IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонските Верувања и легенди
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонските Верувања и легенди

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонските Верувања и легенди
    Испратена: 01.Октомври.2009 во 19:07
Многу е интересно да се согледаат Македонските верувања и Легенди кои го означуваат Македонскиот живот низ вековите.

На пр.

ВЕРУВАЊЕ ДЕКА ЧОВЕКОВАТА ДУША СЕ КРИЕ ВО ПЧЕЛА (ИНСЕКТ)



Ова античко-македонско верување е опишано кај д-р Наде Проева (цит. дело, стр.187).

Кај Македонците од 19. и 20. век постои слично вакво верување, според кое дека душата на човекот, по смртта, се престорува во пеперутка (ова верување во Штип и денес може да се посведочи кај постарите луѓе). Иако пеперутката е различна од пчелата, сепак во обата случаи станува збор за инсекти.
Во контекст го додавам и познатиот Македонски филигран
http://www.mia.com.mk/image1.jsp?slikaid=65492816
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/6B374769C445EA47AFA96EB06BDC6F4D.jpg

Воедно да додадам дека Филигранската Пеперутка стана бренд на Р.Македонија во последните 10 год. конечно оваа Македонска уметност ја обележува нашата татковина достојно

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 02:08

Народни песни, преданија и мотиви и ликови од приказни

Денес во македонскиот фолклор постојат бројни македонски народни творби (песни, приказни, легенди, преданија и сл.) посветени на некои од античко-македонските владетели или јавни личности.
Постојат и одредени фолклорни елементи (посебно во приказните], кои несомнено влечат корени од времето на античка Македонија.
Овде ќе спомнеме некои од нив.
Притоа, во интерес на просторот, нема да ја приложиме комплетната содржина на овие македонски народни умотворби.туку само ќе посочиме на нивното постоење.
Посебно ќе се задржиме на обработката на мотивите во народните приказни, кои имаат античко-македонско потекло.

Народни песни и приказни

Народни песни, во кои се опеани славни личности од античко-македонската историја, запишале речиси сите запишувачи на македонски народни умотворби од средината на 19. век и подоцна.
За ваквата појава сведочеле и странци, кои ја посетувале Македонија во 18, 19 и 20. век.
Сепак, можеби прв запис за песна посветена на античко-македонската историја имаме кај Теофилакт Охридски.

Во својот труд Теофилакт Охридски за музиката во Македонија од 11. до 12. век (Македонска музика, бр. 2, 1979, стр. 39-46], познатиот македонски истражувач на средновековна Македонија, проф.Бранко Панов, споменува едно писмо на Теофилакт Охридски во кое тој пишува дека кога бил во (цитат):
варварската земја - Македонија, населението во Охрид го дочекало со пеење на (цитат): некаква борбена и победоносна песна, за која Теофилакт вели дека во неа народот ги опејувал (цитат): своите честити времиња.

Византискиот историчар и писател Никифор Григора, за време на својата посета на Струмица во 1326 година, опишува некои од народните песни што таму ги слушнал.
Тој децидно тврди дека (иако не го разбирал јазикот на тамошното население], струмичките народни песни многу потсетувале на -фригиските! (Ницепхоре Грегорас, Цореспонданце, Парис, 1927, стр. 30-50].

Се знае дека Фригите (Бригите) играле главна улога во етногенезата на античките Македонци, па оттаму гледаме дека уште Македонците во 14. век, како свое наследство, ги чувале старите античко-македонски (бригиски) мотиви во народните песни.

Многу подоцна, францускиот генерал Франсоа де Тот, кој работел во Цариград од 1768 до 1775 (18 век!), во своите Спомени запишал:
Дваесет и двајца Македонци... во една кафеана пееја песни за победите на Александар (Александар Матковски: Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777, Скопје, Мисла, 1991, стр. 833].
Овие Македонци биле обични работници.

Сведоштво дека споменот за Александар Македонски останал меѓу Македонците во првата половина на 19. век, дал и рускиот истакнат деец Виктор Григорович.
Во врска со импресиите од неговата посета на Македонија во 1844-1845 година, тој запишал:
Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале.
И едниот и другиот живеат во спомените на народот...
Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот.

Виктор Григорович запишал и една народна приказна за македонскиот цар Филип II.
Тоа всушност е првата запишана македонска народна приказна воопшто!
Македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски, во Книгата за Цепенков (цит. дело, стр. 520], ќе запише:
"Цар Филип сос сонце чинит облок" е првата наша забележана приказна од Острово.
Ја запишал Виктор Григорович во времето на неговото патување по Македонија.
Таа е објавена дури во наше време.
Значи првата запишана македонска народна приказна се однесува токму на славниот античко-македонски цар Филип II.

