог, затоа што Бог е љубов. (Во продолжение следува евангелието) Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е ова: Не дека ние сме Го возљубиле Бог, туку Тој не возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.
(1 Јованово 4:7-10) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se bunish izgleda neshto ti so ajetive. Borete se onie koi ne veruvaat vo Allah i vo Denot ahiretski i koi ne go zabranuvaat ona sto go zabranija Allah i pejkamberot Negov , i koi ne ja zastapuvaat vistinskata vera na onie koi im e dadena Knigata se dodeka ne dadat gizija so racete potcineto! Sura 9.Et-Tevba-29 imame razlicni vidovi na "borbi" i se odnesuvaat na togashno vreme dodeka muslimanite bile vo vojna so nevernicite. I pisi gi ajetite ko shto se. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znachi za tebe e potpolno vo red nekogo da go otepash zatoa sto ne e vernik kako tebe i ne saka da bide toa ?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
hleb20
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Gore navedenite ajeti jasno pokazuvaat vo koe vreme Allah gi povikal na vernicite da odaat vo vojna.
Vo vremeto koga bese objavuvan k*ranot lugeto veruvale vo sve i svashta i neizbezno bila vojnata , pa Allah dz.sh kazuva deka ne im e grev vo neophodnost shto ne tie jasno tuka. Da ne zboruvame za masakraie koi hristijani gi pravele niz vremeinjata. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па и денес има луѓе што веруваат во све и свашта. И денес има луѓе (5 милијарди!) што не веруваат во Аллах и во денот Ахиретски и не даваат зекат итн. И денес постојат политеисти. Па нели според вас и христијаните се политеисти кои веруваат во три богови. Зошто не ги отепате и нив? Што е различно тогаш и сега?
На кој начин и по кој критериум одредувате кои Аллахови заповеди во Кyранот се за "тоа" време, а кои се за денешново време? Има ли некој валиден и општ критериум или кој како стигне си толкува зависно од потребите и политичката ситуација?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Dzingis Kan
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 133 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sekako deka postojat kriteriumi i pravila na vojnata i vojuvanjeto vo Islamot. Kako sto i samiot zabelezuvas , a toa e dobar kontra argument protiv tebe,deka ako Islamot bese takov, kakov sto sakas da go prikazes i denes non stop, sekade kade sto ima muslimani po svetot, tie ce bea vo vojna protiv drugite. Sekoj ajet si ima svoja pricina za negovoto objavuvanje. Postojat tolkuvanja na tie ajeti, ne treba da se zeme se, zdravo za gotovo. Eve ti vo prilog eden interesen tekst: ЕТИКА НА ВОЈНА ВО ИСЛАМ По повод натписот во весникот “Нова Македонија” (6-7 Октомври 2001 год) од новинарот Александар Божиновски каде под наслов “Алах им дава храброст на верниците и внесува терор во срцата на неверниците” вели: „Фатализмот и исклучивоста на исламската религија, особено некои пораки од Коранот, отворено го поддржуваат тероризмот во името на Алах.“ Покрај тоа уште на бројни места во неговиот напис стојат директни измислици, клевети, лаги и невистини, кои се чист продукт на неговиот плиток, површински, замаглен, варварски разум кој е доен со познатата светска доза “Омраза кон Исламот и муслиманите” Доволен доказ за оваа наша констатација се зборовите на (не)паметниот новинар кој дава своевиден пристрасен заклучок со зборовите: „Но, она што најмногу им дава право на аналитичарите да го наречат Исламот - фаталистичка религија се т.н. шестте написи (имански шартови), особено е значаен петтиот напис во кој се вели дека сите работи, добри или лоши, на овој свет, се директна последица на волјата на Господ. Што би рекло и кога муслиманите прават лоши работи и тоа е волја на Алах…“ Жалосно е што авторот погледнал само на една страна заборавајќи да се осврне кон сопствената вера, но познато е дека човекот како човек полесно му е да забележува на други а самиот да не се гледа. Да видиме за момент што вели Исус во евангелието на Матеј (10:34): „Немојте да мислите дека јас сум дошол да донесам мир на земјата! Не сум дошол да донесем мир, туку сабја.“ На друго место (Евангелие на Лука 12:49 и 51) вели: „Дојдов да фрлам оган на земја, па, како би посакал да веќе се запалил! Дали мислите дека сум дошол да донесам мир на земја? Не, ви велам на вас, туку раздор.“ Иако лично сметам и убеден сум дека тие зборови не се на Исус (Иса а.