IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 16:32

Телешко со грашок

Потребно:

* 600 г телешко месо од бут
* 150 г моркови
* 50 мл масло
* 1 главица кромид
* 100 мл бело вино
* 2 говедски коцки за супа
* магдонос
* 500 г грашок од конзерва
* 2 лажички нишесте

Приготвување: телешкото месо исечете го на коцкички и пропржете го во загреаното масло. Во него додадете го ситно сечканиот кромид, морковите исечени на коцкички и говедските коцки за супа. Сето тоа прелијте го со вода и динстајте го на тивок оган додека месото не омекне. Потоа, додадете ги виното, грашокот, нишестето разматено во малку вода и сето тоа уште малку динстајте го. На крај, во јадењето ставете го ситно сечканиот магдонос. Телешкото со грашок послужете го со пире од компири.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 16:19

Пире од грав

Потребно:

* 500 г грав
* 2 лажици зачинал
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 гранче сечкан целер
* 50 мл масло
* 3 чешниња лук
* 1/2 лажичка ким
* бибер
* сол

Приготвување: сварете го гравот исцедете го и уште додека е врел,испасирајте го во блендер. Додајте ги зачиналот, магдоносот, целерот, маслото, истолчениот лук, кимот и биберот. Добро измешајте го сето тоа и по потреба досолете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 15:13

Рагу од пилешко и домати

Потребно:

* 500 г пилешко бело месо
* 2 лажици масло
* 50 г кромид
* 300 г шампињони
* 400 г компири
* 300 г испасирани домати
* 1 лажичка зачинал
* сол
* бибер
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исечете го пилешкото на коцки и кратко пропржете го во загреаното масло. Додајте го ситно сечканиот кромид и уште кратко динстајте го сето тоа. Исечете ги шампињоните на четвртинки, а компирите на коцкички, па додајте ги во месото. Прелијте го сето тоа со вода за да ги покрие продуктите и во поклопено тенџере варете ги 15 минути на тивок оган. Потоа додајте ги испасираните домати, зачиналот, солта, биберот и варете уште 10 минути. Послужете го јадењето посипано со магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 00:49

Печурки со кисела павлака

Потребно:

* 500 г шампињони
* 100 г кромид
* 40 г путер
* 15 г трошки
* 250 мл кисела павлака
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* бибер
* 1 лажица зачинал

Приготвување: печурките измијте ги и исечете ги на четвртинки. Во загреаниот путер кратко пропржете го ситно сечканиот кромид, додадете ги печурките, зачиналот и биберот, па сето тоа динстајте го на тивок оган додека течноста не испари. Додадете ги трошките, па динстајте ги печурките уште пет минути. На крај во печурките сипајте ја киселата
павлака и сето тоа посипете го со ситно сечканиот магдонос.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 14:50

Брокули со лук

Потребно:

* 400 г брокули
* 3 чешниња лук
* 50 мл масло
* 1 лажичка ѓумбир во прав
* 2 лажички нишесте
* малку сол
* 100 мл вода
* 1 лажица зачинал

Приготвување: брокулите исчистете ги, измијте ги и исечете ги на помали цветчиња. Бланширајте ги во вриена солена вода, во која сте додале 2 лажици масло, а потоа исцедете ја. Во тавче со дебело дно загрејте го остатокот од маслото, додадете ги брокулите, посипете ги со зачинал и кратко пропржете ги. Водата, нишестето и ѓумбирот измешајте ги, па додадете ги во брокулите. Уште малку смесата проварете ја и во неа ставете го истолчениот лук, а по потреба долијте уште малку вода.

Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 16:10
стално правам сос со печурки, ама некако не ми излегуваат како што треба.... прво пржам малку кромитче, па ставам вода и млеко,.... и на крај ги додавам печурките.... им ставам и павлака + зачини....

што не правам како што треба и дали знаете некој друг едноставен рецепт за печурки
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 04:45
мојот совет е преди да ставиш водата и млекото запржи малки брашно внатре среќада 
 
инаку може да му ставиш на сосот малку копар,бело вино и соев сос (разбирасе тогаш ќе ставаш помалку сол)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:25

Облечени модри патлиџани

Потребно:

* 500 г модри патлиџани
* 50 мл соја сос
* 200 г брашно тип 850
* 300 мл вода
* 1/4 лажичка лут мелен црвен пипер
* масло за пржење

Приготвување: модрите патлиџани исечете ги на тркалца дебели 1 см, прелијте ги со соја сосот и оставете ги да отстојат 10 минути. Во брашното додадете ги водата и лутиот мелен црвен пипер и мешајте додека не добиете густа мазна смеса. Маринираните модри патлиџани исцедете ги, потопете ги во смесата од брашното и пржете ги во загреаното масло. Пржените модри патлиџани ставајте ги врз хартиена салвета за да се впие вишокот масло и послужете ги со варен ор

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 22:10

Полнет француски леб

Потребно:

* 1 француски леб
* 500 г мешано мелено месо
* 100 мл млеко
* 50 г ситно сечкан црвен кромид
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 2 лажички зачинал
* 30 г рендан пармезан
* масло