И чешкиот научник И. Доровски во својата студија за врските меѓу Чесите и Македонците објавува факсимил од една [цитат]: македонска народна песна, запишана од В. И Григорович. (Ј. Доровскѕ, Цеске земе а Балкан, Брно 1974].
Харалампие Поленаковиќ, во својот труд:
Уште една варијанта од македонската народна умотворба "Цар Филип сос слонце облок чинили" (Избрани дела 2, Скопје 1988], наведува дури четири приказни или песни (а можеби и само варијанти] за македонскиот цар Филип II.

Босанскиот запишувач на македонски народни умотворби и обичаи, Стефан Верковиќ, познато е дека престојувал во Македонија повеќе години во средината на 19. век.
Тој признава дека бил многу изненаден кога во Македонија открил народни песни за личности од античка Македонија.
Дури овие песни тој ги прогласил како свое најголемо откритие.
Во едно свое писмо Верковиќ сведочи:
Ова премногу важно и ненадејно откритие се случи во првата четвртина на 1865 година. Тоа беше една мала песна за Александар Велики, царот Македонски.
До крајот на годината најдов уште две песни за него.
Следната 1866 година наидов на уште постаро откритие - на песна за Орпхеус! (Стефан Верковиќ, цит. дело, стр. 347).
Значи, Верковиќ, не само што открил македонски народни песни за Александар Македонски, туку и за митскиот крал на Тракијците Орпхеус, за кого веќе наведовме сведоштва дека бил роден (и погребан) во Македонија.

Стефан Верковиќ дал и други сведоштва за македонски народни творби со античко-македонски елементи, на кои наишол за време на својот долговремен престој во Македонија.
Притоа сведочи дека голем број вакви преданија имало кај македонското колено (пошироко семејство] Марваци (жители на дел од денешниот пирински дел од Македонија, кој се наоѓа под Бугарија).
Во веќе спомената книга за Верковиќ (цит. дело, стр. 152], читаме:
Марваците... го населуваат неврокопскиот округ што се простира меѓу планината Кремен и Момина Кула и служи како естетски дел меѓу Неврокоп и Разлог (градови во овој дел од Македонија, з.м.]... Кај Марваците има приказни и народни преданија од најодамнешното минато, кои би можеле да пополнат многу празни места во општата и месна словенска историја, како и да разјаснат и коригираат многу погрешни и неумесни мислења и докази на старите и нови историчари за народите што живеат на Балканскиот Полуостров, за нивните прадедовци, старите Тракијци, Македонци и Илири... Покрај преданијата и приказните кај Марваците има и народни песни, многу љубопитни и важни, кои се однесуваат на најдалечното минато; на ова се однесува и песната за доаѓањето на Словените од Азија (од далечната Кинеска земја, како што кажува песната] на Дунав; уште песната за Александар Велики и неговиот коњ Буцефал;за походот негов во Азија и војната со Дариус и Пор(ус) - царот индиски.

Оваа многу важна песна за решението на потеклото на старите Македонци, Тракијци и Илири, инаку е откриена во селото Керчово, што се наоѓа во Воловиште.Демирхисарски округ (округ во Македонија, з.м.], како што ми раскажа овчарот Стојан Мечкаров.
Исто таква песна имам и од селото Крушово, во истиот округ, но таа е составена малку поинаку.

Да потсетиме и на веќе презентираното сведоштво од Стефан Верковиќ, во кое, тој тврди дека во југозападна Македонија, луѓето себеси се декларирале како чисти Македонци, потомци на Александар Македонски.

Кога сме кај Верковиќ, да ја спомнеме и неговата книга Веда Словена, во која тој исто така објавил песни посветени на Александар Македонски и подолга песна за Орпхеус (Орфен јунак), кои ги прикажал како народни песни, но за кои, денес, некои сметаат дека му биле подметнати од страна на учителот Јован Гологанов, кој бил негов собирач на народни умотворби и кој, наводно, самиот ги создал овие песни, прикажувајќи ги како македонски народни.

Инаку, Гологанов до крајот на својот живот упорно тврдел дека песните и навистина биле народни и дека е надвор од логиката дека тој, како недоволно образован селски учител, би создал такви песни.

Дури во едно свое писмо до Верковиќ, самиот Гологанов пишува (цитат): ниту сум учен на народниот јазик, нит/ пак ни една бугарска книга имам.
Понатаму запишал дека самиот себеси се смета за (цитат):
многу малку учен (М. Арнаудов, цит. дело, с. 340).

Дека песните од Веда Словена се оригинални народни тврдел и Верковиќ, но и многу учени ширум Европа, кои ги прегледале овие песни.
Некои од нив биле Французите: Емил Бирнуф, Албер Димон, Луис Легер и Огист Дозон; Чехословаците: Јанко Шафарик и Леополд Гајтлер;Пољакот Александар Ходзко; Германците Флигер и Подхорски, Русинот Всеволд Милер и други.

