IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 30>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:46
SUPA OD KOMPIRI

Пригответе една пажица брашно. Tри поголеми компири, црн пнпер, едно јајце, оцет, две-три лажици масло и coл.

Излупете ги компирите, исечете ги на поголеми квадратчиња и ставете ги да се варат во посолена вода. За тоа време пригответе бела запршка од брашното и маслото па додајте ги варените компири и водата во која се вареа компирите. Измешајте се и оставете да се повари десетина минути, а потоа иставете ја супата од огинот и зачинете ја со разматено јајце, во кое сте додале вински оцет. При служењето посипете ја супата со црн пипер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:47
SVINSKI SHNICLI

4 шницли (од свинско месо)
1 јајце,
презли,
црн пипер и лимон.

Шницлите ставете ги во разматеното јајце, а потоа во презлите. Пржете ги на врело масло. Откако ќе ги испржите насечете кришки лимон и ставете врз секоја шницла.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:50
MUSAKA OD ZELJE

Потребни состојки:

· 3 китки зелје
· 250 г мелено месо
· главица кромид
· 3 јајца
· чаша млеко со Знак за квалитет
· чаша кисело млеко со Знак за квалитет
· масло
· Зачинал
· сол и црн пипер

Начин на приготвување:

Зелјето се мие, се чисти од подебелите делови и од рачките и се попарува со врела вода. Веднаш се цеди. Во масло се пржат исечениот кромид и меленото месо , и се додаваат сол, Зачинал и црн пипер. Во огноотпорен сад се реди ред зелје, ред месо. Јадењето се прелива со изматени јајца со млекко и се става во рерна да се потпече. Готовата мусака се служи со кисело млеко.




Изменето од Valerija - 15.Октомври.2010 во 18:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:52
SVINSKO PECHENO MESO

2 кг. свинско месо - рбет или
бут сол
100 гр. свинска маст

Парчето свински рбет со кожинка се става во врела солена вода малку да се обари. Кожинката треба да биде на долната страна. Месото треба да е од младо, не мрсно прасе. Кога е веќе обарено, месото се става на штица и со остар нож се засечува кожинката во вид на ромбови. Така засечено, месото се пече 1-2 часа во рерна. Додека се пече, постојано се прелива со сокот. Кога е месото печено, кожинката треба да биде крта и пожолтена. Печеното месо се служи со салата од зелка и печени компири.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:53
POSEN GJUVECH

Земете: една чаша ориз, една поголемв главица нромид, две-три зелени пиперни (може и пиперки од нисела туршнја), црвен пипер, два-три домати (или доматена салца), магданос, црн пнпер, гри-четири ламици масло, два-три компири и coл.

Bo сад ставете го маслото па додајте го кромидот, ситно исечен, и пропржете го додека не добие златно жолта боја. Додајте ги пиперките, исечени на тркалца, продолжете го пржењето додека не омекнат и пиперките, додајте го оризот исчистен и измиен и компирите, исечени на квадратчиња. Се ова запржете го уште малку па додајте ги црвениот пипер и магданосот, ситно исечен. Пропржената смеса ставете ја во тавче од средна големина, залејте ја со врела вода и одозгора наредете ги доматите, исечени на тркалца (или салцата растворена со вода). Посипете со црн пипер и ставете го тавчето да се пече. Оризот и компирите треба да се прекриени со вода.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:59
Mатеница со тиквички
Потребни состојки:

· околу 1 кг тиквички
· сол
· 3 јајца
· 50 г кајмак
· 500 г пченкарно брашно
· млеко со Знак за квалитет
· маст

Потребни состојки за прелевање:

· 1 јајце
· 100 г кајмак


Начин на приготвување:

Исчистените тиквички се сечкаат на коцки, се посолуваат и се оставаат да се цедат. Одделно се матат 3 јајца, се додаваат исцедените тиквички, 50 г кајмак и пченкарното брашно. Се додава толку млеко за да се добие ни густо ни ретко тесто. Се пече во тепсија во која има стопено лажица маст. Кога е печена, се вади од рерна, се сече на парчиња, се прелева со матено јајце со кајмак, и се враќа да се допече. Се служи топла.




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:02
Солен ролат со спанаќ

Потребни состојки:

· 6 јајца
· 4 лажици спанаќ
· 4 лажици брашно
· сол
· кашкавал со Знак за квалитет
· салама со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет


Начин на приготвување:

Се матат 6 жолчки со 4 лажици исечкан, претходно обарен спанаќ. Потоа се додаваат 4 лажици брашно, сол по вкус и 6 изматени белки.
Се пече во тепсија со зејтин и хартија.


Фил: сечкан кашкавал, сечкана салама и 1 павлака. Сето ова се меша и се мачка ролатот. Откако ќе се завитка, ролатот одозгора се мачка со уште една павлака.





Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:04
Mусака од кисела зелка

Земете: една главиџа нисела зелна, една помала чаша ориз, една главица кромид, црн пипер, четири-пет лажици масло и сол.

Зелката исечете ја ситно па ставете ја во поголем сад да се динста. Откако ќе извире водата, додајте две-три лажици масло и продолжете го динстањето додека не омекне зелката.

За тоа време исчистете го кромидот, исечете го ситно и пропржете го на останатиот дел од маслото. Додајте го исчистениот ориз во кромидот па прпрожете го уште малку, а потоа иставете го од огинот.

Земете тавче од средна големина и во него ставете еден дел од динстаната зелка, врз зелката ставете го оризот па прекријте го со преостанатиот дел од зелката. Одозгора посипете го со црн пипер, по желба ставете една-две суви црвени пиперки, па налјете го со вода да се прекрие зелката. Вака приготвената мусака ставете ја да се пече.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:07
Jогурт тава

Потребни состојки:

· јагнешко месо од бутче или преден дел
· 1 кг овчо кисело млеко со Знак за квалитет
· 4 јајца
· 2 - 3 лажици брашно
· магдонос
· масло
· црн и црвен пипер
· сол

Начин на приготвување:

Исечете го месото на парчиња, ставете го во сад, посипете го со сол, црвен и црн пипер и со масло, налејте малку вода и ставете го да се динстува. Кога месото ќе омекне и ќе изврие водата, разматете ги брашното и јајцата во киселото млеко, додајте малку сол и сипете ја смесата врз месото. Посипете го јадењето со исечкан магдонос и ставете го во рерна да се испече.




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:09
Полнети шницли

4 дебели свински шницли, (по 125 гр.)
сол, црн пипер,
1 главица кромид,
125 гр. шунка,
магдонос, праз,
1 лажица брашно, 1 јајце,
лажица презли,
3 лажици масло.

На секоја шницла направете по еден „РЕЗ" и посолете ги и ставете црн пипер. Посебно измешајте го исецканиот кромид, шунката празот и магдоносот. Со оваа смеса наполнете ги шницлите, свиткајте ги во ролна и прицврстете ја со дрвени клечки или со конец. Испохувајте ги шницлите и пржете ги на масло од секоја страна 6 до 8 минути. Шницлите служете ги на чинија украсена со на тркалца исецкани краставици.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2010 во 06:43

Палента со пармезан

Потребно:

* 600 мл вода
* 600 мл млеко
* 170 г пченкарно брашно
* 40 г рендан пармезан
* 40 г путер
За сосот:
* 2 чешниња лук
* малку крупна сол
* 60 г свеж босилек
* 100 г рендан пармезан
* 150 мл масло

Приготвување: измијте го босилекот и добро исушете го. Иситнете го во електричен сецко заедно со лукот. Посолете го и постепено додавајте го ренданиот пармезан. На крај сипете го маслото и мешајте додека не добиете компактна смеса. Зовријте ги водата и млекото, сипете го брашното и мешајќи, варете го 15 минути. На крај измешајте ги путерот, пармезанот и третина од сосот. Готовата палента послужете ја со остатокот од сосот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 13:07

Паштета од шампињони со вино

Потребно:

* 1 кг шампињони
* 3 лажици масло
* 150 г кромид
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* бибер
* 50 мл вино
* 70 г путер
* 3 лажици сок од лимон
* 1 китка ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистените и измиени шампињони исечете ги на ливчиња. Во загреаното масло кратко пропржете го ситно сечканиот кромид и додадете ги подготвените шампињони. Сето тоа зачинете го со истолчениот лук, зачиналот, биберот и виното. Шампињоните динстајте ги во сопствениот сок додека не испари целата течност. Така подготвените шампињони испасирајте ги во блендер и сипајте ги во подлабока чинија. Потоа, додадете ги омекнатиот путер, сокот од лимонот и ситно сечканиот магдонос. Сето тоа добро измешајте го и смесата изладете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 15:04

Похувани шницли

Потребно:

* 800 г свинско месо од бут
* 150 мл негазирана минерална вода
* 1 лажица зачинал
* сол
* масло за пржење
За панирање:
* 100 г брашно
* 3 јајца
* 100 г трошки

Приготвување: свинското месо од бут исечете го на шницли, па исчукајте го така што секоја шницла треба да има радиус од 20 сантиметри. Месото посолете го, посипете го со зачиналот и оставете го да отстои во негазираната минерална вода околу два часа. Потоа, шницлите исушете ги, испрпелкајте ги во брашното, па во изматените јајца и на крај во трошките. Пржете ги во загреано масло од секоја страна по околу три минути. Со похуваните шницли послужете парчиња лимон и салата од компири.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 14:13

Крцкави тиквички

Потребно:

* 6 тиквички
* малку брашно
* малку сол

Приготвување: тиквичките исечете ги на 4-6 парчиња по должина, посолете ги и ставете ги да се исцедат со помош на товар (како модрите патлиџани). Потоа исушете ги со хартиена салфета, испрпелкајте ги во брашно и распоредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 220 степени. Крцкавите тиквички послужете ги како прилог на главното јадење.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,703 секунди.