Приготвување: лебот пресечете го по должина и издлабете ја средината. Подгответе го филот од месото, зачиналот, кромидот, пармезанот, магдоносот и средината од лебот, претходно потопена во млекото. Сето тоа добро измешајте го. Со подготвениот фил наполнете една половина од лебот и цврсто притиснете ја со другата половина. Лебот завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач. Замрзнатиот леб исечете го на тенки парчиња и кратко потпечете го во загреано тефлонско тавче.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2010 во 21:21

Бифтек во сос

Потребно:

* 4 парчиња бифтек по 150 г
* сол
* бибер
* 2 лажици масло
* 2 лажички шеќер
* 350 мл вода
* 1 говедска коцка за супа
* 150 мл црно вино
* 1 лажица нишесте

Приготвување: говедската коцка за супа ставете ја во 350 мл вриена вода и варете ја околу 5 минути. Бифтекот зачинете го со сол и бибер. Во тавче загрејте го маслото, кратко пропржете го бифтекот од двете страни, намалете ја температурата и продолжете со пржењето уште 2-3 минути. Извадете го бифтекот и ставете го на топло место. Во истото масло карамелизирајте го шеќерот, прелијте го со супата, додадете го виното и нишестето разредено во малку вода. Сето тоа кратко проварете го и со сосот прелијте ги парчињата бифтек.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 15:16

Кисела зелка со суви ребра

Потребно:

* 2 лажици масло
* 1 главица кромид
* 800 г кисела зелка
* 400 г суви ребра
* 2 лажички зачинал
* 1 лажица пире од домати

Приготвување: во загреаното масло продинстајте го ситно сечканиот кромид, додадете ја ситно исечканата кисела зелка, па сето тоа кратко динстајте го. Потоа, додадете ги исечените суви ребра и зачиналот. Сето тоа прелијте го со вода, колку да се покријат продуктите, па варете го околу еден час на тивок оган. На крај додадете ги пирето од домати, па уште кратко сето тоа варете го.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 16:21

Паштета од модри патлиџани со бадеми

Потребно:

* 500 г модри патлиџани
* 2 чешниња лук
* 5 лажици маслиново масло
* 3 лажици лимонов сок
* 2 лажици сечкани бадеми
* сол
* бибер
* 2 лажици ситно сечкан магдонос

Приготвување: исечете ги модрите патлиџани на тркалца, испржете ги во една лажица загреано масло и изладете ги. Добро испасирајте ги со миксер, па додајте ги истолчениот лук, магдоносот, солта и биберот во нив. Постепено во смесата додавајте го остатокот од маслиновото масло и лимоновиот сок. Пасирајте го сето тоа додека не добиете кремаста смеса. На крај додајте ги сечканите бадеми.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 05:37

Запечен карфиол со шампињони

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 главица/и Карфиол
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 300 милилитри Вода
  • 2 лажица/ци Брашно
  • 1   Китка магдонос
  • 500 грама Компир
  • 50 грама Маргарин
  • 1 чаша 200мл Масло
  • 1 лажица/ци Презла
  • 1 лажица/ци Сол
  • 400 грама Шампињони


ПОДГОТОВКА:

 Измијте го карфиолот, разлистајте го на цветови и обарете го во тенџере на оган со посолена вода. Компирите исечкајте ги на поситни коцки и варете ги во друго тенџере со посолена вода. Сварените компири процедете ги, ставете ги во сад, изгмечете ги со вилушка, додадете го маргаринот и потоа измиксајте како за пире. Шампињоните исечкајте ги на тенки листови и пржете ги во тава со загреано масло. Кога шампињоните ќе се пропржат додадете го брашното, налејте ја водата и варете додека сосот не биде средно густ. Тргнете ја тавата од оган, додадете ги ситно исечканиот магдонос и мешаниот зачин, наросете мелен црн пипер и промешајте. Измиксаните компири ставете ги во огноотпорен сад намрснет со маргарин и израмнете ја површината. Врз компирот наредете ги обарените и исцедени цветови карфиол. Врз карфиолот нанесете го сосот од тавата и наросете со лебни трошки. Печете во загреана рерна 15-20 минути на 200 степени.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2010 во 23:12

Кремасти моркови

Потребно:

* 700 г моркови
* 75 мл слатка павлака
* 1 лажичка сок од лимон
* малку бибер
* малку рендано морско оревче
* цимет
* сол
* 1/2 лажичка зачинал
* 1 лажица путер
* 1 шипка цимет
* 2 лажици ситно сечкан магдонос

Приготвување: морковите излупете ги и исечете ги на еднакви стапчиња. Ставете ги во сад со вода и со шипката од цимет. Откако ќе зоврие водата, варете ги 6-8 минути. Извадете ја шипката од цимет, исцедете ги морковите и вратете ги во садот. Во нив додадете ги путерот, солта, циметот, ренданото морско оревче и биберот. Сето тоа добро измешајте го, а потоа додадете го сокот од лимонот и слатката павлака. Сето тоа варете го околу една минута или додека павлаката не се згусти. Пред да ги послужите, морковите посипете ги со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.