Посебно полемиката се водела околу песните за Орфеј и за Александар Македонски.
Во екот на полемиката, група од дваесет и двајца жители на македонскиот град Серез, во 1876 година.испратиле писмо до францускиот издавач Е. Лерокс,во кое, тие тврделе дека песните од Веда Словена и навистина се народни, а штипскиот учител Димитар Павлов.во едно писмо до Верковиќ, воодушевено напишал:
За Орфеј Грците лажат дека бил Грк, но преку Вас учените европјани ќе дознаат дека словенскиот буен поток го извадил од своите недра и ова богатство (Љ. Доклестиќ, цит. дело, ст. 312 и 301 ].

Сепак, бугарскиот деец Шишманов бил главниот во негирањето на автентичноста на овие песни (иако имало и други како него.
Ј.Шишманов отпрвин наседнал на една лага од егзархискиот агент Петко Славејков,кој тврдел дека поранешниот учител С. Л. Харизанов наводно му се доверил дека учествувал во фалсификувањето на песните од Веда Словена.

Меѓутоа, самиот Харизанов најенергично ги одбил тврдењата на Славејков како лажни.
Но, Шишманов не запрел на ова.
На крајот од осумдесеттите години од 19. век, тој испратил неколку активисти (меѓу кои и самиот Верковиќ) да бараат луѓе по македонските села,кои ги знаат овие песни.
Наводно, тие не нашле ниту еден селнанец што ги знаел овие песни.

И токму кога се чинело дека приказната за песните од Веда Словена е завршена.т.е. дека песните во неа и навистина не се народни.во 1894 година била испратена уште една експедиција (анкетна комисија), упатена по барање на бугарскиот црковен весник Новини.

Оваа експедиција донела изненадувачка вест, која гласела дека бабата Злата Шопова и извесниот хаџи Стоил од македонското село Крчово ја знаеле македонската народна песна за Орфеј!

Весникот Новини веднаш ја објавил оваа информација во своите броеви: 52, 73 и 89 (година III) и бр. 15 и 16 (година IV).
Подоцна, фолклористот од македонско потекло А. П. Стоилов објавил податок дека, во 1911 година, и самиот слушнал неколку строфи од песната за Орфеј од страна на селанката Марија Шопова од македонското село Црвишта.

И други селани му пот врдиле на Стоилов дека делови од песната за Орфеј ги има во други народни песни (што впрочем е нормална појава во народните песни).
Исто така не е точно дека Гологанов наводно му испратил песна за Орфеј на Верковиќ, откако овој му ветил парична награда заради тоа.

Напротив, Гологанов прво пронашол една кратка народна песна за Орфеј, а дури потоа воодушевениот Верковиќ му понудил пари, до колку му најде уште една таква (Љ. Доклестиќ, цит. дело, стр. 283].

По ова Гологанов му испратил уште подолга песна за Орфеј, за која подоцна бил обвинет дека самиот ја измислил (што рековме дека тој го негирал).

Во интерес на просторот нема многу да се задржуваме на проблемите околу потеклото на песните во Веда Словена, само ќе кажеме дека дури и до колку во нив навистина има уметнички интервенции, факт е дека во нив има и фолклорни елементи, а најголем доказ за ова се теренските истражувања на Стоилов, според кои, селаните му потврдиле дека во песните од Веда Словена и навистина има стихови од повеќе народни песни (значи, сепак - народни!).

Понатаму, факт е и дека најжестоки поборници во негирањето на автентичноста на овие песни биле бугарските дејци, а во наше време тоа се македонските приврзаници на теоријата за заткарпатското словенско потекло на денешната македонска нација, во чија теорија не се вклопува постоењето на македонски народни песни со антички мотиви.
Факт е и дека ниту еден од негаторите на автентичноста на песните од Веда Словена го нема ниту спомнато фактот дека Орфеј и навистина бил роден (и погребан) во Македонија, а кон сето ова секако дека треба да се има предвид и фактот дека постојат и други македонски народни творби со античка содржина, кои овде ги споменуваме, а за кои, докажано, се знае дека чисти народни творби, останати во нашиот народ уште од дамнина.

Одиме понатаму со презентирање македонски народни песни со античко-македонска содржина.

Меѓу Македонците во пиринскиот дел на Македонија (кој денес се наоѓа под Бугарија] и денес постојат македонски народни песни, посветени на античко-македонските владетели. Сведоштво за ова имаме во романот Тасо Македонецот (Софија, 1995] од македонскиот писател во Бугарија Славе Македонски.

Таму е објавен дел од македонска народна песна за Александар Македонски, која што Славе Македонски ја слушал од својата неписмена мајка, која ја запомнила уште од своите стари.