с.), туку се измислица и лага залепена за неговото име. Затоа одлучив да ги напишам овие зборови со цел реално да ја презентирам вистината сврзана за војната во Ислам (Џихад) и неговата толеранција во воени услови, а истовремено и да го демантирам горе наведениот напис и секој друг напис кој го обвинува или клевети Исламот за тероризам, фаталност, екстремност и сл. Нема дилема дека војната се третира како општествена неопходност, кон кој се стремат луѓето за решавање на нивните политички, идеолошки, социјални и територијални конфликти. Оттука германскиот филозоф Хегел смета дека процесот на реформи не може да се имплицира во секоја сфера освен како резултат на две конфронтирани страни за елимнација една врз друга. Исламот ја востановил војната како одбранбено средство за решавање на некои социјални проблеми во случај кога непријателот одбива секој вид на компромис. Имено, Исламот ги основал односите на муслиманите со другите народи врз принципите на разбирање и мир. Затоа тој не дозволува напад врз невини луѓе само затоа што имаат поинаква верска и етничка припадност, туку напротив, наредува на соживот, хуманост и солидарност со другите припадници на вери. Ова јасно е потенцирано во к*р’анот ( 60:8 ) : „Аллах не ви забранува во однос на оние кои не се борат пртив вас и верата, и кои не ве истеруваат од домовите ваши, да им правите добро и да бидете кон нив праведни.“ Доволен доказ за оваа констатација е секојдневниот исламски поздрав меѓу муслиманите кој гласи „Ес-Селаму Алејкум“ што значи “Мир и спас нека биде врз вас во секое време и место” Еве неколку етички принципи на војна кои ги поставил Исламот: а) Должност е на муслиманите кога ќе бидат нападанати пред да му возвратат на непријателот да му постават три услови на располагање 1- Да го прифати Исламот; 2- Ако не сакаат тоа тогаш може да останат на своите земјишта но да плаќаат данок; 3- Војна како крајно решение. Потврдено е дека Мухаммед а.с. никогаш не го напаѓал непријателот се додека не го повикал на оваа резолуција. (Муслим) б) Оние кои немаат учество во војна од цивилното население не смеат да се убиваат или да им се нанесува некое зло, единствено се војува само против непријателот на воено поле. к*р’анот ова го потенцира со следниве зборови „Борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас и немојте да ги преминувате границите.“ (Ел-Бекаре, 193) т.е. немојте да ги убивате оние кои не се борат против вас како: жени, деца, старци, болни и сл. Се пренесува дека Мухаммед а.с. им забранил на своите водачи да убиваат жени, деца, слаби, да не палат полиња ниту плодови, и да не рушат куќи. в) Исламот забранува секаков вид на геноцид, масакр, како што забранува користење на отровни гасови и сл. Затоа Мухаммед а.с. му порачал на неговиот командант „Војувај во име на Аллах, бори се чесно, немој да прекршуваш договор, немој да масакрираш ниту да убиваш деца“ Исто така и вториот негов наследник Ебу Бекр порачувал „Немојте да изневерувате, ниту да убивате стока, овци, крави, камили освен за потреба за јадење“ г) Исламот наредува добар однос кон заробените на воено поле, дури тоа го смета како доказ на совршено верување. Затоа Мухаммед а.с. наредил „Постапувајте добро со заробените“ Во друга прилика ги ослободувал робовите без надомест, дури оние кои знаеле да читаат или пишуваат имале задача да научат по десет неуки муслимани и со тоа ќе бидат ослободени. Сето досега горе иснесеното го потврдуваат и голем број на објективни западни научници и историчари. Д.Густав Лепон вели: „Освојувањата на муслиманите никогаш не биле под сенка на сила и агресија како фактори во ширење на к*р’анот. Факт е дека човештвото не познава освојувачи толку толерантни, милосрдни и праведни како арапите, затоа Исламот се прошири со толку брз ритам.“ Исто така и Пр.Робинсон вели: ¬¬¬„Муслиманите се единствени во историјата кои успеа да ја соединат војната и толеранцијата.“¬¬¬ Затоа сметаме дека мирот е божји дар, бидејќи Аллах џ.ш. го поттикнува Неговиот Пејгамбер на мир, и вели: „А ако се наклонети кон мир, па, и ти биди наклонет кон мир.“ (Ел-Енфал, 61) Зар може после сето досега истакнато да му се залепува на Исламот етикети како: фатална, терористичка, фундаменталистичка, екстремна религија, а неговите следбеници: терористи, фундаменталисти, екстремисти, радикалци и сл.? Зар има поголеми терористи од оние кој секојдневно убиваат невини цивили во Палестина, Чеченија, Филипини, Кашмир итн.?!! Одговор: Секако „НЕ“ !! Изменето од Dzingis Kan - 23.Октомври.2009 во 18:40 |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |