IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 30>
Автор
Порака Обратен редослед
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за солени јадења
    Испратена: 11.Април.2019 во 15:24
Туна салата со јаболка.

Состојки:
-Туна
-макарони
-мајонез
-јаболки
-сол
-црн пипер

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:04

Јагнешки ребра во маринада од мед и зачини

Потребни состојки:

  • 1,5 кг јагнешки ребра
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици мелен лук
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици маслиново масло
  • ¼ лажица соја сос
  • ¼ лажица лимонов сок
  • 1 лажица цимет, вино,бибер и сол

Начин на подготовка: 

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Јагнешките ребра ставете ги во огноотпорна тава во која планирате да ги печете и прелијте ги со мешавината. Ставете ги во фрижидер и оставете да попримат од маринадата час време. Потоа преминете на печење во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 40 минути и послужете со зеленчук

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2015 во 00:50

Домашен рецепт за мини тако


За четири лица:
500 г. јагнешко мелено месо, 100 г. варена пченка, 3 големи тортиљи, 200 г. рендан кашкавал, 1 дл. павлака, 2 лажици сецкан магдонос, пола лажичка ким, пола лажичка мајчина душичка, 4 лажици масло, сол и бибер.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото. Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го. На секоја тортиља  исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете. Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото. Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки.



Изменето од Kastro - 17.Октомври.2015 во 00:51
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 23:34
Ke praam utre oris tava so pileski batacinja a vo petok gravce pa ako ispadnat dobro ke go pisam receptot i nacinot na podgotvuvanje :)
Ps:stiskajte palci prv pat praam
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2015 во 21:49

Рецепт за вкусна и запечена боранија

Рецепт за вкусна и запечена боранија


Боранијата е едно од оние јадења, што или ги јадеме или не, но дури и оние кои што не се фанови на оваа здрава храна,може да се поколебаат, откако ќе го пробаат ваквиот начин на подготвување.

Состојки:

500 г. боранија

2 големи моркови

2 јајца

3 лажици кисела павлака

3 лажици јогурт

сол

сув зачин

масло

Подготовка:

1. Во тепсија со вода ставете малку масло. Кога водата ќе зоврие, ставете ја исчистената боранија, па исецканите моркови, посолете и варете околу половина час (боранијата да омекне и водата речиси сосема да зоврие. Пред крајот на готвењето, додадете зачин.

11

2. Префрлете ја боранијата во друг сад. Скршете јајца, во нив додадете павлака и јогурт и измешајте.

22

3. …потоа прелејте ги врз боранијата.

33

4. Печете околу 20 минути во рерна, загреана на 200 степени, за боранијата да зарумени.

44

5. Се служи топла.  Наздравје.

55

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2015 во 17:51
За да направите совршен помфрит, погрижете се да користите компири со помалку скроб, а ќе ги препознаете по кората која не е цврста и која лесно се лупи. 

Добро измијте ги компирите, излупете ги и исечкајте ги, а потоа ставете ги во тенчере со вода што врие, малку посолена.

Кога исечканите компири ќе се сварат, извадете ги, добро исушете ги и ставете ги во пластична кеса.

Кесата ставете ја во замрзнувач да отстои 3 до 4 часа. Потоа извадете ги компирчињата и ставете ги во загреано тавче со врело масло и пржете ги додека да не добијат кафеавкаста нијанса. 

Вашиот совршен помфрит е готов!

Препорака: Доколку сакате можете да направите повеќе пакувања од варените компирчиња и да ги чувате во замрзнувачот, вадејќи ги кога ќе имате потреба.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 21:17
natur-snicle-1393930325-28982

Натур шницли за совршен ручек


Состојки :

700 грама телешки шницли од бут

- 2 моркова

- 2 главици кромид

- 250 мл вода

- 100 мл бело вино

- 1 лажица брашно

- сол, бибел, масло

- ловоров лист

Подготовка :

Шницлите истенчете ги, ставете ги во брашното и пропржете ги на врело масло по минута од секоја страна. Во процедено масло од шницлите ставете ситно сецкан кроми и кругчиња морков, додадете уште малку масло по потреба и динстајте додека не омекнат.

Запржете рамна лажица брашно. Додадете врела вода, вино и зачини, па вратите ги шницлите во сосот. Гответе на ниска температура со повремено мешање додека месото не биде меко, околу 20-30 минути.



Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 21:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2014 во 18:12

Неодолив спој на вкусови: Полнети шницли


Ова е одлична идеја за сочен  ручек, збогатен со кралицата на секое јадење, пиперката.

Потребни состојки:

  • 4 тенки, долги свински шницли
  • 1 црвена пиперка
  • 2 жолти пиперки
  • 80 гр. рендан кашкавал
  • 4 гранчиња сецкан макдонос
  • 2 лажици масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Исчистете, измијте ја црвената и едната жолта пиперка и исецкајте ги на ленти. Измијте го месото, посолете и забиберете.

На едната страна од шницлите наредете ги пиперките, кашкавалот и магдоносот, преклопете ги и затворете ги со помош на чепкалки за заби.

На загреаното масло на средна температура пржете ги шницлите 5 минути од двете страни. Извадете ги и држете ги топли до служење.