Истата песна била пеена и од еден стар овчар на големата македонска планина Пирин.
Сведоштво за, до неодамна, непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќаваме и во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден, во делот на Македонија, што се наоѓа под Грција).
Овој деец, со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на егејскиот дел на Македонија.
Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84-годишниот Македонец Танас Марков.
Дел од песната гласи: Стани, стани Александре Македонски за да видиш како твоите синови се борат за Македонија...
Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути.
(в. Нова Македонија, Скопје; 1 и 2.11.1997, стр. 7).

Во средината на 19. век францускиот славист Сипријан Робер запишал една песна за Александар Македонски, кој ги молел боговите да бдеат (цитат):
над неговиот народ славен со херојски срца, поради што заслужуваме да го носиме убавото име Словени.
Ова име го добивме од устата на самиот Александар, восхитувајќи се на јунаштвото наше, јунакот од Македонија изрече пред смртта дека го проколнува секого, кој, во иднина ќе говори лошо за народот славен.
На тој народ, како награда за јуначките дела тој му ги завешта областите што се простираат од Јадранското Mope па се до океанот на вечните ледови.
Александар сакаше целата таа земја никогаш да не живее по други закони, освен по законите на славните. (Цитирано од книгата на Л. Славеска, стр. 34-35).
Инаку, овој завет е објавен во оригинал на француски во 1852 година.

Во Зборникот од македонски и бугарски народни и уметнички песни од 1909 - 1910 година (Михајло Георгиевски: Словенски ракописи во Македонија, цит. дело, стр. 161-173), на стр. 68, спомната е песна во која се споменува античко-македонскиот цар Каран.
Првите стихови на оваа песна гласат:
Стара планина, кој ште в тебе војска води Като нјама цара гордиј, Цара Карана.
Иако песната овде е запишана на бугарски јазик, повеќе од јасно е дека по содржината тоа е македонска песна.
Во продолжение следувале уште 28 стихови.

Македонска народна песна за царот Каран споменува и македонскиот преродбеник Исаија Мажовски во своите Спомени (Софија, 1922).
Тој раскажува како, на ден 23.02.1867 година, престојувал во македонското село Сосалија (во околината на Ениџе-Вардар) кај своите вујковци, браќата Хаџи Секови.
Вечерта,кај нив дошол некој Евреин да купува волна и, откако завршиле работа, седнале и пееле македонски народи песни.
Тогаш браќата Хаџи Секови испеале неколку стари песни за македонскиот цар Каран и Солуна девојка.
Во врска со ова Мажовски пишува:
Слушајќи ги песните, Евреинот зачудено ги праша како можеле да се зачуваат овие песни од толку старо време. Старците Хаџи Секови му одговорија дека овие песни се останати уште од старо време и истите биле пренесувани од татко на син.
"Тие биле пеени од нашите татковци и дедовци, та и ние сме ги научиле од нив да ги пееме." (цит. според Гане Тодоровски, цит. дело, стр. 30).

Во македонскиот весник Народна Волја (Благоевград, јули 1994) е објавена и македонска народна приказна за царот Персеј, под наслов Татковата клетва, раскажана од Г. Петров. Почетокот на приказната гласи:
Еднаш живеел еден цар на Македонија, што се викал Персеј.
Во тоа време во Македонија имало многу гаталки.
Тие дошле овде по завладувањето на светот од страна на Александар Велики.
Тој ги довел од Индија, од Персија, од Египет, од секаде...
Понатаму во приказната се раскажува дека царот Персеус [Персеѕ] сретнал една од тие гаталки, која му ја претскажала пропаста на неговото царство, поради тоа што тој на подмолен начин го отепал својот брат, наклеветувајќи го пред татка си дека работи во интерес на туѓа држава.
Подоцна таткото на Персеј разбрал за подмолноста на својот син и го проколнал. Гаталката му рекла на Персеј дека царството ќе му пропадне и туѓинци ќе владеат со неговата земја.
Откако ги слушнал овие зборови на гаталката Персеј се уплашил бидејќи, тие денови, и жена му сонувала лош сон.

Ја прашал гаталката дали може да направи нешто за да се спречи оваа судбина, а таа му одговорила:
Ќе ти кажам што да направиш, ама не е сигурно дали ќе те стигне клетвата. Ќе родите машко дете, ама ќе го скриете, никој да не знае оти е ваше.
Царицата ќе го роди таму каде што никој нема да ја знае.
Потоа ти ќе го дадеш во некоја туѓа држава и ќе му кажеш на човекот кајшто ќе го дадеш да му ја каже вистината откако Македонија ќе биде поробена.
Тогаш можеби душата на татко ти ќе се смилува.
Царот Персеј така направил.
Родиле син со царицата и го однеле на еден остров, каде го оставиле на чување кај еден човек.
На човекот му оставиле пари и запечатено писмо за да му го даде на детето кога ќе порасне.
Човекот го крстил детето Андрејко.
Кога пораснало детето, човекот му го дал писмото.
Внатре пишувало кое е тоа и како да дојде до богатствата на татко му.
Татко му му оставил две богатства и му опишал како да ги најде, т.е. каде се закопани. Едното било закопано на патот близу реката Струма (река во источна Македонија, з.м.), а другото под една клупа во дворецот во Солун.

Откако ги нашол богатствата Андрејко собрал војска и тргнал ја ослободува Македонија.
Успеал да ја ослободи, ама, по кратко време, таа пак била поробена од Римјаните.
Тогаш на Андрејко на сон му излегол еден стар човек, кој му рекол повеќе да не се мачи, бидејќи Македонија уште долго нема да биде слободна.
Така било пишано од Господ.
Стариот човек му рекол златото што го има да го сокрие на три места и да почне да гради цркви и манастири.
Така царот и направил.
Изградил цркви во кои народот и денес оди.
И оваа народна приказна од пиринскиот дел на Македонија (што денес се наоѓа под Бугарија) во многу се поклопува со историската вистина.
И навистина во 149 и 148 година п.н.е. во Македонија се појавил еден млад човек, што се викал Андриск и кој тврдел дека е легитимен син на Персеј, поради што се преименувал во Филип Шести.
Тој се обидел да ја ослободи Македонија од римската окупација.
Собрал војска, и дури, на кратко, успеал да ја ослободи цела Македонија.
Во тоа му помогнале и Тракијците.
Но, Римјаните испратиле голема војска и до пресудната битка дошло кај Пидна во 148 година.
Андриск (или Филип Шести) отпрвин имал успех во битката, но потоа направил тактичка грешка, по што бил поразен.

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ:
“ДРЕВНО МАКЕДОНСКО НАСЛЕДСТВО ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА”
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:50
Од каде потекнува големата застапеност на лавот во македонските народни приказни (но и други моменти) кога тој денес не живее во Македонија?
Малку е познато дека во времето на антиката лавот и навистина живеел во Македонија и оттаму потекнува неговата застапеност во нашиот денешен фолкор (и не само фолклор)!

Продолжуваме со извадоци од мојот труд (засега необјавена книга) под работен наслов "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација". Овде ќе направиме осврт кон неколку мотиви од македонските приказни, кои несомнено имаат античко-македонско потекло.

ЛАВОТ ВО ПРИКАЗНИТЕ

Лавот го среќаваме во голем број македонски народни творби (посебно во приказните за животни и во басните). Некои наши фолклористи имаат пишувано за појавата на лавот во македонскиот фолклор, но никој досега нема направено обид да даде одговор на прашањето: од каде е лавот толку присутен во македонските народни приказни, кога знаеме дека ова животно не живее во Македонија? Сосема е јасно дека во фолклорот на еден народ се среќаваат исклучиво оние животни, кои живеат (или живееле) во татковината на тој народ.

Така, на пример, во индиските приказни за животни и басни, најчести животни (покрај оние што живеат во целиот свет) се: лешинарот, змискиот цар, мајмунот, папагалот, тигарот, слонот и други. Во бурманските, често се среќаваат: крокодилот, слонот, тигарот, мајмунот и кондорот. Во корејските најчесто животно е тигарот. Во јапонските се среќава мајмунот, па дури и медузата. Во приказните за животни и басни на северноамериканските Индијанци, најчесто застапени животни се: белата сова, ѕвечарката, пантерот, куната, колибрито, црната мечка, бизонот, којотот и други (според: повеќетомната едиција на приказни од разни народи, Белград 1961-1963 г.).

Во македонските народни приказни за животни и басни, најчесто се среќаваат: мечката, волкот, лавот, лисицата, зајакот, магарето и други животни кои живеат во Македонија. Но, за разлика од нив, не постои ниту една македонска народна приказна во која се споменуваат, на пример: поларната мечка, пингвинот, јужноамериканската лама, австралискиот кенгур, сите видови мајмуни, индиската кобра итн.

Па, од каде тогаш лавот во македонските народни приказни? Доколку појавата на лавот временски ја лоцираме исклучиво на т.н. "словенски период" се поставува прашањето: кому од нашите средовековни предци (кои речиси немале никаков допир со лавот), му текнало да создава приказни за животно што мнозинството од нашиот тогашен народ го немале видено никогаш во животот? Одговорот на ова прашање мислам дека не мора да биде така сложен. Имено, малку е познато дека лавовите сепак живееле во Македонија, но тоа било во времето на античка Македонија (а секако и пред тоа). Потврда за ова имаме кај Херодот, кој сосема јасно пишува дека во Македонија во античко време живееле лавови. Историчарот Џ. Елис, пишувајќи за значењето на ловот на дивеч во античко-македонската економија, го споменува ова сведоштво на Херодот. Притоа читаме:

"Дивеч (во Македонија, з. м.) имало во изобилство. Херодот спомнува елени, диви свињи, диви кози и мечки, како и леопарди, рисови, лавови и пантери. Не е неприродно тоа што ловот бил значајна гранка на македонската економија и за нејзината младина важна вештина во здобивањето со машкост."