Преостанатата жолта пиперка исецкајте ја на коцки и послужете ги шницлите, а по желба гарнирајте ги со домати и печен компир.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2014 во 13:54

Азиатски пржени шпагети

1.Во околу 2 л. солена зовриена вода ги вариме шпагетите околу осум до десет мнути.
2. Во меѓувреме пиперките ги сецкаме на ситни коцки, а кромидчето на мали прстени. Шпагетите ги цедиме од водата.
3. Околу 2 лаж. масло во Вок тава или во обична, загреваме. Ги ставаме шпагетите да се пржат, и потоа ги додаваме сецканите пиперки и кромидчето. Пржиме, одвреме навреме промешувајќи, и потоа додаваме 4-5 лаж. соја сос. Јајцата ги матиме настрана и ги додаваме во тавата со шпагети. Доколку сакате можите јајцата одвоено да ги пржите (претходно изматени) додека добијат златно жолта боја, зачинете и откако се готови на долги ленти исечете ги идодадете ги во шпагетите.
4. Во друго тавче загреано со масло, го пржиме пилешкото ( мисиркино, или тофу по ва[а желба) на послаби и долги лентички (како за гиро и претходно зачинети со сол и бибер ). Откако е испржено го додаваме во тавата со шпагети. Можеме да го оставиме најгоре месото или промешуваме доколку вам повеќе така ви одговара.
Најгоре додадов пармезан, иако (како додаток) не одговара можеби на азиатската кујна, меѓутоа по ваша желба можите да ставите некој полут сос како Самбал Оелек ( со лути црвени пиперчиња ) или слично. Истотака можите да менувате наместо пиперка, можи да се стави брокула. Добар апетит !!



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 11:41

Гулаш

Во поголемо поплитко тенџере со капак се ставаат прво коцките сланина, над нив кромидот и лукот и најгоре коцките месо. Се додава виното и лoворовиот лист и се става на оган да зоврие. Потоа се намалува температурата и затворено се вари на тивко додека месото сосема не омекни, некаде 2 - 3 часа. Се посолува, обилно се зачинува со бибер, се додаваат пирето од домати и ајварот или лутенката. Се промешува и ако е потребно се додава малку вода. Јас густ го правам гулашот, така да вода не додавам. Поклопено на тивко се вари уште некаде 30 - 45 мин. сите состојки на сосот да се соединат. Ако треба, додавам едно лажиче шеќер да се неутрализира киселоста на доматното пире, а уште ми е поубаво ако додадам неколку ситно сецкани црни сливи или една лажица мармалад од сливи (не од тој со рум и цимет ).
По желба посипете со ситно сецкан магдонос и послужете со прилог по желба.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 16:54

Струмичка тава

1. Се пржи месото, се вади од тавата.
2. Се пропржува зеленчукот, прво кромидот и пиперките, па модриот домат, црвениот домат се ставаат зачинот, солта, црвениот пипер и лукот исецкан ситно.
3. Се реди во намастена земјена тава .ред месо, ред зеленчук, ред компири.
4. Се полева со масло и вода се протресува, се затвора со алуминиумска фолија и се пече на 200 степени 2 и пол часа




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 04:55

Басмати ориз со прелив од печурки

Во тенџере ставаме 3 филџани вода и оставаме да зоврие. Ја додаваме коцката за супа и путерот и го ставаме грашокот да се вари. После 7 минути го додаваме басмати оризот кој претходно сме го потопиле во вода неколку минути. Ја намалуваме температурата и оставаме оризот да се вари околу 15 минути со покриен капак, без мешање. По 15 минути го тргаме на страна и го оставаме да одстои покриен. За тоа време го подготвуваме преливот од печурки.

Во загреано тавче ги пропржуваме печурките со исечканото лукче додека не добијат златна боја. Посолуваме и наросуваме бибер. Ја тргаме тавата на страна и ја додаваме хоплата. Мешаме, повторно ја враќаме на тивок огин, мешаме уште малку, го додаваме сечканиот магдонос и повторно ја тргаме на страна. Басмати оризот го сервираме во средина на чинија, а преливот од печурки го сипуваме во чинијата од околу оризот и го наросуваме со пармезан. Декорираме по желба. Добар апетит.




Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 20:26
КРОКЕТИ ОД СИРЕЊЕ ИЛИ УРДА 

Во еден сад ставете го сирењето и додајте сол по вкус потоа додајте ги јајцата и мешајте со лажица додека да се соединат.
На крај додајте брашно по потреба. Смесата не треба да ви биде ни многу течна ни многу густа. Треба да биде средно, кога ќе земете со лажица за да ставете да се печи треба да остане на лажицата, а не да тече од лажицата.
Од смесата се зема со помош на една лажица и се става да се пржи во претходно загреан зејтин.
Печете додека да зацрвенат две страни на крокетот. Откако ќе ги испржите ставте ги на кујнска хартија да го впијат вишокот на зејтин и сервирајте.


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 04:28

Свинско со свежи буковки

Сежите буковки се мијат и са ставаат во тенџере со зовриена вода за да се обарат. Се оставаат на оган некое време да повријат, а потоа се тргаат од оган и се цедат.
Свинското месо се сечка ситно и се става во чинија, исто така се сечка ситно и сланината.
Во тава за пржење се става ситно издробениот кромид да се пржи, потоа се додава и свинското месо да се пржи.
После некое време се додаваат и буковката( претходно сварена) и ситно сечканата сланина. Во меѓувреме се меша за да не изгорат буковките. Се додава зачин и сето тоа се убаво меша.
Сето ова се остава да се испржи убаво додека не порумени месото.
Се сервира во чинија со различен вид на зеленчук.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.