Значи, еве го одговорот на прашањето од каде толкавата присутност на лавот во македонските народни приказни. Лавовите и навистина живееле во нашата татковина, но тоа било во времето на античка Македонија.

Индиректен доказ дека лавови живееле во Македонија имаме и кај Плутарх. Плутарх (глава 2, цит. дело) го опишува сонот на Филип Втори што го имал неколку денови пред да се роди неговиот славен син Александар. Овде читаме:

"Извесно време по свадбата и Филип се видел на сон себеси како втиснува печат на утробата од жена си, а на тој печат, му се сторило дека бил втиснат лик на лав. Еден ликиски пророк му рекол дека тоа значи оти ќе добие син кој ќе има лавовска моќ."

Секако дека Филип знаел што е тоа лав, за да можел да го сонува истиот. А, тоа го знаел токму поради тоа што лавот тогаш бил мошне присутно диво животно во Македонија. Гледано од сегашен аспект, нам денес ни изгледа тешко сфатлива состојбата со непознавањето на флората и фауната од страна на припадниците на античкиот свет. Денес, преку средствата за масовна комуникација секој во својот дом може да се запознае со целокупната флора и фауна на целиот свет, но во минатото воопшто не било така. Тогаш луѓето ја познавале исклучиво онаа флора и фауна, која била присутна само во нивното поднебје. Секое ново сознание било примано како голема сензација.

Така, на пример мошне интересен е случајот кога Македонците на чело со Александар Македонски престојувале во Индија. Откако стекнале сојузници меѓу Индијците, Македонците направиле експедиција, која со бродови се упатила по течението на реката Инд, с# до Индискиот Океан. Притоа е опишана нивната прва средба со китовите. Кога го виделе првиот кит, Македонците многу се исплашиле, но Индијците останале рамнодушни и им објасниле на Македонците дека тоа е само обично морско животно. Ова го спомнав за да сфатиме дека ниту еден жител на антиката не можел да ги споменува, да ги опишува (а секако ни да ги сонува) оние животни кои никогаш во животот ги немал видено. Значи, средбата со животни кои не живееле во Македонија можела да се оствари само преку патувања во далечните земји. А, бидејќи патувањата тогаш биле ретки и исклучително бавни и сложени, Македонците (но и другите антички народи) имале многу ретки прилики да се среќаваат со други животни. Ова значи дека тие можеле да ги опишуваат (а и да ги сонуваат) претежно оние животни кои живееле во Македонија. Токму таков бил и случајот со сонот на Филип Втори.

ЛАВОТ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Инаку, лавот го има и на поголем број античко-македонски монети и тоа претставен во форма на: глава на лав, лав со отворена челуст, лав во скок, лав во анфас, лав во профил, кожа од лав и други, и тоа уште од времето на Александар Први (498-452) па наваму.

Сепак, конечна потврда дека лавовите живееле во Македонија (но и во други европски земји) ќе приложиме и од стручната зоолошка енциклопедија, под наслов: "Цицачи (Илустрирана енциклопедија на животинското царство)" од американскиот автор Иван Т. Сандерсон (објавена во превод во Љубљана, 1967 година), каде на стр. 161, во насловот за лавот (Пантхера лео), пишува:

"На почетокот на познатиот историски период лавовите ја населувале источна Европа, на север Романија, а можеби и Италија...Тие денес се ретки или сосема истребени во северна Африка, а исчезнаа и од Европа."

Значи токму присутноста на лавот во античка Македонија го инспирирала античко-македонскиот народен творец да го овековечи преку приказни. Овие приказни подоцна се пренесувале од колено на колено и стигнале с# до денешниве генерации, иако лавовите одамна ги нема во Македонија. Се разбира дека за време на сложениот процес на усно пренесување на овие творби низ генерациите, апсорбирани се и одредени измени во согласност со "временските станици" на ова усно "патување". Така, на пример, во некои приказни лавот со текот на времето го примил турското име "арслан" и слично, но во суштина лавот останал до денес во македонската народна приказна.

Нема основа евентуалното толкување дека лавот сме го "позајмиле" од фолклорот на другите народи, зашто во тој случај се поставува прашањето: зошто нема македонски народни приказни и басни за илјадници други животински видови, кои не живеат во Македонија? Доколку нашиот народен творец "позајмувал" животни од поднебјата на туѓите народи, зошто тогаш нема македонски народни приказни или басни и за кенгурот, за жирафата или за анакондата?

Познатиот македонски проучувач на македонските приказни за животни и басни д-р Томе Саздов, во својата книга "Преглед на македонската народна проза" (Култура, Скопје, 1981) на страница 33 е дециден во тврдењето дека во македонските народни приказни (конкретно во басните) се среќаваат исклучиво оние животни кои живеат во Македонија. Овде читаме:

"Во македонските народни приказни за животни и басни како јунаци најчесто се јавуваат: лисицата, мечката, волкот, зајакот, змијата, песот, арсланот (лавот, з.м.) и глушецот. Покрај нив се застапени и: мечката, јазовецот, магарето, петелот и врапчето, како и ликовите на другите животни и птици."

Од горенаведениот список на животни, кои се најзастапени во македонските народни творби, јасно гледаме дека сите наведени животни (освен лавот) и денес живеат во Македонија. Па, од каде тогаш и лавот во овој список доколку приказните за него и навистина потекнуваат од средовековниот т.н. "словенски период"? Нема основа да се претпостави дека лавот тогаш бил донесуван во Македонија, бидејќи добро знаеме дека тој е диво животно, кое и денес може да се види само во зоолошките градини во оние земји, каде што не живее во природа. Зоолошки градини во Македонија немало, што значи дека мнозинството од нашите предци од средновековниот т.н. "словенски период" едноставно, немале речиси никаква можност ни да го видат ова животно, а камоли да создаваат народни творби за него. Па сепак, лавот е едно од најприсутните животни во нашите народни приказни. Поаѓајќи од фактот што лавот живеел во времето на античка Македонија, ни останува единствено толкувањето дека приказните за лавот имаат директно потекло од фолклорот на античките Македонци, бидејќи токму тие живееле заедно со лавовите во нашата земја. Без разлика на модификациите, што настанале низ вековите, како резултат на нивното усно пренесување, нема сомнение дека овие приказни во основа се создадени токму од античките Македонци.

ЛОВЕЊЕ НА ЛАВОТ

Можеби најстара македонска приказна за лавот е онаа за лавот и глушецот запишана од Кузман Шапкарев (бр. 140). Во неа, како што е познато, лавот фатил глушец и сакал да го изеде. Глушецот почнал да го моли да не го јаде, оти можеби еден ден ќе му се најде на помош. Лавот се насмеал, но сепак го пуштил. По извесно време лавот бил фатен во мрежа, од каде не можел да се ослободи. Тогаш дошол глушецот, ја изгризал мрежата и го ослободил лавот. Така му се оддолжил за тоа што не го изел. Д-р Томе Саздов пишува дека варијанта на оваа приказна била запишана на папирус уште во стариот Египет, па можно е античките Македонци да го примиле овој мотив во времето кога Египет бил составен дел од Македонската империја. Но, нема никакви дилеми дека оваа приказна до нас стигнала од античките Македонци. Доказ за ова е и мрежата во која бил фатен лавот. Имено, во античка Македонија крупниот и опасен дивеч главно се ловел со мрежи. Доказ за ова имаме повторно во цитираната книга на Џ. Елис. Опишувајќи ја важноста за ловот на македонскиот човек, Елис го споменува и начинот на кој се ловеле крупните ѕверки. Овде читаме:

"Човекот, колку и да бил од висок род, додека не успеал да ја застрела првата дива свиња без помош на мрежа, бил должен, како што се вели, да седи на маса, наместо да се меша со оние кои се докажале како мажи."

Она што не интересира од овој извадок е токму спомнувањето на мрежата како основно средство за лов на опасните ѕверки (дивата свиња, лавот и сл.) во античка Македонија. Тоа е токму онаа мрежа во која и лавот од приказната бил фатен, па побарал помош од глушецот. Мрежата за лов, спомната во горенаведената басна, е уште еден силен доказ за нејзиното античко-македонско временско лоцирање.

Неколку приказни за лавот има запишано и Марко Цепенков, кој својата запишувачка работа ја започнал некаде околу 1856-1857 година. Во книгата: "Цепенков - Светот на приказните" (приредена од Кирил Пенушлиски, Мисла, Скопје, 1982 год.) ги среќаваме приказните во кои лавот има главна улога: "Арсланот, мачорот и мачорчето", "Арсланот и чоекот" и "Арсланот што му и пренесе магарињата на дрваро преку река".

Но, лавот од античка Македонија не се задржал само во денешните македонски приказни. Овде секако е и хералдиката. Лавот го има на македонските грбови уште од 16. век, а истиот подоцна се задржал и како симбол на македонските ослободителни движења. Лавот бил присутен на знамињата на Разловечкото и на Илинденското востание, па дури го имало како симбол и во НОБ. Лавот е прикажан и на многу орнаменти во нашите цркви и други објекти (куќи и сл.), што мислам дека е доволно познато (и присутно) во нашата јавност.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:08
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Сведоштво дека споменот за Александар Македонски останал меѓу Македонците во првата половина на 19. век, дал и рускиот истакнат деец Виктор Григорович.
Во врска со импресиите од неговата посета на Македонија во 1844-1845 година, тој запишал:
Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале.
И едниот и другиот живеат во спомените на народот...
Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот.


Анонимниот текст е полн со неточности. Прво за Григорович.

во Григорович ( на руски )


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Византискиот историчар и писател Никифор Григора, за време на својата посета на Струмица во 1326 година, опишува некои од народните песни што таму ги слушнал.
Тој децидно тврди дека (иако не го разбирал јазикот на тамошното население], струмичките народни песни многу потсетувале на -фригиските! (Ницепхоре Грегорас, Цореспонданце, Парис, 1927, стр. 30-50].

Се знае дека Фригите (Бригите) играле главна улога во етногенезата на античките Македонци, па оттаму гледаме дека уште Македонците во 14. век, како свое наследство, ги чувале старите античко-македонски (бригиски) мотиви во народните песни.


Видовме дека за Григорович и Веркович не е точно. Истото го гледаме и во напишаното за Никофор Григора.

Ете што пишува Григора
Струмица...
Таму ние ја празнувавме и светата Пасха, но тажно и не според нашиот древен обичај. Целата служба, стројното пеење и мелодичноста на свештените песни немаат никакво значење за овдешните жители, заради тоа што тие користат варварски јазик и нивните нрави се воопшто повеќе слични на земјоделски. Тие не издаваат полуварварски, но се` пак благозвучен глас, како полулидијците и да речеме полуфригијците, но глас чисто пастирски и планински, со каков што глас пејаат децата на номадите, кога напролет ги водаат овците кон врховите и планинските пасишта, за да ги полнат садовите со млеко....

Pak avtorot gi vrti zborovite na originalot. Grigora tvrdi deka glasovite se ovcharski, a ne se polublagozvuchni kako shto se tie na polulidijcite i polufrigijcite.

Sega ke go baram i Teofilakt Ohridski, veruvam i tamu ima neshto izvrteno.



Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Кога се пишува за Веда Словена е добро да се види што претставува.



ТЕКСТ НА ПРВА КНИГА





Текстот на Донски е уникален. Треба подетално да се прегледа.
За Григора, Григорович, Веркович се полни измислици.

А песната од мајката на Славе Македонски си е песната за цар Иван Шишман, само името на царот станало Александар.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:15
Сомнеживе не ги појачуваш со некои веродостојни факти

Пак рекла каэала муабети
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:22
Напротив Буги. Донски го исповртува текстот на Никифор Григора. Читај погоре.

Според Григора песните не се како на полулидијците и полуфригијците, а според Донски се исти како на целите фригијци.



Истото е и со Григорович.



Изменето од Каснакоски - 03.Октомври.2009 во 17:24
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:24
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



Текстот на Донски е уникален. Треба подетално да се прегледа.
За Григора, Григорович, Веркович се полни измислици.

А песната од мајката на Славе Македонски си е песната за цар Иван Шишман, само името на царот станало Александар.
Глупости на квадрат. Можеби ќе ти поверува некој Китаец.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:26
Не му эамерај депо - има тој некоја чудна логика,сређ не кореспондира со македонската
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:28
Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



Текстот на Донски е уникален. Треба подетално да се прегледа.
За Григора, Григорович, Веркович се полни измислици.

А песната од мајката на Славе Македонски си е песната за цар Иван Шишман, само името на царот станало Александар.
Глупости на квадрат. Можеби ќе ти поверува некој Китаец.


Јас не сум поп некој да ми верува. Читам го текстот на Григора, читам го на Григорович, читам и Веда Словена и насекаде гледам дека напишаното од Донски е полна измислица.

Тебе што не ти се верува?

Григорович примерно пишува дека сеќавањата за Александар му се чини дека му се натурени на народот од даскалите, а Донски пишува сосема друго.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:30
Напишав јас,среќа што твојата иэвртена логика не кореспондира со Македонската
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:38
Не знам каква ти е твојата логика, ама јас гледам што напишал Никифор Григора и констатирам дека е сосема друго од напишаното од Донски. Исто е и за другите.

Ако твојата логика е да измислиме факти, а по тоа да им веруваме, а и да сакаме и другите да им веруваат, не благодарам.

Тоа не е мојата логика.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 19:37
Јас гледам дека не е сосема друго напишано туку само коректно преведено
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.